PHPWord

 

 

 

حُكْمُ السِّحْرِ وَالكِهَانَةِ

وَمَا يَتَعَلَّقُ بِهَا

 

Прописот за маѓијата, гатањето и сè што е поврзано со нив

 

لِسَمَاحَةِ الشَّيْخِ العَلَّامَةِ

عَبْدِ العَزِيزِ بْنِ عَبْدِ اللهِ بْنِ بَازٍ

رَحِمَهُ اللهُ

 

 

Автор: Почитуваниот шејх

Абдулазиз бин Абдулах бин Баз

 

 


بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

Деветто послание: Прописот за маѓијата, гатањето и сè што е поврзано со нив1

Благодарноста му припаѓа единствено на Аллах. Салавати  и селами нека се врз последниот пратеник. А потоа велам:

Во последно време се забележува значителен пораст на бројот на маѓепсници кои се претставуваат како лекари и нудат лекување преку маѓија или гатање. Нивната појава во одредени земји, злоупотребата на наивните луѓе, особено на оние кај кои преовладува незнаењето, претставува сериозна закана. Од чувство на должност кон Аллах и Неговите робови, сметав дека е неопходно да предупредам на опасностите што овие дела ги носат за исламот и за муслиманите, бидејќи тие водат кон потпирање на нешто друго наместо на Аллах и кон непочитување на Неговите наредби и на наредбите на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Потпирајќи се на Аллах, велам: Третирањето на болеста/лекувањето е дозволено едногласно кај исламските алими. Муслиманот кој има потреба од лекување треба да му се обрати на стручен лекар – специјалист за внатрешни болести, хирургија, неврологија или друга соодветна гранка – за да му се дијагностицира болеста и да биде лекуван со дозволени средства согласно исламското право, почитувајќи ја медицинската наука. Ова претставува користење на вообичаените причини и не го негира тевекулот, односно потпирањето на Аллах. Семоќниот Аллах ја создал болеста, но истовремено создал и лек за неа – го знае тој што учел, а го игнорира тој што не учел. Сепак, Возвишениот Аллах не дал лекот, за Неговите робови, да биде во нешто што Тој го забранил.

Не е дозволено на болниот да оди кај гатачи кои тврдат дека го знаат скриеното за да дознае нешто за својата болест. Исто така, не му е дозволено да им поверува на нивните зборови, бидејќи тие зборуваат нагаѓајќи за скриеното или повикувајќи џини за да им помогнат во нивните намери. Прописот за таквите е неверство и заблуда доколку тврдат дека го знаат скриеното.

Муслим во неговиот „Сахих“ пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَنْ أَتَى عَرَّافًا فَسَأَلَهُ عَنْ شَيْءٍ، لَمْ تُقْبَلْ لَهُ صَلَاةٌ أَرْبَعِينَ يَوْمًا».

„Кој ќе посети гатач и ќе го праша за нешто, намазот нема да му биде примен четириесет дена.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَنْ أَتَى كَاهِنًا فَصَدَّقَهُ بِمَا يَقُولُ، فَقَدْ كَفَرَ بِمَا أُنْزِلَ عَلَى مُحَمَّدٍ ﷺ».

„Тој што ќе посети гатач и ќе му поверува во тоа што го вели, го негирал она што му е објавено на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем.“ Ова го бележи Ебу Давуд, додека четворицата автори на Сунените бележат верзија која Хаким ја оценил како веродостојна:

«مَنْ أَتَى عَرَّافًا أَوْ كَاهِنًا فَصَدَّقَهُ بِمَا يَقُولُ، فَقَدْ كَفَرَ بِمَا أُنْزِلَ عَلَى مُحَمَّدٍ ﷺ».

„Тој што ќе посети гатач или претскажувач и ќе му поверува во тоа што го вели, го негирал она што му е објавено на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем.“

И Имран бин Хусејн, радијаллаху анху, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«لَيْسَ مِنَّا مَنْ تَطَيَّرَ أَوْ تُطُيِّرَ لَهُ، أَوْ تَكَهَّنَ أَوْ تُكُهِّنَ لَهُ، أَوْ سَحَرَ أَوْ سُحِرَ لَهُ، وَمَنْ أَتَى كَاهِنًا فَصَدَّقَهُ بِمَا يَقُولُ، فَقَدْ كَفَرَ بِمَا أُنْزِلَ عَلَى مُحَمَّدٍ ﷺ».

„Не е наш тој што претскажува злокобност преку летот на птиците, или, пак, некој друг му претскажува, тој што гата и кому му се гата, и тој што прави маѓија и за кого се прави маѓија. Тој што ќе посети гатач и ќе му поверува во тоа што го вели, го негирал она што му е објавено на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем.“ Хадисот го запишал Беззар со добар (хасен) синџир на пренесувачи.

Во овие хадиси е забрането одењето кај предвидувачите, гатачите, маѓепсниците и сличните луѓе. Забрането е да им се поставуваат прашања и да се верува во она што го кажуваат. Истовремено, хадисите предупредуваат на сериозната казна за оние што го прават ова.

Луѓето не треба да се заведуваат од тоа што некои од нивните зборови изгледаат како точни, ниту од фактот што има многу луѓе кои ги посетуваат. Обично, тие што одат кај нив се неуки. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, јасно го забранил одењето кај нив, поставувањето прашања и верувањето во нивните зборови, бидејќи таквите дела се голем грев, носат сериозни опасности и водат до катастрофални последици. Овие луѓе се лажливци и измамници.

Хадисите исто така укажуваат дека гатачите и маѓепсниците се неверници поради тоа што тврдат дека го знаат скриеното, а тоа е јасно неверство. Тие своите намери ги остваруваат само преку служење на џините и нивното обожување покрај Аллах, што е голем ширк и неверство. Оној што ќе им поверува дека го знаат скриеното, се изедначува со нив. Секој што ќе прифати вакви практики од овие луѓе, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, јасно се оградил од него.

Исто така, на муслиманот не му е дозволено да го прифаќа она што тие го нарекуваат „лекување,“ како талисмани, маѓиски формули, истурање стопено олово или други суеверија. Сето ова спаѓа во категоријата на гатање и измама. Оној што ќе го прифати ова, станува соучесник во нивната заблуда и неверство.

Не му е дозволено на ниту еден муслиман да оди кај нив и да ги прашува за тоа со кого ќе се ожени неговиот син или роднина, ниту за тоа какви ќе бидат односите меѓу сопружниците и нивните семејства – дали ќе има љубов, верност, непријателство, разделба или нешто слично, зашто сето тоа е гајб што само Возвишениот Аллах го знае.

Затоа, властите, одговорните за јавниот ред и мир, како и сите кои имаат моќ и влијание, се должни да го спречат одењето кај овие луѓе, да го забранат нивното делување на пазарите и други места, најостро да ги осудат, и да укажат на грешката на оние кои ги посетуваат.

Сихрот (маѓијата) исто така спаѓа во забранетите дела што претставуваат неверство, како што Возвишениот Аллах известува за двајцата мелеци:

﴿...وَمَا يُعَلِّمَانِ مِنۡ أَحَدٍ حَتَّىٰ يَقُولَآ إِنَّمَا نَحۡنُ فِتۡنَةٞ فَلَا تَكۡفُرۡۖ فَيَتَعَلَّمُونَ مِنۡهُمَا مَا يُفَرِّقُونَ بِهِۦ بَيۡنَ ٱلۡمَرۡءِ وَزَوۡجِهِۦۚ وَمَا هُم بِضَآرِّينَ بِهِۦ مِنۡ أَحَدٍ إِلَّا بِإِذۡنِ ٱللَّهِۚ وَيَتَعَلَّمُونَ مَا يَضُرُّهُمۡ وَلَا يَنفَعُهُمۡۚ وَلَقَدۡ عَلِمُواْ لَمَنِ ٱشۡتَرَىٰهُ مَا لَهُۥ فِي ٱلۡأٓخِرَةِ مِنۡ خَلَٰقٖۚ وَلَبِئۡسَ مَا شَرَوۡاْ بِهِۦٓ أَنفُسَهُمۡۚ لَوۡ كَانُواْ يَعۡلَمُونَ﴾

„Тие двајца никого не поучуваа сè додека не му кажеа: ,Ние само искушуваме, а ти немој да бидеш неверник!' И луѓето од нив двајца учеа како мажот од жената да го разведат, но тие не можеа на никого без одобрение од Аллаховата волја да му наштетат. Го учеа тоа што ќе им наштети и од што нема да имаат корист, иако знаеја дека тој што таа вештина ќе ја стекне, на другиот свет никаква среќа нема да има. А навистина е бедно тоа за што се продадоа, само кога тие би знаеле.“ (Ел Бекаре, 102)

Овие благородни ајети јасно укажуваат дека маѓијата е неверство и дека маѓепсниците предизвикуваат раздор меѓу човекот и неговата сопруга. Тие исто така потврдуваат дека маѓијата сама по себе нема никаква моќ, ниту може да донесе некаква корист, ниту, пак, да предизвика некаква штета, туку нејзиното влијание се случува единствено со Аллахова дозвола, согласно Неговата космичка одредба, бидејќи Возвишениот Аллах е Создателот и на доброто и на злото.

Овие ајети исто така укажуваат дека оние кои ја изучуваат маѓијата, всушност, изучуваат нешто што им носи само штета, а никаква корист. Тие немаат никаква среќа, удел или награда кај Аллах. Ова е сериозно предупредување кое ја истакнува нивната огромна загуба на овој и на идниот свет. Тие ги продале своите души за најниска цена, па затоа Возвишениот Аллах ги укорува со зборовите:

﴿...وَلَبِئۡسَ مَا شَرَوۡاْ بِهِۦٓ أَنفُسَهُمۡۚ لَوۡ كَانُواْ يَعۡلَمُونَ﴾

„Навистина е бедно тоа за што се продадоа, само кога тие би знаеле.“ (Ел Бекаре, 102) Во овој контекст се спомнува арапскиот збор „Еш-шира“ што значи „купување“, но во овој ајет има значење на „продавање“.

Штетата што ја нанесуваат овие измамници, кои ги наследиле овие знаења од многубошците и со нив ги заведуваат луѓето со слаба вера и разум, е голема и сериозна. Ние сме Аллахови и Нему ќе Му се вратиме, доволен ни е Аллах, и Тој е прекрасен Заштитник!

Го молиме Аллах да нè заштити од злото на маѓепсниците, гатачите и сите други измамници. Исто така, Го молиме Возвишениот да ги заштити муслиманите од нивното зло и да ги упати владетелите на муслиманите да бидат внимателни и да ја спроведат Аллаховата пресуда над нив, за да се заштитат луѓето од нивната штета и од нивните злобни дела. Навистина, Аллах е Дарежлив и Милостив.

Возвишениот Аллах им пропишал на Неговите робови средства со кои можат да се заштитат од злото на маѓијата пред да се случи, а исто така им појаснил како да се справат со неа откако ќе се случи, како израз на Неговата милост и добрина, и знак на Неговата целосна благодат кон нив.

Во продолжение следи објаснување на шеријатски дозволените начини за заштита од маѓијата пред нејзиното случување, како и на методите за лекување откако ќе се појави, а појаснувањето е како што следи:

Прво: Што се однесува до тоа како да се заштитиме од опасноста на сихрот или маѓијата пред да се случи, најважниот и најкорисниот начин е заштитата преку шеријатските зикрови, дови и потврдените заштитни дови, од кој е рецитирањето на Ајетул-Курсиј – кој е највеличествениот ајет во Куранот – по  секој задолжителен намаз, по селамот. Тоа се Аллаховите зборови:

﴿ٱللَّهُ لَآ إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ ٱلۡحَيُّ ٱلۡقَيُّومُۚ لَا تَأۡخُذُهُۥ سِنَةٞ وَلَا نَوۡمٞۚ لَّهُۥ مَا فِي ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَمَا فِي ٱلۡأَرۡضِۗ مَن ذَا ٱلَّذِي يَشۡفَعُ عِندَهُۥٓ إِلَّا بِإِذۡنِهِۦۚ يَعۡلَمُ مَا بَيۡنَ أَيۡدِيهِمۡ وَمَا خَلۡفَهُمۡۖ وَلَا يُحِيطُونَ بِشَيۡءٖ مِّنۡ عِلۡمِهِۦٓ إِلَّا بِمَا شَآءَۚ وَسِعَ كُرۡسِيُّهُ ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَٱلۡأَرۡضَۖ وَلَا يَـُٔودُهُۥ حِفۡظُهُمَاۚ وَهُوَ ٱلۡعَلِيُّ ٱلۡعَظِيمُ255﴾

„Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот!“ (Ел Бекаре, 255) Исто така, таа треба да се рецитира и при легнување во постела, заtoa што веродостојно е пренесено од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол:

«مَنْ قَرَأَ آيَةَ الْكُرْسِيِّ فِي لَيْلَةٍ، لَمْ يَزَلْ عَلَيْهِ مِنَ اللَّهِ حَافِظٌ، وَلَا يَقْرَبُهُ شَيْطَانٌ حَتَّى يُصْبِحَ».

„Кој ќе рецитира Ајетул-Курсиј во текот на ноќта, над него ќе има постојан заштитник од Аллах и шејтанот нема да му се доближи сè до утрото.“

Меѓу нив е и рецитирањето на сурите:

﴿قُلۡ هُوَ ٱللَّهُ أَحَدٌ1﴾

„Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е!‘“

﴿قُلۡ أَعُوذُ بِرَبِّ ٱلۡفَلَقِ1﴾

„Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на мугрите.‘“

﴿قُلۡ أَعُوذُ بِرَبِّ ٱلنَّاسِ1﴾

„Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на луѓето.‘“ (Ен Нас, 1) После секој пропишан намаз. Овие три сури, исто така, се рецитираат трипати на почетокот од секој ден, по сабахскиот намаз, и на почетокот од секоја ноќ, по акшамскиот намаз.

Дополнително, на почетокот на секоја ноќ се рецитираат и последните два ајета од сурата Ел Бекаре, кои гласат:

﴿ءَامَنَ ٱلرَّسُولُ بِمَآ أُنزِلَ إِلَيۡهِ مِن رَّبِّهِۦ وَٱلۡمُؤۡمِنُونَۚ كُلٌّ ءَامَنَ بِٱللَّهِ وَمَلَٰٓئِكَتِهِۦ وَكُتُبِهِۦ وَرُسُلِهِۦ لَا نُفَرِّقُ بَيۡنَ أَحَدٖ مِّن رُّسُلِهِۦۚ وَقَالُواْ سَمِعۡنَا وَأَطَعۡنَاۖ غُفۡرَانَكَ رَبَّنَا وَإِلَيۡكَ ٱلۡمَصِيرُ285﴾

„Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците, секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: „Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови“. И велат: ,Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме.‘“ До крај на сурата.

Поради она кое веродостојно се пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَنْ قَرَأَ الآيَتَيْنِ مِنْ آخِرِ سُورَةِ البَقَرَةِ فِي لَيْلَةٍ كَفَتَاهُ».

„Кој ќе ги рецитира последните два ајета од сурата Ел Бекаре во текот на ноќта, тие ќе му бидат доволни.“ Значењето на ова, а Аллах најдобро знае, е дека тие ќе му бидат доволни како заштита од секакво зло. Дополнително, препорачливо е често да се бара заштита со зборовите: „Барам заштита со потполните Аллахови зборови од злото кое го создал.“ Овие зборови треба да се изговараат во текот на денот и ноќта, како и при престој на кое било место – било да е тоа зграда, пустина, воздух или море, бидејќи Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَن نَزَلَ مَنْزِلًا فَقالَ: أَعُوذُ بِكَلِمَاتِ اللهِ التَّامَّاتِ مِن شَرِّ ما خَلَقَ، لَمْ يَضُرَّهُ شَيءٌ حتَّى يَرْتَحِلَ مِن مَنْزِلِهِ ذَلِكَ».

„Кој ќе отседне на некое место и каже: ,Е’узу би келиметиллахит-таммати мин шерри ма халека.‘ (Барам заштита, со потполните Аллахови зборови од злото кое го создал.) Ништо лошо нема да му се случи сè додека не замине од тоа место.“

Меѓу препорачаните работи е муслиманот на почетокот на денот и ноќта трипати да ги изговори следниве зборови:

«بِسْمِ اللهِ الَّذِي لَا يَضُرُّ مَعَ اسْمِهِ شَيءٌ فِي الأَرْضِ وَلَا فِي السَّمَاءِ، وَهُوَ السَّمِيعُ العَلِيمُ».

„Бисмиллахил-лези ла једурру ме'асмихи шеј'ун фил-ерди ве ла фис-сема'и ве Хувес-Семи'ул-'Алим.“ (Во името на Аллах, со чиј спомен ништо не може да наштети ни на Земјата ни на небото. Тој сè слуша и сè знае.)

Оваа препорака е веродостојно пренесена од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и служи како заштита од секакво зло.

Второ: Она со што се лекува маѓијата (сихрот) откако ќе се појави; а тоа исто така се врши преку неколку методи:

Прво: Честото упатување понизна молба кон Возвишениот Аллах, и барањето од Него, Возвишениот, да ја отстрани штетата и да ја тргне неволјата.

Второ: да се вложат напори во пронаоѓањето на местото каде што може да биде скриена маѓијата, без разлика дали е закопана во земја, скриена некаде во планина или на некое друго место; кога местото ќе се пронајде, маѓијата треба да се извади и уништи, со што нејзиното дејство ќе престане. Ова е еден од најкорисните методи за лекување од сихрот – маѓијата.

Трето: Рукја со пропишаните зикрови и евради (формули); тие се многубројни; меѓу нив:

Она што е потврдено дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«اللَّهُمَّ رَبَّ النَّاسِ، أَذْهِبِ الْبَأْسَ، وَاشْفِ أَنْتَ الشَّافِي، لَا شِفَاءَ إِلَّا شِفَاؤُكَ، شِفَاءً لَا يُغَادِرُ سَقَمًا»

„Аллаху, Господару на луѓето, оддалечи ја болката, излечи, Ти си Вистинскиот Лекар, нема излекување без Твојот лек, излекување по кое нема веќе болест.“ Оваа дова се изговара трипати.

Таква е и рукјата со која Џибрил го лечел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, која гласи:

«بِسْمِ اللَّهِ أَرْقِيكَ، مِنْ كُلِّ شَيْءٍ يُؤْذِيكَ، وَمِنْ شَرِّ كُلِّ نَفْسٍ أَوْ عَيْنِ حَاسِدٍ، اللَّهُ يَشْفِيكَ، بِسْمِ اللَّهِ أَرْقِيكَ».

„Со името на Аллах, ти правам рукја од сè што ти нанесува штета, и од злото на секоја душа и завидливо око. Аллах нека те излечи. Со името на Аллах, ти правам рукја.“ Истото се повторува трипати.

Дел од терапијата – а ова е корисен лек за мажот кога е спречен да има интимни односи со својата сопруга – е следново: да се земат седум зелени листови од сидр (лотос). Потоа листовите се толчат со камен или слично, се ставаат во сад, и врз нив се истура доволно количина вода за капење. Над таа вода се рецитираат следниве ајети од Куранот:

Ајетул-Курси, потоа

﴿قُلۡ يَٰٓأَيُّهَا ٱلۡكَٰفِرُونَ1﴾

„Кажи: ,О, вие неверници.‘“ (Ел Кафирун, 1), и

﴿قُلۡ هُوَ ٱللَّهُ أَحَدٌ1﴾

„Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е!‘“ (Ел Ихлас, 1), и

﴿قُلۡ أَعُوذُ بِرَبِّ ٱلۡفَلَقِ1﴾

„Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на мугрите.‘“ (Ел Фелек, 1), и

﴿قُلۡ أَعُوذُ بِرَبِّ ٱلنَّاسِ1﴾

„Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на луѓето.‘“ (Ен Нас, 1)

И ајетите од сурата „Ел-Араф“, во кои се спомнува маѓијата, каде што Возвишениот Аллах вели:

﴿وَأَوۡحَيۡنَآ إِلَىٰ مُوسَىٰٓ أَنۡ أَلۡقِ عَصَاكَۖ فَإِذَا هِيَ تَلۡقَفُ مَا يَأۡفِكُونَ117 فَوَقَعَ ٱلۡحَقُّ وَبَطَلَ مَا كَانُواْ يَعۡمَلُونَ118 فَغُلِبُواْ هُنَالِكَ وَٱنقَلَبُواْ صَٰغِرِينَ119﴾

„И Ние му наредивме на Муса: ,Фрли го стапот свој!' – и тој одеднаш го проголта сето тоа со кое тие измамата ја изведоа.

И така вистината изби на виделина и се покажа дека беше лажно тоа што тие го приредија,

и тука тие беа победени и останаа понижени.“ (Ел Араф, 117-119)

И ајетите од сурата Јунус кои гласат:

﴿وَقَالَ فِرۡعَوۡنُ ٱئۡتُونِي بِكُلِّ سَٰحِرٍ عَلِيمٖ79 فَلَمَّا جَآءَ ٱلسَّحَرَةُ قَالَ لَهُم مُّوسَىٰٓ أَلۡقُواْ مَآ أَنتُم مُّلۡقُونَ80 فَلَمَّآ أَلۡقَوۡاْ قَالَ مُوسَىٰ مَا جِئۡتُم بِهِ ٱلسِّحۡرُۖ إِنَّ ٱللَّهَ سَيُبۡطِلُهُۥٓ إِنَّ ٱللَّهَ لَا يُصۡلِحُ عَمَلَ ٱلۡمُفۡسِدِينَ81 وَيُحِقُّ ٱللَّهُ ٱلۡحَقَّ بِكَلِمَٰتِهِۦ وَلَوۡ كَرِهَ ٱلۡمُجۡرِمُونَ82﴾

„И фараонот рече: ,Донесете ми ги сите вешти маѓепсници!'

И кога маѓепсниците дојдоа, Муса им рече: ,Фрлете што имате да фрлите!'

И кога тие фрлија, Муса извика: ,Тоа што го приредивте е маѓија! Аллах ќе ја уништи, затоа што Аллах не допушта делото на расипаните да успее!

Аллах со Своите зборови ќе ја утврди вистината, иако за тоа на неверниците ќе им биде криво!‘“ (Јунус, 79-82)

Ајетите во сурата Та Ха:

﴿قَالُواْ يَٰمُوسَىٰٓ إِمَّآ أَن تُلۡقِيَ وَإِمَّآ أَن نَّكُونَ أَوَّلَ مَنۡ أَلۡقَىٰ65 قَالَ بَلۡ أَلۡقُواْۖ فَإِذَا حِبَالُهُمۡ وَعِصِيُّهُمۡ يُخَيَّلُ إِلَيۡهِ مِن سِحۡرِهِمۡ أَنَّهَا تَسۡعَىٰ66 فَأَوۡجَسَ فِي نَفۡسِهِۦ خِيفَةٗ مُّوسَىٰ67 قُلۡنَا لَا تَخَفۡ إِنَّكَ أَنتَ ٱلۡأَعۡلَىٰ68 وَأَلۡقِ مَا فِي يَمِينِكَ تَلۡقَفۡ مَا صَنَعُوٓاْۖ إِنَّمَا صَنَعُواْ كَيۡدُ سَٰحِرٖۖ وَلَا يُفۡلِحُ ٱلسَّاحِرُ حَيۡثُ أَتَىٰ69﴾

„,О, Муса,' – рекоа тие – ,сакаш ли ти, или ние да фрламе?'

,Фрлете вие!' – рече тој, и одеднаш му се пристори дека јажињата нивни и стаповите нивни, поради маѓијата нивна, се движат.

И Муса во себе почувствува страв.

,Не плаши се!' – рековме Ние. ,Ти навистина ќе победиш.

Само фрли го тоа што ти е во десната рака, ќе го проголта тоа што тие го направија, бидејќи тоа што тие го направија е само маѓија од маѓепсниците, а маѓепсникот нема да успее каде и да оди.‘“ (Та Ха, 65-69)

Откако ќе се рецитираат споменатите ајети над водата, се пијат три голтки, а со преостанатата вода се капе. Со Аллахова дозвола, болеста ќе исчезне. Доколку е потребно, постапката може да се повтори два или повеќепати, сè додека болеста целосно не исчезне.

Овие заштитни дови, зикрови и начини се меѓу најсилните средства за заштита од злото на маѓијата и другите штети. Тие, исто така, се едно од најмоќните оружја за отстранувањето на маѓијата по нејзиното случување, за оние кои ги практикуваат со искреност, верување, верба во Аллах и потпирање врз Него, со смиреност и убеденост во нивното значење.

Ова е краток преглед на методите за заштита од маѓијата и нејзиното лекување, а Аллах е Оној кој дарува успех.

Тука се поставува едно важно прашање, а тоа е лекувањето на сихрот, маѓијата, преку методите на маѓепсниците, што подразбира приближување кон џините преку принесување жртва или други облици на покорност кон нив. Тоа е строго забрането. Таквите дела се од шејтанот и спаѓаат во големиот ширк. Исто така, не е дозволено барање помош од гатачи, врачеви или претскажувачи, ниту користење на она што тие го нудат, бидејќи тие се неверници и измамници кои тврдат дека го знаат гајбот (скриеното) и ги заведуваат луѓето. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, предупредил да не се оди кај нив, да не се бара помош од нив и да не им се верува, како што веќе беше објаснето на почетокот на ова послание. Обврска е да се чуваме од тоа, а веродостојно е пренесено дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога бил прашан за „нушра“ (практика за отстранување на маѓијата), одговорил:

«هِيَ مِنْ عَمَلِ الشَّيْطَانِ».

„Тоа е дело на шејтанот.“ Го бележат имамите Ахмед и Ебу Давуд со добар синџир на пренесувачи.

Нушра претставува постапка за отстранување на маѓијата од оној кој е погоден од неа. Намерата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со неговите зборови е да предупреди на нушрата што ја практикувале луѓето во периодот на џахилиетот, а тоа е барање од маѓепсникот да ја отстрани маѓијата, или отстранување на маѓијата со примена на друга маѓија од друг маѓепсник.

Што се однесува, пак, до отстранувањето на маѓијата преку шеријатската рукја, заштитните дови и дозволените лекови, тоа е дозволено, како што беше објаснето претходно, На ова укажале големите исламски алими, како што се имамот Ибн Кајим и шејхот Абдурахман бин Хасан во неговото познато дело „Фетх ел Меџид“, Аллах нека им се смилува. Истото го потврдиле и други истакнати алими.

Го молиме Аллах да ги заштити муслиманите од секое зло, да им ја зачува нивната вера, да им подари разбирање на верата и да ги заштити од сè што е спротивно на Неговиот шеријат.

Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и асхаби.

 

***


Овој совет беше објавен во брошура под број 17 од страна на Главното претседателство за научни истражувања, издавање фетви, дава и упатување, во 1402 година според хиџретскиот календар.