دَفْنُ المَوتَى فِي المَسَاجِدِ
Закопот на починатите во џамиите
لِسَمَاحَةِ الشَّيْخِ العَلَّامَةِ
عَبْدِ العَزِيزِ بْنِ عَبْدِ اللهِ بْنِ بَازٍ
رَحِمَهُ اللهُ
Автор: Почитуваниот шејх
Абдулазиз бин Абдулах бин Баз
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Единаесетто послание: Закоп на мртвите во џамии
Во името на Аллах, благодарноста му припаѓа на Аллах, Божјиот мир и спас нека се со Божјиот пратеник, со неговото семејство и со сите што го следат неговото упатство. А потоа велам:
Ми беше даден увид во весникот „Ал-Хартум“ издаден на 17/4/1415 според хиџретскиот календар и прочитав дека во него било објавено соопштение за закопувањето на сејид Мухамед ел-Хасан ел-Идриси покрај неговиот татко, во нивната џамија во градот Омдурман... итн.
Имајќи предвид дека Возвишениот Аллах ја пропиша обврската за искрен совет кон муслиманите и укажувањето на осудата на лошото, сметав за нужно да појаснам дека погребувањето во џамиите е недозволено; и дека тоа е средство што води кон ширк, и спаѓа во делата на евреите и христијаните за кои Аллах ги укорил, а Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги проколнал — како што е наведено во двата Сахиха од Аиша, радијаллаху анха, дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
«لَعَنَ اللَّهُ الْيَهُودَ وَالنَّصَارَى، اتَّخَذُوا قُبُورَ أَنْبِيَائِهِمْ مَسَاجِدَ».
„Аллаховото проклетство нека ги стигне евреите и христијаните, затоа што од гробовите на своите Пратеници направија места за молитви.” Во Сахихот на Муслим се бележи хадис од Џундуб бин Абдулах дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
«أَلَا وَإِنَّ مَنْ كَانَ قَبْلَكُمْ كَانُوا يَتَّخِذُونَ قُبُورَ أَنْبِيَائِهِمْ وَصَالِحِيهِمْ مَسَاجِدَ، أَلَا فَلَا تَتَّخِذُوا الْقُبُورَ مَسَاجِدَ؛ فَإِنِّي أَنْهَاكُمْ عَنْ ذَلِكَ».
„Тие пред вас ги претвораа гробовите на своите пратеници и праведници во џамии. Затоа, не претворајте ги гробовите во џамии; навистина, ви го забранувам тоа.“ Хадисите во овој контекст се многубројни.
Обврска на муслиманите насекаде — и на владите и на народите — е да се бојат од Аллах, да се пазат од она што Тој го забранил и да ги закопуваат своите умрени надвор од џамиите; како што Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и неговите асхаби, Аллах нека е задоволен со нив, ги закопувале починатите надвор од џамиите, а така постапувале и нивните праведни следбеници.
Што се однесува до присуството на гробот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и на неговите двајца асхаби, Ебу Бекр и Омер, радијаллаху анхума, во неговата џамија, тоа не претставува доказ за дозволеноста на погребување во џамии. Тој, салаллаху алејхи ве селем, беше погребан во неговиот дом – во куќата на Аиша, радијаллаху анха – а потоа таму беа погребани и неговите двајца асхаби. Кога Велид бин Абдулмелик ја прошири џамијата на крајот од првиот век по хиџретот, ја вклучи и таа куќа во нејзиниот состав. Таквата постапка беше осудена од страна на учените, но тој сметаше дека нема пречка да се направи поради проширувањето, мислејќи дека работата е јасна и не остава место за забуна.
Со ова станува јасно за секој муслиман: Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговите двајца асхаби, радијаллаху анхума, не биле закопани во џамијата. Вклучувањето на нивните гробови во неа поради проширувањето не е доказ за дозволеноста на закопување во џамии, бидејќи тие биле закопани во неговата куќа. Делото на Велид не може да биде доказ во ова прашање; доказ се Книгата, Сунетот и консензусот на првите генерации од овој умет, радијаллаху анхум. Аллах нека нè направи од нивните следбеници во добрина.
За советување и исполнување на обврската пред Аллах, ова беше составено на: 14/5/1415 хиџретска година.
А Аллах е Заштитник и Тој дава успех. Нека се Аллаховиот благослов и мир над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и неговите асхаби, и над нивните следбеници со добрина.
***