التَّحْذِيرُ مِنْ بِنَاءِ المَسَاجِدِ
عَلَى القُبُورِ
Предупредување за градењето на џамии врз гробовите
لِسَمَاحَةِ الشَّيْخِ العَلَّامَةِ
عَبْدِ العَزِيزِ بْنِ عَبْدِ اللهِ بْنِ بَازٍ
رَحِمَهُ اللهُ
Автор: Почитуваниот шејх
Абдулазиз бин Абдулах бин Баз
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Десетто послание: Предупредување од градење џамии врз гробови
Во името на Аллах, благодарноста му припаѓа на Аллах, Божјиот мир и спас нека се со Божјиот пратеник.
А потоа велам: ми беше презентирана објавата во третиот број на списанието на Рабитата на исламските науки, во рубриката „Вести за муслиманите во месецот“, каде што стои дека Рабитата на исламските науки во Хашемитското Кралство Јордан има намера да изгради џамија над пештерата што неодамна беше откриена во селото Ер-Рахиб — пештерата за која се верува дека токму во неа спиеле жителите на пештерата, спомнати во Благородниот Куран. Завршен цитат.
Поради должноста на искрен совет кон Аллах и кон Неговите робови, сметав за потребно во истото списание да упатам обраќање до Асоцијацијата за исламски науки во Хашемитското Кралство Јордан, со наслов: „Совет до Асоцијацијата во врска со намерата за изградба на џамија над споменатата пештера.“ Ова го сторив затоа што изградбата на џамии врз гробовите на пратениците и праведниците, или на местата и остатоци поврзани со нив, е строго забранета во исламскиот шеријат. За тоа постојат јасни предупредувања, а проклетство е изречено врз оние што го прават тоа, бидејќи тоа е средство што води кон многубоштво (ширк) и претерување во однос на пратениците и праведниците. Самата реалност потврдува дека она што го донесе шеријатот е вистина, и тоа претставува доказ дека навистина е од Возвишениот Аллах. Тоа е јасен и непобитен аргумент за вистинитоста на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во сè што донесе од Аллах и што му го пренесе на уметот. Секој што внимателно ќе ги разгледа состојбите во исламскиот свет и она што се случило во него од многубоштво и претерување поради градење џамии врз турбињата, нивното величање, постилање со килими и украсување, како и назначување чувари и служители за нив, ќе сфати со сигурност дека тоа се дела кои водат кон многубоштво. Токму затоа една од убавините на исламскиот шеријат е што го забрани тоа и предупреди од нивното градење.
Од доказите за ова е и хадисот што го бележат двајцата шејхови, Бухари и Муслим, Аллах нека им се смилува, од Аиша, радијаллаху анха, во кој Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол:
«لَعَنَ اللَّهُ الْيَهُودَ وَالنَّصَارَى، اتَّخَذُوا قُبُورَ أَنْبِيَائِهِمْ مَسَاجِدَ، قالَتْ عَائِشَةُ: يُحَذِّرُ مَا صَنَعُوا، قالَتْ: وَلَوْلَا ذَلِكَ لَأُبْرِزَ قَبْرُهُ، غَيْرَ أَنَّهُ خُشِيَ أَنْ يُتَّخَذَ مَسْجِدًا».
„Аллаховото проклетство нека ги стигне евреите и христијаните, затоа што од гробовите на своите Пратеници направија места за молитви.” Аиша рече: „Со ова ги предупредуваше луѓето да не го прават истото.” Таа рече: „И да не беше тоа, неговиот гроб ќе беше истакнат на видно место, но стравуваше да не биде претворен во место за молитви.” Исто така, во двата Сахиха е забележано дека Уму Селеме и Уму Хабиба, радијаллаху анхума, му спомнале на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за една црква што ја виделе во Абисинија, и за иконите што ги имало во неа. Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
«أُولَئِكَ إِذَا مَاتَ فِيهِمُ الرَّجُلُ الصَّالِحُ؛ بَنَوْا عَلَى قَبْرِهِ مَسْجِدًا، وَصَوَّرُوا فِيهِ تِلْكَ الصُّوَرَ، أُولَئِكَ شِرَارُ الْخَلْقِ عِنْدَ اللَّهِ».
„Тие, доколку меѓу нив имало добар човек и кога тој ќе умрел, тие врз неговиот гроб граделе светиште и ги насликувале тие слики. Таквите се најлошите созданија кај Аллах.“
Следен доказ, во Сахихот на Муслим од Џундуб бин Абдулах, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пет дена пред неговата смрт, како вели:
«إِنِّي أَبْرَأُ إِلَى اللَّهِ أَنْ يَكُونَ لِي مِنْكُمْ خَلِيلٌ، فَإِنَّ اللَّهَ قَدِ اتَّخَذَنِي خَلِيلًا، كَمَا اتَّخَذَ إِبْرَاهِيمَ خَلِيلًا، وَلَوْ كُنْتُ مُتَّخِذًا مِنْ أُمَّتِي خَلِيلًا، لَاتَّخَذْتُ أَبَا بَكْرٍ خَلِيلًا، أَلَا وَإِنَّ مَنْ كَانَ قَبْلَكُمْ كَانُوا يَتَّخِذُونَ قُبُورَ أَنْبِيَائِهِمْ وَصَالِحِيهِمْ مَسَاجِدَ، أَلَا فَلَا تَتَّخِذُوا الْقُبُورَ مَسَاجِدَ، فَإِنِّي أَنْهَاكُمْ عَنْ ذَلِكَ».
„Аллах нека ме заштити ако некого друг освен Аллах ﷻ земам за близок пријател. Јас сум Аллахов миленик како што Аллахов миленик беше Ибрахим, алејхи селам. Доколку некого од луѓето ќе го прогласев за мој многу близок пријател тоа ќе беше Ебу Бекр, но мој најблизок (халил) е Аллах. Навистина, народите пред вас гробовите на Божјите пратеници ги претворија во џамии, вие тоа немојте да го правите – јас тоа ви го забранувам.“ Хадисите во овој контекст се многубројни.
Имамите од сите четири правни школи, како и другите исламски алими, јасно укажале на забраната за градење џамии врз гробовите и предупредиле од тоа, постапувајќи според Сунетот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и како совет и предупредување за уметот за да не западне во она во што западнале оние кои претерале меѓу Евреите и христијаните и сличните на нив од заблудените од овој умет.
Затоа, обврска на организацијата за исламски науки во Јордан, а и на другите муслимани, е да се придржуваат до Сунетот, да одат по патот на имамите и да се вардат од она од што предупредија Аллах и Неговиот пратеник; зашто во тоа е подобрувањето на состојбата на луѓето, нивната среќа и спас на двата света. Некои луѓе во врска со ова прашање се повикуваат на зборовите на Возвишениот Аллах во кажувањето за жителите на пештерата:
﴿...قَالَ ٱلَّذِينَ غَلَبُواْ عَلَىٰٓ أَمۡرِهِمۡ لَنَتَّخِذَنَّ عَلَيۡهِم مَّسۡجِدٗا﴾
„А тогаш тие, чиишто зборови најмногу се почитуваа, рекоа: ,На нејзиниот влез ќе направиме светилиште!‘“ (Кехф, 21)
Одговорот на тоа е дека Возвишениот Аллах нè известил за водачите и моќниците од тој период дека ја изговориле оваа изјава; но тоа не е за да им даде одобрување или признавање, туку за да укаже на покуда, укор и одвраќање од нивното постапување. На тоа укажува фактот дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на кого му беше објавен овој ајет, а тој е најучениот меѓу луѓето за неговото толкување, му забранил на неговиот умет да градат џамии врз гробовите, ги предупредил од тоа, и ги проколнал и осудил оние што го прават тоа.
Доколку беше дозволено тоа, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, немаше да покаже толкава строгост во ова прашање. Но тој дури и го проколнал оној што го прави тоа и известил дека таквиот е меѓу најлошите созданија кај Возвишениот Аллах. Ова е доволен и убедлив доказ за секој што ја бара вистината. Дури и ако претпоставиме дека изградбата на џамии врз гробовите им била дозволена на оние пред нас, нам не ни е дозволено да се угледаме на нив во тоа; затоа што нашиот шеријат ги дерогира претходните шеријати, а нашиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е последниот Пратеник и неговиот шеријат е потполн и наменет за сите луѓе. Тој ни забранил изградба на џамии врз гробовите; затоа не ни е дозволено да му се спротивставиме, туку сме обврзани да го следиме, да се придржуваме цврсто за она со што е дојден и да оставиме сè што му противречи – било од старите шеријати, било од обичаите кои некои ги сметаат за добри. Бидејќи нема ништо посовршено од Аллаховиот шеријат, ниту упатство поубаво од упатството на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Го молиме Аллах да нè упати нас и сите муслимани кон истрајност во Неговата вера и кон придржување до шеријатот на Неговиот пратеник, Мухамед, алејхи салату ве селам — во зборовите и делата, во јавното и во скриеното, и во сите работи, сè додека не Го сретнеме Возвишениот Аллах. Тој, навистина, сè слуша и блиску е.
Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство, асхаби, и сите оние кои се водат по неговото упатство до Судниот ден.
***