التَّحْذِيرُ مِنَ البِدَعِ
Предупредување од новотариите во верата
لِسَمَاحَةِ الشَّيْخِ العَلَّامَةِ
عَبْدِ العَزِيزِ بْنِ عَبْدِ اللهِ بْنِ بَازٍ
رَحِمَهُ اللهُ
Автор: Почитуваниот шејх
Абдулазиз бин Абдулах бин Баз
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Петто послание:
Пропис за славење на денот на раѓањето на Пратеникот (мевлуд) и другите слични славења
Благодарноста му припаѓа на Аллах, Божјиот мир и спас нека се со Божјиот пратеник, со неговото семејство, неговите верни другари асхаби и сите што го следат неговото упатство.
Па потоа велам: Честопати од многумина се поставува прашањето за шеријатскиот пропис за прославувањето на раѓањето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем (мевлуд), и станувањето на нозе во негова чест во текот на тоа, за испраќањето селам врз него, како и за други слични работи што се прават на мевлудите.
А одговорот гласи: Не е дозволено да се прославува раѓањето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, (мевлуд), ниту да се прославува раѓањето на било кој друг; затоа што тоа е новотарија воведена во верата; таква прослава не е пренесена ниту од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ниту од неговите праведни халифи, ниту од другите асхаби, ниту од табиините од најдобрите генерации; а тие најдобро го знаеа сунетот, имаа најпотполна љубов кон Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и најдоследно го следеа неговиот шеријат, повеќе од сите што дојдоа по нив. Возвишениот Аллах во Неговата јасна Книга вели:
﴿...وَمَآ ءَاتَىٰكُمُ ٱلرَّسُولُ فَخُذُوهُ وَمَا نَهَىٰكُمۡ عَنۡهُ فَٱنتَهُواْ...﴾
„Тоа што Пратеникот ќе ви го даде – земете го, а тоа што ќе ви го забрани – оставете го.“
(Ел Хашр, 7) Тој на друго место вели:
﴿...فَلۡيَحۡذَرِ ٱلَّذِينَ يُخَالِفُونَ عَنۡ أَمۡرِهِۦٓ أَن تُصِيبَهُمۡ فِتۡنَةٌ أَوۡ يُصِيبَهُمۡ عَذَابٌ أَلِيمٌ﴾
„Нека внимаваат тие што постапуваат спротивно на наредбата Негова, искушение некакво да не ги стигне или страдање болно да не ги снајде.“ (Ен Нур, 63) Возвишениот рекол:
﴿لَّقَدۡ كَانَ لَكُمۡ فِي رَسُولِ ٱللَّهِ أُسۡوَةٌ حَسَنَةٞ لِّمَن كَانَ يَرۡجُواْ ٱللَّهَ وَٱلۡيَوۡمَ ٱلۡأٓخِرَ وَذَكَرَ ٱللَّهَ كَثِيرٗا21﴾
„Вие во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример за тој што се надева на Аллаховата милост и на награда на оној свет, и кој често Го спомнува Аллах.“ (Ел Ахзаб, 21) Возвишениот исто така вели:
﴿وَٱلسَّٰبِقُونَ ٱلۡأَوَّلُونَ مِنَ ٱلۡمُهَٰجِرِينَ وَٱلۡأَنصَارِ وَٱلَّذِينَ ٱتَّبَعُوهُم بِإِحۡسَٰنٖ رَّضِيَ ٱللَّهُ عَنۡهُمۡ وَرَضُواْ عَنۡهُ وَأَعَدَّ لَهُمۡ جَنَّٰتٖ تَجۡرِي تَحۡتَهَا ٱلۡأَنۡهَٰرُ خَٰلِدِينَ فِيهَآ أَبَدٗاۚ ذَٰلِكَ ٱلۡفَوۡزُ ٱلۡعَظِيمُ100﴾
„Аллах е задоволен од првите муслимани, мухаџирите и енсариите, и од сите тие кои ги следат правејќи добри дела. А и тие се задоволни од Него: Тој за нив подготви џенетски градини низ кои реки течат и тие вечно и за секогаш во нив ќе живеат. Тоа е голем успех.“ (Ет Теубе, 100) Важен е и следниот ајет:
﴿...ٱلۡيَوۡمَ أَكۡمَلۡتُ لَكُمۡ دِينَكُمۡ وَأَتۡمَمۡتُ عَلَيۡكُمۡ نِعۡمَتِي وَرَضِيتُ لَكُمُ ٱلۡإِسۡلَٰمَ دِينٗا...﴾
„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел Маиде, 3) Ајетите во овој контекст се многубројни. Веродостојно, од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е пренесено дека рекол:
«مَنْ أَحْدَثَ فِي أَمْرِنَا هَذَا مَا لَيْسَ مِنهُ فَهُوَ رَدٌّ».
„Кој ќе воведе во нашата вера, нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“ Односно: нема да му биде примено. Во друг хадис рекол:
«عَلَيكُم بِسُنَّتِي وَسُنَّةِ الخُلَفَاءِ الرَّاشِدِينَ المَهْدِيَّينَ مِنْ بَعدِي، تَمَسَّكُوا بِهَا، وَعَضُّوا عَلَيهَا بِالنَّوَاجِذِ، وَإِيَّاكُمْ وَمُحْدَثَاتِ الأُمُورِ، فَإِنَّ كُلَّ مُحْدَثَةٍ بِدْعَةٌ وَكُلَّ بِدْعَةٍ ضَلَالةٌ».
„Држете се до мојот сунет и сунетот на праведните и упатените халифи после мене; цврсто држете се до него и загризете со катниците; и чувајте се од воведените работи во верата, бидејќи секоја нововедена работа е новотарија, а секоја новотарија е заблуда.“ Во овие два хадиса има силно предупредување против воведување новотарии во верата и против постапување по нив.
Измислувањето на вакви мевлуди подразбира тврдење дека Аллах не ја усовршил верата за овој умет и дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не го пренел она според што треба да постапува уметот, сè додека не се појавија овие подоцнежни и воведоа во Аллаховиот шеријат нешто за што Тој не дал дозвола, сметајќи дека тоа ги приближува до Аллах. Ова, без сомнение, претставува голема опасност и спротивставување на Аллах, Семоќниот, и на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. А Аллах, Семоќниот, им ја усовршил на Своите робови верата и ја исполнил Неговата благодат врз нив, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја доставил пораката на најјасен начин. Тој не оставил ниту еден пат што води кон Џенетот и оддалечува од Огнот, а да не им го појаснил на уметот. Ова е потврдено во веродостојниот хадис од Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, во кој Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
«مَا بَعَثَ اللهُ مِن نَبِيٍ إِلَّا كَانَ حَقًّا عَلَيهِ أَن يَدُلَّ أُمَّتَهُ عَلَى خَيرِ مَا يَعْلَمُهُ لَهُم، وَيُنْذِرَهُمْ شَرَّ مَا يَعْلَمُهُ لَهُمْ».
„Секој пратеник кого Аллах го испратил имал обврска да го упати својот умет кон најдоброто што го знаел за нив и да ги предупреди за злото што го знаел.“ Хадисот е пренесен од Муслим во неговиот Сахих.
Познато е дека нашот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е најдобриот од веровесниците и нивниот печат, и најсовршен во пренесувањето на објавата и искреното советување. Па доколку славењето на мевлудот беше дел од верата која Возвишениот Аллах ја одобрува, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ќе му го појаснеше тоа на уметот, ќе го практикуваше за време на неговиот живот, или тоа ќе го практикуваа неговите асхаби, Аллах да е задоволен од нив. Бидејќи ништо од тоа не се случило, се знае дека тоа воопшто не е од исламот, туку е од новотариите од кои Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го предупреди неговиот умет, како што беше претходно спомнато во хадисите. Ајетите и хадисите во овој контекст се многубројни.
Група учени јасно се изјасниле за осуда на мевлудите и предупредиле од нив, врз основа на наведените и други докази. Некои од подоцнежните зазеле спротивен став и ги дозволиле, под услов да не содржат ништо од неприфатливите работи – како што се претерувањето во однос на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем; мешањето на мажи и жени; користењето музички инструменти; и сè друго што исламскиот шеријат го осудува – овие прослави тие ги сметале за „добри новотарии“.
Шеријатското правило гласи: она околу кое луѓето се разидуваат треба да се врати на Аллаховата Книга и на Сунетот на Неговиот пратеник, Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, токму како што вели Возвишениот Аллах:
﴿يَٰٓأَيُّهَا ٱلَّذِينَ ءَامَنُوٓاْ أَطِيعُواْ ٱللَّهَ وَأَطِيعُواْ ٱلرَّسُولَ وَأُوْلِي ٱلۡأَمۡرِ مِنكُمۡۖ فَإِن تَنَٰزَعۡتُمۡ فِي شَيۡءٖ فَرُدُّوهُ إِلَى ٱللَّهِ وَٱلرَّسُولِ إِن كُنتُمۡ تُؤۡمِنُونَ بِٱللَّهِ وَٱلۡيَوۡمِ ٱلۡأٓخِرِۚ ذَٰلِكَ خَيۡرٞ وَأَحۡسَنُ تَأۡوِيلًا59﴾
„О, верници, покорувајте Му се на Аллах и покорувајте му се на Пратеникот и на вашите претпоставени. А ако не се сложувате во нешто, обратете им се на Аллах и на Пратеникот, ако верувате во Аллах и во оној свет! Тоа е подобро и последиците се поубави.“ (Ен Ниса, 59) Возвишениот исто така рекол:
﴿وَمَا ٱخۡتَلَفۡتُمۡ فِيهِ مِن شَيۡءٖ فَحُكۡمُهُۥٓ إِلَى ٱللَّهِ ...﴾
„Во што и да не се согласувате, пресудата за тоа е кај Аллах ...“ (Еш Шура, 10)
Ова прашање – имено, прославувањето на мевлудите – го вративме на Аллаховата Книга и најдовме дека таа ни наредува да го следиме Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во она со што дошол, нè предупредува да се воздржуваме од она што тој го забранил и нè известува дека Севишниот Аллах ја усовршил верата на овој умет. А ова славење не е дел од она што ни го донел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, што значи не е дел од верата која Возвишениот Аллах ја усовршил и во која ни наредил да го следиме Пратеникот.
Ова – исто така – го проверивме враќајќи се на Сунетот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па не најдовме дека тој го практикувал, ниту дека го наредил, ниту пак дека тоа го практикувале неговите асхаби, Аллах нека е задоволен со нив. Оттука сфативме дека тоа не е дел од верата, туку е новововедена новотарија и имитирање на следбениците на Книгата – евреите и христијаните – во нивните празници.
Оттука станува јасно за секој што има барем малку увид, желба за вистината и правичност во нејзиното барање: дека прославувањето на мевлудите не е од исламската вера, туку спаѓа во новонастанатите новотарии што Аллах и Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, наредиле да се остават и избегнуваат. Исто така не му доликува на разумниот човек да се заведе од фактот што многу луѓе го практикуваат тоа низ различни краишта на светот, затоа што вистината не се препознава според бројноста на извршителите, туку се познава преку шеријатските докази. Како што Возвишениот Аллах, вели за евреите и христијаните:
﴿وَقَالُواْ لَن يَدۡخُلَ ٱلۡجَنَّةَ إِلَّا مَن كَانَ هُودًا أَوۡ نَصَٰرَىٰۗ تِلۡكَ أَمَانِيُّهُمۡۗ قُلۡ هَاتُواْ بُرۡهَٰنَكُمۡ إِن كُنتُمۡ صَٰدِقِينَ111﴾
„Тие велат: ,Во Џенетот нема да влезе никој освен тој што ќе биде eвреин или христијанин!' Тоа се нивните пусти желби! Кажи: ,Дајте свој доказ, доколку вистината ја зборувате!‘“ (Ел Бекаре, 111) Возвишениот исто така вели:
﴿وَإِنْ تُطِعْ أَكْثَرَ مَنْ فِي الْأَرْضِ يُضِلُّوكَ عَنْ سَبِيلِ اللَّهِ...﴾
„Кога ти би им се покорувал на мноштвото од жителите на Земјата, тие од Аллаховиот пат би те одвратиле...“ (Ел Енам, 116)
Понатаму, поголемиот дел од овие прослави на мевлуди – иако самите по себе се новотарија – содржат и други недозволени работи, како што се мешањето на жените со мажите, пеење и користење музички инструменти, консумирање опојни пијалаци и наркотични средства и други слични зла. Во тквите прослави може да се појави и нешто уште поголемо – а тоа е голем ширк преку прекумерно величење на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, или на други што ги нарекуваат „евлии“ – упатување дова нему, барање помош од него, барање медед (поддршка), верување дека тој го знае гајбот (скриеното) и слични дела на неверство што многу луѓе ги практикуваат кога го слават мевлудот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, или мевлудот на други што тие ги нарекуваат „евлии“. Веродостојно е пренесено од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол:
«إِيَّاكُم وَالغُلُوُّ فِي الدِّينِ، فَإِنَّمَا أَهْلَكَ مَن كَانَ قَبْلَكُم الغُلُوَّ فِي الدِّينِ».
„Чувајте се од претерување во верата, затоа што токму претерувањето во верата ги уништи оние пред вас.“ Т ој, салаллаху алејхи ве селем, исто така, рекол:
«لَا تُطْرُونِي كَمَا أَطْرَتِ النَّصَارَى ابْنَ مَرْيَمَ، إِنَّمَا أَنَا عَبدٌ، فَقُولُوا: عَبدُ اللهِ وَرَسُولُه».
„Немојте да ме воздигнувате како што христијаните претерале во воздигнувањето на Иса синот Мејремин, алејхи селам. Навистина јас сум само роб па кажете: ,Аллахов роб и Негов пратеник.‘“ Хадисот го бележи Бухари во неговиот Сахих, а го пренесува Омер, радијаллаху анху.
Од чудните и необични работи е и тоа што многу луѓе се раздвижуваат и настојуваат да присуствуваат на овие новотариски прослави и ги бранат, а во исто време изостануваат од она што Возвишениот Аллах им го задолжил – како присуството на џума намазот и на намазите во џемат – и на тоа не му придаваат никакво значење, ниту пак сметаат дека сториле голем престап. Нема сомнение дека тоа произлегува од слабоста на иманот, од недостаток на знаење и од многуте наслаги што врз срцата ги наталожиле различните гревови и непокорности. Го молиме Аллах за заштита за нас и за сите муслимани.
Во тоа спаѓа и верувањето на некои дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, присуствува на мевлудот; па затоа стануваат за време на него, поздравувајќи го и посакувајќи му добредојде. Ова спаѓа во редот на најголемите невистини и најгрдите облици на незнаење, бидејќи Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, не излегува од својот гроб пред Судниот ден, не стапува во контакт со никого од луѓето и не присуствува на нивните собири, туку пребива во својот гроб се до Судниот ден, а неговата душа е на највисоките степени кај неговиот Господар, во Домот на почеста, како што Возвишениот Аллах вели:
﴿ثُمَّ إِنَّكُمْ بَعْدَ ذَلِكَ لَمَيِّتُونَ15 ثُمَّ إِنَّكُمْ يَوْمَ الْقِيَامَةِ تُبْعَثُونَ16﴾
„Вие, потоа, ќе умрете,
потоа, на оној свет, оживени ќе бидете.“ (Ел Муминун, 15-16)
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
«أَنَا أَوَّلُ مَنْ يَنْشَقُّ عَنْهُ القَبْرُ يَومَ القِيَامَةِ، وَأَنَا أَوَّلُ شَافِعٍ، وَأَوًّلُ مُشَفَّعٍ».
„Јас сум првиот кому ќе му се отвори гробот на Судниот ден; јас сум првиот застапник и првиот чие застапништво ќе биде прифатено.“ Најодбраните салавати и селами (благослови и поздрави) од Неговиот Господ нека се над него.
Овие два племенити ајета, хадисот, и сè што по значење им е слично од други ајети и хадиси — сите укажуваат дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и другите мртви ќе излезат од своите гробови само на Судниот ден. Ова е прашање околу кое постои консензус меѓу исламските алими и во врска со истите нема никакво несогласување помеѓу нив. Затоа, секој муслиман треба да внимава на овие работи, и да се чува од она што незнајковците и ним сличните го воведоа од разни новотарии и суеверија, за кои Аллах не објавил никаков доказ. Аллах е Тој од Кого се бара помош, и на Него се потпираме, а нема моќ ниту сила освен со Аллах.
Што се однесува до салаватот и селамот врз Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, тој е еден од најдобрите ибадети и од највредните добри дела, како што Возвишениот Аллах вели:
﴿إِنَّ ٱللَّهَ وَمَلَٰٓئِكَتَهُۥ يُصَلُّونَ عَلَى ٱلنَّبِيِّۚ يَٰٓأَيُّهَا ٱلَّذِينَ ءَامَنُواْ صَلُّواْ عَلَيۡهِ وَسَلِّمُواْ تَسۡلِيمًا56﴾
„Аллах и мелеците Негови го благословуваат Веровесникот. О, верници, благословувајте го и вие и праќајте му поздрав!“ (Ел Ахзаб, 56) Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
«مَنْ صَلَّى عَلَيَّ وَاحِدَةً؛ صَلَّى اللهُ عَلَيهِ بِهَا عَشْرًا».
„Кој на мене ќе испрати еден салават, Аллах на него ќе прати десет (салавати).“ Салаватот е пропишан во секое време, а особено е нагласен на крајот од секој намаз, а според група од исламските алими, дури и задолжителен на последниот тешехуд од секој намаз. Испраќањето салават на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, е особено нагласен како Сунет во многу ситуации; меѓу кои: по езанот, при спомнување на него, салаллаху алејхи ве селем, и во текот на петочниот ден и ноќта пред петок, на што укажуваат многубројни хадиси.
Го молиме Аллах да нè упати нас и сите муслимани кон правилно разбирање на Неговата вера и истрајност во неа, да ни подари на сите придржување кон сунетот и заштита од новотаријата. Аллах е Дарежлив и Благороден.
Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и асхаби.
***
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Шесто послание:
Прописот за празнувањето на ноќта на Исра и Мираџ
Благодарноста му припаѓа на Аллах, Божјиот мир и спас нека се со Божјиот пратеник, со неговото семејство и неговите верни другари.
А потоа велам: Нема сомнеж дека Исра и Мираџ се сметаат за големи Аллахови ајети (знаци) кои укажуваат на вистинитоста на Аллаховиот пратеник, Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, и на величината на неговиот степен кај Возвишениот Аллах; а исто така се од доказите за Аллаховата величествена моќ и за Неговата возвишеност над сите Негови созданија. Возвишениот Аллах вели:
﴿سُبۡحَٰنَ ٱلَّذِيٓ أَسۡرَىٰ بِعَبۡدِهِۦ لَيۡلٗا مِّنَ ٱلۡمَسۡجِدِ ٱلۡحَرَامِ إِلَى ٱلۡمَسۡجِدِ ٱلۡأَقۡصَا ٱلَّذِي بَٰرَكۡنَا حَوۡلَهُۥ لِنُرِيَهُۥ مِنۡ ءَايَٰتِنَآۚ إِنَّهُۥ هُوَ ٱلسَّمِيعُ ٱلۡبَصِيرُ1﴾
„Возвишен нека е Тој што во еден дел од ноќта го пренесе Својот роб од Месџиди Харам во Месџиди Акса, чија околина ја благословивме, за да му покажеме некои од Нашите знаци. Тој сè слуша и сè гледа.“ (Ел Исра, 1)
Со мутеватир начин на пренесување е потврдено дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше воздигнат на небесата, и му се отворија небеските врати сè додека не го надмина седмото небо. Потоа неговиот Господар, Возвишениот Аллах, му се обрати со тоа што Тој посака, и му ги пропиша петте намази. Возвишениот Аллах првично пропиша педесет намази; па нашиот Пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, постојано Му се враќаше и Го молеше за олеснување, сè додека не ги сведе на пет. Така, по број се пропишани како пет, а по награда се педесет, бидејќи доброто дело се вреднува десеткратно. А на Аллах му припаѓаат пофалбата и благодарноста за сите Негови благодати.
Ноќта на Исра и Мираџ, според веродостојните хадиси не е прецизирана – ниту дека е во месецот реџеб ниту во некој друг месец. Сè што е пренесено за нејзиното определување не е утврдено дека е од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кај хадиските експерти. Од совршената мудрост на Аллах е дека нејзиното точно време останало непознато за луѓето. А дури и да беше утврдено, на муслиманите не би им било дозволено да ја издвојуваат со посебни ибадети, ниту да ја празнуваат; бидејќи Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговите асхаби, Аллах нека е задоволен со нив, не ја празнуваа и не ја издвојуваа со ништо посебно. Доколку прославувањето на таа ноќ ќе беше шеријатски пропишано, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ќе му го појаснеше тоа на уметот – било со збор или дело. А ако нешто од тоа се случеше, би се дознало и би станало нашироко познато, и асхабите ќе ни го пренесеа. Затоа што тие од својот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесоа сè што му е потребно на уметот и не изоставија ништо од верата; напротив, тие се првите во секое добро. Па ако прославувањето на оваа ноќ беше шеријатски пропишано, тие ќе беа првите што ќе го практикуваа ова празнување. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, е најискрениот советник на луѓето, ја пренесе пораката на најпотполн начин и ја изврши доверената обврска. Доколку возвеличувањето на оваа ноќ и нејзиното одбележување беше од Аллаховата вера, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, не би го занемарил ниту би го сокрил. А бидејќи ништо од тоа не се случило, можеме да заклучиме дека нејзиното одбележување и возвеличување не се нималку од исламот. Аллах ја усоврши верата на овој умет и ја надополни благодатта врз него, ги осуди оние што пропишуваат во верата она за што Аллах не дал дозвола. Возвишениот Аллах во Неговата јасна Книга вели:
﴿...ٱلۡيَوۡمَ أَكۡمَلۡتُ لَكُمۡ دِينَكُمۡ وَأَتۡمَمۡتُ عَلَيۡكُمۡ نِعۡمَتِي وَرَضِيتُ لَكُمُ ٱلۡإِسۡلَٰمَ دِينٗا...﴾
„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел Маиде, 3) Исто така Тој, Возвишениот, вели:
﴿أَمۡ لَهُمۡ شُرَكَٰٓؤُاْ شَرَعُواْ لَهُم مِّنَ ٱلدِّينِ مَا لَمۡ يَأۡذَنۢ بِهِ ٱللَّهُۚ وَلَوۡلَا كَلِمَةُ ٱلۡفَصۡلِ لَقُضِيَ بَيۡنَهُمۡۗ وَإِنَّ ٱلظَّٰلِمِينَ لَهُمۡ عَذَابٌ أَلِيمٞ21﴾
„Зарем тие да имаат божества кои им пропишуваат да веруваат во тоа што Аллах не им го наредил? И да не е Зборот на Господарот твој претходно изречен, до означениот рок, на нив ќе им беше веќе пресудено. – А насилниците, навистина, ги чека неподносливо страдање.“ (Еш Шура, 21)
Од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во веродостојни хадиси е потврдено: предупредување од ново воведените работи во верата и јасно наведување дека тие се заблуда, со цел да го предупреди уметот на големата опасност од нив и да ги одврати од нивното практикување. Дел од тие предупредувања е она што е потврдено во двата Сахиха од Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
«مَنْ أَحْدَثَ فِي أَمْرِنَا هَذَا مَا لَيْسَ مِنْهُ؛ فَهُوَ رَدٌّ».
„Кој ќе воведе во нашата вера, нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“ Во преданието на Муслим стои:
«مَنْ عَمِلَ عَمَلًا لَيْسَ عَلَيهِ أَمْرَنَا؛ فَهُوَ رَدٌّ».
„Кој ќе направи дело што не е во согласност со нашата наредба (вера) - ќе му биде одбиено.“ Во Сахихот на Муслим се пренесува хадис од Џабир, радијаллаху анху, дека рекол: „Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, вообичаено во неговата петочна хутба велеше:
«أَمَا بَعْدَ، فَإِنَّ خَيرَ الحَدِيثِ كِتَابُ اللهِ، وَخَيرَ الهَدْيِ هَدْيُ مُحَمَّدٍ ﷺ، وَشَرَّ الأُمُورِ مُحْدَثَاتُهَا، وَكُلَّ بِدْعَةٍ ضَلَالَةٌ».
,Навистина, најдобриот говор е Аллаховата Книга, најдобар пат е Сунетот на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, најлошите дела се новововедените во верата и секоја новотарија е заблуда.‘“ Несаи, со добар синџир на пренесувачи, додал:
«وَكُلَّ ضَلَالَةٍ فِي النَّارِ».
„Секоја заблуда завршува во Огнот.“ Во Сунените, од Ирбад бин Сарије, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни одржа поучен говор поради кој срцата ни затреперија, а очите ни се насолзија, па рековме: ,О, Аллахов Пратенику! Како да е проштален говор, затоа остави ни аманет.' Тој рече:
«أُوصِيكُم بِتَقْوَى اللهِ وَالسَّمعِ وَالطَّاعَةِ وَإِنْ تَأَمَّرَ عَلَيكُم عَبدٌ، فَإِنَّهُ مَنْ يَعِشْ مِنْكُم فَسَيَرَى اخْتِلَافًا كَثِيرًا، فَعَلَيكُم بِسُنَّتِي وَسُنَّةِ الخلُفَاءِ الرَّاشِدِينَ المَهْدِيِّينَ مِنْ بَعْدِي، تَمَسَّكُوا بِهَا وَعَضُّوا عَلَيْهَا بِالنَّوَاجِذِ، وَإِيَّاكُم وَمُحْدَثَاتِ الأُمُورِ، فَإِنَّ كُلَّ مُحْدَثَةٍ بِدْعَةٍ وَكُلَّ بِدْعَةٍ ضَلَالَةٌ».
„Ви оставам аманет да се плашите од Аллах и да им бидете покорни и послушни на вашите водачи, па дури тој да биде роб. Затоа што оној кој ќе поживее од вас ќе види големи несогласувања. Ве советувам, држете се до мојот Сунет и Сунетот на праведните и упатените халифи после мене; цврсто придржувајте се за него и загризете со катниците. И внимавајте на новотариите во верата, бидејќи секоја новотарија води кон заблуда.“ Пренесени се многу хадиси во овој контекст.
Од асхабите на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и од праведните претходници по нив, потврдено е, дека предупредувале од новотариите и строго одвраќале од нив. Тоа е затоа што новотариите претставуваат додавање во верата и пропишување на нешто што Аллах не го дозволил, како и поистоветување со Аллаховите непријатели – евреите и христијаните – во нивните измислици и нивното внесување во верата на она што Аллах не го дозволил. Нивната неминовна последица е омаловажување на исламската вера и обвинување дека таа не е совршена. Познато е колкава огромна искривеност има во тоа, колку одвратен и тежок грев е тоа, и дека се коси со зборовите на Возвишениот Аллах:
﴿...ٱلۡيَوۡمَ أَكۡمَلۡتُ لَكُمۡ دِينَكُمۡ...﴾
„Денес верата ваша ви ја усовршив...“ (Ел Маиде, 3) И јасното спротивставување на хадисите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кои предупредуваат од ново воведените работи во верата и одвраќаат од нив.
Со ова, се надевам дека изнесените докази се доволни и убедливи за оној што искрено трага по вистината во отфрлањето на оваа новотарија; односно новотаријата на празнувањето на ноќта на Исра и Мираџ – и предупредувањето од неа, и дека таа воопшто не е дел од исламската вера.
Поради обврската што Аллах ја пропиша – да се советуваат муслиманите, да се појасни што им е пропишано од верата и строгата забрана за прикривање на знаењето – сметав за потребно да ги предупредам моите браќа муслимани на ова новотарија, која се прошири во многу земји, до степен што некои луѓе ја сметаат за дел од верата.
Го молиме Аллах да ги подобри состојбите на сите муслимани, да им подари разбирање на верата, и да нè упати нас и нив да се држиме до вистината, да истраеме на неа и да оставиме сè што ѝ противречи. Навистина, Тој е Семоќен и способен да го стори тоа!
Божјите благослови, мир и благодат нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и одбраните следбеници.
***
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Седмо послание:
Прописот за прославувањето на ноќта на половина од месецот шабан
Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Кој ни ја усоврши верата и ја надополни врз нас Неговата благодат, и Аллаховиот мир и благослов нека се со Неговиот веровесник и пратеник Мухамед, веровесникот на покајанието и милоста.
Во продолжение велам: Возвишениот Аллах вели:
﴿...ٱلۡيَوۡمَ أَكۡمَلۡتُ لَكُمۡ دِينَكُمۡ وَأَتۡمَمۡتُ عَلَيۡكُمۡ نِعۡمَتِي وَرَضِيتُ لَكُمُ ٱلۡإِسۡلَٰمَ دِينٗا...﴾
„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел Маиде, 3) Возвишениот исто така вели:
﴿أَمۡ لَهُمۡ شُرَكَٰٓؤُاْ شَرَعُواْ لَهُم مِّنَ ٱلدِّينِ مَا لَمۡ يَأۡذَنۢ بِهِ ٱللَّهُ...﴾
„Зарем тие да имаат божества кои им пропишуваат да веруваат во тоа што Аллах не им го наредил...“ (Еш Шура: 21) Во двата Сахиха, од Аиша, радијаллаху анха, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
«مَنْ أَحْدَثَ فِي أَمْرِنَا هَذَا مَا لَيْسَ مِنْهُ؛ فَهُوَ رَدٌّ».
„Кој ќе воведе во нашата вера, нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“ Во Сахихот на Муслим се пренесува хадис од Џабир, радијаллаху анху, дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, на петочната хутба велел:
«أَمَّا بَعْدُ: فَإِنَّ خَيرَ الحَدِيثِ كِتَابُ اللهِ، وَخَيرَ الهَدْيِ هَدْيُ مُحَمَّدٍ صَلَّى اللهُ عَلَيهِ وَسَلَّمَ، وَشَرَّ الأُمُورِ مُحْدَثَاتُهَا، وَكُلَّ بِدْعَةٍ ضَلَالَةٌ».
„Навистина, најдобриот говор е Аллаховата Книга, најдобриот пат е Сунетот на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, најлошите дела се новововедените во верата и секоја новотарија е заблуда.“ Ајетите и хадисите во овој контекст се многубројни, и јасно укажуваат дека Возвишениот Аллах ја усовршил верата на овој умет и ја употполнил Неговата благодат кон овој умет. Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не премина на подобриот свет, освен откако ја пренесе пораката во целост и му појасни на уметот сѐ што Аллах му го пропиша (како вера) од зборови и дела. Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека сè што луѓето, по него, ќе внесат и ќе му го припишат на исламот – било збор или дело – е новотарија, и тоа ќе биде одбиено од оној што го вовел, дури и ако неговата намера била добра. Ова добро го знаеле асхабите на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а исто така и исламските учени по нив. Затоа тие ги отфрлаа новотариите и предупредуваа од нив, како што спомнал секој што пишувал за величењето на Сунетот и за отфрлањето на новотариите – како Ибн Ведах, Тартуши, Ебу Шамех и други.
Меѓу новотариите кои некои луѓе ги вовеле е новотаријата на одбележувањето на ноќта на половината од месецот шабан и издвојувањето на нејзиниот ден за пост. За тоа нема доказ на кој може да се потпреме, а за нејзината вредност се пренесени слаби хадиси, на кои не е дозволено да се потпира.
А она што е пренесено за вредноста на намазот во неа — сето тоа е измислено, како што на тоа укажале многу исламски алими. Понатаму ќе наведеме дел од нивните изјави, иншаллах.
Околу нејзината вредност, исто така, се спомнуваат и преданија од некои добри претходници (селеф) од реонот Шам и од други места.
Она околу што поголемиот дел од исламските учени се согласни е дека нејзиното одбележување е новотарија, а пренесените хадиси за нејзината вредност сите се слаби, а некои од нив дури и измислени. На ова укажале, меѓу другите и Хафизот Ибн Реџеб, во неговото дело „Латаиф ел-Маариф“, како и други. Познато е дека според слабите хадиси се постапува само во ибадети чии темели се потврдени со исправни и автентични докази. Што се однесува до одбележувањето на ноќта од средината на месецот шабан, за тоа нема автентична основа, а не може да се поткрепи ниту со слабите хадиси. Ова големо правило го спомнал имамот Ебу ел‑Абас, Шејхул‑ислам, ибн Тејмије, рахимехуллах.
А јас, почитуван читателу, ќе ти пренесам што рекле некои од исламските алими по ова прашање, за да имаш јасна претстава во врска со тоа.
Учените, Аллах нека им се смилува, се едногласни дека е обврска сите спорни прашања меѓу луѓето да се вратат на Аллаховата Книга и на Сунетот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Па она на што пресудиле двата извора, или едниот од нив, тоа е шеријатот што мора да се следи, а сè што им противречи мора да се отфрли. Сè што не е пропишано во нив во доменот на ибадетите е новотарија и не е дозволено да се практикува, а камоли да се повикува кон тоа и да се препорачува. Возвишениот Аллах вели:
﴿يَٰٓأَيُّهَا ٱلَّذِينَ ءَامَنُوٓاْ أَطِيعُواْ ٱللَّهَ وَأَطِيعُواْ ٱلرَّسُولَ وَأُوْلِي ٱلۡأَمۡرِ مِنكُمۡۖ فَإِن تَنَٰزَعۡتُمۡ فِي شَيۡءٖ فَرُدُّوهُ إِلَى ٱللَّهِ وَٱلرَّسُولِ إِن كُنتُمۡ تُؤۡمِنُونَ بِٱللَّهِ وَٱلۡيَوۡمِ ٱلۡأٓخِرِۚ ذَٰلِكَ خَيۡرٞ وَأَحۡسَنُ تَأۡوِيلًا59﴾
„О, верници, покорувајте Му се на Аллах и покорувајте му се на Пратеникот и на вашите претпоставени. А ако не се сложувате во нешто, обратете им се на Аллах и на Пратеникот, ако верувате во Аллах и во оној свет! Тоа е подобро и последиците се поубави.“ (Ен Ниса, 59) Возвишениот исто така вели:
﴿مَا ٱخۡتَلَفۡتُمۡ فِيهِ مِن شَيۡءٖ فَحُكۡمُهُۥٓ إِلَى ٱللَّهِ...﴾
„Во што и да не се согласувате, пресудата за тоа е кај Аллах...“ (Еш Шура, 10) И вели:
﴿قُلۡ إِن كُنتُمۡ تُحِبُّونَ ٱللَّهَ فَٱتَّبِعُونِي يُحۡبِبۡكُمُ ٱللَّهُ وَيَغۡفِرۡ لَكُمۡ ذُنُوبَكُمۡ...﴾
„Кажи: ,Ако Аллах Го сакате, тогаш мене следете ме, и вас Аллах ќе ве сака и гревовите ќе ви ги прости...‘“ (Али Имран, 31) Следен ајет е:
﴿فَلَا وَرَبِّكَ لَا يُؤۡمِنُونَ حَتَّىٰ يُحَكِّمُوكَ فِيمَا شَجَرَ بَيۡنَهُمۡ ثُمَّ لَا يَجِدُواْ فِيٓ أَنفُسِهِمۡ حَرَجٗا مِّمَّا قَضَيۡتَ وَيُسَلِّمُواْ تَسۡلِيمٗا65﴾
„И се колнам во Господарот твој, тие нема да бидат верници сè додека во меѓусебните спорови за судија тебе не те прифатат, а потоа во душите свои ни малку тешкотија да не почувствуваат за тоа што си го одредил и додека сосема не се покорат.“ (Ен Ниса, 65) Ајетите во овој контекст се многубројни и јасно укажуваат на обврската сите прашања во кои има несогласување да се вратат на Аллаховата Книга и на Сунетот, како и на обврската да се биде задоволен со нивната пресуда. Тоа е суштинско барање на верата и е најдобро за робовите и во овој и во идниот свет, со најдобар исход – односно најдобра завршница.
Хафизот Ибн Реџеб, рахимехуллах, во неговото дело „Латаиф ел-Маариф“, за ова прашање, по претходно изнесеното, рекол:
„Ноќта на средината од шабан, табиините од Шам; како што се: Халид бин Мадан, Мекхул, Лукман бин Амир и други, ја возвеличуваа и се трудеа во неа со ибадет, а од нив луѓето ја научија нејзината вредност и нејзиното возвеличување. Се вели дека до нив по тоа прашање пристигнале исраилитски преданија. Кога тоа се прочу за нив низ земјите, луѓето се разединија околу тоа, некои го прифатија од нив и се согласија да ја возвеличуваат таа ноќ, а меѓу нив имаше и група побожници од Басра и други места. Но повеќето алими од Хиџаз го отфрлија тоа, меѓу нив Ата и Ибн Еби Мулејкех. Истото го пренесува и Абдурахман бин Зејд бин Еслем од фекихите (правниците) на Медина, и тоа е ставот на следбениците на Малик и други. Тие рекле дека сето тоа е бидат (новотарија).
Алимите од Шам имале различни мислења во врска со начинот на оживување на овас ноќ и се поделиле на два става:
Првиот став е дека препорачливо е таа ноќ да се оживува џематски во џамиите. Халид бин Мадан, Лукман бин Амир и други ја облекувале најубавата облека, ставале мирис и сурма, и ја поминувале целата ноќ во џамија. На тоа мислење бил и Исхак бин Рахавејх, кој рекол дека ваквото одбележување во џамиите со џемат не е новотарија. Ова го пренел Харб ел-Кирмани во неговото дело „Ел-Месаил“.
Вториот став е дека е непожелно (мекрух) во џамиите да се прават собири за намаз, раскажувања на преданија и дова, но не е непожелно човек да клања во нив за себе лично. Ова е ставот на Ел-Евзаи, имамот на жителите на Шам, нивниот феких и алим, а овој став е поблиску до исправното, иншаллах.“ До неговите зборови: „Не е познат ставот на имамот Ахмед за ноќта на средината од шабан, а во поглед на препорачливоста таа да се помине во ноќен намаз, врз основа на пренесеното од него за ноќниот намаз во двете бајрамски ноќи, се извлекуваат два пренесени става; според едното предание тој не го сметал препорачливо тоа да се изведува во џемат, бидејќи тоа не е пренесено ниту од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ниту од неговите асхаби, додека според другото предание тоа го сметал за препорачливо, бидејќи така постапил Абдурахман бин Језид бин ел-Есвед, кој бил од табиините. Истото важи и за клањањето во ноќта на средината од месецот шабан: за тоа не е потврдено ништо од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ниту од неговите асхаби, но е потврдено од група табиини – од најугледните фекихи на Шам.“
Со ова завршува суштината од зборовите на Хафизот Ибн Реџеб, рахимехуллах, во кои тој јасно истакнува дека за ноќта на средината од шабан не е потврдено ништо – ниту од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ниту од неговите асхаби, радијаллаху анхум.
Што се однесува до тоа што Ел-Евзаи, рахимехуллах, го одбрал ставот дека е препорачливо ова да се практикува поединечно, и што Хафизот Ибн Реџеб се согласил со тоа – тој став е гариб и слаб. Затоа што сè што не е потврдено со шеријатски докази како пропишано, не му е дозволено на муслиманот да го воведува во Аллаховата вера, без разлика дали го прави поединечно или во џемат, и без разлика дали тоа го крие или го прави јавно; поради општите зборови на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем:
«مَنْ عَمِلَ عَمَلًا لَيْسَ عَلَيهِ أَمْرُنَا؛ فَهُوَ رَدٌّ».
„Кој прави дело кое не е од нашата вера, ќе му биде отфрлено.“ Тука спаѓаат и други докази што укажуваат на погубноста на новотариите во верата и на предупредување од нив.
Имамот Ебу Бекр ет-Тартуши, рахимехуллах, во неговата книга „Ел-Хавадису вел-Бида‘“, рекол:
„Ибн Ведах од Зејд бин Еслем, пренесува дека рекол: Не затекнавме ниту еден од нашите учители, ниту од нашите фекихи да ѝ обрнува внимание на средината од шабан, ниту пак на говорот на Мекхул, тие не сметаа дека таа ноќ има посебна вредност над останатите.“
Му беше речено на Ибн Еби Мулејкех, дека Зијад ен-Нумејри вели: „Навистина наградата за ноќта на половината на шабан е како наградата за ноќта на Кадр.“ На што рече: „Да го слушнев, и да имав стап во рака, ќе го удрев.“ Завршен цитат.
Почитуваниот алим Еш-Шевкани, рахимехуллах, во неговото дело „Ел-Феваид ел-Меџму’ах“ рекол:
„Хадисот: ,О Али, кој ќе клања сто рекати во ноќта на средината од месецот шабан, на секој рекат ќе ја рецитира сурата Ел-Фатиха и Ел-Ихлас по десет пати, Аллах ќе му ја исполни секоја потреба...' до крај на хадисот. Овој хадис е измислен, а неговите изрични формулации за наградата што му следува на оној што го практикува тоа се толку претерани што ниеден разумен човек не се сомнева дека е измислен. Неговите пренесувачи се непознати, а истиот хадис е пренесен и во втора и трета верзија – сите измислени и со непознати пренесувачи.“ Исто така, во делото „Ел-Мухтесар“ е речено: „Хадисот за намазот во ноќта на средината од месецот шабан е неисправен.“ А Ибн Хибан бележи од Али: „Кога ќе настапи ноќта на средината од шабан, поминете ја нејзината ноќ во намаз, а постете го нејзиниот ден“ – но овој хадис е слаб. Во делото „Ел-Леали“ е кажано: „Хадисот за сто рекати во ноќта на средината од месецот шабан, со рецитирање на сура Ел-Ихлас десет пати, со долг опис на неговите доблести, пренесен кај ед-Дејлеми и други, е измислен. Поголемиот дел од неговите пренесувачи во сите три верзии се непознати и слаби. Хадисот: „Дванаесет рекати, со рецитирање на сурата Ел-Ихлас триесет пати.“ е измислен и хадисот „И четиринаесет рекати“ — исто така е измислен.
Со овие хадиси биле заведени некои исламски правници – како авторот на „Ел-Ихја“ и други – а исто така и некои од толкувачите на Куранот. За намазот на оваа ноќ, односно ноќта на средината од шабан, се пренесуваат различни облици на практикување, но сите без исклучок се неосновани и измислени. Ова, сепак, не е во спротивност со преданието што го бележи Тирмизи од Аиша, радијаллаху анха, за неговото, салаллаху алејхи ве селем, одење кон Ел-Бекија; ниту со тоа дека Возвишениот Аллах во ноќта на средината од шабан се спушта на овоземното небо и им простува на повеќе луѓе од бројот на влакната на овците на племето Келб. Затоа што тука станува збор само за конкретниот измислен намаз поврзан со оваа ноќ. Иако хадисот од Аиша, радијаллаху анха, е слаб и со прекин во синџирот, како и хадисот од Али, радијаллаху анху, што претходно го спомнавме во врска со ноќниот намаз во таа ноќ – тоа не ја поништува констатацијата дека овој намаз е измислен, и покрај слабоста што ја содржат овие преданија, како што наведовме.“ Завршен цитат.
Хафизот Ел-Ираки рекол: „Хадисот за намазот во ноќта на средината од шабан е измислица припишана на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и лага врз него.“ Имамот Ен-Невеви во книгата „Ел-Меџму“ рекол: „Намазот познат како ,намаз рагаиб’, кој се состои од дванаесет рекати и се клања меѓу акшам и јација во ноќта на првиот петок од месецот реџеб, и намазот на ноќта на средината од месецот шабан, со сто рекати – овие два намаза се осудени новотарии. Нека никој не се залажува поради тоа што се спомнуваат во книгите „Кут ал-Кулуб“ и „Ихја улум ед-дин“, ниту поради хадисот што се наведува за нив, зашто сето тоа е неисправно. И никој нека не се залажува поради тоа што некои имами, на кои им се помешал прописот, составиле неколку страници во прилог на нивната препорачливост, затоа што тие во тоа погрешиле.“
Имамот Ебу Мухамед Абдурахман бин Исмаил ел-Макдиси составил вредна книга која ги побива овие ставови и во неа одлично и вешто ја обработил оваа тема. Зборовите на алимите за ова прашање се многубројни, а доколку би тргнале да пренесуваме сè на што сме наишле по оваа тема, говорот би се одолжил. Но можеби во она што го наведовме има доволно и тоа е убедливо за оној што ја бара вистината.
Врз основа на наведените ајети, хадиси и зборовите на учените, му станува јасно на оној што ја бара вистината дека одбележувањето на ноќта на средината од месецот шабан со намаз или на друг начин, како и издвојувањето на нејзиниот ден за пост, е отфрлена новотарија според повеќето алими и нема основа во чистиот шеријат. Тоа спаѓа во она што се појавило во исламот по времето на асхабите, Аллах нека е задоволен со сите нив. А, на оној што ја бара вистината, во ова и во сè друго, доволен му е зборот на Возвишениот Аллах:
﴿...ٱلۡيَوۡمَ أَكۡمَلۡتُ لَكُمۡ دِينَكُمۡ...﴾
„Денес верата ваша ви ја усовршив...“ (Ел Маиде, 3) И другите ајети што се со слично значење, како и зборовите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем:
«مَنْ أَحْدَثَ فِي أَمْرِنَا هَذَا مَا لَيْسَ مِنْهُ فَهُوَ رَدٌّ».
„Кој ќе воведе во нашата вера, нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“ Докази се и другите хадиси со слично значење.
Имамот Муслим од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, исто така, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
«لَا تَخُصُّوا لَيْلَةَ الْجُمُعَةِ بِقِيَامٍ مِنْ بَيْنِ اللَّيَالِي، وَلَا تَخُصُّوا يَوْمَهَا بِالصِّيَامِ مِنْ بَيْنِ الْأَيَّامِ، إِلَّا أَنْ يَكُونَ فِي صَوْمٍ يَصُومُهُ أَحَدُكُمْ».
„Не ја издвојувајте ноќта на петокот со ноќен намаз меѓу другите ноќи, ниту пак денот за пост меѓу другите денови, освен ако се совпадне со пост што некој има навика да го пости.“ Доколку би било дозволено издвојувањето на некоја од ноќите со посебен ибадет, тогаш ноќта на петокот би имала предност пред останатите; бидејќи нејзиниот ден е најдобриот ден во кој изгреало сонцето, според јасните текстови на веродостојните хадиси од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Кога Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, предупредил да не се издвојува таа ноќ од другите со посебен ноќен намаз, тоа уште повеќе укажува дека не е дозволено ниту една друга ноќ да се издвојува со некаква посебна форма на ибадет, освен ако за тоа постои веродостоен доказ.
Имајќи предвид дека за ноќта Кадр и за ноќите на рамазан е пропишано да се поминуваат во ноќен намаз и да се вложува труд во нив, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, укажал на тоа, ги поттикнал верниците да ги оживуваат со намаз, а и самиот така постапувал, како што е пренесено во двата сахиха од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол:
«مَنْ قَامَ رَمَضَانَ إِيمَانًا وَاحْتِسَابًا، غُفِرَ لَهُ مَا تَقَدَّمَ مِنْ ذَنْبِهِ، وَمَنْ قَامَ لَيْلَةَ الْقَدْرِ إِيمَانًا وَاحْتِسَابًا، غُفِرَ لَهُ مَا تَقَدَّمَ مِنْ ذَنْبِهِ».
„Кој ќе го помине месецот рамазан во намаз, верувајќи и надевајќи се на награда, ќе му бидат простени претходните гревови. И кој ќе ја помине ноќта на Кадр во намаз, верувајќи и надевајќи се на награда, ќе му бидат простени претходните гревови.“ Да беше пропишано да се издвојува ноќта на средината од месецот шабан, или ноќта на првиот петок од месецот реџеб, или ноќта на Исра и Мираџ со посебно обележување или со некаква форма на ибадет, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ќе го упатеше уметот на тоа или самиот ќе го практикуваше. А доколку нешто од тоа навистина се случеше, асхабите, Аллах да е задоволен со нив, ќе му го пренесоа на уметот и не би го сокриле, бидејќи тие беа најдобрите луѓе и најискрените кон луѓето по пратениците, алејхимус-селам. Аллах нека е задоволен со асхабите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Од претходно наведените зборови на алимите дозна дека не е пренесено ништо – ниту од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ниту од неговите асхаби, радијаллаху анхум – за посебна вредност на ноќта на првиот петок од реџеб или на ноќта на средината од шабан. Оттука е јасно дека нивното обележување е новотарија воведена во исламот, а нивното издвојување со некаква форма на ибадет е отфрлена новотарија. На ист начин, и дваесет и седмата ноќ од месецот реџеб – за која некои луѓе сметаат дека е ноќта на Исра и Мираџ – не е дозволено да се издвојува со каков било чин на ибадет, ниту пак да се одбележува, поради претходно наведените докази. Ова би важело дури и доколку нејзиното време беше познато, а камоли кога, според исправното мислење на учените, таа информација воопшто не е позната. Тврдењето на оние што велат дека тоа е дваесет и седмата ноќ од месецот реџеб е неосновано и нема поткрепа во ниту еден веродостоен хадис. Навистина убаво рекол оној што рекол:
„Најдобрите дела се оние што се во согласност со првото упатство... а најлошите дела се новововедени новотарии во верата.“
Го молиме Аллах да нè упати нас и сите муслимани кон цврсто придржување до сунетот и истрајност во него, и да нè заштити од сè што е спротивно на него. Аллах е Дарежлив и Благороден.
Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и асхаби.
***
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Осмо послание:
Важно предупредување за лажното припишано завештание
На шејхот Ахмед, слугата на Благородниот Пратенички Харем
Од Абдулазиз бин Абдулах бин Баз, до сите муслимани што го читаат ова: Аллах нека ги чува со исламот, и нека нè заштити нас и нив од злото на лажните измислици на неуките, амин
Селам алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху.
А потоа: се запознав со едно писание што му се припишува на шејхот Ахмед, слугата на Благородниот Пратенички Харем, под наслов: „Ова е завештание од Медина од шејхот Ахмед, слугата на Благородниот Пратенички Харем “, во кое се вели:
„Останав буден до доцна во ноќта кон петок, го читав Благородниот Куран, а потоа ги набројав на глас Аллаховите најубави имиња. Кога завршив со тоа, се подготвив за сон, па тогаш го видов со неговиот блескав лик Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, оној што ни ги донесе куранските ајети и благородните прописи — милоста за световите, Мухамед салаллаху алејхи ве селем. Тој ми рече: ,О шејх Ахмед.‘ Јас реков: ,Ти се одзивам, о Аллахов пратенику, најблагородниот меѓу Аллаховите созданија.‘ Тогаш ми рече: ,Се срамам од грдите постапки на луѓето, и не можам да излезам пред мојот Господар ниту пред мелеците; затоашто од џума до џума умреа сто и шеесет илјади на вера различна од исламот.' Потоа наброја дел од гревовите во кои западнаа луѓето. Потоа додаде: ,Ова завештание е милост за нив од Силниот, Возвишениот.' Потоа спомна некои од предзнаците на Судниот ден и рече: „Извести ги, о шејх Ахмед, за оваа поука; затоа што таа е запишана со перото на Божјата одредба на внимателно чуваната Плоча. Оној што ќе ја запише и ќе ја испрати од земја во земја и од место во место, ќе му биде изграден дворец во Џенетот. А оној што нема да ја запише и да ја пренесе, моето застапништво ќе му биде забрането на Судниот ден. Тој што ќе ја напише - ако е сиромашен, Аллах ќе го збогати; ако е задолжен, Аллах ќе му го измири долгот; а ако има гревови, Аллах ќе му прости нему и на неговите родители, со бериќетот на ова завештание. Оној од Аллаховите робови кој нема да го напише, лицето ќе му поцрни на овој и на идниот свет.' Потоа рече: ,Се колнам во Возвишениот Аллах, три пати – ова е вистина; а ако лажам, нека го напуштам овој свет без ислам. Кој ќе поверува во ова, ќе се спаси од казната на Огнот, а кој ќе го смета за лага – паднал во неверство.‘“
Ова е сожеток од лажно пропишаното завештание на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Ова лажно завештание сме го слушале многупати во текот на годините; тоа одвреме-навреме се шири меѓу луѓето и се пропагира кај многумина од обичниот свет, а неговите формулации се разликуваат. Неговиот лажливец тврди дека во сон го видел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и дека тој му го предал овој завет. А во оваа последна верзија што ти ја спомнавме, почитуван читателу, измислувачот дури тврди дека го видел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во моментот кога се подготвувал за спиење - што по значење излегува како да вели дека го видел на јаве!
Овој клеветник во ова завештание изнел многу нешта што спаѓаат во најочигледните лаги и најјасните невистини. Иншаллах, наскоро ќе ти укажам на нив во ова обраќање. И во изминатите години укажував на нив и им појаснував на луѓето дека сето тоа е чиста лага и измислица. Кога налетав на оваа последна брошура, првично се двоумев дали да пишувам за неа, бидејќи нејзината невистина е толку очигледна, а дрскоста на нејзиниот клеветник во лажењето толку голема, што не мислев дека би можела да измами некого кој има барем малку проницливост или здрава природност. Но, откако многу браќа ме известија дека таа се проширила меѓу голем број луѓе, дека ја разменуваат меѓусебно и дека некои дури и поверувале во неа - сметав дека е должност на луѓе како мене да пишуваат за неа, за да се појасни нејзината неоснованост и дека лажно му е припишана на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за никој да не се измами со неа. Секој што има знаење и иман, или здрава природа и исправен разум, ако внимателно го разгледа ова завештание, веднаш ќе увиди дека е лага и измислица, и тоа од многу аспекти.
Прашав некои од роднините на почитуваниот шејх Ахмед, на кого му се припишува оваа клевета, за ова завештание, и еден од нив ми одговори дека се работи за нешто што лажно му е припишано на шејхот Ахмед и дека тој воопшто не го рекол тоа. Споменатиот шејх Ахмед починал пред извесно време. А дури и ако претпоставиме дека споменатиот шејх Ахмед, или некој уште поголем од него, тврди дека го видел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во сон или на јаве, и дека од него го добил ова завештание, со сигурност би знаеле дека лаже, или дека оној што му го кажал тоа е шејтан, а не Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, поради многу причини, меѓу кои:
Прво: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не може да се види на јаве по неговата смрт. Оној што од неуките меѓу суфиите тврди дека го гледа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во будна состојба, или дека тој присуствува на мевлудот, или нешто слично на тоа – тешко згрешил и западнал во голема заблуда. Таквиот направил голема грешка и им се спротивставил на Книгата, Сунетот и консензусот на учените; затоа што мртвите ќе излезат од нивните гробови на Судниот ден, а не на овој свет. Секој што го тврди спротивното е или свесен лажливец, или човек во заблуда на кого му е заматена вистината. Таквиот не ја спознал вистината што ја познаа праведните претходници и до која се придржуваа асхабите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и нивните следбеници во доброто. Возвишениот Аллах вели:
﴿ثُمَّ إِنَّكُم بَعۡدَ ذَٰلِكَ لَمَيِّتُونَ15 ثُمَّ إِنَّكُمْ يَوْمَ الْقِيَامَةِ تُبْعَثُونَ16﴾
„Вие, потоа, ќе умрете,
потоа, на оној свет, оживени ќе бидете.“ (Ел Муминун, 15-16) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
«أَنَا أَوَّلُ مَنْ تَنْشَقُّ عَنْهُ الْأَرْضُ يَوْمَ الْقِيَامَةِ، وَأَنَا أَوَّلُ شَافِعٍ وَأَوَّلُ مُشَفَّعٍ».
„Јас сум првиот за кого ќе се расцепи земјата на Судниот ден, и јас сум првиот застапник и првиот чие застапништво ќе биде прифатено.“ Ајетите и хадисите во овој контекст се многубројни.
Второ: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не зборува спротивно на вистината – ниту за време на својот живот, ниту по својата смрт. А ова завештание очигледно му противречи на неговиот шеријат од многу аспекти, како што ќе следи. Точно е дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, може да биде виден во сон, и кој ќе го види во неговиот вистински облик, навистина го видел; заtoa што шејтанот не може да се претстави во неговиот лик, како што е потврдено во веродостоен хадис. Но сето тоа зависи од иманот на оној што го видел, неговата искреност, праведност, побожност и доверливост, и од тоа дали навистина го видел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во неговиот вистински облик или во некаков друг.
Ако од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е пренесен хадис што го изрекол за време на својот живот, но не преку доверливи и праведни пренесувачи, тогаш тој хадис не се зема како доказ. Дури и ако е пренесен преку доверливи пренесувачи, но му противречи на друг хадис што го пренесол некој уште подоверлив и подобар во памтењето, и противречноста е таква што не може да се помири, тогаш послабото предание се смета за дерогирано (мансух) или за отстапувачко (шаз), по кое не се постапува.
Доколку тоа важи за хадисите пренесени од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, преку познати пренесувачи, што тогаш да кажеме за едно завештание чиј пренесувач од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не е познат, ниту му се знаат праведноста и доверливоста? Такво нешто мора да се отфрли и да не му се обрнува внимание, дури и ако во него нема ништо што очигледно му противречи на шеријатот, а камоли кога, како во овој случај, завештанието содржи многу работи што јасно укажуваат на неговата неисправност, на тоа дека лажно му е припишано на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и дека во него се пропишуваат верски одредби што Аллах не ги дозволил!
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
«مَنْ قَالَ عَلَيَّ مَا لَمْ أَقُلْ؛ فَلْيَتَـبَوَّأْ مَقْعَدَهُ مِنَ النَّارِ».
„Кој ќе каже за мене нешто што јас не сум го рекол, нека си го подготви своето место во Огнот.“ Оној што го измислил ова завештание и му го припишал на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, изрекол нешто што тој никогаш не го кажал и направил отворена, опасна лага. Затоа таквиот човек навистина заслужува жестока опомена и казна, а најмногу ја заслужува ако не се покае искрено и не им соопшти јавно на луѓето дека ова завештание, припишано на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е лага. Оној што ќе рашири невистина меѓу луѓето и ќе ѝ ја припише на верата, неговото покајување нема да биде исправно сè додека не ја објави својата грешка јавно и не се демантира себеси, за луѓето да дознаат дека се повлекол од лагата. Возвишениот Аллах вели:
﴿إِنَّ ٱلَّذِينَ يَكۡتُمُونَ مَآ أَنزَلۡنَا مِنَ ٱلۡبَيِّنَٰتِ وَٱلۡهُدَىٰ مِنۢ بَعۡدِ مَا بَيَّنَّٰهُ لِلنَّاسِ فِي ٱلۡكِتَٰبِ أُوْلَٰٓئِكَ يَلۡعَنُهُمُ ٱللَّهُ وَيَلۡعَنُهُمُ ٱللَّٰعِنُونَ159 إِلَّا ٱلَّذِينَ تَابُواْ وَأَصۡلَحُواْ وَبَيَّنُواْ فَأُوْلَٰٓئِكَ أَتُوبُ عَلَيۡهِمۡ وَأَنَا ٱلتَّوَّابُ ٱلرَّحِيمُ160﴾
„Тие што ќе ги кријат јасните докази коишто Ние ги објавивме, и Вистинскиот пат откако на луѓето во Книгата им го означивме, Аллах ќе ги проколне, а ќе ги проколнат и тие што проколнуваат.
Исклучок ќе бидат тие што ќе се покајат и што ќе се поправат, и што тоа јавно ќе го покажат; на таквите Јас ќе им простам, бидејќи Јас сум Тој што го прима покајанието и Милостив сум.“ (Ел Бекаре, 159-160) Возвишениот Аллах во овој благороден ајет појаснува дека оној што ќе прикрие нешто од вистината, неговото покајание нема да биде исправно се додека не ја исправи својата постапка и не ја разјасни вистината. Семоќниот Аллах ја усовршил верата за Своите робови и ја исполнил Својата благодат врз нив со тоа што го испратил Својот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, и му го објавил целосниот верозакон. Тој не преминал на оној свет се додека не ја усовршил верата и ја објаснил на најјасен начин, за што Возвишениот вели:
﴿...ٱلۡيَوۡمَ أَكۡمَلۡتُ لَكُمۡ دِينَكُمۡ وَأَتۡمَمۡتُ عَلَيۡكُمۡ نِعۡمَتِي وَرَضِيتُ لَكُمُ ٱلۡإِسۡلَٰمَ دِينٗا...﴾
„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел Маиде, 3)
Измислувачот на ова завештание се појавил во четиринаесеттиот век, сакајќи да им подметне на луѓето нова вера во која се ветува Џенет за оној што ќе ги прифати неговите прописи, а се заканува со Оган за оној што нема да ги прифати. Тој сакал од ова измислено завештание да направи нешто повозвишено и подобро од Куранот, па во него измислил дека оној што ќе го запише и ќе го испрати од една земја во друга, или од едно место на друго, ќе добие дворец во Џенетот.Оној пак што нема да ја запише и испрати, ќе биде лишен од застапништвото на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, на Судниот ден. Ова е една од најопасните лаги и најјасен доказ за лажноста на ова завештание, за бесрамноста на неговиот измислувач и за неговата голема дрскост во лажењето. Дури и оној што го препишувал Куранот и го испраќал од земја во земја не ја заслужува таа доблест, ако не постапува според него. Па како тогаш да ја заслужи оној што ќе ја запише и ќе ја пренесува оваа измислена лага? Оној што не го препишувал Куранот ниту го испраќал од една земја во друга, нема да биде лишен од застапништвото на пратеникот, салаллаху алејхи ве селем доколку верува во него и го следи неговиот верозакон. Оваа единствена клевета во ова завештание сама по себе е доволен показател за неговата неисправност, за лагата на оној што го шири, неговата дрскост и глупост, и за неговата оддалеченост од познавањето на она со што дошол Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, од упатството.
Исто така, во ова завештание — покрај сето спомнато — има и други спорни работи кои сите укажуваат на неговата ништовност и лажност. Дури и ако оној што го измислил се заколне со илјада заклетви или повеќе дека е вистинито, и ако врз себе повика најтешка казна и најжестоко проклетство тврдејќи дека е искрен — тоа не би го направило вистинито, ниту тој би бил искрен. Напротив, тоа е, се колнам во Аллах, па се колнам уште еднаш во Аллах, една од најголемите и најгрдите неправди. Го земаме за сведок Возвишениот Аллах и мелеците што се присутни со нас, и секој муслиман што ќе го прочита ова — сведоштво со кое ќе застанеме пред нашиот Господар, Аллах — и сведочиме: ова завештание е лага и клевета врз Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Нека Аллах го посрами оној што го измислил и нека му пресуди според тоа што го заслужува.
На лажноста и неисправноста на ова завештание, покрај претходно споменатото, укажуваат и многу други работи од наведениот текст, а тие се:
Прво: Неговите зборови во завештанието: „Затоа што од џума до џума умреле сто и шеесет илјади на вера различна од исламот“ – ова спаѓа во гајб (скриеното). На Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, по неговата смрт му прекина објавата, па дури тој ниту за време на својот живот не го знаеше гајбот, па како тогаш би го знаел по смртта?! Возвишениот Аллах вели:
﴿قُل لَّآ أَقُولُ لَكُمۡ عِندِي خَزَآئِنُ ٱللَّهِ وَلَآ أَعۡلَمُ ٱلۡغَيۡبَ...﴾
„Кажи: Јас не ви велам: ‚Кај мене се Аллаховите ризници.‘, ниту: ‚Мене ми е познат невидливиот свет‘...“ (Ел Енам, 50) Следен ајет:
﴿قُل لَّا يَعۡلَمُ مَن فِي ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَٱلۡأَرۡضِ ٱلۡغَيۡبَ إِلَّا ٱللَّهُ...﴾
„Кажи: ,Никој, освен Аллах, ни на небото ни на Земјата, не го знае гајбот...‘“ (Ен Немл, 65) Во веродостоен хадис од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се пренесува дека рекол:
«يُذَادُ رِجَالٌ عَنْ حَوْضِي يَوْمَ القِيَامَةِ، فَأَقُولُ: يَا رَبِّ! أَصْحَابِي أَصْحَابِي، فَيُقَالُ لِي: إِنَّكَ لَا تَدْرِي مَا أَحْدَثُوا بَعْدَكَ، فَأَقُولُ كَمَا قَالَ العَبْدُ الصَّالِحُ: ﴿وَكُنتُ عَلَيۡهِمۡ شَهِيدٗا مَّا دُمۡتُ فِيهِمۡۖ فَلَمَّا تَوَفَّيۡتَنِي كُنتَ أَنتَ ٱلرَّقِيبَ عَلَيۡهِمۡۚ وَأَنتَ عَلَىٰ كُلِّ شَيۡءٖ شَهِيدٌ﴾ [المائدة: 117]».
„Луѓе ќе бидат оддалечени од мојот хауд на Судниот ден, па ќе речам: Господару мој! Моите асхаби, моите асхаби. Ќе ми биде речено: Ти не знаеш што направија по тебе. Па ќе речам како што рече праведниот роб: „И бев сведок над нив додека бев меѓу нив; а кога Ти ме зема, Ти беше Надзорник над нив; и Ти си сведок над сè.“ (Маида, 117)
Второ: Меѓу работите што укажуваат на невалидноста на ова завештание и дека е лага, е тврдењето во него: „Кој ќе го напише - ако е сиромашен, Аллах ќе го збогати; ако е задолжен, Аллах ќе му го измири долгот; а ако има гревови, Аллах ќе му прости нему и на неговите родители, со бериќетот на ова завештание. “ до крај цитатот Ова спаѓа меѓу најопасните лаги и е најочигледен доказ за лагата на неговиот измислувач и за неговата бесрамност пред Аллах и пред Неговите робови, затоа што овие три работи не се постигнуваат со самото пишување на Куранот. Како тогаш би можеле да се постигнат со запишување на ова ништовно и измислено завештание?! Овој лажго сака само да ги доведе луѓето во заблуда и да ги наведе да се држат за ова завештание – да го препишуваат и да се прилепуваат за наводните доблести што ги ветува – а во исто време да ги запостават вистинските средства што Аллах им ги пропиша на Своите робови и ги направи причина за изобилство, отплата на долговите и простување на гревовите. Затоа бараме заштита кај Аллах од делата што водат кон понижување и пропаст, и од покорување на страстите и шејтанот.
Трето: Од работите што укажуваат на ништовноста на ова завештание е тврдењето во него: „Оној од Аллаховите робови нема да го напише, лицето ќе му поцрни на овој и на идниот свет." И ова, исто така, спаѓа во најгрдите форми на лага и е меѓу најочигледните докази за ништовноста на ова завештание и за лагата на неговиот измислувач. Како може разумен човек да прифати да препишува едно завештание што го измислил и проширил непознат човек во четиринаесеттиот век, клеветнички припишувајќи му го на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и тврдејќи дека оној што нема да го запише ќе му поцрни лицето на овој и на идниот свет, а оној што ќе го запише ќе стане богат по сиромаштијата, ќе биде ослободен од долговите и ќе му бидат простени сите гревови?!
Славен нека е Аллах, ова е голема клевета! Доказите и реалноста јасно сведочат за лагата на овој клеветник, за неговата дрскост кон Аллах и за неговиот недостаток на срам пред Аллах и пред луѓето. Ете, многу народи не го пишувале ова завештание, па не им поцрнеле лицата; а од друга страна, безброј луѓе – никој освен Аллах не може да ги изброи – го пишувале повеќепати, па нивните долгови не им се подмириле, ниту сиромаштијата им исчезнала. Затоа бараме заштита кај Аллах од застранувањето на срцата и од рѓата на гревовите. А овие особини и награди не се пропишани во благородниот шеријат дури ни за оној што ја запишал најдобрата и највозвишената Книга – Куранот. Па како тогаш би ги добил оној што запишал едно лажно завештание исполнето со разни лаги и заблуди, и со многубројни искази натопени со форми на неверство?! Субханаллах! Колку е Аллах Благ кон оној што се осмелува да лаже за Него.
Четврта работа: Меѓу работите што укажуваат дека ова завештание е од најголемите невистини и најочигледни лаги – е и следново: во него се вели: „Кој ќе поверува во него ќе се спаси од казната на Огнот, а кој го порекне – паднал во неверство.“ Ова – исто така – спаѓа во најголемите дрскости во лажењето и во најгрдите невистини. Овој измамник ги повикува сите луѓе да поверуваат во неговата измислица, тврдејќи дека со тоа ќе се спасат од казната на Огнот, а оној што ќе ја смета за лага, според него, станува неверник. Навистина, овој измамник — се колнам во Аллах — изнесе најтешка клевета против Аллах и кажа нешто што е целосна невистина. Оној што ќе ѝ поверува на оваа измислица, тој е тој што заслужува да се смета за неверник, а не оној што ја отфрла и ја смета за лага. Затоа што ова е чиста клевета и лажна измислица без никаква основа во вистината. Сведочиме пред Аллах дека ова завештание е лага, и дека оној што го измислил е измамник кој сака да им припише на луѓето нешто што Аллах не го дозволил и да воведе во верата нешто што не е дел од неа. А Аллах ја усоврши и ја доведе до совршенство верата за овој умет уште пред четиринаесет векови, пред да се појави оваа клевета. Внимавајте, почитувани браќа и читатели, и чувајте се да не поверувате во вакви измислици и клевети, ниту дозволувајте тие да најдат место кај вас. Вистината е светлина и таа не останува скриена за оној што искрено ја бара. Затоа барајте ја вистината преку јасни докази и прашувајте ги учените за она што ви е нејасно. Не дозволувајте да ве заведат заклетвите на лажливците, бидејќи Иблис — проклетиот — им се заколна на вашите родители, Адем и Хава, дека им е искрен советник, а всушност тој е најголемиот предавник и најлажливиот од сите лажливци, како што го пренесе Аллах во Својата Книга.
﴿وَقَاسَمَهُمَآ إِنِّي لَكُمَا لَمِنَ ٱلنَّٰصِحِينَ21﴾
„И им се колнеше: ,Јас сум ви, навистина, искрен советник!‘“ (Ел Араф, 21) Затоа чувајте се од него, и пазете се од неговите следбеници — оние што измислуваат лаги. Колку само многу лажни заклетви, празни завети и украсени зборови користат тие, за да заведуваат и доведуваат во заблуда! Во врска со тоа што овој клеветник го спомнал за појавата на лошите дела — тоа е навистина така; но Куранот и Сунетот веќе најостро предупредија од нив, и токму во нив се содржи вистинското упатство и доволното објаснување.
Исто така, во врска со тоа што е спомнато за предзнаците на Судниот ден — хадисите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, веќе јасно појасниле што спаѓа меѓу нив, а и благородниот Куран укажал на дел од нив. Кој сака да дознае за тоа, ќе го најде на своето место во книгите на сунетот и во делата на учените и верниците. Затоа, луѓето немаат потреба од појаснувањата на еден клеветник, од неговото замаглување и мешање на вистината со невистината. Аллах да ме заштити мене, вас и сите муслимани од злото на шејтаните, од искушенијата на оние што заведуваат, од скршнувањата на оние што се оддалечуваат од вистината, и од измамите на Аллаховите непријатели – поборници на невистината – кои сакаат со своите усти да ја изгаснат Аллаховата светлина и да ги збунат луѓето во нивната вера. А Аллах го надополнува светлото Свое и ќе ја помогне Својата вера, макар и тоа да го мразат Неговите непријатели од шејтаните и нивните следбеници меѓу неверниците и атеистите. Го молиме Возвишениот Аллах да ги подобри состојбите на муслиманите, да им подари следење на вистината и истрајност на неа, и да се покајат пред Возвишениот Аллах од сите гревови. Навистина, Тој е Оној Кој многу простува, Милостивиот и Семоќен над сè. Доволен ни е Аллах и Тој е прекрасен Заштитник, нема сила ниту моќ освен со Севишниот Аллах.
Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите, Аллаховиот благослов и мир нека се над Неговиот роб и Пратеник, вистинолубивиот и доверливиот, и над неговото семејство, неговите другари асхаби и неговите следбеници кои во добрина го следат до Судниот ден.
***