PHPWord

 

 

 

حِرَاسَةُ التَّوحِيدِ

 

 

Чување на единобоштвото

 

 

لِسَمَاحَةِ الشَّيْخِ العَلَّامَةِ

عَبْدِ العَزِيزِ بْنِ عَبْدِ اللهِ بْنِ بَازٍ

رَحِمَهُ اللهُ

 

 

Автор: Почитуваниот шејх

Абдулазиз бин Абдулах бин Баз

 

 


بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

Прво послание

Исправното верување и неговите негации

Автор: Почитуваниот шејх

Абдулазиз бин Абдулах бин Баз

Благодарноста Му припаѓа само на Аллах. Салаватите и селамите од Аллах се за последниот Пратеник, неговото семејство и неговите асхаби.

Потоа велам: Имајќи предвид дека исправното верување е основата на исламот и темелот на верата, сметам дека е важно да се говори за оваа тема, да се пишува за неа и да се составуваат дела кои имаат за цел нејзиното разјаснување и појаснување.

Општопознато е според шеријатските аргументи од Куранот и Сунетот, дека зборовите и делата се исправни и прифатени само доколку произлегуват од исправно верување. Ако верувањето не е исправно, тогаш и зборовите и делата кои произлегуваат од него се неисправни, за што Возвишениот Аллах вели:

﴿...وَمَن يَكۡفُرۡ بِٱلۡإِيمَٰنِ فَقَدۡ حَبِطَ عَمَلُهُۥ وَهُوَ فِي ٱلۡأٓخِرَةِ مِنَ ٱلۡخَٰسِرِينَ﴾

„А тој што ќе отпадне од вистинската вера – залудни ќе му бидат делата негови и тој, на оној свет, ќе биде губитник.“ (Ел Маиде, 5)

Возвишениот исто така вели:

﴿وَلَقَدۡ أُوحِيَ إِلَيۡكَ وَإِلَى ٱلَّذِينَ مِن قَبۡلِكَ لَئِنۡ أَشۡرَكۡتَ لَيَحۡبَطَنَّ عَمَلُكَ وَلَتَكُونَنَّ مِنَ ٱلۡخَٰسِرِينَ 65﴾

„А тебе, и на тие пред тебе им било објавено: ,Ако други на Аллах за рамни Му припишуваш, твоите дела сигурно ќе пропаднат, а ти изгубен ќе бидеш.‘“ (Ез Зумер, 65)

Ајетите во овој контекст се многубројни. Аллаховата Книга и Сунетот на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, јасно укажуваат дека вистинското верување се состои од следниве шест основи: верување во Аллах, Неговите мелеци, Неговите книги, Неговите пратеници, Судниот ден и во одредбата (кадерот), било таа која ја сметаме добра или лоша. Овие шест основи се темелите на вистинското верување, со кои е објавена Аллаховата Книга и со кои Аллах го испрати Неговиот Пратеник, Мухамед, салаллаху алејхи ве селем.

Доказите за овие шест основи во Куранот и веродостојниот Сунет се многубројни, меѓу кои, на пример, се следниве:

Прво: доказите од Аллаховата Книга; меѓу нив се зборовите на Возвишениот:

﴿لَّيۡسَ ٱلۡبِرَّ أَن تُوَلُّواْ وُجُوهَكُمۡ قِبَلَ ٱلۡمَشۡرِقِ وَٱلۡمَغۡرِبِ وَلَٰكِنَّ ٱلۡبِرَّ مَنۡ ءَامَنَ بِٱللَّهِ وَٱلۡيَوۡمِ ٱلۡأٓخِرِ وَٱلۡمَلَٰٓئِكَةِ وَٱلۡكِتَٰبِ وَٱلنَّبِيِّـۧنَ...﴾

„Добродетелството не е во тоа да ги вртите вашите лица кон исток и запад, туку добродетели се тие кои веруваат во Аллах, во оној свет, во мелеците, во книгите, во веровесниците...“ (Ел Бекаре, 177)

И зборовите на Севишниот:

﴿ءَامَنَ ٱلرَّسُولُ بِمَآ أُنزِلَ إِلَيۡهِ مِن رَّبِّهِۦ وَٱلۡمُؤۡمِنُونَۚ كُلٌّ ءَامَنَ بِٱللَّهِ وَمَلَٰٓئِكَتِهِۦ وَكُتُبِهِۦ وَرُسُلِهِۦ لَا نُفَرِّقُ بَيۡنَ أَحَدٖ مِّن رُّسُلِهِ...﴾

„Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците, секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: ,Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови.‘“ (Ел Бекаре, 285)

Следен доказ е и ајетот:

﴿يَٰٓأَيُّهَا ٱلَّذِينَ ءَامَنُوٓاْ ءَامِنُواْ بِٱللَّهِ وَرَسُولِهِۦ وَٱلۡكِتَٰبِ ٱلَّذِي نَزَّلَ عَلَىٰ رَسُولِهِۦ وَٱلۡكِتَٰبِ ٱلَّذِيٓ أَنزَلَ مِن قَبۡلُۚ وَمَن يَكۡفُرۡ بِٱللَّهِ وَمَلَٰٓئِكَتِهِۦ وَكُتُبِهِۦ وَرُسُلِهِۦ وَٱلۡيَوۡمِ ٱلۡأٓخِرِ فَقَدۡ ضَلَّ ضَلَٰلَۢا بَعِيدًا 136﴾

„О, верници, верувајте во Аллах и во Пратеникот Негов, и во Книгата која Тој на Својот Пратеник му ја објавува и во Книгите кои претходно ги објавил. А тој што нема да верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови, и во оној свет, тој далеку заталкал!“ (Ен Ниса, 136)

Доказ се Аллаховите зборови:

﴿أَلَمۡ تَعۡلَمۡ أَنَّ ٱللَّهَ يَعۡلَمُ مَا فِي ٱلسَّمَآءِ وَٱلۡأَرۡضِۚ إِنَّ ذَٰلِكَ فِي كِتَٰبٍۚ إِنَّ ذَٰلِكَ عَلَى ٱللَّهِ يَسِيرٞ 70﴾

„Зарем не знаеш дека на Аллах Му е познато сè што е на небото и на Земјата? Сето тоа е во Книгата, тоа, навистина, на Аллах му е лесно!“ (Ел Хаџ, 70)

Второ: Доказите од Сунетот; меѓу нив е познатиот хадис кој го бележи Муслим во неговиот ,Сахих’, каде што водачот на правоверните, Омер бин Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека Џибрил, алејхи селам, го прашал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за иманот, а тој му одговорил:

«الإِيمَانُ أَنْ تُؤْمِنَ بِاللَّهِ، وَمَلَائِكَتِهِ، وَكُتُبِهِ، وَرُسُلِهِ، وَاليَوْمِ الآخِرِ، وَتُؤْمِنَ بِالقَدَرِ خَيْرِهِ وَشَرِّهِ».

„Иман е да веруваш во Аллах, во Неговите мелеци, Неговите книги, Неговите пратеници, во Судниот ден, и да веруваш во одредбата, добрата и лошата.“1 Хадис. Бухари и Муслим  – со мала разлика –  исто така го пренесуваат и хадисот на Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него.

Од овие шест основи произлегува сè што муслиманот треба да верува, во врска со Возвишениот Аллах, оној свет и сите други прашања поврзани со гајбот (невидливото), како и сè за што нè известиле Возвишениот Аллах и Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Објаснувањето на овие шест основи е следново:

Првата основа: Верување во Возвишениот Аллах

Тоа верување опфаќа неколку прашања; а меѓу нив се: Верување дека само Тој е единствениот вистински Бог, достоен за обожување, и никој друг освен Него, не треба да се обожува. Тој е Создателот, Добротворот, Оној кој ги снабдува и ги знае сите тајни и јавни постапки на луѓето. Тој е способен да ги награди послушните и да ги казни непослушните.

Возвишениот Аллах ги создаде џините и луѓето поради овој ибадет и им го нареди, како што  Возвишениот вели:

﴿وَمَا خَلَقۡتُ ٱلۡجِنَّ وَٱلۡإِنسَ إِلَّا لِيَعۡبُدُونِ 56 مَآ أُرِيدُ مِنۡهُم مِّن رِّزۡقٖ وَمَآ أُرِيدُ أَن يُطۡعِمُونِ 57 إِنَّ ٱللَّهَ هُوَ ٱلرَّزَّاقُ ذُو ٱلۡقُوَّةِ ٱلۡمَتِينُ 58﴾

„Џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.

Јас не барам снабдување од нив, ниту сакам да Ме хранат, 

Снабдувач е само Аллах, Моќниот и Силниот!“ (Ез Заријат, 56-58)

Возвишениот исто така вели:

﴿يَٰٓأَيُّهَا ٱلنَّاسُ ٱعۡبُدُواْ رَبَّكُمُ ٱلَّذِي خَلَقَكُمۡ وَٱلَّذِينَ مِن قَبۡلِكُمۡ لَعَلَّكُمۡ تَتَّقُونَ 21 ٱلَّذِي جَعَلَ لَكُمُ ٱلۡأَرۡضَ فِرَٰشٗا وَٱلسَّمَآءَ بِنَآءٗ وَأَنزَلَ مِنَ ٱلسَّمَآءِ مَآءٗ فَأَخۡرَجَ بِهِۦ مِنَ ٱلثَّمَرَٰتِ رِزۡقٗا لَّكُمۡۖ فَلَا تَجۡعَلُواْ لِلَّهِ أَندَادٗا وَأَنتُمۡ تَعۡلَمُونَ 22﴾

„О, луѓе, обожувајте Го Господарот ваш Кој ве создаде и вас и тие пред вас, за да бидете богобојазливи,

Кој Земјата постела, а небото кров ви ги направи; Кој од небото ви го спушта дождот и со него создава плодови, снабдување за вас. Затоа не припишувајте Му здруженик на Аллах, знаејќи го тоа.“ (Ел Бекаре, 21-22)

Аллах ги испрати пратениците и ги објави книгите за да ја објаснат оваа вистината, да повикуваат кон неа и да предупредат за она што ѝ се спротивставува. Возвишениот Аллах вели:

﴿وَلَقَدۡ بَعَثۡنَا فِي كُلِّ أُمَّةٖ رَّسُولًا أَنِ ٱعۡبُدُواْ ٱللَّهَ وَٱجۡتَنِبُواْ ٱلطَّٰغُوتَ...﴾

„Ние на секој народ Пратеник му испративме: ,Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот.‘“ (Ен Нахл, 36)

Тој исто така вели:

﴿وَمَآ أَرۡسَلۡنَا مِن قَبۡلِكَ مِن رَّسُولٍ إِلَّا نُوحِيٓ إِلَيۡهِ أَنَّهُۥ لَآ إِلَٰهَ إِلَّآ أَنَا۠ فَٱعۡبُدُونِ25﴾

„Пред тебе ниту еден Пратеник не испративме, а да не му објавевме: ,Нема бог освен Мене, затоа Мене обожувајте Ме!‘“ (Ел Енбија, 25)

Славениот вели:

﴿الر كِتَابٌ أُحْكِمَتْ آيَاتُهُ ثُمَّ فُصِّلَتْ مِنْ لَدُنْ حَكِيمٍ خَبِيرٍ1 أَلَّا تَعْبُدُوا إِلَّا اللَّهَ إِنَّنِي لَكُمْ مِنْهُ نَذِيرٌ وَبَشِيرٌ2﴾

„Елиф–лам–ра. Ова е Книга чии стихови се усовршени, а потоа разјаснети, од Мудриот и Сезнајниот,

само Аллах да Го обожувате, – јас сум ви од Него (пратен) за да опоменувам и радосни вести да ви кажувам.“ (Худ, 1-2)

Суштината на овој ибадет е да се издвои Возвишениот Аллах во сè што им е пропишано на луѓето како начин на обожување, како што се: довата, стравот, надежта, намазот, постот, колењето курбан, заветот и други видови ибадет, проследено со скрушеност кон Него, покажувајќи желба за Неговата награда и страв од Неговата казна, со целосна љубов кон Него и понизност пред Неговата величина.

Кој ќе се задлабочи во Благородниот Куран, ќе забележи дека поголемиот дел од него е објавен во врска со ова возвишено начело; како што се зборовите на Севишниот:

﴿إِنَّآ أَنزَلۡنَآ إِلَيۡكَ ٱلۡكِتَٰبَ بِٱلۡحَقِّ فَاعْبُدِ اللَّهَ مُخْلِصًا لَهُ الدِّينَ 2 أَلَا لِلَّهِ الدِّينُ الْخَالِصُ وَٱلَّذِينَ ٱتَّخَذُواْ مِن دُونِهِۦٓ أَوۡلِيَآءَ مَا نَعۡبُدُهُمۡ إِلَّا لِيُقَرِّبُونَآ إِلَى ٱللَّهِ زُلۡفَىٰٓ إِنَّ ٱللَّهَ يَحۡكُمُ بَيۡنَهُمۡ فِي مَا هُمۡ فِيهِ يَخۡتَلِفُونَۗ إِنَّ ٱللَّهَ لَا يَهۡدِي مَنۡ هُوَ كَٰذِبٞ كَفَّارٞ3﴾

„Ние, навистина, ти ја објавуваме Книгата, со Вистина, затоа само Аллах обожувај Го, искрено исповедајќи Му ја верата, затоа само Аллах обожувај Го, искрено исповедајќи Му ја верата!

Искреното практикување на верата е долг кон Аллах! А на тие што покрај Него земаат други за заштитници: „Ние ги обожуваме само за да нè приближат што поблиску до Аллах – Аллах ним, навистина, ќе им пресуди за тоа за коешто тие не се согласуваа. Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што е лажливец и неверник.“ (Ез Зумер, 2-3)

Доказ се и Неговите зборови:

﴿وَقَضَىٰ رَبُّكَ أَلَّا تَعۡبُدُوٓاْ إِلَّآ إِيَّاهُ...﴾

„Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате...“ (Ел Исра, 23)

Тој исто така вели:

﴿فَٱدۡعُواْ ٱللَّهَ مُخۡلِصِينَ لَهُ ٱلدِّينَ وَلَوۡ كَرِهَ ٱلۡكَٰفِرُونَ14﴾

„Затоа молете Го Аллах, искрено исповедувајќи Му ја верата – па макар тоа и да го мразат неверниците.“ (Гафир, 14)

Секој оној што внимателно ќе го разгледа Сунетот на Пратеникот ќе забележи дека и во него се посветува внимание на овој голем темел. Пример за тоа е: Во двата Сахиха е забележан хадис кој го пренесува Муаз, Аллах нека е задоволен со него, во кој Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«حَقُّ اللهِ عَلَى العِبَادِ أَن يَعْبُدُوهُ وَلَا يُشْرِكُوا بِهِ شَيْئًا».

„Аллаховото право кај робовите е да Го обожуваат и да не Му припишуваат здруженик.“2

Во верувањето во Аллах спаѓа и верувањето во сè што Аллах им го наредил на Неговите робови и им го пропишал, во што спаѓаат петте јасни столбови на исламот.

Тие столбови се: сведоштвото дека нема друго божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето намаз, давањето зекат, постот на месецот рамазан, аџилак до Аллаховата Света Куќа за оној што е во можност, и другите фарзови што со кои дошол чистиот шеријат.

Најголемиот и најзначајниот од овие столбови е сведоштвото дека нема друг бог кој заслужува да биде обожуван освен Аллах и дека Мухамед е Неговиот пратеник. Ова сведоштво значи дека обожувањето треба да Му биде посветено само на Аллах и никому друг. А тоа е значењето на „Ла илахе иллаллах“. Нејзиното значење – како што рекле учените, Аллах да им се смилува – е: нема друго божество кое со право заслужува да биде обожувано освен Аллах. Според тоа, сè што се обожува покрај Аллах – било човек, мелек, џин или нешто друго – е обожувано залудно и неправедно, а единствениот достоен за обожување е Аллах, Единиот, Кој нема здруженик, како што Возвишениот вели:

﴿ذَٰلِكَ بِأَنَّ ٱللَّهَ هُوَ ٱلۡحَقُّ وَأَنَّ مَا يَدۡعُونَ مِن دُونِهِۦ هُوَ ٱلۡبَٰطِلُ...﴾

„Тоа е затоа што Аллах е Вистина, а тие на кои, покрај Аллах, им се молат се лага...“ (Ел Хаџ, 62)

Веќе е објаснето дека Аллах ги создаде луѓето и џините заради оваа најзначајна основа и им нареди да ја спроведуваат во пракса. За таа цел, ги испраќаше пратениците и ги објавуваше книгите. Затоа, треба добро да размислиш за ова за да ти стане појасна состојбата во која се нашле муслиманите поради непознавањето на оваа најголема и најзначајна основа. Поради незнаењето за неа, тие почнале покрај Аллах да обожуваат и други, и она што е само и исклучиво Негово право го насочиле кон други покрај Него. Аллах нека ни е на помош!

Верувањето во Аллах значи да се верува дека Аллах е Создателот на светот, дека Тој суверено управува со сите нешта и дека ги контролира според Неговото сеопфатно знаење и моќ. Исто така, тоа вклучува верување дека Тој е Владетел на овој и на идниот свет, дека е Господар на сите светови и дека нема друг Создател и Господар освен Него. Тоа значи и дека Аллах испратил пратеници и објавил книги за да ја поправи состојбата на робовите, и за да ги повика кон она што е нивен спас и добро, како на овој така и на идниот свет. Тој, Славениот во сето тоа нема здруженик, Возвишениот вели:

﴿ٱللَّهُ خَٰلِقُ كُلِّ شَيۡءٖۖ وَهُوَ عَلَىٰ كُلِّ شَيۡءٖ وَكِيلٞ 62﴾

„Аллах е Создател на сè и Тој управува со сè.“ (Ез Зумер, 62)

Возвишениот вели:

﴿إِنَّ رَبَّكُمُ ٱللَّهُ ٱلَّذِي خَلَقَ ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَٱلۡأَرۡضَ فِي سِتَّةِ أَيَّامٖ ثُمَّ ٱسۡتَوَىٰ عَلَى ٱلۡعَرۡشِۖ يُغۡشِي ٱلَّيۡلَ ٱلنَّهَارَ يَطۡلُبُهُۥ حَثِيثٗا وَٱلشَّمۡسَ وَٱلۡقَمَرَ وَٱلنُّجُومَ مُسَخَّرَٰتِۭ بِأَمۡرِهِۦٓۗ أَلَا لَهُ ٱلۡخَلۡقُ وَٱلۡأَمۡرُۗ تَبَارَكَ ٱللَّهُ رَبُّ ٱلۡعَٰلَمِينَ54﴾

„Господарот ваш е Аллах, Кој небесата и Земјата во шест периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши. Тој со темнината на ноќта го прекрива денот, која во чекор го следи, а Сонцето и Месечината и ѕвездите се покоруваат на Неговата волја. Само Тој создава и управува! Возвишен нека е Аллах, Господарот на световите!“ (Ел Араф, 54)

Верувањето во Аллах исто така вклучува и верување дека на Аллах Му припаѓаат најубавите имиња и највозвишените својства, кои се пренесени и потврдени во Куранот и Сунетот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, без искривување, негирање, опишување на нивната форма или споредување.

﴿...لَيۡسَ كَمِثۡلِهِۦ شَيۡءٞۖ وَهُوَ ٱلسَّمِيعُ ٱلۡبَصِيرُ﴾

„Ништо Нему не му е слично! Тој сè слуша и сè гледа.“ (Еш Шура, 11)

Обврска е да се прифатат онака како што се пренесени, без опишување на нивната форма, со верување во возвишените значења на кои упатуваат, кои се својства на Аллах, и обврска е да се опишува Аллах со нив на начин кој Му доликува, без споредување со својствата на созданијата, како што Возвишениот вели: Тој Славениот вели:

﴿فَلَا تَضۡرِبُواْ لِلَّهِ ٱلۡأَمۡثَالَۚ إِنَّ ٱللَّهَ يَعۡلَمُ وَأَنتُمۡ لَا تَعۡلَمُونَ74﴾

„Затоа не изнесувајте Му слични на Аллах! Аллах навистина знае, а вие не знаете.“ (Ен Нахл, 74)

Ова е верувањето на следбениците на ехли Сунетот и џематот, асхабите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и оние кои ги следат во доброто, поврзано со Аллаховите имиња и атрибути. Имамот Ебу Хасан ел Ешари, рахимехуллах, го пренел ова верување во својата книга „Ел Мекалат“за следбениците на хадисот и Сунетот. Ова верување го пренеле и други имами на овој умет.

Ел-Евзаи, рахимехуллах, рекол: „Зухри и Мекхул беа прашани за ајетите во кои се спомнати Аллаховите својства, па рекоа: ,Прифатете ги онака како што се наведени.‘“ (3)3

Исто така, имамот Ел-Евзаи, рахимехуллах, рекол: „Во наше време, кога многу табиини сè уште беа меѓу нас, велевме: ,Возвишениот Аллах е над Аршот и веруваме во Неговите својства кои се спомнати во Сунетот.’“ (4)4

Велид бин Муслим, рахимехуллах, рекол: „Малик, Евзаи, Лејс бин Сад и Суфјан Ес-Севри, рахимехумуллах, беа прашани за ајетите и хадисите во кои се спомнати Аллаховите својства, па сите одговорија: ‚Прифатете ги онака како што се наведени, без прашања за нивната форма.‘“ (5)5

Кога го прашале Рабиа бин ебу Абдурахман, учителот на имамот Малик, Аллах да им се смилува, за истива (возвишувањето), тој рекол: ,Истива (неговото значење) не е непознато, но начинот за луѓето е непојмив. Објавата е од Аллах, должноста на Пратеникот е да ја пренесе, а наше е да веруваме и да прифатиме како што е пренесено.‘“ (6)6 Кога го прашале имамот Малик, рахимехуллах, за истото, тој рекол: „Истива (возвишувањето) е познато, но начинот е непознат (кога станува збор за Возвишениот Аллах). Верувањето во тоа е задолжително, а прашувањето за тоа е новотарија.“ Потоа му рекол на човекот кој прашал: „Ти си лош човек!“ и наредил да се отстрани од собирот. (7)7 Слично на тоа е пренесено и од мајката на верниците Уму Селеме, радиаллаху анха. (8)8

Имамот Ебу Абдурахман бин Ел-Мубарек, Аллах да му се смилува, рекол: „Знаеме дека нашиот Господар е над небесата, над Својот Арш, одвоен од Своите созданија.“ (9)9

Кажаното од имамите на ова тема е многубројно и невозможно е сите да се опфатат во ова предавање. За оние кои сакаат да дознаат повеќе, препорачувам да ги разгледаат делата на имамите на Сунетот, како што се: „Ес-Суне“ на Абдулах, синот на имамот Ахмед, „Ет-Тевхид“ на имамот Мухамед бин Хузејме, „Ес-Суне“ на Ебу Касим Ел-Лалекаи Ет-Табери, „Ес-Суне“ на Ебу Бекр бин Ебу Асим, и одговорот на шејхул ислам Ибн Тејмије до жителите на Хама (позната како Хамевија). Овој одговор е извонреден и е од голема корист, бидејќи тој, Аллах да му се смилува, го објаснува верувањето на ехлу сунетот, пренесувајќи многу од нивните цитати, како и верски и рационални докази кои ја потврдуваат исправноста на нивните ставови и погубноста на ставовите на нивните противници.

Такво е, неговото дело „Тедмурија“, кое уште подетално ја обработува оваа тема и го објаснува верувањето на следбениците на Сунетот, користејќи верско-рационални докази. Преку оваа книга, тој одговорил на спротивставената страна, правејќи ја вистината уште појасна и побивајќи ја невистината – за секој што трага по знаењето и има искрени намери во прифаќање вистината. Во кратки црти: Верувањето на следбениците на сунетот и џематот во поглед на Аллаховите имиња и својства е дека тие го потврдуваат за Возвишениот Аллах сето она што Тој Самиот го потврдил за Себе во Неговата Книга, и што му го потврдил Неговиот Пратеник, Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, во својот Сунет, потврдување без споредување; и Го возвишуваат од каква било сличност со созданијата, возвишување лишено од негирање; па на тој начин се сочуваа од контрадикторности. Така тие постапуваат во согласност со сите докази, со Аллахова помош, затоа што Божјиот закон е за секој што цврсто се придржува до патот на вистината по кој оделе пратениците, што во тоа го вложува својот максимум и искрено се труди во Негово име да ја најде вистината, да го упати кон вистината и да ја покаже неговата аргументација. Возвишениот вели:

﴿بَلۡ نَقۡذِفُ بِٱلۡحَقِّ عَلَى ٱلۡبَٰطِلِ فَيَدۡمَغُهُۥ فَإِذَا هُوَ زَاهِقٞ...﴾

„Туку со вистината ја потиснуваме лагата, вистината ја гуши и лагата исчезнува...“ (Ел Енбија, 18)

Возвишениот исто така вели:

﴿وَلَا يَأۡتُونَكَ بِمَثَلٍ إِلَّا جِئۡنَٰكَ بِٱلۡحَقِّ وَأَحۡسَنَ تَفۡسِيرًا33﴾

„Тие нема ниту еден приговор да ти дадат, а Ние да нема одговор и најубаво објаснување да наведеме.“ (Ел Фуркан, 33)

Сите кои се спротивставуваат на ехли сунетот во поглед на Аллаховите имиња и својства, неизбежно се спротивставуваат и на верско-рационалните докази, со многу јасна контрадикција во она што го потврдуваат или го негираат. Ибн Кесир, рахимехуллах, во неговиот познат тефсир спомнал убави зборови на оваа тема, и тоа кога говорел за зборовите на Возвишениот:

﴿إِنَّ رَبَّكُمُ ٱللَّهُ ٱلَّذِي خَلَقَ ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَٱلۡأَرۡضَ فِي سِتَّةِ أَيَّامٖ ثُمَّ ٱسۡتَوَىٰ عَلَى ٱلۡعَرۡشِ...﴾

„Господарот ваш е Аллах, Кој небесата и Земјата во шест периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши...“ (Ел Араф, 54)

Убаво е тој говор да се пренесе тука, поради неговата корист; Тој, Аллах да му се смилува, рекол:

„Има многу мислења по ова прашање, но ова не е местото за детално објаснување. Ние го прифаќаме ставот на нашите претходници (селефу салих): Малик, Евзаи, Севри, Лејс бин Сад, Шафи, Ахмед бин Ханбел, Исхак бин Рахавеј и други, било поранешни или современи имами на муслиманите. Тие велат: ‚Треба да ги прифаќаме ајетите кои ги спомнуваат Аллаховите својства онака како што се дојдени, без да навлегуваме во нивната форма, без да ги поистоветуваме и без да ги негираме.‘ Она што го замислуваат оние кои ги поистоветуваат Аллаховите својства со човечките не е применливо за Аллах, бидејќи Возвишениот Аллах не личи на ништо од Неговите созданија…

﴿...لَيۡسَ كَمِثۡلِهِۦ شَيۡءٞۖ وَهُوَ ٱلسَّمِيعُ ٱلۡبَصِيرُ﴾

„Ништо Нему не му е слично! Тој сè слуша и сè гледа.“ (Еш Шура, 11) Вистината по ова прашање е како што рекле имамите, меѓу кои и Нуајм бин Хамад Ел-Хузаи, учителот на имамот Бухари, кој рекол: ‚Кој го поистоветува Аллах со нешто од Неговите созданија, таквиот е неверник, а кој го негира она со што Аллах се опишал Себеси, исто така е неверник.‘ (10)10 Нема поистоветување ниту во зборовите на Аллах, ниту во зборовите на Неговиот Пратеник. Затоа, на правиот пат е оној кој го признава она што јасно се зборува за Возвишениот Аллах во ајетите и веродостојните хадиси, на начин кој Му доликува на Неговата величина, и кој ја негира секоја несовршеност за Него.“ (11) Завршен цитатна Ибн Кесир, рахимехуллах.11

Во верувањето во Аллах спаѓа и тоа дека иманот, верувањето, се состои од зборови и дела, се зголемува со покорност, а се намалува со грешење, и дека не е дозволено да се прогласува муслиманот за неверник поради некој грев кој е помал од ширкот и куфрот, како што се: блуд, кражба, земање камата, конзумирање опијати, непослушност кон родителите и други големи гревови, доколку не ги смета за дозволени. Возвишениот вели:

﴿إِنَّ ٱللَّهَ لَا يَغۡفِرُ أَن يُشۡرَكَ بِهِۦ وَيَغۡفِرُ مَا دُونَ ذَٰلِكَ لِمَن يَشَآءُ...﴾

„Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува, а ќе прости сè освен тоа кому Тој сака...“ (Ен Ниса, 48) Како што е потврдено и во мутеватир хадиси од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем; меѓу нив неговите зборови се и:

«إِنَّ اللهَ يُخْرِجُ مِنَ النَّارِ مَنْ كَانَ فِي قَلْبِهِ مِثْقَالُ حَبَّةٍ مِنْ خَرْدَلٍ مِنْ إِيْمَانٍ».

„Навистина, Аллах ќе го извади од Огнот секој што во своето срце има иман колку зрно синап.“12

Втората основа е: Верувањето во мелеците,

а тоа опфаќа две работи: Прво: Верување во мелеците општо; а тоа е верување дека Аллах има мелеци кои ги создал за да Му бидат покорни и ги опишал како:

﴿وَقَالُواْ ٱتَّخَذَ ٱلرَّحۡمَٰنُ وَلَدٗاۗ سُبۡحَٰنَهُۥۚ بَلۡ عِبَادٞ مُّكۡرَمُونَ 26 لَا يَسۡبِقُونَهُۥ بِٱلۡقَوۡلِ وَهُم بِأَمۡرِهِۦ يَعۡمَلُونَ27 يَعۡلَمُ مَا بَيۡنَ أَيۡدِيهِمۡ وَمَا خَلۡفَهُمۡ وَلَا يَشۡفَعُونَ إِلَّا لِمَنِ ٱرۡتَضَىٰ وَهُم مِّنۡ خَشۡيَتِهِۦ مُشۡفِقُونَ28﴾

„Тие велат: ,Семилосниот си зел дете!' Возвишен нека е Тој! А мелеците се само робови почитувани.

Тие не зборуваат сè додека Тој не им одобри и постапуваат така како што Тој ќе им нареди.

Тој знае што правеле и што ќе прават, и тие ќе се заземаат само за тој од кого Тој ќе биде задоволен, а и тие самите, од страв кон Него, се плашат.“ (Ел Енбија, 26-28)

Постојат многу видови на мелеци, меѓу кои се оние задолжени за носење на Аршот, чуварите на Џенетот и Џехенемот, и мелеци задолжени за (евидентирање) чување на делата на робовите. Второ: Верување во мелеците детално; а тоа подразбира да веруваме во оние од нив што Аллах и Неговиот пратеник ги спомнале поимено: како Џибрил, задолжен за објавата; Микаил, задолжен за дождот; Малик, чуварот на Огнот; и Исрафил, задолжен за дувањето во рогот. Тие и нивните особини се споменуваат во веродостојни хадиси, а меѓу нив е и она што е потврдено во Сахихот од Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«خُلِقَتِ الـمَلَائِكَةُ مِن نُورٍ، وَخُلِقَ الجَانُّ مِنْ مَارِجٍ مِنْ نَارٍ، وَخُلِقَ آدَمُ مِمَّا وُصِفَ لَكُم».

„Мелеците се создадени од светлина, џините се создадени од огнен пламен, а Адем е создаден од она што ви е кажано.“13 Хадисот го бележи Муслим во неговиот Сахих.

Третата основа е: Верувањето во Аллаховите книги, и тоа исто така опфаќа две работи:

Прво: Верување во книгите воопштено; а тоа подразбира дека Возвишениот Аллах им објавил книги на Неговите пратеници и веровесници за да ја објаснат вистината и да повикуваат кон неа, како што Возвишениот вели:

﴿لَقَدۡ أَرۡسَلۡنَا رُسُلَنَا بِٱلۡبَيِّنَٰتِ وَأَنزَلۡنَا مَعَهُمُ ٱلۡكِتَٰبَ وَٱلۡمِيزَانَ لِيَقُومَ ٱلنَّاسُ بِٱلۡقِسۡطِ...﴾

„Ние Пратениците Наши со јасни докази ги праќавме и по нив Книга и Мерка – правда праќавме, за луѓето да постапуваат праведно...“ (Ел Хадид, 25) Возвишениот исто така вели:

﴿كَانَ ٱلنَّاسُ أُمَّةٗ وَٰحِدَةٗ فَبَعَثَ ٱللَّهُ ٱلنَّبِيِّـۧنَ مُبَشِّرِينَ وَمُنذِرِينَ وَأَنزَلَ مَعَهُمُ ٱلۡكِتَٰبَ بِٱلۡحَقِّ لِيَحۡكُمَ بَيۡنَ ٱلنَّاسِ فِيمَا ٱخۡتَلَفُواْ فِيهِ...﴾

„Сите луѓе сочинуваа една заедница, па Аллах ги праќаше веровесниците да донесуваат радосни вести и опомена, и по нив ја праќаше Книгата со Вистината, за по неа да им се суди на луѓето за она за што тие не се согласуваа...“ (Ел Бекаре, 213)

Второ: Верување во книгите детално: Веруваме во сите книги кои Аллах ги именувал, како што се Тевратот, Инџилот, Зебурот и Куранот. Куранот е најдобрата книга, печат на сите претходни објави, ги потврдува сите претходно објавени книги и над нив бдее. Целиот умет мора да верува во Куранот, да го следи и да суди според него, заедно со веродостојниот Сунет на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Аллах го испрати Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, до луѓето и џините, и му го објави Куранот за да суди според него. Куранот е лек за срцата, објаснување за сè, упатство и милост за верниците. Возвишениот вели:

﴿وَهَٰذَا كِتَٰبٌ أَنزَلۡنَٰهُ مُبَارَكٞ فَٱتَّبِعُوهُ وَٱتَّقُواْ لَعَلَّكُمۡ تُرۡحَمُونَ155﴾

„А оваа Книга која ја објавуваме е благословена, затоа следете ја и бидете богобојазливи за да ви се укаже милоста.“ (Ел Енам, 155) Возвишениот исто така вели:

﴿...وَنَزَّلۡنَا عَلَيۡكَ ٱلۡكِتَٰبَ تِبۡيَٰنٗا لِّكُلِّ شَيۡءٖ وَهُدٗى وَرَحۡمَةٗ وَبُشۡرَىٰ لِلۡمُسۡلِمِينَ﴾

„Ние тебе ти ја објавуваме Книгата како објаснување за сè и како упатство и милост и радосна вест за муслиманите.“ (Ен Нахл, 89) Возвишениот на друго место вели:

﴿قُلۡ يَٰٓأَيُّهَا ٱلنَّاسُ إِنِّي رَسُولُ ٱللَّهِ إِلَيۡكُمۡ جَمِيعًا ٱلَّذِي لَهُۥ مُلۡكُ ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَٱلۡأَرۡضِۖ لَآ إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ يُحۡيِۦ وَيُمِيتُۖ فَـَٔامِنُواْ بِٱللَّهِ وَرَسُولِهِ ٱلنَّبِيِّ ٱلۡأُمِّيِّ ٱلَّذِي يُؤۡمِنُ بِٱللَّهِ وَكَلِمَٰتِهِۦ وَٱتَّبِعُوهُ لَعَلَّكُمۡ تَهۡتَدُونَ158﴾

„Кажи: ,О, луѓе, јас сум ви на сите вас Аллахов Пратеник, Неговата власт е и на небесата и на Земјата; нема друг бог освен Него, Тој дава живот и смрт, и затоа верувајте во Аллах и во Пратеникот Негов, веровесникот, кој не знае да чита и да пишува, кој верува во Аллах и во зборовите Негови; следете го него, за да бидете упатени!‘“ (Ел Араф, 158). Ајетите во овој контекст се многубројни.

Четвртата основа е: Верувањето во Божјите пратеници

Тоа, верување исто така подразбира две работи: Прво: Верувањето во Божјите пратеници општо; а тоа е да веруваме дека Возвишениот Аллах им испратил на Своите робови Пратеници од нивните редови, кои носеле радосни вести, предупредувале и повикувале кон вистината; оној кој ќе им се одзвие, ќе ја постигне среќата, а оној кој ќе ги одбие, ќе доживее разочарување и каење. Последниот и најдобриот од сите нив е нашиот Пратеник Мухамед бин Абдулах, салаллаху алејхи ве селем, како што Возвишениот Аллах вели:

﴿وَلَقَدۡ بَعَثۡنَا فِي كُلِّ أُمَّةٖ رَّسُولًا أَنِ ٱعۡبُدُواْ ٱللَّهَ وَٱجۡتَنِبُواْ ٱلطَّٰغُوتَ...﴾

„Ние на секој народ Пратеник му испративме: ,Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот...‘“ (Ен Нахл, 36) Возвишениот исто така вели:

﴿رُّسُلٗا مُّبَشِّرِينَ وَمُنذِرِينَ لِئَلَّا يَكُونَ لِلنَّاسِ عَلَى ٱللَّهِ حُجَّةُۢ بَعۡدَ ٱلرُّسُلِ...﴾

„Пративме Пратеници кои радосни вести и опомени донесуваа, за луѓето, после Пратеникот, никакво оправдување пред Аллах да немаат...“ (Ен Ниса, 165) Возвишениот на друго место кажал:

﴿مَّا كَانَ مُحَمَّدٌ أَبَآ أَحَدٖ مِّن رِّجَالِكُمۡ وَلَٰكِن رَّسُولَ ٱللَّهِ وَخَاتَمَ ٱلنَّبِيِّـۧنَ...﴾

„Мухамед не е татко никому од вашите луѓе, туку е Аллахов Пратеник и последен веровесник...“ (Ел Ахзаб, 40)

Второ: Верување во Божјите пратеници детално; а тоа значи да веруваме детално и поимено во оние од нив кои Аллах ги именувал или чие именување е потврдено од Аллаховиот пратеник, како што се Нух, Худ, Салих, Ибрахим и други.

Петта основа: Верувањето во Последниот ден

А тоа подразбира:

Верување во сè што Возвишениот Аллах и Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè известиле дека ќе се случува по смртта; како задгробното искушение, наградата и казната во гробот, како и сè што ќе се случува на Судниот ден: неговите ужаси и тешкотии, сиратот (мостот над Џехенемот), мизанот (терезијата), пресметката, наградата и казната, како и книгите на делата кои ќе им се делат на луѓето; некои ќе ја примат со десната рака, некои со левата, а на некои истата ќе им се даде зад грбот.

Во ова спаѓа и верувањето во хавдот кој му е даден на нашиот Пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, верувањето во Џенетот и Џехенемот, гледањето на верниците кон нивниот Господар и Неговата комуникација со нив, како и сè друго што е спомнато во Благородниот Куран и веродостојниот Сунет на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Треба да веруваме во сето тоа и да го прифатиме на начин како што го објасниле Аллах и Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Шестата основа: Верувањето во (пред)одредбата - кадерот

Опфаќа четири работи:

Прво: Верување дека Возвишениот Аллах знае сè што се случило и што ќе се случи. Тој ги знае состојбите на Своите робови, нивното намирување, нивниот животен век и нивните дела, и сите други работи што ги засегаат. Ништо не Му е скриено, Славен и Возвишен е Тој! Возвишениот, вели:

﴿...وَٱعۡلَمُوٓاْ أَنَّ ٱللَّهَ بِكُلِّ شَيۡءٍ عَلِيمٞ﴾

„И знајте дека Аллах знае сè.“ (Ел Бекаре, 231) Возвишениот вели:

﴿...لِتَعۡلَمُوٓاْ أَنَّ ٱللَّهَ عَلَىٰ كُلِّ شَيۡءٖ قَدِيرٞ وَأَنَّ ٱللَّهَ قَدۡ أَحَاطَ بِكُلِّ شَيۡءٍ عِلۡمَۢا﴾

„...за да знаете дека Аллах е моќен за сè и дека Аллах со знаењето Свое опфаќа сè!“ (Ет Талак, 12)

Второ: Верување дека Аллах го запишал сето она што го одредил, како што Тој самиот вели:

﴿قَدۡ عَلِمۡنَا مَا تَنقُصُ ٱلۡأَرۡضُ مِنۡهُمۡۖ وَعِندَنَا كِتَٰبٌ حَفِيظُۢ 4﴾

„Ние знаеме што од нив земјата ќе уништи, кај нас е Книгата која сè чува.“ (Каф, 4) И вели:

﴿...وَكُلَّ شَيۡءٍ أَحۡصَيۡنَٰهُ فِيٓ إِمَامٖ مُّبِينٖ﴾

„Ние сето тоа во јасната Книга го набројавме.“ (Јасин, 12) Возвишениот исто така вели:

﴿أَلَمۡ تَعۡلَمۡ أَنَّ ٱللَّهَ يَعۡلَمُ مَا فِي ٱلسَّمَآءِ وَٱلۡأَرۡضِۚ إِنَّ ذَٰلِكَ فِي كِتَٰبٍۚ إِنَّ ذَٰلِكَ عَلَى ٱللَّهِ يَسِيرٞ70﴾

„Зарем не знаеш дека на Аллах Му е познато сè што е на небото и на Земјата? Сето тоа е во Книгата, тоа, навистина, на Аллах му е лесно!“ (Ел Хаџ, 70)

Трето: Верувањето во Аллаховата волја (која целосно се реализира). Тоа што Аллах сака ќе се случи, а тоа што не го сака, не може да се случи. За тоа Возвишениот вели:

﴿...إِنَّ ٱللَّهَ يَفۡعَلُ مَا يَشَآءُ﴾

„Аллах тоа што сака го прави.“ (Ел Хаџ, 18) Во Куранот стои:

﴿إِنَّمَآ أَمۡرُهُۥٓ إِذَآ أَرَادَ شَيۡـًٔا أَن يَقُولَ لَهُۥ كُن فَيَكُونُ82﴾

„И навистина Неговата наредба, кога сака нешто е само за тоа да каже: 'Биди' – и тоа бидува.“ (Јасин, 82) Во Куранот е кажано:

﴿وَمَا تَشَآءُونَ إِلَّآ أَن يَشَآءَ ٱللَّهُ رَبُّ ٱلۡعَٰلَمِينَ29﴾

„А вие не можете ништо да сакате, ако тоа Аллах, Господарот на световите, не го сака!“ (Ет Теквир, 29)

Четврто: Верувањето дека Возвишениот Аллах создал сè што постои, нема друг Создател освен Него и нема друг Господар освен Него. Како што Возвишениот вели:

﴿ٱللَّهُ خَٰلِقُ كُلِّ شَيۡءٖۖ وَهُوَ عَلَىٰ كُلِّ شَيۡءٖ وَكِيلٞ62﴾

„Аллах е Создател на сè и Тој управува со сè.“ (Ез Зумер, 62) Возвишениот исто така вели:

﴿يَٰٓأَيُّهَا ٱلنَّاسُ ٱذۡكُرُواْ نِعۡمَتَ ٱللَّهِ عَلَيۡكُمۡۚ هَلۡ مِنۡ خَٰلِقٍ غَيۡرُ ٱللَّهِ يَرۡزُقُكُم مِّنَ ٱلسَّمَآءِ وَٱلۡأَرۡضِۚ لَآ إِلَٰهَ إِلَّا هُوَۖ فَأَنَّىٰ تُؤۡفَكُونَ3﴾

„О, луѓе, сетете се на благодатта со која Аллах ве опсипува. Постои ли, освен Аллах, некаков друг создател кој од небо и од земја ве снабдува? Освен Него нема друг бог, па тогаш каде се одметнувате?“ (Ел Фатир, 3)

Верувањето во одредбата ги опфаќа сите овие четири основи, според верувањето на ехли сунетот, за разлика од новаторите кои негирале некои од тие основи.

Меѓу важните теми на исправното верување на ехли сунет вел џематот се љубовта заради Аллах и омразата заради Аллах, како и пријателството заради Аллах и непријателството заради Аллах. А тоа е верувањето ел-вела вел-бера, и тоа е дел од верувањето во Аллах.

Верникот ги сака и е близок со верниците, додека ги мрази и не е близок со неверниците. Најпочитуваните меѓу верниците во овој умет се асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како што е утврдено кај следбениците на сунетот и џематот; тие ги сакаат и се блиски со нив, и веруваат дека тие се најдобрите луѓе по Пратеникот. Во тој контекст, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«خَيْرُ القُرُونِ قَرْنِي ثُمَّ الَّذِينَ يَلُونَهُمْ ثُمَّ الَّذِينَ يَلُونَهُم».

„Најдобрата генерација е мојата, потоа оние што доаѓаат по нив, а потоа оние што доаѓаат по нив.“14 Бухари и Муслим

Следбениците на сунетот и џематот веруваат дека најдобриот асхаб е Ебу Бекр ес-Сидик, потоа Омер ел-Фарук, потоа Осман Зун-Нурејн, потоа Али ел-Муртеда, радијаллаху анхум. Потоа следуваат останатите од десеттемина на кои им е ветен Џенетот, а потоа сите други асхаби, радијаллаху анхум. Тие се воздржуваат од коментар за несогласувањата меѓу асхабите и веруваат дека сите тие вложиле крајни напори за да ја достигнат вистината. Оној кој бил во право, има две награди, а оној кој погрешил, има една.

Тие го сакаат семејството на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, оние кои биле верници, и ги сметаат за блиски; и ги сметаат за блиски сопругите на Божјиот пратеник, мајките на верниците. За сите нив велат: „Аллах нека биде задоволен со нив!“ Се одрекуваат од патот на рафидиите (шиитите), кои ги мразат асхабите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и ги навредуваат, и претерано ги возвишуваат членовите на семејството на Пратеникот, издигнувајќи ги на место кое Аллах не им го дал. Исто така, се одрекуваат од патот на насибиите (хариџиите), кои ги навредуваат и им нанесуваат штета на членовите на семејството на Пратеникот со зборови или дела.

Сè што спомнавме е дел од вистинското верување со кое Аллах го испратил Неговиот Пратеник, Мухамед, салаллаху алејхи ве селем. Тоа е верувањето кое сме должни да го веруваме и да го следиме, да останеме истрајни во него и да се чуваме од сè што му е спротивно. Ова е исто така верувањето на спасената група, ехли сунет вел џемат, за кои Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«لَا تَـزَالُ طَائِفَةٌ مِنْ أُمَّتِي ‌ظَاهِرِينَ ‌عَلَى ‌الحَقِّ، لَا يَضُرُّهُمْ مَنْ خَذَلَهُمْ، حَتَّى يَأْتِيَ أَمْرُ اللهِ وَهُمْ كَذَلِكَ».

„Една група од мојот умет секогаш ќе биде на вистината, нема да им наштети оној што ќе ги напушти, сè додека не дојде Аллаховата наредба, и тие ќе останат такви.“15 Во друго предание се вели:

«لَا تَزَالُ طَائِفَةٌ مِنْ أُمَّتِي عَلَى الحَقِّ مَنْصُورَةٌ».

„Една група од мојот умет секогаш ќе биде на вистинскиот пат, потпомогната.“16 тој, салаллаху алејхи ве селем, исто така рекол:

«افْتَرَقَتِ اليَهُودُ عَلَى إِحْدَى وَسَبْعِينَ فِرْقَةً، وَافْتَرَقَتِ النَّصَارَى عَلَى اثْنَتَيْنِ وَسَبْعِينَ فِرْقَةً، وَسَتَفْتَرِقُ هَذِهِ الأُمَّةُ عَلَى ثَلَاثِ وَسَبْعِينَ فِرْقَةً كُلُّهَا فِي النَّارِ إِلَّا وَاحِدَةً فَقَالَ الصَّحَابَةُ: مَنْ هِيَ يَا رَسُولَ اللهِ؟ قَالَ: مَنْ كَانَ عَلَى مِثْلِ مَا أَنَا عَلَيْهِ وَأَصْحَابِي».

„Евреите се поделија на седумдесет и една група, христијаните на седумдесет и две групи, а мојот умет ќе се подели на седумдесет и три групи. Сите ќе влезат во Џехенемот освен една.” Асхабите прашаа: „Која е таа, о Аллахов пратенику?“ Тој одговори: ,,Оние кои ќе го следат она на што сме јас и моите асхаби.”17

Верувањата спротивни на исправното верување

Оние кои отстапуваат од ова верување и го следат спротивниот пат се бројни групи; меѓу нив се оние кои обожуваат идоли, кипови, мелеци, евлии, џини, дрвја, камења и друго. Тие не се одзвале на повикот на пратениците, туку им се спротивставиле и ги негирале, како што направиле и Курејшиите и другите арапски племиња со нашиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем. Тие барале од нивните божества да им ги исполнат потребите, да им ги излечат болните, да им помогнат против непријателите, им принесувале жртви и им се заветувале. Кога пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, им укажал на неисправноста на тоа и им наредил да го упатат ибадетот само кон Возвишениот Аллах, тие зачудено негирале, велејќи:

﴿أَجَعَلَ ٱلۡأٓلِهَةَ إِلَٰهٗا وَٰحِدًاۖ إِنَّ هَٰذَا لَشَيۡءٌ عُجَابٞ5﴾

„Зарем тој боговите да ги сведе само на еден Бог? Тоа е, навистина, нешто многу чудно!“ (Сад,5)

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, постојано ги повикуваше кон Аллах и ги предупредуваше од ширкот, објаснувајќи им ја стварноста и неисправноста на она што го обожуваат, сè додека Аллах не ги упати оние кои ги упати од нив. Потоа, тие влегоа во Аллаховата вера во голем број, така што Аллаховата вера надвладеа над сите други вери, по континуиран повик и долг напор од страна на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговите асхаби, радијаллаху анхум, и оние кои ги следеа во доброто (табиините). Потоа, состојбата се промени и незнаењето надвладеа над повеќето луѓе, така што повеќето од нив се вратија во џахилијет (незнабоштво), претерувајќи во однос на пратениците и добрите луѓе, молејќи ги, барајќи помош од нив и други видови на ширк. Таквите не го разбраа значењето на „„Ла илахе иллаллах“, исправно како што го разбраа арапските неверници значењето на тоа. Аллах нека е напомош!

Овие видови на ширк постојано се ширеле меѓу луѓето до ден денес, главно поради големото незнаење и оддалеченоста од времето на пратеништвото.

Заблудата кај подоцнежните народи е иста како заблудата на претходните народи, а тоа е нивното тврдење:

﴿...هَٰٓؤُلَآءِ شُفَعَٰٓؤُنَا عِندَ ٱللَّهِ...﴾

„Ова се нашите заземачи кај Аллах...“ (Јунус, 18) Нивните зборови се и следните:

﴿...مَا نَعۡبُدُهُمۡ إِلَّا لِيُقَرِّبُونَآ إِلَى ٱللَّهِ زُلۡفَىٰٓ...﴾

„Ние ги обожуваме само за да нè приближат што поблиску до Аллах…“ (Ез Зумер, 3) Аллах ја поби оваа заблуда и разјасни дека секој што покрај Аллах обожува било кого, кој и да е тој, Му припишал здруженик и впаднал во неверство. Возвишениот Аллах вели:

﴿وَيَعۡبُدُونَ مِن دُونِ ٱللَّهِ مَا لَا يَضُرُّهُمۡ وَلَا يَنفَعُهُمۡ وَيَقُولُونَ هَٰٓؤُلَآءِ شُفَعَٰٓؤُنَا عِندَ ٱللَّهِ...﴾

„Тие, покрај Аллах, ги обожуваат тие кои не можат да им наштетат ниту пак можат каква било корист да им донесат, и велат: ‚Ова се нашите заземачи кај Аллах...‘“ (Јунус, 18) Возвишениот Аллах им одговори со Своите зборови:

﴿قُلۡ أَتُنَبِّـُٔونَ ٱللَّهَ بِمَا لَا يَعۡلَمُ فِي ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَلَا فِي ٱلۡأَرۡضِۚ سُبۡحَٰنَهُۥ وَتَعَٰلَىٰ عَمَّا يُشۡرِكُونَ18﴾

„Кажи: ,Како тоа на Аллах да Му кажувате дека на небесата и на Земјата постои нешто, а Тој знае дека не постои?!' Тој е чист и многу високо над тие што Нему Му ги здружуваат!“ (Јунус, 18)

Во овој ајет, Возвишениот Аллах објасни дека обожувањето на некој друг покрај Него, без разлика дали се работи за пратеници, евлии или други, претставува голем ширк, дури и ако неговите извршители го нарекуваат со друго име. Возвишениот вели:

﴿...وَٱلَّذِينَ ٱتَّخَذُواْ مِن دُونِهِۦٓ أَوۡلِيَآءَ مَا نَعۡبُدُهُمۡ إِلَّا لِيُقَرِّبُونَآ إِلَى ٱللَّهِ زُلۡفَىٰٓ...﴾

„И на тие што покрај Него земаат други за заштитници: ,Ние ги обожуваме само за да нè приближат што поблиску до Аллах.‘“ (Ез Зумер, 3) Потоа Возвишениот Аллах им одговори со Своите зборови:

﴿...إِنَّ ٱللَّهَ يَحۡكُمُ بَيۡنَهُمۡ فِي مَا هُمۡ فِيهِ يَخۡتَلِفُونَۗ إِنَّ ٱللَّهَ لَا يَهۡدِي مَنۡ هُوَ كَٰذِبٞ كَفَّارٞ﴾

„Аллах ним, навистина, ќе им пресуди за тоа за коешто тие не се согласуваа. Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што е лажливец и неверник.“ (Ез Зумер, 3)

Со ова, Возвишениот Аллах објасни дека обожувањето на некој друг покрај Него преку дова, стравопочит, надеж и други видови на ибадет, претставува неверство. На тој начин, Тој укажа на неоснованоста на тврдењата дека нивните божества ги приближуваат до Него.

Меѓу неверничките убедувања кои се спротивставуваат на исправното верување и на она со кое дојдоа пратениците, е и тоа што го застапуваат современите атеисти, следбениците на Маркс, Ленин и други поборници на атеизмот. Без разлика дали го нарекуваат социјализам, комунизам, баасизам или со некое друго име, основата на овие атеисти е дека нема бог и дека животот е само материја.

Тие исто така го негираат оживувањето, Џенетот, Џехенемот, и не признаваат ниту една религија. Кој ги проучил нивните книги и учења, го разбрал тоа со сигурност. Несомнено, ова верување е спротивно на сите небесни религии и ги води своите следбеници во пропаст како на овој така и на оној свет.

Меѓу верувањата кои се спротивставуваат на вистината е и она што го застапуваат некои суфии: тие веруваат во таканаречените евлии, за кои сметаат дека заедно со Аллах управуваат со космичките и природните процеси и се вмешуваат во работите на светот. На овие евлии им дале посебни називи во зависност од положбата, како: актаб, евтад, егвас и други имиња што, всушност, ги измислија за нивните лажни божества. Ова е ширк во рубубијетот и спаѓа меѓу најлошите видови ширк кон Возвишениот Аллах.

Кој внимателно ќе размисли за ширкот на претходните од луѓето на џахилијетот и ќе го спореди со ширкот што е распространет меѓу подоцнежните, ќе најде дека ширкот на подоцнежните е поголем и поопасен. Објаснувањето за тоа е како што следи: Арапските неверници во предисламскиот период се разликувале со две работи: Прво: Тие не Му припишуваа Нему рамен во рубубијетот; нивното припишување рамен на Аллах беше во  обожувањето. Тие го признаваа рубубијетот само за Аллах, како што Возвишениот Аллах вели:

﴿وَلَئِن سَأَلۡتَهُم مَّنۡ خَلَقَهُمۡ لَيَقُولُنَّ ٱللَّهُ...﴾

„А ако ги запрашаш кој ги создаде нив, сигурно ќе речат: ,Аллах!'...“ (Ез Зухруф, 87) Возвишениот Аллах, исто така вели:

﴿قُلۡ مَن يَرۡزُقُكُم مِّنَ ٱلسَّمَآءِ وَٱلۡأَرۡضِ أَمَّن يَمۡلِكُ ٱلسَّمۡعَ وَٱلۡأَبۡصَٰرَ وَمَن يُخۡرِجُ ٱلۡحَيَّ مِنَ ٱلۡمَيِّتِ وَيُخۡرِجُ ٱلۡمَيِّتَ مِنَ ٱلۡحَيِّ وَمَن يُدَبِّرُ ٱلۡأَمۡرَۚ فَسَيَقُولُونَ ٱللَّهُۚ فَقُلۡ أَفَلَا تَتَّقُونَ31﴾

„Запрашај: ,Кој ве храни од небото и од земјата, чие дело се слухот и видот, кој го создава живото од неживото, а го претвора живото во неживо, и кој управува со сè?' – ,Аллах!', ќе кажат тие, а ти кажи: ,Па зошто тогаш не се плашите од Него?“ (Јунус, 31) Ајетите во овој контекст се исклучително многубројни.

Второ: Нивниот ширк во ибадетот не бил постојан, туку се јавувал во време на благосостојба, а во време на тешкотии искрено му го посветуваа ибадетот само на Аллах, како што Возвишениот вели:

﴿فَإِذَا رَكِبُواْ فِي ٱلۡفُلۡكِ دَعَوُاْ ٱللَّهَ مُخۡلِصِينَ لَهُ ٱلدِّينَ فَلَمَّا نَجَّىٰهُمۡ إِلَى ٱلۡبَرِّ إِذَا هُمۡ يُشۡرِكُونَ65﴾

„Кога со бродот ќе запловат, искрено Му се молат на Аллах, а кога Тој до копното ќе ги донесе, одеднаш Нему други за рамни Му здружуваат.“ (Ел Анкебут, 65)

 

Подоцнежните мушрици ги надминале своите претходници во два аспекта: Првиот аспект: Ширкот на некои од нив во рубубијетот-господарството. Второ: Нивниот ширк е и во време на благосостојба и во време на тешкотии. Ова го знае секој што ги познава и ги проучувал нивните состојби, кој гледа што прават на гробовите на Хусеин, Бедеви и други во Египет, на гробот на Аидрус во Аден, на гробот на Хади во Јемен, на гробот на Ибн Араби во Шам, на гробот на шејх Абдулкадер Гејлани во Ирак, и на други познати гробови. Обичните луѓе им придаваат големо значење и им посветуваат многу од правата што му припаѓаат исклучително на Возвишениот Аллах. Малкумина се оние кои ги предупредуваат на тоа и им ја објаснуваат вистината за тевхидот што Аллах го испратил преку Неговиот пратеник Мухаммед, салаллаху алејхи ве селем, и преку претходните пратеници, алејхим салату ве селам. Ние сме Аллахови и Нему ќе Му се вратиме.

Меѓу убедувањата кои се спротивставуваат на исправното верување во однос на Аллаховите имиња и својства се: убедувањата на новаторите како џехмиите и мутезилите, како и сите кои го следат нивниот пат во негирањето на Аллаховите својства и верувањето дека Тој не поседува совршени особини. Со тоа, тие Му припишуваат својства на нешто што е непостоечко, материјално или невозможно. Возвишениот Аллах е високо над она со што тие Го опишуваат.

Тука спаѓаат и оние кои негираат дел од Аллаховите својства, а дел потврдуваат, како ешариите. Потврдувањето на некои својства ги обврзува да ги потврдат и другите слични својства, кои ги негирале и погрешно ги толкувале доказите за нив. Со тоа, тие се спротивставиле на верските и рационалните докази и паднале во очигледна контрадикторност.

Што се однесува до следбениците на сунетот и џематот, тие му ги потврдиле на Возвишениот Аллах сите имиња и својства кои Тој самиот си ги потврдил и кои му ги потврдил Неговиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, на начин кој му доликува и Му прилега на Возвишениот. Тие негирале каква било можност за споредување на Аллах со созданијата, а истовремено не негирале ништо од Неговите својства, ниту погрешно ги толкувале. На тој начин, тие ги прифатиле сите докази и се сочувале од контрадикторности во кои паднале другите, како што беше објаснето.

 

Ова е патот на успехот и среќата на двата света. Тоа е правиот пат по кој оделе првите генерации на овој умет и неговите имами. Подоцнежните генерации нема да ја подобрат својата состојба поинаку од начинот на кој тоа го направиле првите генерации. Начинот на подобрување е во следењето на Куранот и Сунетот и напуштањето на она што им се спротивставува. Го молиме Возвишениот Аллах да го врати умметот на правиот пат, да го зголеми бројот на повикувачите кон упатството меѓу неговите припадници, и да им даде успех на водачите и учените на муслиманите во борбата против ширкот, во неговото искоренување и во предупредувањето од неговите средства... Тој, навистина, сè слуша и блиску е. А Аллах е Заштитник и Тој дава успех, Тој ни е доволен и прекрасен Застапник, нема сила ниту моќ освен од Аллах. Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и асхаби.

 

 

***

 


بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

Второто послание: За прописот за барање помош од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем

Благодарноста му припаѓа на Аллах, Божјиот мир и спас нека се со Божјиот пратеник, со неговото семејство, неговите верни другари, асхаби, и сите што го следат неговото упатство.

А потоа: кувајтскиот весник „Ел-Муџтемеа“, во бројот 15 издаден на 19/4/1390  година според хиџретот, објави стихови под наслов „Во спомен на благородното пратеничко раѓање“. Овие стихови содржеа молби упатени кон Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, барајќи преку него да се постигне победа, да му притече во помош на уметот, да му донесе триумф и да го избави од раздорот и несогласувањата во кои западнал. Под нив стоеше потпис од онаа што се нарекла себеси „Амина“. Ова е дел од текстот на споменатите стихови:

О Божји пратенику, спаси го светот... тој го потпалува огнот на војната и гори во нејзиниот пламен.

О Божји пратенику, притекни во помош на уметот... во мракот на сомнежот предолго трае неговото ноќно патување.

О Божји пратенику, притекни му во помош на уметот... во лавиринтите на тагата се загубија неговите виденија.

Па се до нејзините зборови:

Забрзај ја победата како што ја забрза ... на денот на Бедр кога го замоли Аллах.

Па понижувањето се претвори во славна победа... навистина, на Аллах Му припаѓаат војски кои не ги гледате

(На овој начин оваа авторка го упатува својот повик и молба за помош до Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, барајќи од него да му притекне во помош на уметот со забрзување на победата, заборавајќи — или незнаејќи — дека победата е само во рацете на Аллах, а не во рацете на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ниту во рацете на било кое друго создадение, како што вели Возвишениот Аллах, Неговата јасна Книга:

﴿...وَمَا النَّصْرُ إِلَّا مِنْ عِنْدِ اللَّهِ الْعَزِيزِ الْحَكِيمِ﴾

„А нема помош, освен од Аллах, Силниот и Мудриот!“ (Али Имран, 126) Возвишениот исто така вели:

﴿إِنْ يَنْصُرْكُمُ اللَّهُ فَلَا غَالِبَ لَكُمْ وَإِنْ يَخْذُلْكُمْ فَمَنْ ذَا الَّذِي يَنْصُرُكُمْ مِنْ بَعْدِهِ...﴾

„Ако Аллах ви помогне, никој нема да ве победи, а ако ве напушти, кој е тој што, освен Него, ќе може да ви помогне...“ (Али Имран, 160)

Овој чин на дова и барање на помош претставува: упатување на еден вид од видовите на ибадетот кон некој друг освен Возвишениот Аллах, а од јасните шеријатски текстови и консензусот на учените е утврдено дека тоа не е дозволено, и дека Севишниот Аллах ги создаде сите созданија за да Му прават ибадет, а ги испрати пратениците и ги објави книгите за да се појасни тој ибадет и да се повикува кон него, како што Возвишениот Аллах вели:

﴿وَمَا خَلَقْتُ الْجِنَّ وَالْإِنْسَ إِلَّا لِيَعْبُدُونِ56﴾

„Џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Ез Заријат, 56) Возвишениот исто така вели:

﴿وَلَقَدْ بَعَثْنَا فِي كُلِّ أُمَّةٍ رَسُولًا أَنِ اُعْبُدُوا اللَّهَ وَاجْتَنِبُوا الطَّاغُوتَ...﴾

„Ние на секој народ Пратеник му испративме: ,Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот...’“ (Ен Нахл, 36) Аллах исто така вели:

﴿وَمَا أَرْسَلْنَا مِنْ قَبْلِكَ مِنْ رَسُولٍ إِلَّا نُوحِي إِلَيْهِ أَنَّهُ لَا إِلَهَ إِلَّا أَنَا فَاعْبُدُونِ25﴾

„Пред тебе ниту еден Пратеник не испративме, а да не му објавевме: ,Нема бог освен Мене, затоа Мене обожувајте Ме!'“ (Ел Енбија, 25) Негов говор е и следниот:

﴿الر كِتَابٌ أُحْكِمَتْ آيَاتُهُ ثُمَّ فُصِّلَتْ مِنْ لَدُنْ حَكِيمٍ خَبِيرٍ1 أَلَّا تَعْبُدُوا إِلَّا اللَّهَ إِنَّنِي لَكُمْ مِنْهُ نَذِيرٌ وَبَشِيرٌ2﴾

„Елиф–лам–ра. Ова е Книга чии стихови се усовршени, а потоа разјаснети, од Мудриот и Сезнајниот,

само Аллах да Го обожувате, – јас сум ви од Него (пратен) за да опоменувам и радосни вести да ви кажувам.“ (Худ, 1, 2)

Во овие совршени ајети, Возвишениот Аллах појаснил дека Тој не ги создал луѓето и џините освен за да Му прават ибадет единствено Нему, Кој нема содружник. И разјасни дека ги испратил Пратениците –мир и благослов нека се над нив– за да наредат упатување на ибадет само кон Него и да забранат сè што е спротивно на тоа. Возвишениот нè известил и дека ги објавил совршени ајетите на Неговата Книга и ги појаснил во детали, за да не се обожува никој освен Него.

Познато е дека ибадетот значи: издвојувањето на Аллах и покорност кон Него, со извршување на Неговите наредби и оставање на Неговите забрани. Аллах го наредил тоа и известил за тоа во многубројни ајети, меѓу кои ајетот каде Возвишениот Аллах вели:

﴿وَمَا أُمِرُوا إِلَّا لِيَعْبُدُوا اللَّهَ مُخْلِصِينَ لَهُ الدِّينَ حُنَفَاءَ...﴾

„А наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни...“ (Ел Бејине, 5) Тој исто така вели:

﴿وَقَضَى رَبُّكَ أَلَّا تَعْبُدُوا إِلَّا إِيَّاهُ...﴾

„Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате...“ (Ел Исра, 23) И вели:

﴿إِنَّآ أَنزَلۡنَآ إِلَيۡكَ ٱلۡكِتَٰبَ بِٱلۡحَقِّ فَٱعۡبُدِ ٱللَّهَ مُخۡلِصٗا لَّهُ ٱلدِّينَ2 أَلَا لِلَّهِ ٱلدِّينُ ٱلۡخَالِصُۚ وَٱلَّذِينَ ٱتَّخَذُواْ مِن دُونِهِۦٓ أَوۡلِيَآءَ مَا نَعۡبُدُهُمۡ إِلَّا لِيُقَرِّبُونَآ إِلَى ٱللَّهِ زُلۡفَىٰٓ إِنَّ ٱللَّهَ يَحۡكُمُ بَيۡنَهُمۡ فِي مَا هُمۡ فِيهِ يَخۡتَلِفُونَۗ إِنَّ ٱللَّهَ لَا يَهۡدِي مَنۡ هُوَ كَٰذِبٞ كَفَّارٞ3﴾

„Ние, навистина, ти ја објавуваме Книгата, со Вистина, затоа само Аллах обожувај Го, искрено исповедајќи Му ја верата!

Искреното практикување на верата е долг кон Аллах! А на тие што покрај Него земаат други за заштитници: „Ние ги обожуваме само за да нè приближат што поблиску до Аллах“ – Аллах ним, навистина, ќе им пресуди за тоа за коешто тие не се согласуваа. Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што е лажливец и неверник.“ (Ез Зумер, 2-3)

Ајетите во овој контекст се многубројни, и сите укажуваат на обврската за упатување на ибадет само кон Аллах Единствениот и на напуштање на обожувањето на сè друго освен Него, било да се работи за пратениците или други.

Нема сомнение дека довата е од најважните и најсеопфатни видови на ибадет, па задолжително е истата искрено да Му се упатува само на Аллах, како што Возвишениот вели

﴿فَادْعُوا اللَّهَ مُخْلِصِينَ لَهُ الدِّينَ وَلَوْ كَرِهَ الْكَافِرُونَ14﴾

„Затоа молете Го Аллах, искрено исповедувајќи Му ја верата – па макар тоа и да го мразат неверниците.“ (Гафир, 14) Аллах, Славениот исто така вели:

﴿وَأَنَّ الْمَسَاجِدَ لِلَّهِ فَلَا تَدْعُوا مَعَ اللَّهِ أَحَدًا18﴾

„Џамиите се само заради Аллах, и покрај Аллах не молете му се на никого!“ (Ел Џин, 18) Оваа насока, да се упатува дова единствено кон Аллах, ги опфаќа сите созданија, и пратениците и другите. Возвишениот Аллах исто така вели:

﴿وَلَا تَدْعُ مِنْ دُونِ اللَّهِ مَا لَا يَنْفَعُكَ وَلَا يَضُرُّكَ فَإِن فَعَلۡتَ فَإِنَّكَ إِذٗا مِّنَ ٱلظَّٰلِمِينَ106﴾

„И, покрај Аллах, не моли му се на тој што не може ни да ти користи ни да ти наштети, зашто кога би го направил тоа, навистина би бил неверник!“ (Јунус, 106) Ова е обраќање до Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и е познато дека Аллах го заштитил од многубоштвото; а целта со тоа е предупредување на другите. Потоа Возвишениот вели:

﴿وَلَا تَدۡعُ مِن دُونِ ٱللَّهِ مَا لَا يَنفَعُكَ وَلَا يَضُرُّكَ فَإِنْ فَعَلْتَ فَإِنَّكَ إِذًا مِنَ الظَّالِمِينَ106﴾

„И, покрај Аллах, не моли му се на тој што не може ни да ти користи ни да ти наштети, зашто кога би го направил тоа, навистина би бил неверник!“ (Јунус, 106) Ова е обраќање до Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а со него се има за цел: предупредување на другите; бидејќи е познато дека Возвишениот Аллах го заштитил Неговиот Пратеник од ширк. Потоа Возвишениот Аллах го заостри забранувањето и предупредувањето, па вели:

﴿...فَإِنْ فَعَلْتَ فَإِنَّكَ إِذًا مِنَ الظَّالِمِينَ﴾

„Зашто кога би го направил тоа, навистина би бил неверник!“ Зулумот, кога се спомене воопштено, под него се мисли на големиот ширк, како што Возвишениот вели:

﴿...وَالْكَافِرُونَ هُمُ الظَّالِمُونَ﴾

„А неверниците се навистина неправедни!“ (Ел Бекаре, 254) Тој исто така вели:

﴿...إِنَّ الشِّرْكَ لَظُلْمٌ عَظِيمٌ﴾

„Навистина, ширкот (политеизмот) е голема неправда.“ (Лукман, 13) Па ако избраникот на синовите на Адем, алејхи селам, доколку би упатил дова на некој друг освен Аллах, би бил од неправедните – па како е тогаш состојбата на другите?!

Од овие и други ајети се знае дека упатувањето дова кон некој друг освен Аллах – кон мртвите, дрвјата, идолите и слично – претставува ширк и е во спротивност со тевхидот на Аллах во ибадетот, кој е целта поради која Аллах ги создал џините и луѓето, ги испратил пратениците и ги објавил книгите; и е спротивно на значењето на: „Ла илахе илла Аллах“, која го негира ибадетот за било кој друг освен Аллах и го потврдува исклучиво за Него, како што Севишниот Аллах вели:

﴿ذَٰلِكَ بِأَنَّ ٱللَّهَ هُوَ ٱلۡحَقُّ وَأَنَّ مَا يَدۡعُونَ مِن دُونِهِۦ هُوَ ٱلۡبَٰطِلُ وَأَنَّ ٱللَّهَ هُوَ ٱلۡعَلِيُّ ٱلۡكَبِيرُ62﴾

„Тоа е затоа што Аллах е Вистина, а тие на кои, покрај Аллах, им се молат се лага, и затоа што е Аллах Возвишен и Голем.“ (Ел Хаџ, 62)

Ова е и основата на исламот и темелот на верата, а ибадетите се исправни само ако оваа основа е исправна, како што Возвишениот Аллах вели:

﴿وَلَقَدْ أُوحِيَ إِلَيْكَ وَإِلَى الَّذِينَ مِنْ قَبْلِكَ لَئِنْ أَشْرَكْتَ لَيَحْبَطَنَّ عَمَلُكَ وَلَتَكُونَنَّ مِنَ الْخَاسِرِينَ65﴾

„А тебе, и на тие пред тебе им било објавено: ,Ако други на Аллах за рамни Му припишуваш, твоите дела сигурно ќе пропаднат, а ти изгубен ќе бидеш.’“ (Ез Зумер, 65), Господарот наш вели:

﴿...وَلَوْ أَشْرَكُوا لَحَبِطَ عَنْهُمْ مَا كَانُوا يَعْمَلُونَ﴾

„…А да Му припишуваа здруженик, сигурно ќе им пропаднеше тоа што го правеа.“ (Ел Енам, 88)

Од претходното станува јасно дека исламската вера и сведоштвото: „Нема друг вистински бог освен Аллах“ имаат два големи темела:

Прво: Да не биде обожуван никој освен Аллах, Кој нема содружник. Па кој им се моли на мртвите, било да се Божји веровесници или други, или им се моли на идоли, на дрвја, на камења или на други создадени нешта; или од нив бара помош и избавување; или им се приближува со жртвопринесувања и завети; или им упатува дова; или им прави сеџда — таквиот ги земал за господари покрај Аллах, и ги направил Негови содружници — Возвишен е Тој — и го поништува и негира значењето на изјавата: „Нема друг вистински бог освен Аллах.“

Второ: Да не се обожува Аллах освен според шеријатот на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Па кој ќе воведе нешто ново во верата за што Аллах не дал дозвола, тој не го исполнил значењето на сведоштвото дека Мухамед е Аллахов пратеник, и неговото дело нема да му користи ниту ќе биде прифатено кај Аллах. Возвишениот Аллах вели:

﴿وَقَدِمْنَا إِلَى مَا عَمِلُوا مِنْ عَمَلٍ فَجَعَلْنَاهُ هَبَاءً مَنْثُورًا23﴾

„И Ние ќе пристапиме кон делата нивни кои ги правеле, и во прав и пепел ќе ги претвориме.“ (Ел Фуркан, 23) Под делата спомнати во ајетот се мисли на делата на оној кој ќе умре припишувајќи Му нешто на Возвишениот Аллах.

Во тоа исто така спаѓаат и воведените работи во верата за кои Аллах не дал дозвола; тие на Судниот ден ќе бидат како распрсната прашина, бидејќи не се во согласност со Неговиот чист шеријат, како што Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَنْ أَحْدَثَ فِي أَمْرِنَا هَذَا مَا لَيْسَ مِنْهُ فَهُوَ رَدٌّ».

„Кој ќе воведе во нашата вера, нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“ (Бухари и Муслим)

Заклучокот е дека оваа авторка го упатила своето барање за помош и својата молитва кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а се одвратила од Господарот на световите, Аллах ﷻ, во Чија Рака се победата, штетата и користа, и во рацете на никој друг нема ништо од тоа.

Нема сомнение дека ова е голема и погубна неправда, а Аллах, субханеху ве теала, ни наредил да Му упатуваме дова само Нему, им ветил на оние што Му се молат дека ќе им се одѕвие, а на тие што од горделивост се откажуваат од тоа им се заканил со влез во Џехенемот, како што Аллах, субханеху ве теала вели:

﴿وَقَالَ رَبُّكُمُ ادْعُونِي أَسْتَجِبْ لَكُمْ إِنَّ الَّذِينَ يَسْتَكْبِرُونَ عَنْ عِبَادَتِي سَيَدْخُلُونَ جَهَنَّمَ دَاخِرِينَ﴾

„Господарот ваш рече: ,Повикајте Ме и замолете, Јас ќе ви се одѕвијам! Тие што од вообразеност не сакаат да Ме обожуваат – сигурно понижени ќе влезат во Џехенем.’“ (Ел Гафир, 60) Значи: покорени, понижени. Овој благороден ајет укажува дека довата е ибадет, и дека оној што ќе се возгордее и се оддалечи од неа, неговото прибежиште е Џехенемот. Па ако е таква состојбата на оној кој се возгордеал од упатување дова на Аллах, каква ли тогаш ќе биде состојбата на оној што ќе упати дова на некој друг и ќе се одврати од Него, а Тој, Возвишениот, е блиску, Господарот на сè, и Моќен над сè, како што  Возвишениот вели:

﴿وَإِذَا سَأَلَكَ عِبَادِي عَنِّي فَإِنِّي قَرِيبٌ أُجِيبُ دَعْوَةَ الدَّاعِ إِذَا دَعَانِ فَلْيَسْتَجِيبُوا لِي وَلْيُؤْمِنُوا بِي لَعَلَّهُمْ يَرْشُدُونَ 186﴾

„А кога робовите Мои ќе те прашаат за Мене, Јас сум, сигурно, блиску: се одѕивам на молбата на молителот кога ќе Ме замоли. Затоа, нека се одѕвијат тие на Мојот повик и нека веруваат во Мене, за да бидат на Вистинскиот пат.“ (Ел Бекаре, 186) Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нѐ информирал во веродостоен хадис дека довата е ибадет, и му рекол на својот братучед Абдулах ибн Абас, Аллах да е задоволен со двајцата:

«احْفَظِ اللهَ يَحْفَظْكَ، احْفَظِ اللهَ تَجِدْهُ تُجَاهَكَ، إِذَا سَأَلْتَ فَاسْأَلِ اللهَ، وَإِذَا اسْتَعْنَتَ فَاسْتَعِنْ بِاللهِ».

„Чувај го Аллах и Тој ќе те чува. Чувај го Аллах, а Тој ќе биде секогаш со тебе. Кога бараш нешто, барај од Аллах, а кога бараш помош, барај ја од Аллах.“ (Хадисот го бележат Тирмизи и други.)

Исто така, тој, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَنْ مَاتَ وَهُوَ يَدْعُو لِلَّهِ نِدًّا؛ دَخَلَ النَّارَ».

„Кој ќе умре а упатувал дова на некој друг покрај Аллах, ќе влезе во Огнот.“ (Бухари) Во двата Сахиха е забележано дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, бил прашан: „Кој е најголемиот грев?“ Тој рече:

«أَنْ تَجْعَلَ لِلَّهِ نِدًّا وَهُوَ خَلَقَكَ».

„Да Му припишеш здруженик на Аллах, а Тој те создаал.“ Нид (здруженик) е: рамноправен и сличен. Па секој што му се моли на некој друг освен на Аллах, или од него бара помош, или му се заветува, или за него принесува жртва, или на кој било друг начин му упатува нешто од ибадетот – го зема за рамноправен на Аллах, без разлика дали е пратеник, евлија, мелек, џин, идол или нешто друго од создаденијата.

Тука можеби некој ќе каже: Па каков е тогаш прописот за барање од жив, присутен човек за она што е во негова можност, и барање помош од него во опипливите работи што се во неговата моќ? Одговор: Ова дело не спаѓа во делата на ширк, туку е од дозволените, вообичаени работи меѓу муслиманите, како што Возвишениот Аллах во кажувањето за Муса, алејхи селам, вели:

﴿...فَاسْتَغَاثَهُ الَّذِي مِنْ شِيعَتِهِ عَلَى الَّذِي مِنْ عَدُوِّهِ...﴾

„...Па неговиот сонародник го повика на помош против оној од непријателскиот народ...“ (Ел Касас, 15) И како што е спомнато и во приказната за Муса, алејхи селам:

﴿فَخَرَجَ مِنْهَا خَائِفًا يَتَرَقَّبُ...﴾

„И Муса излезе од градот, престрашен, исчекувајќи што ќе се случи...“ (Ел Касас, 21) Слично е и кога човек бара помош од своите другари во војна, и во други работи што им се случуваат на луѓето, во кои имаат потреба едни од други.

Возвишениот Аллах му наредил на Неговиот пратеник, салаллаху алјхи ве селем, да го извести неговиот умет дека тој не располага со моќ да му донесе на било кого корист ниту да му нанесе штета. Возвишениот Аллах вели:

﴿قُلْ إِنَّمَا أَدْعُو رَبِّي وَلَا أُشْرِكُ بِهِ أَحَدًا21 قُلْ إِنِّي لَا أَمْلِكُ لَكُمْ ضَرًّا وَلَا رَشَدًا22﴾

„Кажи: ,Јас само на Господарот свој Му се клањам, и никого Нему рамен не Му сметам.'

Кажи: ,Јас не сум во состојба од вас некаква штета да отстранам, ниту на некој од вас каква било корист да му обезбедам.'“ (Ел Џин, 21, 22), Возвишениот исто така вели:

﴿قُلْ لَا أَمْلِكُ لِنَفْسِي نَفْعًا وَلَا ضَرًّا إِلَّا مَا شَاءَ اللَّهُ وَلَوْ كُنْتُ أَعْلَمُ الْغَيْبَ لَاسْتَكْثَرْتُ مِنَ الْخَيْرِ وَمَا مَسَّنِيَ السُّوءُ إِنْ أَنَا إِلَّا نَذِيرٌ وَبَشِيرٌ لِقَوْمٍ يُؤْمِنُونَ188﴾

„Кажи: ,Јас не можам ни на самиот себеси некаква корист да си сторам, ниту од себеси некаква штета да тргнам; се случува така како што сака Аллах. А да го познавам невидливото, ќе стекнев многу добра, а злото ќе беше далеку од мене; јас само ги донесувам опомените и радосните вести на луѓето кои веруваат.’“ (Ел Араф, 188)

Ајетите во овој контекст се многубројни.

Познато е и дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не упатувал дова на никој друг освен на неговиот Господар, како што е потврдено дека на денот на битката кај Бедр Му се обраќал за помош на Аллах, и од Него барал победа над својот непријател, упорно настојувајќи во тоа, и велел: „О Господару мој, исполни ми го она што ми го вети.“ Сѐ додека ес-Сидик ел-Екбер, Ебу Бекр, радијаллаху анху, не му рече: „Доволно е, о Аллахов пратенику, затоа што Аллах, навистина, ќе ти го исполни она што ти го вети.“ Аллах, Возвишениот, по тој повод ги објави Неговите зборови:

﴿إِذۡ تَسۡتَغِيثُونَ رَبَّكُمۡ فَٱسۡتَجَابَ لَكُمۡ أَنِّي مُمِدُّكُم بِأَلۡفٖ مِّنَ ٱلۡمَلَٰٓئِكَةِ مُرۡدِفِينَ9﴾

„И кога од Господарот свој помош побаравте, Тој ви се одѕва: ,Ќе ви пратам на помош илјада мелеци кои едни по други ќе доаѓаат.’“ (Ел Енфал, 9) Возвишениот во овие ајети ја спомна нивната молба за помош, и соопшти дека им ја прифати молбата, па им даде поткрепа со мелеците; за да ги израдуваат со победа и да им влеат смиреност. Исто така, Возвишениот појасни дека победата не е од мелеците, туку од Него, па Возвишениот вели:

﴿وَمَا النَّصْرُ إِلَّا مِنْ عِنْدِ اللَّهِ...﴾

„А нема помош, освен од Аллах...“ (Али Имран, 126) Тој исто така вели:

﴿وَلَقَدْ نَصَرَكُمُ اللَّهُ بِبَدْرٍ وَأَنْتُمْ أَذِلَّةٌ فَاتَّقُوا اللَّهَ لَعَلَّكُمْ تَشْكُرُونَ123﴾

„Аллах и на Бедр ви помогна, кога бевте малубројни! Затоа плашете се од Аллах, за да бидете благодарни!“ (Али Имран, 123) Во овој ајет Тој, Возвишениот и Севишниот, појасни дека Тој беше нивниот Помагател на денот на Бедр. Оттаму се знае дека она што им го даде од оружје и сила, и поткрепата со мелеци, сето тоа е од причините за помош, радосна вест и смиреност; а помошта не е од нив, туку е исклучиво од Аллах. Па како се осмелува оваа писателка или некој друг да ја насочи својата молба за помош и барањето за победа кон Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а да се одврати од Господарот на световите, Сопственикот на сè и Семоќниот над сè?!

Нема сомнение дека ова е од најгрдото незнаење, и претставува и еден од најтешките облици на ширк. Затоа, авторката мора да се покае кај Возвишениот Аллах со искрено тевбе, а искрената тевба ги опфаќа неколку работи, а тоа се: Прво: Искреното каење за направеното. Второ: Целосното напуштање на стореното. Трето: Цврста одлука да не се повтори гревот, од почит кон Аллах и со искреност кон Него, преку извршување на она што ни го наредил и избегнување на она што ни го забранил. Ова е искреното тевбе - покајание. Постои и четврта работа, која важи кога повредата е на штета на правата на созданијата, и тоа е:

Четврто: Враќањето на правото на оној кому му припаѓа, или барање халал од него.

Возвишениот Аллах им наредил на Неговите робови да се покајат и им ветил дека ќе го прифати нивното покајание, како што Возвишениот вели:

﴿وَتُوبُوا إِلَى اللَّهِ جَمِيعًا أَيُّهَ الْمُؤْمِنُونَ لَعَلَّكُمْ تُفْلِحُونَ31﴾

„И покајте се сите заедно пред Аллах, о, верници, за да бидете успешни.“ (Ен Нур, 31) Тој врзано со христијаните Тој вели:

﴿أَفَلَا يَتُوبُونَ إِلَى اللَّهِ وَيَسْتَغْفِرُونَهُ وَاللَّهُ غَفُورٌ رَحِيمٌ74﴾

„Зошто тие не се покајат кај Аллах и не замолат прошка од Него? А Аллах простува и Милостив е.“ (Ел Маиде, 74) Возвишениот исто така вели:

﴿وَالَّذِينَ لَا يَدْعُونَ مَعَ اللَّهِ إِلَهًا آخَرَ وَلَا يَقْتُلُونَ النَّفْسَ الَّتِي حَرَّمَ اللَّهُ إِلَّا بِالْحَقِّ وَلَا يَزْنُونَ وَمَنْ يَفْعَلْ ذَلِكَ يَلْقَ أَثَامًا68 يُضَاعَفْ لَهُ الْعَذَابُ يَوْمَ الْقِيَامَةِ وَيَخْلُدْ فِيهِ مُهَانًا69 إِلَّا مَنْ تَابَ وَآمَنَ وَعَمِلَ عَمَلًا صَالِحًا فَأُولَئِكَ يُبَدِّلُ اللَّهُ سَيِّئَاتِهِمْ حَسَنَاتٍ وَكَانَ اللَّهُ غَفُورًا رَحِيمًا70﴾

„И тие кои покрај Аллах на друг бог не му се молат, и тие, коишто Аллах ги забранил, не ги убиваат, освен кога правдата бара, и кои не прават блуд; а кој тоа го прави, ќе ја искуси казната,

страдањето на оној свет двојно ќе му биде, и во него вечно понижен ќе остане,

освен тие што ќе се покајат и ќе поверуваат и добри дела ќе прават, Аллах нивните лоши дела во добри ќе ги смени, а Аллах простува и Милостив е.“ (Ел Фуркан, 68-70) Возвишениот исто така вели:

﴿وَهُوَ الَّذِي يَقْبَلُ التَّوْبَةَ عَنْ عِبَادِهِ وَيَعْفُو عَنِ السَّيِّئَاتِ وَيَعْلَمُ مَا تَفْعَلُونَ25﴾

„Тој ги прима покајанијата од робовите Свои и ги простува лошите дела и знае што правите.“ (Еш Шура, 25)

Исто така, веродостојно се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«الإِسْلَامُ يَهْدِمُ مَا كَانَ قَبْلَهُ، وَالتَّوْبَةُ تَجُبُّ مَا كَانَ قَبْلَهَا».

„Исламот ги брише претходните гревови, а покајанието ги поништува.“

Овие концизни редови ги составив поради големината на опасноста од ширкот, бидејќи тој е најтешкиот грев, од страв да не се залажат со она што го објави оваа писателка, и поради обврската за искрено советување заради Аллах и кон Неговите робови. Го молам Возвишениот Аллах да биде од корист, да ги поправи нашите состојби и состојбите на сите муслимани, и да нè обдари сите со исправно разбирање на Неговата вера и истрајност во неа, да нè заштити нас и муслиманите од злото на нашите души и од лошите последици на нашите дела. Навистина, Тој е нашиот заштитник и е Семоќен.

Божјите благослови, мир и благодат нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и асхабите.

 

 

***

 


بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

Трето послание

За прописот на барањето помош од џините и шејтаните и заветувањето ним

Од Абдулазиз бин Абдулах бин Баз, до сите муслимани што го читаат ова: Аллах нека ме потпомогне мене и нив да се држиме за Неговата вера и да истраеме на неа. Амин!

Ес селаму алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху.

А потоа: Некои од браќата ме прашаа за она што го прават некои од неуките, од повикување на други покрај Возвишениот Аллах и барање помош од други покрај Него во важни работи — како што е повикување на џините и барање помош од нив, завет на нив и принесување жртва за истите. Исто така, некои од нив велат: „О седумина“, т.е.: „седумина од поглаварите на џините, фатете го, скршете му ги коските, испиејте му ја крвта, осакатете го; о седумина, направете му тоа и тоа.“ Такво е и кажувањето на некои: „Фатете го, о џинови на пладнето, о џинови на попладнето.“ Ова многу често се среќава во некои од јужните области. Во оваа категорија спаѓа и: упатување дова на мртвите од редот на Божјите пратеници и добрите луѓе (кои се веќе на оној свет) и на други, како и упатување дова на мелеците и барање на помош од нив. Сето ова и сличното се јавува кај многумина што се повикуваат на исламот и дека се муслимани, од незнаење и поради слепо следење на оние пред нив. Некои дури го потценуваат тоа и се повикуваат на зборовите: „Ова е нешто што само по навика го изговараме; не е тоа со намера, ниту пак веруваме во тоа.“

Ме прашаа, исто така, за прописот за стапување во брак со оние кои се познати по овие дела, за нивните заклани животни, за извршување џеназе намаз за нив и клањање намаз зад нив, како и за верувањето на врачарите и претскажувачите — како и во оние што тврдат дека го знаат заболувањето и неговите причини само по увид во нешто што го допрело телото на болниот, како што се турбанот, панталоните, шамијата и слично.

Одговор: Благодарноста му припаѓа единствено на Аллах. Аллаховиот благослов и спас се за последниот Пратеник, неговото семејство, неговите асхаби, и сите што го следат нивниот пат сѐ до Судниот ден.

По овој вовед велам: Навистина, Возвишениот Аллах ги создал луѓето и џините за да Му прават ибадет исклучиво Нему, а не на никој друг; само Нему да Му упатуваат дова и од Него да бараат спас, Нему да Му принесуваат курбан и да Му се заветуваат, како и сите други ибадети. Поради тоа, Аллах ги испратил пратениците и им го наредил тоа, и ги објавил небеските книги – од кои највозвишен е Благородниот Куран – со цел вистината да биде појаснета, да се повикува кон неа и да се предупредуваат луѓето од ширкот и обожувањето на други покрај Него. Ова е основа на основите и темелот на верата и верувањето. Тоа е значењето на сведоштвото: „Нема друг вистински бог освен Аллах“, чија суштина е: „Нема друго божество што со право заслужува да биде обожувано освен Аллах“. Со ова се негира божественоста и обожувањето на сè друго освен Аллах, а се потврдува (т.е. обожувањето) единствено за Аллах, и за никој друг од созданијата. Доказите за ова од Аллаховата Книга и Сунетот на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се многубројни. Од нив се зборовите на Возвишениот:

﴿وَمَا خَلَقْتُ الْجِنَّ وَالْإِنْسَ إِلَّا لِيَعْبُدُونِ56﴾

„Џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Ез Заријат, 56) И Неговите зборови:

﴿وَقَضَى رَبُّكَ أَلَّا تَعْبُدُوا إِلَّا إِيَّاهُ...﴾

„Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате...“ (Ел Исра, 23) Како и Неговите зборови:

﴿وَمَا أُمِرُوا إِلَّا لِيَعْبُدُوا اللَّهَ مُخْلِصِينَ لَهُ الدِّينَ حُنَفَاءَ...﴾

„А наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни...“ (Ел Бејине, 5) Неговите зборови се и следниве:

﴿وَقَالَ رَبُّكُمُ ادْعُونِي أَسْتَجِبْ لَكُمْ إِنَّ الَّذِينَ يَسْتَكْبِرُونَ عَنْ عِبَادَتِي سَيَدْخُلُونَ جَهَنَّمَ دَاخِرِينَ60﴾

„Господарот ваш рече: ,Повикајте Ме и замолете, Јас ќе ви се одѕвијам! Тие што од вообразеност не сакаат да Ме обожуваат – сигурно понижени ќе влезат во Џехенем.‘“ (Ел Гафир, 60) Возвишениот исто така вели:

﴿وَإِذَا سَأَلَكَ عِبَادِي عَنِّي فَإِنِّي قَرِيبٌ أُجِيبُ دَعْوَةَ الدَّاعِ إِذَا دَعَانِ...﴾

„А кога робовите Мои ќе те прашаат за Мене, Јас сум, сигурно, блиску: се одѕивам на молбата на молителот кога ќе Ме замоли...“ (Ел Бекаре, 186)

Следствено, Возвишениот Аллах во овие ајети појаснил дека ги создал џините и луѓето за да Го обожуваат Него, и дека им заповеда — односно: да им нареди и да им препорача — на Своите робови во Благородниот Куран, и преку зборовите на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, никого да не обожуваат освен нивниот Господар.

Возвишениот Аллах, појаснува дека довата е величествен ибадет; оној што од горделивост се одвраќа од неа ќе влезе во Џехенемот. Им нареди на Неговите робови да Му упатуваат дова само Нему, и извести дека Тој е блиску и им се одѕвива на нивните дови. Затоа, на сите робови им е обврска да Му ја упатат довата исклучиво на нивниот Господар, затоа што таа е вид на ибадет заради кој се создадени и за кој им е наредено. Возвишениот Аллах вели:

﴿قُلْ إِنَّ صَلَاتِي وَنُسُكِي وَمَحْيَايَ وَمَمَاتِي لِلَّهِ رَبِّ الْعَالَمِينَ162 لَا شَرِيكَ لَهُ وَبِذَلِكَ أُمِرْتُ وَأَنَا أَوَّلُ الْمُسْلِمِينَ163﴾

„Кажи: ,Клањањето мое, и обредите мои, и животот мој, и смртта моја, навистина Му се посветени на Аллах, Господарот на световите,

Кој нема соучесник; тоа ми е наредено и јас сум првиот муслиман.“ (Ел Енам, 162-163)

Аллах му нареди на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, да им каже на луѓето дека неговиот намаз и неговите обреди — а тоа е жртвувањето (курбаот) —, и неговиот живот и неговата смрт, се за Аллах, Господарот на световите; Кој нема содружник. Врз основа на тоа: кој принесува жртва за некого друг освен Аллах, му припишал здруженик на Аллах, исто како кога би клањал (намаз) за некој друг освен Аллах; затоа што Севишниот Аллах, ги поставил намазот и курбанот како паралелни ибадети, и известил дека тие се само за Аллах, Единствениот, Кој нема никого истоветен. На тој начин, секој што ќе заколе курбан за некој друг освен Аллах, било за џинови, мелеци, мртви или други, со тоа бара да им се приближи, и тој е ист како оној што му го посветува својот намаз на некој друг освен Аллах. Во веродостоен хадис Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол:

«لَعَنَ اللهُ مَنْ ذَبَحَ لِغَيْرِ اللهِ».

„Аллах го проколнал тој што ќе заколе курбан за некој друг освен за Аллах.“ Имамот Ахмед, со добар синџир на пренесувачи од Тарик бин Шихаб, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مرَّ رَجُلَانِ عَلَى قَومٍ لَهُم صَنَمٌ لَا يَجُوزُهُ أَحَدٌ حَتَّى يُقرِّبَ لَهُ شَيئًا، فَقَالُوا لِأَحَدِهِمَا: قَرِّبْ. قَالَ: لَيسَ عِندِي شَيءٌ أَقَرِّبُهُ، قَالُوا: قَرِّبْ وَلَوْ ذَبَابًا، فَقَرَّبَ ذُبَابًا، فَخَلُّوا سَبِيلَهُ، فَدَخَلَ النَّارَ، وَقَالُوا لِلآخَرِ: قَرِّبْ. قَالَ: مَا كُنْتُ لِأُقَرِّبَ لِأَحَدٍ شَيْئًا دُونَ اللهِ جَلَّ جَلَالُهُ، فَضَرَبُوا عُنُقَه، فَدَخَلَ الجَنَّةَ».

„Двајца мажи поминаа покрај народ што имаше идол; никој не можеше да помине покрај него сè додека не му принесе нешто. Му рекоа на едниот: ‚Принеси!’ Тој рече: ‚Немам ништо што би можел да го принесам.’ Рекоа: ‚Принеси, па макар и мува.’ Па принесе мува, и го пуштија да помине, па влезе во Огнот. А на другиот му рекоа: ‚Принеси!’ Тој рече: ‚Никогаш не би принел ништо на никого освен на Возвишениот Аллах.’ Тогаш му ја отсекоа главата, па влезе во Џенетот.“

Ако оној што му се приближил на идол или нешто слично преку принесување жртва – макар и со мува или нешто безначајно – се смета за многубожец што заслужува влез во Оганот, тогаш што да се каже за оној што ги повикува со дова џините, мелеци и евлиите (Аллаховите штитеници)? Што е со оној што бара спас и помош од нив, се заветува во нивно име, им се приближува со принесување жртви, надевајќи се на чување на својот имот, оздравување на болниот, безбедност на добитокот и посевите? А што пак со оној што го прави тоа од страв од злото на џините или нешто слично?! Нема сомнеж дека оној што го прави ова и слични дела уште повеќе заслужува да биде сметан за многубожец и да влезе во Огнот, отколку оној човек што принел мува како жртва на идолот.

Од она што е пренесено за оваа тема — исто така — се и Аллаховите зборови:

﴿إِنَّآ أَنزَلۡنَآ إِلَيۡكَ ٱلۡكِتَٰبَ بِٱلۡحَقِّ فَٱعۡبُدِ ٱللَّهَ مُخۡلِصٗا لَّهُ ٱلدِّينَ2 أَلَا لِلَّهِ ٱلدِّينُ ٱلۡخَالِصُۚ وَٱلَّذِينَ ٱتَّخَذُواْ مِن دُونِهِۦٓ أَوۡلِيَآءَ مَا نَعۡبُدُهُمۡ إِلَّا لِيُقَرِّبُونَآ إِلَى ٱللَّهِ زُلۡفَىٰٓ إِنَّ ٱللَّهَ يَحۡكُمُ بَيۡنَهُمۡ فِي مَا هُمۡ فِيهِ يَخۡتَلِفُونَۗ إِنَّ ٱللَّهَ لَا يَهۡدِي مَنۡ هُوَ كَٰذِبٞ كَفَّارٞ3﴾

„Ние, навистина, ти ја објавуваме Книгата, со Вистина, затоа само Аллах обожувај Го, искрено исповедајќи Му ја верата!

Искреното практикување на верата е долг кон Аллах! А на тие што покрај Него земаат други за заштитници: ,Ние ги обожуваме само за да нè приближат што поблиску до Аллах' – Аллах ним, навистина, ќе им пресуди за тоа за коешто тие не се согласуваа. Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што е лажливец и неверник.“ (Ез Зумер, 1-3) Возвишениот исто така вели:

﴿وَيَعْبُدُونَ مِنْ دُونِ اللَّهِ مَا لَا يَضُرُّهُمْ وَلَا يَنْفَعُهُمْ وَيَقُولُونَ هَؤُلَاءِ شُفَعَاؤُنَا عِنْدَ اللَّهِ قُلْ أَتُنَبِّئُونَ اللَّهَ بِمَا لَا يَعْلَمُ فِي السَّمَاوَاتِ وَلَا فِي الْأَرْضِ سُبْحَانَهُ وَتَعَالَى عَمَّا يُشْرِكُونَ18﴾

„Тие, покрај Аллах, ги обожуваат тие кои не можат да им наштетат ниту пак можат каква било корист да им донесат, и велат: ‚Ова се нашите заземачи кај Аллах.‘ Кажи: ‚Како тоа на Аллах да Му кажувате дека на небесата и на Земјата постои нешто, а Тој знае дека не постои?!‘ Тој е чист и многу високо над тие што Нему Му ги здружуваат!“ (Јунус, 18)

Во овие два ајета, Возвишениот Аллах известува дека многубошците земале, покрај Него, заштитници од созданијата, па ги обожувале со стравопочит, надеж, жртвување, заветување, дова и слични видови на ибадет. Тие тврделе дека тие заштитници ќе ги приближат до Аллах и ќе се заземат за нив кај Него. Потоа Возвишениот Аллах ги демантира, ја разјаснува неоснованоста на нивното верување и ги нарекува лажговци, неверници и мушрици, а Самиот Себеси се возвиши над нивниот ширк, Возвишениот Аллах вели:

﴿...سُبْحَانَهُ وَتَعَالَى عَمَّا يُشْرِكُونَ﴾

„Славен нека е Тој и високо над тие што за рамни Му ги припишуваат.“ (Ен Нахл, 1) Па така станува јасно дека оној што ќе земе мелек, или пратеник, или џин, или дрво, или камен – па го повикува покрај Аллах, бара помош од него и му се приближува со заветување и колење курбан, надевајќи се на негово застапништво кај Аллах и приближување до Него, или пак се надева на излекување на болниот, заштита на имотот, безбедност на отсутниот или нешто слично – таквиот западнал во овој голем ширк и тешка неволја, за која Аллах вели:

﴿إِنَّ اللَّهَ لَا يَغْفِرُ أَنْ يُشْرَكَ بِهِ وَيَغْفِرُ مَا دُونَ ذَلِكَ لِمَنْ يَشَاءُ وَمَنْ يُشْرِكْ بِاللَّهِ فَقَدِ افْتَرَى إِثْمًا عَظِيمًا48﴾

„Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува, а ќе прости сè освен тоа кому Тој сака! А тој што на Аллах Му припишува здруженик, тој прави клевета и голем грев.“ (Ен Ниса, 48) Возвишениот исто така вели:

﴿إِنَّهُ مَنْ يُشْرِكْ بِاللَّهِ فَقَدْ حَرَّمَ اللَّهُ عَلَيْهِ الْجَنَّةَ وَمَأْوَاهُ النَّارُ وَمَا لِلظَّالِمِينَ مِنْ أَنْصَارٍ72﴾

„Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во Џенетот и неговото живеалиште ќе биде Џехенемот; а на злосторниците нема никој да им помогне!“ (Ел Маиде, 72)

Застапувањето на Судниот ден ќе биде само за оние кои веруваат во Аллаховото едноштво и се искрени, а не за оние кои прават ширк, како што рекол Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога му било речено: „О, Аллахов пратенику, кој ќе биде најсреќен со твоето заземање (шефат)?“ Тој одговори:

«مَنْ قَالَ: لَا إِلَهَ إِلَّا اللهُ خَالِصًا مِنْ قَلْبِهِ».

„Кој искрено од своето срце ќе каже: ‚Ла илахе иллаллах.‘“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, исто така, рекол:

«لِكُلِّ نَبِيٍّ دَعْوَةٌ مُسْتَجَابَةٌ، فَتَعَجَّلَ كُلُّ نَبِيٍ دَعْوَتَهُ، وَإِنِّي اخْتَـبَأْتُ دَعْوَتِي شَفَاعَةً لِأُمَّتِي يَومَ القِيَامَةِ، فَهِيَ نَائِلَةٌ إِنْ شَاءَ اللهِ مَن مَاتَ مِنْ أُمَّتِي لَا يُشْرِكُ بِاللهِ شَيْئًا».

„Секој пратеник има по една дова која ќе му биде примена; па секој пратеник побрзал да ја искористи својата дова, а јас својата дова ја сочував како шефат за мојот умет на Судниот ден. Па тој (шефатот), ако Аллах посака, ќе му припадне на оној од мојот умет кој ќе умре, не правејќи Му ширк на Аллах.“

Раните мушрици веруваа дека Аллах е нивниот Господар, Создател и Снабдувач, но се потпираа на веровесниците, евлиите, мелеците, дрвјата, камењата и сличното, надевајќи се на нивното застапништво кај Аллах и дека тие ќе ги приближат кај Него, како што претходно беше наведено во ајетите. Аллах не ги оправда за тоа, напротив Возвишениот ги осуди во Неговата величествена Книга и ги нарече неверници и многубошци (мушрици), укажувајќи на неоснованоста на нивното тврдење дека овие божества се заземаат за нив (шефаат) и ги приближуваат до Аллах. И Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, исто така не ги оправда, туку се бореше против нив поради овој ширк сè додека обожувањето не го посветат само на Аллах, работејјќи според Неговите зборови, Возвишениот Аллах вели:

﴿وَقَاتِلُوهُمْ حَتَّى لَا تَكُونَ فِتْنَةٌ وَيَكُونَ الدِّينُ لِلَّهِ...﴾

„И борете се против нив сè додека не исчезне идолопоклонството и додека само на Аллах верата Му се исповедува...“ (Ел Бекаре, 193) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«أُمِرْتُ أَنْ أُقَاتِلَ النَّاسَ حَتَّى يَشْهَدُوا أَنْ لَا إِلهَ إِلَّا اللهُ وَأَنَّ مُحَمَّدًا رَسُولُ اللهِ، وَيُقِيمُوا الصَّلَاةَ، وَيُؤتُوا الزَّكَاةَ، فَإِذَا فَعَلُوا ذَلِكَ عَصَمُوا مِنِّي دِمَاءَهُم وَأَمْوَالَهُمْ إِلَّا بِحَقِّ الإِسْلَامِ، وَحِسَابُهُم عَلَى اللهِ».

„Наредено ми е да се борам против луѓето сè додека не посведочат дека нема друго божество освен Аллах и дека Мухамед е Аллаховиот пратеник, сè додека извршуваат намаз и даваат зекат. Ако направат вака, тогаш им се безбедни и животите и имотите, освен ако направат престап против прописите на исламот, а за останатото ќе бидат одговорни пред Аллах.“ Значењето на неговите зборови е:

«حَتَّى يَشْهَدُوا أَن لَا إِلهَ إِلَّا اللهُ».

„Сè додека не посведочат дека нема друг вистински Бог освен Аллах“ Што значи сè додека само Аллах не Го издвојат во обожувањето, исклучувајќи сè друго.

Навистина, многубошниците се плашеа од џините и бараа прибежиште кај нив. Во врска со тоа, Возвишениот Аллах вели:

﴿وَأَنَّهُ كَانَ رِجَالٌ مِنَ الْإِنْسِ يَعُوذُونَ بِرِجَالٍ مِنَ الْجِنِّ فَزَادُوهُمْ رَهَقًا6﴾

„И имаше луѓе кои од џините помош бараа, па така стравот уште повеќе им го зголемија.“ (Ел Џин, 6) Муфесирите (толкувачите на Куранот) околу значењето на на благородниот ајет рекле: Неговите зборови

﴿...فَزَادُوهُمْ رَهَقًا﴾

„Па така стравот уште повеќе им го зголемија.“ Значат: со ужас и страв; затоа што џините се возгордеваат и се воздигаат кога ќе видат дека луѓето бараат прибежиште кај нив, па тогаш уште повеќе ги заплашуваат и ужасуваат, за да ги натераат сè повеќе да ги обожуваат и да прибегнуваат кон нив.

А како замена за тоа, Аллах им даде на муслиманите да бараат прибежиште кај Него, Возвишениот, преку Неговите совршени зборови, а по тој повод  ги објави Неговите зборови:

﴿وَإِمَّا يَنْزَغَنَّكَ مِنَ الشَّيْطَانِ نَزْغٌ فَاسْتَعِذْ بِاللَّهِ إِنَّهُ سَمِيعٌ عَلِيمٌ200﴾

„А ако шејтанот настојува да те натера на зло, ти побарај прибежиште кај Аллах, Тој навистина сè слуша и сè знае.“ (Ел Араф, 200) И Неговите зборови:

﴿قُلْ أَعُوذُ بِرَبِّ الْفَلَقِ1﴾

„Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на мугрите.‘“ Исто така, веродостојно се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَنْ نَزَلَ مَنْزِلًا فَقَالَ: (أَعُوذُ بِكَلِمَاتِ اللهِ التَّامَّاتِ مِنْ شَرِّ مَا خَلَقَ)؛ لَم يَضُرَّهُ شَيءٌ حَتَّى يَرْتَحِلَ مِنْ مَنْزِلِهِ ذَلِكَ».

„Кој ќе отседне на некое место и каже: ,Е’узу би келиметиллахит-таммати мин шерри ма халека.‘ (Барам заштита, со потполните Аллахови зборови од злото кое го создал.) Ништо лошо нема да му се случи сè додека не замине од тоа место.“

Претходно наведените ајети и хадиси, оној што се стреми кон спас, сака да ја зачува својата вера и да биде безбеден од ширкот – во неговите суптилни и очигледни форми – разбира дека приврзаноста кон мртвите, мелеците, џините и другите созданија, нивното повикување, барањето заштита од нив и слично, спаѓа во делата на многубошците од времето на џахилиетот и претставува една од најгрдите форми на ширк кон Возвишениот Аллах. Затоа, должност е тоа да се напушти, да се чуваме од тоа, меѓусебно да се советуваме за негово напуштање и да се осуди оној што тоа го прави.

А оној што е познат меѓу луѓето по овие политеистички постапки: не е дозволено да се стапи во брак со него, ниту да се јаде од она што тој го заклал, ниту да му се клања џеназе намаз, ниту да се клања намаз позади него, сè додека јавно не се покае кај Аллах од тоа, и довата и ибадетот искрено да им ги посвети исклучиво на Аллах, Единствениот. Довата е ибадет, па дури е и нејзината суштина, како што  Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«الدُّعَاءُ هُوَ العِبَادَةُ».

„Довата е ибадет.“ Во друго предание од него, салаллаху алејхи ве селем, се пренесува, дека рекол:

«الدُّعَاءُ مُخُّ العِبَادَةِ».

„Довата е сржта на ибадетот.“ Што се однесува до бракот со мушриците, Возвишениот Аллах вели:

﴿وَلَا تَنْكِحُوا الْمُشْرِكَاتِ حَتَّى يُؤْمِنَّ وَلَأَمَةٌ مُؤْمِنَةٌ خَيْرٌ مِنْ مُشْرِكَةٍ وَلَوْ أَعْجَبَتْكُمْ وَلَا تُنْكِحُوا الْمُشْرِكِينَ حَتَّى يُؤْمِنُوا وَلَعَبْدٌ مُؤْمِنٌ خَيْرٌ مِنْ مُشْرِكٍ وَلَوْ أَعْجَبَكُمْ أُولَئِكَ يَدْعُونَ إِلَى النَّارِ وَاللَّهُ يَدْعُو إِلَى الْجَنَّةِ وَالْمَغْفِرَةِ بِإِذْنِهِ وَيُبَيِّنُ آيَاتِهِ لِلنَّاسِ لَعَلَّهُمْ يَتَذَكَّرُونَ221﴾

„Не женете се со идолопоклоничките сè додека не станат вернички; навистина, робинката-верничка е подобра од идолопоклоничката, макар и да ви се допаѓа. Не мажете вернички за идолопоклоници сè додека не станат верници; навистина, робот-верник е подобар од идолопоклоникот, макар и да ви се допаѓа. Тие повикуваат во Огнот, а Аллах со волјата Своја повикува кон Џенет и простување, и им ги објаснува знаците Свои на луѓето, за да се потсетуваат!“ (Ел Бекаре, 221) На овој начин Аллах им забрани на муслиманите да се женат со многубошки – од редот на оние што обожуваат идоли, џини, мелеци и друго – сè додека искрено не Му го посветат обожувањето само на Аллах, не му поверуваат на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во она со што е дојден и не го следат неговиот пат. Исто така, им забрани на муслиманките да се мажат за многубошци, сè додека тие искрено не Му го посветат обожувањето само на Аллах, не му поверуваат на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и не го следат неговиот пат.

Аллах нè известува дека робинката-верничка е подобра од слободната многубошка – дури и ако им се допаѓа на оние што ја гледаат и го слушаат нејзиниот говор, поради нејзината убавина и красноречивост. Исто така, робот-верник е подобар од слободниот многубожец – дури и ако му се восхитуваат оние што го гледаат и го слушаат, поради неговата убавина, красноречивост, храброст или други особини. Потоа, Аллах ги појасни причините за ова предимство со Неговите зборови:

﴿...أُولَئِكَ يَدْعُونَ إِلَى النَّارِ...﴾

„Тие повикуваат во Огнот...“ (Ел Бекаре, 221) Се мисли на: многубожците и многубошките; затоа што тие, со своите зборови и дела, со својот животен пат и морал, се повикувачи кон Џехенемот. А верниците и верничките, пак, со својот морал, своите дела и својот животен пат повикуваат кон Џенетот. Па како да бидат еднакви тие две различни категории на луѓе!

А што се однесува до клањањето џеназе намаз за мушриците, Возвишениот Аллах во однос на лицемерите вели:

﴿وَلَا تُصَلِّ عَلَى أَحَدٍ مِنْهُمْ مَاتَ أَبَدًا وَلَا تَقُمْ عَلَى قَبْرِهِ إِنَّهُمْ كَفَرُوا بِاللَّهِ وَرَسُولِهِ وَمَاتُوا وَهُمْ فَاسِقُونَ84﴾

„И за никој од нив, кога ќе умре, немој да се молиш, ниту на погребот негов да присуствуваш, бидејќи тие во Аллах и во Неговиот Пратеник не веруваат и како неверници умираат!“ (Ет Теубе, 84) Возвишениот Аллах во овој благороден ајет појаснил дека на лицемерот и на неверникот не им се клања џеназе намаз, поради нивното неверство во Аллах и Неговиот пратеник. Исто така, не се клања намаз зад нив, ниту пак тие се поставуваат како имами на муслиманите – поради нивното неверство, недостојноста за доверба и големото непријателство што постои помеѓу нив и муслиманите. Дополнително, тие не се од оние што го извршуваат намазот и ибадетот, затоа што неверството и ширкот не овозможуваат да опстои ниедно нивно дело. Го молиме Аллах за заштита од тоа. А во однос на консумирањето од месото што го заклале многубошците, Возвишениот Аллах вели, појаснувајќи ја забраната на мршата и месото на многубошците:

﴿وَلَا تَأْكُلُوا مِمَّا لَمْ يُذْكَرِ اسْمُ اللَّهِ عَلَيْهِ وَإِنَّهُ لَفِسْقٌ وَإِنَّ الشَّيَاطِينَ لَيُوحُونَ إِلَى أَوْلِيَائِهِمْ لِيُجَادِلُوكُمْ وَإِنْ أَطَعْتُمُوهُمْ إِنَّكُمْ لَمُشْرِكُونَ121﴾

„Не јадете го тоа при чие колење не е спомнато Аллаховото име, тоа е навистина, грев! А шејтаните ги наведуваат штитениците свои да се расправаат со вас, па кога би им се покориле, и вие, сигурно, многубошци би станале.“ (Ел Енам, 121) Возвишениот Аллах им забрани на муслиманите да јадат мрша и закланото од многубошците, затоа што многубожецот е нечист, па неговото заклано животно има статус на мрша – дури и ако врз него се спомне Аллаховото име. Спомнувањето од негова страна е ништовно и без дејство, бидејќи тоа е ибадет, а ширкот го поништува ибадетот и го прави неважечки, сè додека многубожецот не се покае на Возвишениот Аллах. Имено, Возвишениот Аллах ја дозволил храната на следбениците на Книгата во Неговите зборови:

﴿...وَطَعَامُ الَّذِينَ أُوتُوا الْكِتَابَ حِلٌّ لَكُمْ وَطَعَامُكُمْ حِلٌّ لَهُمْ...﴾

„...и ви се дозволува храната на тие на кои им е дадена Книгата, и вашата храна им е дозволена на нив...“ (Ел Маиде, 5) Тие се повикуваат на небеска вера и тврдат дека се следбеници на Муса и Иса, иако во тоа лажат. Аллах ја дерогирал нивната вера и ја поништил со испраќањето на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, како пратеник за сите луѓе. Сепак, Севишниот Аллах ни ја дозволи храната на следбениците на Книгата и нивните жени, поради длабока мудрост и возвишени скриени тајни што учените јасно ги појасниле. За разлика од тоа, многубошците – обожаватели на идоли и мртвите, било од редот на пратениците, праведниците или други – немаат вера со основа, ниту привид на оправдување, туку нивната вера е ништовна од темел. Затоа нивната жртва е мршина и не е дозволено да се јаде.

А во врска со тоа, некој да му каже на оној кому му се обраќа: „џин те снашол“, „џин те фатил“, „шејтан те понел“, и слично - тоа спаѓа во категоријата на пцуење и навредување, а таквото нешто не е дозволено меѓу муслиманите, исто како и сите други облици пцуење и навредување. Тоа не се смета за ширк, освен ако оној што го кажува тоа верува дека џините располагаат со луѓето самостојно, без дозвола и волја на Аллах. Кој и да верува такво нешто за џините или за други суштества, - со тоа уверување паѓа во неверство; затоа што Возвишениот Аллах е Владетел на сè, семоќен над сè. Тој е Оној Кој носи корист и нанесува штета, и ништо не се случува освен со Неговата дозвола, Неговата волја и Неговата претходна одредба. Аллах, џеле џелалуху, му нареди на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, да им го соопшти на луѓето овој возвишен темел:

﴿قُلْ لَا أَمْلِكُ لِنَفْسِي نَفْعًا وَلَا ضَرًّا إِلَّا مَا شَاءَ اللَّهُ وَلَوْ كُنْتُ أَعْلَمُ الْغَيْبَ لَاسْتَكْثَرْتُ مِنَ الْخَيْرِ وَمَا مَسَّنِيَ السُّوءُ إِنْ أَنَا إِلَّا نَذِيرٌ وَبَشِيرٌ لِقَوْمٍ يُؤْمِنُونَ188﴾

„Кажи: ,Јас не можам ни на самиот себеси некаква корист да си сторам, ниту од себеси некаква штета да тргнам; се случува така како што сака Аллах. А да го познавам невидливото, ќе стекнев многу добра, а злото ќе беше далеку од мене; јас само ги донесувам опомените и радосните вести на луѓето кои веруваат.‘“ (Ел Араф, 188) Па ако предводникот на созданијата и најдобриот меѓу нив, салаллаху алејхи ве селем, не може ни себеси некаква корист да си нанесе, ниту од себеси некаква штета да си отстрани, освен она што ќе посака Аллах, па каква тогаш е состојбата со другите од созданијата?! Ајетите во овој контекст се многубројни.

А кога станува збор за прашувањето на гатачите, врачевите, астролозите и сличните на нив, од оние што се занимаваат со пренесување вести за гајбот (скриеното), тоа е осудено и не е дозволено, а верувањето во она што го зборуваат е уште потешко и отфрлено. Тоа спаѓа во ограноците на неверството, поради зборовите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем:

«مَنْ أَتَى عَرَّافًا فَسَأَلَهُ عَنْ شَيءٍ؛ لَمْ تُقْبَلْ لَهُ صَلَاةٌ أَرْبَعِينَ يَومًا».

„Кој ќе посети гатач и ќе го праша за нешто, намазот нема да му биде примен четириесет дена.“ (Го бележи Муслим во неговиот Сахих.) Исто така, во веродостоен хадис од Муавија бин Хакем ес-Сулеми, радијаллаху анху, стои дека

«أَنَّ النَّبيَّ ﷺ نَهَى عَنْ إِتْيَانِ الكُهَّانِ وَسُؤَالِهِم».

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, забранил да се оди кај гатачи и врачеви и да се прашуваат.

И составувачите на Сунаните пренесуваат од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол:

«مَنْ أَتَى كَاهِنًا، فَصَدَّقَهُ بِمَا يَقُولُ؛ فَقَدْ كَفَرَ بِمَا أُنْزِلَ عَلَى مُحَمَّدٍ ﷺ».

„Тој што ќе посети гатач и ќе му поверува во тоа што го вели, го негирал она што му е објавено на Мухамед - салаллаху алејхи ве селем.“ Хадисите во овој контекст се многубројни. Затоа, на муслиманите им е должност да се пазат од барање помош од гатачи, врачеви и претскажувачи, како и од сите други слични луѓе, кои се занимаваат со известување за гајбот (скриеното) и со заведување на муслиманите, без разлика дали тоа го прават во име на медицината или нешто друго, поради претходно спомнатата забрана на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговото предупредување од тоа. Во ова спаѓа и она што некои луѓе го тврдат под изговор на медицината, од работи од доменот на скриеното: кога ќе го помирисаат турбанот на болниот или шамијата на болната, или нешто слично, па велат: „Овој болен или оваа болна го направил/а тоа и тоа, извршил/а тоа и тоа“ — работи од скриеното за кои во турбанот на болниот и сличното нема никаков доказ. Целта од тоа е само заведување на обичниот народ, за да речат: „Тој ја познава медицината, видовите на болестите и нивните причини.“ Понекогаш таквите луѓе даваат и нешто од лекови, па може тоа да се совпадне со излекување по Аллахова одредба, и народот да помисли дека тоа било поради нивните лекови. Понекогаш болеста е предизвикана од некои џини и шејтани, кои му служат на тој самопрогласен лекар и му откриваат дел од скриеното во кое имаат увид. Тој се потпира на тоа и ги задоволува џините и шејтаните со она од обожување што им соодветствува. Потоа тие се повлекуваат од тој болен и престануваат со опседнувањето и штетата што му ја нанесуваа. Ова е нешто познато за џините и шејтаните и за оние што ги користат.

За муслиманите е задолжително, исто така, да се пазат од тоа и да се советуваат меѓусебно да го напуштат, потпирајќи се на Семоќниот Аллах и имајќи тевекул врз Него во сите работи. Нема пречка да се користи шеријатската рукја и дозволените лекови, како и лекување кај лекари кои вршат клинички преглед на пациентот и со вообичаени, опипливи и разумни средства ја утврдуваат неговата болест. Веродостојно е пренесено од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол:

«مَا أَنْزَلَ اللهُ دَاءً إِلَّا أَنْزَلَ لَهُ شِفَاءً، عَلِمَهُ مَنْ علِمه، وَجَهِلَهُ مَنْ جَهِلَهُ».

„Аллах не спуштил (на Земјата) болест, а да не спуштил и лек за неа – го знае оној што знае, и не го знае оној што не знае.“ Тој, салаллаху алејхи ве селем, исто така, рекол:

«لِكُلِّ دَاءٍ دَوَاءٌ، فإِذَا أُصِيبَ دَوَاءٌ الدَّاءَ بََرَأَ بِإِذْنِ اللهِ».

„За секоја болест има лек; кога лекот ќе биде соодветен на болеста, ќе настапи излекување со Аллахова дозвола.“ Негов, салаллаху алејхи ве селем, говор е и следниот:

«عِبَادَ اللهِ، تَدَاوَوا وَلَا تَدَاوَوا بِحَرَامٍ».

„Лекувајте се, о Аллахови робови, само не лекувајте се со харам.“ Хадисите во овој контекст се многубројни.

Го молиме Возвишениот Аллах да ги подобри состојбите на сите муслимани, да ги излекува нивните срца и тела од секое зло, да ги обедини вистинскиот пат и да нè заштити нас и нив од заведувачките искушенија и од покорност кон шејтанот и неговите сојузници. Навистина, Тој е Семоќен над сè, а нема сила ниту моќ освен кај Аллах, Возвишениот, Великиот.

Божјите благослови, мир и спас нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и неговите асхаби.

 

 

***

 


بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

Четвртото послание:

За прописот на вршењето на ибадет со новотарски зикрови и зикрови што содржат ширк

Од Абдулазиз бин Абдулах бин Баз до почитуваниот брат (.........), Аллах нека му даде успех во секое добро. Амин.

Селам алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху.

Потоа велам: Откако го примив вашето почитувано писмо, Аллах нека го зацврсти вашето упатство, и она што се содржи во него како известување дека во вашата земја има луѓе кои цврсто се држат за одредени редовни зикрови и молитвени формули за кои Аллах не објавил никаков доказ; некои од нив се новотарски, а некои содржат ширк, и истите им ги припишуваат на водачот на правоверните, Али бин Еби Талиб – Аллах да е задоволен од него – и на други. Тие го рецитираат тоа на собирите за зикир или во џамиите по акшамскиот намаз, тврдејќи дека тоа е средство за приближување до Аллах, како што велат: „Со правото на Аллах, о Аллахови блиски, помогнете нè со Аллахова помош и бидете ни потпора со Аллахова помош.“ Такви се и нивните зборови: „О, кутбови и о, големци, одговорете ни, о вие што ни давате потпора; заземете се кај Аллах за нас. Овој ваш роб стои пред вас, на вашиот праг пребива и се плаши од своите пропусти. Притекни ни во помош, о Аллахов Пратенику. Немам кон кого друг да одам освен кон тебе, и преку тебе се исполнува бараното. А вие сте Аллахови блиски, па со повикување на Хамза, предводникот на шехидите – кој од вас ќе ни даде потпора? Притекни ни во помош, о Аллахов Пратенику.“ Нивни се и зборови: „О, Аллаху, испрати благослови врз оној кого Ти го направи причина за откривање на тајните на Твојата надмоќ и за пројавување на Твоите милосни светлини, та стана претставник од името на божествената присутност и намесник на Твоите суштински тајни.“

Вашето прашање за појаснување – што од ова спаѓа во новотарија, што во ширк, и дали е валиден намазот зад имам кој моли со ваква дова – дали сето тоа беше познато ка првите генерации?

Одговор: Благодарноста му припаѓа единствено на Аллах. Аллахоите благослови и мир нека се над оној после кого нема друг веровесник, како и над неговото семејство и неговите асхаби, и сите што го следат неговото упатство сѐ до Судниот ден.

А потоа: Биди од оние кои знаат — Аллах нека те упати — дека Возвишениот Аллах ги создал сите созданија и ги испратил Пратениците, Аллаховиот благослов нека е над сите, за да се обожува само Тој, Кој нема содружник, а не ништо друго освен Него, како што Возвишениот вели:

﴿وَمَا خَلَقْتُ الْجِنَّ وَالْإِنْسَ إِلَّا لِيَعْبُدُونِ56﴾

„Џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Ез Заријат, 56)

А ибадетот — како што веќе беше појаснето — е: покорност кон Возвишениот Аллах и покорност кон Неговиот пратеник, Мухамед, салаллаху алејхи ве селем; преку извршување на она што Аллах и Неговиот пратеник го наредиле, и оставување на она што Аллах и Неговиот пратеник го забраниле; со верба во Аллах и во Неговиот пратеник, и искреност кон Аллах во делата, со целосна љубов кон Аллах и со целосна понизност единствено Нему, Возвишениот, а не кон никој друг; како што Возвишениот Аллах вели:

﴿وَقَضَى رَبُّكَ أَلَّا تَعْبُدُوا إِلَّا إِيَّاهُ...﴾

„Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате...“ (Ел Исра, 23) Што значи дека Возвишениот Аллах заповедал и наредил само Тој да се обожува. Возвишениот исто така вели:

﴿الْحَمْدُ لِلَّهِ رَبِّ الْعَالَمِينَ2 الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ3 مَالِكِ يَوْمِ الدِّينِ4 إِيَّاكَ نَعْبُدُ وَإِيَّاكَ نَسْتَعِينُ5﴾

„Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.

Семилосниот, Милостивиот.

Владетелот на Судниот ден.

Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!“ (Ел Фатиха, 2-5) Со овие ајети, Севишниот Аллах појасни дека единствено Тој заслужува да биде обожуван и единствено од Него се бара помош. Возвишениот вели:

﴿إِنَّآ أَنزَلۡنَآ إِلَيۡكَ ٱلۡكِتَٰبَ بِٱلۡحَقِّ فَٱعۡبُدِ ٱللَّهَ مُخۡلِصٗا لَّهُ ٱلدِّينَ2 أَلَا لِلَّهِ ٱلدِّينُ ٱلۡخَالِصُۚ...﴾

„Ние, навистина, ти ја објавуваме Книгата, со Вистина, затоа само Аллах обожувај Го, искрено исповедајќи Му ја верата!

Искреното практикување на верата е долг кон Аллах!“ (Ез Зумер, 2-3) Возвишениот исто така вели:

﴿فَادْعُوا اللَّهَ مُخْلِصِينَ لَهُ الدِّينَ وَلَوْ كَرِهَ الْكَافِرُونَ14﴾

„Затоа молете Го Аллах, искрено исповедувајќи Му ја верата – па макар тоа и да го мразат неверниците.“ (Гафир, 14) Возвишениот исто така вели:

﴿وَأَنَّ الْمَسَاجِدَ لِلَّهِ فَلَا تَدْعُوا مَعَ اللَّهِ أَحَدًا18﴾

„Џамиите се само заради Аллах, и покрај Аллах не молете му се на никого!“ (Ел Џин, 18) Ајетите во овој контекст се многубројни, и сите укажуваат на обврската за упатување на дела кои се ибадет само кон Аллах.

Општопознато е и дека довата, во сите нејзини облици, е ибадет; па не е дозволено никому од луѓето да упатува дова освен на Возвишениот Аллах, ниту да бара помош ниту спас освен од Него, постапувајќи согласно со овие благородни ајети и со сличните на нив по значење. Од ова се исклучени вообичаените работи и опипливите причини што се во моќ на живо и присутно создание, зашто тие не спаѓаат во ибадет. Напротив, според шеријатските текстови и со консензус на исламските зналци, дозволено е човек да побара помош од жив и способен човек во вообичаени работи што се во негова моќ – на пример, да му се обрати за помош за да се одврати злото од неговото дете, неговиот слуга, неговото куче и слично. Исто така, дозволено е да се побара помош од жив, присутен и способен човек, или од отсутен – преку опипливи средства, како што е испраќање порака и слично – при изградба на куќа, поправка на автомобил и слични работи. Во тоа спаѓа и барањето на итна помош од неговите соборци за време на џихад и војна, и слично на тоа. Со ова значење се и зборовите на Возвишениот Аллах во случката со Муса, алејхи селам:

﴿...فَاسْتَغَاثَهُ الَّذِي مِنْ شِيعَتِهِ عَلَى الَّذِي مِنْ عَدُوِّهِ...﴾

„...па неговиот сонародник го повика на помош против оној од непријателскиот народ...“ (Ел Касас, 15)

А што се однесува до барањето помош од мртвите, џините и мелеците, како и од дрвјата и камењата – тоа спаѓа во голем ширк и е од истата природа како делата на првите многубошци со нивните божества, како ел-Уза, ел-Лат и други. Истото важи и за барањето помош и потпирањето на живи лица кои ги сметаат како евлии (Аллахови штитеници), во работи за кои само Аллах има моќ – како што се: излекување на болните, упатување на срцата, внесување во Џенет, спасување од Огнот и слично.

Претходните ајети, како и сите што имаат исто значење од ајети и хадиси, укажуваат на обврската срцата да се насочуваат кон Аллах во сите работи и на искреното упатување на ибадет единствено кон Аллах. Луѓето и џините се создадени за тоа и тоа им е наредено – како што беше наведено во претходните ајети – и како што Возвишениот вели:

﴿وَاعْبُدُوا اللَّهَ وَلَا تُشْرِكُوا بِهِ شَيْئًا...﴾

„И обожувајте Го Аллах и ништо не Му здружувајте!“ (Ен Ниса, 36) Аллах, Семоќниот, вели:

﴿وَمَا أُمِرُوا إِلَّا لِيَعْبُدُوا اللَّهَ مُخْلِصِينَ لَهُ الدِّينَ...﴾

„А наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни, верата да Му ја исповедаат…“ (Ел Бејине, 5) Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во хадисот кој го пренесува Муаз, Аллах нека е задоволен со него, рекол:

«حَقُّ اللهِ عَلَى العِبَادِ أَنْ يَعْبُدُوهُ وَلَا يُشْرِكُوا بِهِ شَيْئًا».

„Аллаховото право кај робовите е да Го обожуваат и да не Му припишуваат здруженик.“ (Бухари и Муслим) Зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во хадисот на Ибн Месуд, Аллах нека е задоволен со него:

«مَنْ مَاتَ وَهُوَ يَدْعُو لِلهِ نِدًّا؛ دَخَلَ النَّارَ».

„Кој умре а упатувал дова на некој друг покрај Аллах, ќе влезе во Огнот.“ (Бухари) Во двата Сахиха е забележан и хадис кој го пренесува Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со обајцата, во кој Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога го испратил Муаз во Јемен, му рекол:

«إِنَّكَ تَأْتِي قَومًا أَهْلَ كِتَابٍ، فَلْيَكُنْ أَوَّلَ مَا تَدْعُوهُم إِلَيهِ شَهَادَةِ أَنْ لَا إِلهَ إِلَّا اللهُ».

„Одиш кај народ од ехли китаб (следбениците на книгата – евреи и христијани). Прво на што ќе ги повикаш нека биде да посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах.“ Во друго предание се вели:

«اُدْعُهُمْ إِلَى شَهَادَةِ أَنْ لَا إِلهَ إِلَّا اللهُ وَأَنِّي رَسُولُ اللهِ».

„Повикај ги да посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека јас сум Аллахов пратеник.“ Во преданието кај Бухари стои:

«فَلْيَكُنْ أَوَّلَ مَا تَدْعُوهُم إِلَى أَنْ يُوَحِّدُوا اللهَ».

„Првото на што ќе ги повикаш нека биде едноштвото на Аллах.“ Имамот Муслим од Тарик бин Ешјем ел Ешџеи, радијаллаху анху, бележи, дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَنْ قَالَ: لَا إِلهَ إِلَّا اللهُ، وَكَفَرَ بِمَا يُعْبَدُ مِن دُونِ اللهِ؛ حَرُمَ مَالُهُ وُدَمُهُ، وَحِسَابُهُ عَلَى اللهِ جَلَّ جَلَالُهُ».

„Кој ќе каже: ,Ла илахе иллаллах‘ – дека нема вистински бог освен Аллах и ќе негира сè друго што покрај Аллах се обожува, неговиот имот и живот се заштитени (свети), а пресметката со него ќе биде кај Аллах, џелле џелалуху.“ Хадисите во овој контекст се многубројни.

Овој тевхид е основа на исламската вера, темелот на верувањето, најважната и најголемата обврска. Тој е мудроста зад која стои создавањето на двете разумни битија – луѓето и џиновите – и мудроста во испраќањето на сите пратеници, мир и благослов нека е над нив, како што претходно беа спомнати ајетите што на тоа укажуваат, меѓу нив се и Аллаховите зборови:

﴿وَمَا خَلَقْتُ الْجِنَّ وَالْإِنْسَ إِلَّا لِيَعْبُدُونِ56﴾

„Џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Ез Заријат, 56) Од доказите за тоа — исто така — се и зборовите на Возвишениот:

﴿وَلَقَدْ بَعَثْنَا فِي كُلِّ أُمَّةٍ رَسُولًا أَنِ اُعْبُدُوا اللَّهَ وَاجْتَنِبُوا الطَّاغُوتَ...﴾

„Ние на секој народ Пратеник му испративме: ,Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот...‘“ (Ен Нахл, 36) И Аллаховите зборови:

﴿وَمَا أَرْسَلْنَا مِنْ قَبْلِكَ مِنْ رَسُولٍ إِلَّا نُوحِي إِلَيْهِ أَنَّهُ لَا إِلَهَ إِلَّا أَنَا فَاعْبُدُونِ25﴾

„Пред тебе ниту еден Пратеник не испративме, а да не му објавевме: ,Нема бог освен Мене, затоа Мене обожувајте Ме!‘“ (Ел Енбија, 25) Возвишениот Аллах, пренесувајќи ни ги зборовите на Нух, Худ, Салих и Шуајб, алејхим селам до нивните народи, вели:

﴿...اعْبُدُوا اللَّهَ مَا لَكُمْ مِنْ إِلَهٍ غَيْرُهُ...﴾

„Обожувајте Го само Аллах, вие друг бог освен Него немате...“ (Ел Араф, 59) Ова беше пораката на сите Пратеници, како што на тоа укажуваат двата претходни ајета. А непријателите на Пратениците признаа дека Пратениците им наредиле да се обожува само Аллах и да се оддалечат од лажните божества што се обожуваат покрај Него, како што не известува Возвишениот Аллах, во случката со народот Ад, кога тие му рекоа на Худ, алејхи селам:

﴿...أَجِئْتَنَا لِنَعْبُدَ اللَّهَ وَحْدَهُ وَنَذَرَ مَا كَانَ يَعْبُدُ آبَاؤُنَا...﴾

„...Зарем ни дојде заради тоа само Аллах да Го обожуваме, а тие кои ги обожуваа нашите предци да ги напуштиме...“ (Ел Араф, 70) Возвишениот Аллах не известува и за зборовите на Курејшиите, кога нашиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, ги повика да Му го посветат обожувањето исклучиво на Аллах и да го остават сето она што го обожуваат покрај Него — било да се работи за мелеци, евлии, идоли, дрвја и слично:

﴿أَجَعَلَ الْآلِهَةَ إِلَهًا وَاحِدًا إِنَّ هَذَا لَشَيْءٌ عُجَابٌ5﴾

„Зарем тој боговите да ги сведе само на еден Бог? Тоа е, навистина, нешто многу чудно!“ (Сад, 5)  Возвишениот исто така не известува за нив:

﴿إِنَّهُمْ كَانُوا إِذَا قِيلَ لَهُمْ لَا إِلَهَ إِلَّا اللَّهُ يَسْتَكْبِرُونَ35 وَيَقُولُونَ أَئِنَّا لَتَارِكُوٓاْ ءَالِهَتِنَا لِشَاعِرٖ مَّجۡنُونِۭ36﴾

„Кога им се велеше: ,Само Аллах е Бог!' – тие беа вообразени

и говореа: ,Зарем да ги напуштиме божествата наши поради еден луд поет?!‘“ (Ес Сафат, 35-36) Ајетите во овој контекст се многубројни.

Од она што го спомнавме од ајетите и хадисите, ќе ти стане јасно — Аллах нека ме упати и мене и тебе кон разбирање на верата и проницливост за правото на Господарот на световите — дека овие дови и видовите на барање помош што ги спомна во твоето прашање, сите тие спаѓаат во видовите на голем ширк; бидејќи тоа претставува ибадет насочен кон некој друг освен Аллах и барање работи за кои никој освен Него нема моќ, било од мртвите или отсутните. А тоа е полошо од ширкот на првите, затоа што тие чинеа ширк само во време на благосостојба, додека во време на неволји искрено ја исповедаа верата само Нему, бидејќи знаеле дека Тој — славен и возвишен е — е единствениот што може да ги избави од неволјите, а не некој друг. Како што вели Возвишениот Аллах во Неговата јасна Книга за тие што Му припишуваат здруженици:

﴿فَإِذَا رَكِبُواْ فِي ٱلۡفُلۡكِ دَعَوُاْ ٱللَّهَ مُخۡلِصِينَ لَهُ ٱلدِّينَ فَلَمَّا نَجَّىٰهُمۡ إِلَى ٱلۡبَرِّ إِذَا هُمۡ يُشۡرِكُونَ65﴾

„Кога со бродот ќе запловат, искрено Му се молат на Аллах, а кога Тој до копното ќе ги донесе, одеднаш Нему други за рамни Му здружуваат.“ (Ел Анкебут, 65) Возвишениот Аллах, обраќајќи им се во друг ајет вели:

﴿وَإِذَا مَسَّكُمُ ٱلضُّرُّ فِي ٱلۡبَحۡرِ ضَلَّ مَن تَدۡعُونَ إِلَّآ إِيَّاهُۖ فَلَمَّا نَجَّىٰكُمۡ إِلَى ٱلۡبَرِّ أَعۡرَضۡتُمۡۚ وَكَانَ ٱلۡإِنسَٰنُ كَفُورًا67﴾

„Кога ќе ве снајде неволја на море, тогаш ги нема тие на кои вообичаено им се молите, постои само Тој. А кога Тој на копното ќе ве спаси, вие се свртувате (од Него); човекот секогаш е неблагодарен!“ (Ел Исра, 67)

Ако некој од овие подоцнежни мушрици рече: „Нашата намера не е тие сами по себе да бидат од корист, ниту сами по себе да ги лекуваат нашите болни, ниту сами по себе да ни донесат корист или да ни наштетат, туку нашата намера е нивното заземање пред Возвишениот Аллах во тоа.“

Одговорот е да му се каже: Ова е токму намерата и целта на претходните многубошци. Тие не веруваа дека нивните божества создаваат или снабдуваат, ниту пак дека користат или штетат сами по себе, зашто тоа го поништува она што Аллах го спомнал за нив во Куранот. Тие го посакуваа нивното застапништво, нивниот углед и нивните божества да ги приближат до Аллах, како што Возвишениот Аллах вели:

﴿وَيَعۡبُدُونَ مِن دُونِ ٱللَّهِ مَا لَا يَضُرُّهُمۡ وَلَا يَنفَعُهُمۡ وَيَقُولُونَ هَٰٓؤُلَآءِ شُفَعَٰٓؤُنَا عِندَ ٱللَّهِ...﴾

„Тие, покрај Аллах, ги обожуваат тие кои не можат да им наштетат ниту пак можат каква било корист да им донесат, и велат: „Ова се нашите заземачи кај Аллах..“ (Јунус, 18) Возвишениот Аллах им одговори на тоа со Неговите зборови:

﴿...قُلۡ أَتُنَبِّـُٔونَ ٱللَّهَ بِمَا لَا يَعۡلَمُ فِي ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَلَا فِي ٱلۡأَرۡضِۚ سُبۡحَٰنَهُۥ وَتَعَٰلَىٰ عَمَّا يُشۡرِكُونَ﴾

„Кажи: ,Како тоа на Аллах да Му кажувате дека на небесата и на Земјата постои нешто, а Тој знае дека не постои?!' Тој е чист и многу високо над тие што Нему Му ги здружуваат!“ (Јунус, 18) Следствено, Возвишениот појасни дека Тој не знае – ниту на небесата ниту на Земјата – за никаков застапник кај Него на начинот што го замислуваат многубошците. А она за чие постоење Аллах не знае – не постои, бидејќи Нему ништо не Му е скриено. Возвишениот исто така вели:

﴿تَنزِيلُ ٱلۡكِتَٰبِ مِنَ ٱللَّهِ ٱلۡعَزِيزِ ٱلۡحَكِيمِ 1 إِنَّآ أَنزَلۡنَآ إِلَيۡكَ ٱلۡكِتَٰبَ بِٱلۡحَقِّ فَٱعۡبُدِ ٱللَّهَ مُخۡلِصٗا لَّهُ ٱلدِّينَ2 أَلَا لِلَّهِ ٱلدِّينُ ٱلۡخَالِصُۚ وَٱلَّذِينَ ٱتَّخَذُواْ مِن دُونِهِۦٓ أَوۡلِيَآءَ مَا نَعۡبُدُهُمۡ إِلَّا لِيُقَرِّبُونَآ إِلَى ٱللَّهِ زُلۡفَىٰٓ إِنَّ ٱللَّهَ يَحۡكُمُ بَيۡنَهُمۡ فِي مَا هُمۡ فِيهِ يَخۡتَلِفُونَۗ إِنَّ ٱللَّهَ لَا يَهۡدِي مَنۡ هُوَ كَٰذِبٞ كَفَّارٞ3﴾

„Објавувањето на Книгата е од Аллах, Силниот и Мудриот!

Ние, навистина, ти ја објавуваме Книгата, со Вистина, затоа само Аллах обожувај Го, искрено исповедајќи Му ја верата!

Искреното практикување на верата е долг кон Аллах! А на тие што покрај Него земаат други за заштитници: ,Ние ги обожуваме само за да нè приближат што поблиску до Аллах' – Аллах ним, навистина, ќе им пресуди за тоа за коешто тие не се согласуваа. Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што е лажливец и неверник." (Ез Зумер, 1-3)

Значењето на верата овде е: ибадетот. А ибадетот е покорност кон Возвишениот Аллах и покорност кон Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем — како што беше спомнато. Во него спаѓаат: довата и барањето спас, стравувањето и надежта, принесувањето курбан и заветувањето; како и намазот, постот, и сè друго што го наредиле Возвишениот Аллах и Неговиот пратеник. Возвишениот Аллах јасно дал до знаење дека ибадетот му припаѓа единствено Нему, и дека е обврска на робовите да Му го упатуваат исклучиво Нему, со искрено посветување само Нему,  Возвишениот. Затоа што Неговата наредба до Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, за искреност во ибадетот Нему, е истовремено наредба до сите припадници на овој умет. 

Потоа Аллах, субханеху ве теала, во врска со неверниците, го појасни следново велејќи:

﴿...وَٱلَّذِينَ ٱتَّخَذُواْ مِن دُونِهِۦٓ أَوۡلِيَآءَ مَا نَعۡبُدُهُمۡ إِلَّا لِيُقَرِّبُونَآ إِلَى ٱللَّهِ زُلۡفَىٰٓ...﴾

„На тие што покрај Него земаат други за заштитници: ,Ние ги обожуваме само за да нè приближат што поблиску до Аллах.’“ (Ез Зумер, 3) Возвишениот Аллах, на ова тврдење, им одговори со Неговите зборови:

﴿...إِنَّ ٱللَّهَ يَحۡكُمُ بَيۡنَهُمۡ فِي مَا هُمۡ فِيهِ يَخۡتَلِفُونَۗ إِنَّ ٱللَّهَ لَا يَهۡدِي مَنۡ هُوَ كَٰذِبٞ كَفَّارٞ﴾

„Аллах ним, навистина, ќе им пресуди за тоа за коешто тие не се согласуваа. Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што е лажливец и неверник.“ (Ез Зумер, 3) Во овој благороден ајет, Возвишениот Аллах известува дека неверниците не ги обожувале заштитниците покрај Него, освен за да ги приближат што поблиску до Аллах. Токму таа и беше нивната цел и во минатото и денес. А тоа Аллах го поби со Неговите зборови, кога вели:

﴿...إِنَّ ٱللَّهَ يَحۡكُمُ بَيۡنَهُمۡ فِي مَا هُمۡ فِيهِ يَخۡتَلِفُونَۗ إِنَّ ٱللَّهَ لَا يَهۡدِي مَنۡ هُوَ كَٰذِبٞ كَفَّارٞ﴾

„Аллах ним, навистина, ќе им пресуди за тоа за коешто тие не се согласуваа. Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што е лажливец и неверник.“ (Ез Зумер, 3) Возвишениот Аллах јасно објасни и укажа на неоснованоста на нивното тврдење дека нивните божества ги приближуваат до Него, како и на нивното неверство поради ибадетот што им го посветија. Со тоа секој што има и најмалку разум, знае дека неверството на раните многубошци било токму во тоа што ги земале пратениците и евлиите, дрвјата и камењата и други созданија за застапници помеѓу нив и Аллах. Такво е и нивното верување дека тие им ги исполнуваат потребите без Неговата дозвола и Неговото задоволство – како што министрите се заземаат кај кралевите. Па така, Го споредија Него Возвишениот со кралевите и владетелите. И рекоа: „Како што оној што има потреба од кралот или водачот бара застапништво кај него преку неговите најблиски и министрите, така и ние се приближуваме до Возвишениот Аллах со обожување на Неговите веровесници и евлии“ А ова е една од најочигледните лаги; бидејќи никој не Му е сличен, и Тој не се споредува со Неговите созданија. Никој не може да се зазедма кај Него освен со Негова дозвола, а Тој тоа не им го дозволува освен на следбениците на тевхидот. Тој е Семоќен над сè и Сезнајен, Тој е Најмилостив од милостивите; не се плаши од никого ниту има од кого да стравува, бидејќи Тој е Надмоќниот над Своите робови и располага со нив како што сака. За разлика од кралевите и владетелите, кои не се во состојба да постигнат сè; затоа им се потребни помагачи за она во што се немоќни — од нивните министри, блиските соработници и војници. Тие исто така имаат потреба некој да им ги соопштува потребите на оние чии потреби не ги знаат, па во тоа се потпираат на нивните министри и блиски соработници за да ја придобијат нивната наклоност и да ги задоволат. Возвишениот Господар е независен од сите Негови созданија; Тој е помилостив кон нив повеќе од нивните мајки. Тој е Праведен Судија, Кој ги поставува работите на нивните соодветни места, во согласност со Неговата совршена мудрост, знаење и моќ. Затоа не смее да се споредува со Неговите созданија во никаков поглед. Па од таа причина Возвишениот Аллах во Неговата Книга јасно појасни дека многубошците признале дека Тој создава, снабдува и управува, и дека Тој е Оној Кој му се одѕива на оној во крајна нужда, ја отстранува неволјата, оживува и умртвува, и друго од Неговите дела. Вистинскиот спор помеѓу мушриците и Пратениците беше околу искреното упатување на ибадетот единствено кон Аллах, како што Возвишениот Аллах вели:

﴿وَلَئِن سَأَلۡتَهُم مَّنۡ خَلَقَهُمۡ لَيَقُولُنَّ ٱللَّهُ...﴾

„А ако ги запрашаш кој ги создаде нив, сигурно ќе речат: ,Аллах!'...“ (Ез Зухруф, 87) Возвишениот исто така вели:

﴿قُلۡ مَن يَرۡزُقُكُم مِّنَ ٱلسَّمَآءِ وَٱلۡأَرۡضِ أَمَّن يَمۡلِكُ ٱلسَّمۡعَ وَٱلۡأَبۡصَٰرَ وَمَن يُخۡرِجُ ٱلۡحَيَّ مِنَ ٱلۡمَيِّتِ وَيُخۡرِجُ ٱلۡمَيِّتَ مِنَ ٱلۡحَيِّ وَمَن يُدَبِّرُ ٱلۡأَمۡرَۚ فَسَيَقُولُونَ ٱللَّهُۚ فَقُلۡ أَفَلَا تَتَّقُونَ31﴾

„Запрашај: ,Кој ве храни од небото и од земјата, чие дело се слухот и видот, кој го создава живото од неживото, а го претвора живото во неживо, и кој управува со сè?' – ,Аллах!', ќе кажат тие, а ти кажи: ,Па зошто тогаш не се плашите од Него?'“ (Јунус, 31) Ајетите во овој контекст се многубројни.

Веќе беше спомнато дека ајетите укажуваат дека спорот меѓу пратениците и нивните народи е околу упатувањето на ибадет единствено кон Аллах, како што Возвишениот вели:

﴿وَلَقَدۡ بَعَثۡنَا فِي كُلِّ أُمَّةٖ رَّسُولًا أَنِ ٱعۡبُدُواْ ٱللَّهَ وَٱجۡتَنِبُواْ ٱلطَّٰغُوتَ...﴾

„Ние на секој народ Пратеник му испративме: ,Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот...’“ (Ен Нахл, 36) И другите ајети во овој контекст. Возвишениот Аллах на многу места во Неговата Благородна Книга го објасни прашањето за застапништвото (шефатот), па во врска со тоа, Возвишениот вели:

﴿...مَن ذَا ٱلَّذِي يَشۡفَعُ عِندَهُۥٓ إِلَّا بِإِذۡنِهِ...﴾

„Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?!“ (Ел Бекаре, 255) Тој исто така вели:

﴿وَكَم مِّن مَّلَكٖ فِي ٱلسَّمَٰوَٰتِ لَا تُغۡنِي شَفَٰعَتُهُمۡ شَيۡـًٔا إِلَّا مِنۢ بَعۡدِ أَن يَأۡذَنَ ٱللَّهُ لِمَن يَشَآءُ وَيَرۡضَىٰٓ26﴾

„А колку мелеци има на небесaтa чиешто посредување никому нема да му биде од корист, сè додека Аллах тоа не го дозволи на оној кому Тој сака и во корист на оној од кого е задоволен.“ (Ен Неџм, 26)

И во описот на мелеците вели:

﴿...وَلَا يَشۡفَعُونَ إِلَّا لِمَنِ ٱرۡتَضَىٰ وَهُم مِّنۡ خَشۡيَتِهِۦ مُشۡفِقُونَ﴾

„И тие ќе се заземаат само за тој од кого Тој ќе биде задоволен, а и тие самите, од страв кон Него, се плашат.“ (Ел Енбија, 28)

Возвишениот Аллах извести дека не е задоволен со неверството на Неговите робови, туку е задоволен со нивната благодарност; а благодарноста е да се исповедува Неговото едноштво и да се постапува во покорност кон Него. Возвишениот Аллах вели:

﴿إِن تَكۡفُرُواْ فَإِنَّ ٱللَّهَ غَنِيٌّ عَنكُمۡۖ وَلَا يَرۡضَىٰ لِعِبَادِهِ ٱلۡكُفۡرَۖ وَإِن تَشۡكُرُواْ يَرۡضَهُ لَكُمۡ...﴾

„Ако вие нема да верувате, па, Аллах не зависи од вас, но Тој не е задоволен со неверувањето на Своите робови. А ако бидете благодарни, Тој со тоа ќе биде задоволен...“ (Ез Зумер, 7)

Во Сахих ел-Бухари од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува, дека рекол: „О, Аллахов пратенику! Кој ќе биде најсреќен со твоето застапништво?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори:

«مَنْ قَالَ: لَا إِلهَ إِلَّا اللهُ خَالِصًا مِنْ قَلْبِهِ».

„Кој ќе каже: ,Ла илахе иллаллах’ искрено од своето срце.“ Или рекол:

«مِنْ نَفْسِهِ».

„Од себе.“

Во Сахихот, од Енес, радијаллаху анху, се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«لِكُلِّ نَبِيٍّ دَعْوَةٌ مُسْتَجَابَةٌ، فَتَعَجَّلَ كُلُّ نَبِيٍّ دَعْوَتَهُ، وَإِنِّي اخْتَبَأْتُ دَعْوَتِي شَفَاعَةً لِأُمَّتِي يَوْمَ الْقِيَامَةِ، فَهِيَ نَائِلَةٌ إِنْ شَاءَ اللَّهُ مَنْ مَاتَ مِنْ أُمَّتِي لَا يُشْرِكُ بِاللَّهِ شَيْئًا».

„Секој веровесник има една примена дова, па секој веровесник побрза да ја искористи неговата дова, а јас ја сочував мојата дова како застапништво (шефат) за мојот умет на Судниот ден. Па таа, ако Аллах сака, ќе го опфати секој од мојот умет кој ќе умре не припишувајќи Му здруженик на Аллах.“ Постојат многу хадиси изречени во овој контекст. 

Сето што го спомнавме од ајетите и хадисите укажува дека ибадетот е право на Аллах Единствениот, и дека не смее ништо од него да се упатува кон никој друг освен Аллах, ниту кон пратениците ниту кон било кого друг; и дека шефатот му припаѓа само на Аллах, како што Возвишениот вели:

﴿قُل لِّلَّهِ ٱلشَّفَٰعَةُ جَمِيعٗا...﴾

„Кажи: ,Никој не може без Негова дозвола да посредува...’“ (Ез Зумер, 44) Никој нема да го заслужи застапништвото освен со Неговата дозвола на застапникот и поради Неговото задоволство од него; а Тој Возвишениот не е задоволен освен со тевхид, како што претходно беше спомнато. Врз таа основа, мушриците немаат никаков удел во посредништвото, а тоа Аллах јасно го појаснил во Неговите зборови:

﴿فَمَا تَنفَعُهُمۡ شَفَٰعَةُ ٱلشَّٰفِعِينَ 48﴾

„Ним посредувањето на посредниците нема да им користи.“ (Ел Мудесир, 48) Возвишениот исто така вели:

﴿...مَا لِلظَّٰلِمِينَ مِنۡ حَمِيمٖ وَلَا شَفِيعٖ يُطَاعُ﴾

„Кога насилниците нема да имаат ни близок пријател, ни посредник, кој ќе биде чуен.“ (Гафир, 18)

Познато е дека зулумот (неправдата и насилништвото) спомнато во претходниот ајет, кога се зема во апсолутна смисла, е ширкот, како што вели Возвишениот Аллах:

﴿...وَٱلۡكَٰفِرُونَ هُمُ ٱلظَّٰلِمُونَ﴾

„А неверниците се навистина неправедни!“ (Ел Бекаре, 254) Возвишениот исто така вели:

﴿...إِنَّ ٱلشِّرۡكَ لَظُلۡمٌ عَظِيمٞ﴾

„Ширкот (политеизмот) е, навистина, голема неправда.“ (Лукман, 13)

Што се однесува до она што го спомнавте во прашањето, како говорот на некои суфии во џамиите и на други места:  „О, Аллаху, испрати благослови врз оној кого Ти го направи причина за откривање на тајните на Твојата семоќност и за пројавување на Твоите милосни светлини, та стана претставник од името на божествената присутност и намесник на Твоите суштински тајни.... итн.“

Одговорот е дека овие и сличните зборови спаѓаат во редот на пренапрегнувањето и претерување во говорот; од кое предупредил Божјиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем; како што бележи Муслим во неговиот „Сахих“ од Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«هَلَكَ المُتَنَطِّعُونَ» قَالَهَا ثَلَاثًا.

„Пропаднаа оние кои претеруваат.“ Ова го повтори трипати.

Имамот Ел-Хатаби, рахимехуллах, рекол: „Оние што претеруваат“ се: оној што премногу се продлабочува во нешто и на сила настојува да го истражува – како следбениците на ехлул-келам апологетиката, кои навлегуваат во она што не ги засега и се впуштаат во она што нивниот разум не може да го досегне.

Ебу ес-Садат Ибн ел-Есир рекол: „Тие се оние што премногу се продлабочуваат и претеруваат во говорот, кои зборуваат пренапрегнувајќи го грлото до крај; израз земен од „ан-нита‘“, што означува горното непце, а потоа се употребува за секој што непримерно се продлабочува, и во говор и во дело."

Врз основа на она што го наведоа овие двајца имами меѓу јазичарите, станува јасно – тебе и на секој што има барем малку знаење – дека овој начин на изговарање салават и селам на нашиот Пратеник и предводник, Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, спаѓа во редот на пренапрегање и претерување кои се забранети. Пропишано за муслиманот во ова прашање е да се придржува до начинот утврден од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за испраќање салават и селам врз него, и тоа е доволно, без потреба од нешто друго.

Форма на пропишан салават и селам е она што го пренесуваат Бухари и Муслим во „Двата Сахиха “, од Каб бин Уџре, радијаллаху анху, дека асхабите, радијаллаху анхум, рекле: „О, Аллахов пратенику! Аллах ни наредил да испраќаме селам врз тебе; па како да испраќаме салават врз тебе?“ На тоа прашање тој им рече:

«قُولُوا: اللَّهُمَّ صَلِّ عَلَى مُحَمَّدٍ وَعَلَى آلِ مُحَمَّدٍ كَمَا صَلَّيْتَ عَلَى إِبرَاهِيمَ وَعَلَى آلِ إِبرَاهِيمَ، إِنَّكَ حَمِيدٌ مَجِيدٌ، وَبَارِكْ عَلَى مُحَمَّدٍ وَعَلَى آلِ مُحَمَّدٍ كَمَا بَارَكْتَ عَلَى إِبرَاهِيمَ وَعَلَى آلِ إِبرَاهِيمَ إِنَّكَ حَمِيدٌ مَجِيدٌ».

„Кажете: Аллахуме, сали ‘ала Мухаммед, ве‘ала Али-Мухаммед, кема саллејте ‘ала Ибрахиме, ве ‘ала Али-Ибрахиме, иннеке Хамидун Меџид. Ве барик ‘ала Мухаммед, ве‘ала Али-Мухаммед, кема баректе ‘ала Ибрахиме, ве‘ала Али-Ибрахиме, иннеке Хамидун Меџид.“

Во двата Сахиха е забележан и хадис кој го пренесува Ебу Хумејд ес-Саиди, Аллах нека е задоволен со него, дека тие рекле: „О, Аллахов пратенику! Како да испратиме салават врз тебе?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговорил:

«قُولُوا: اللَّهُمَّ صَلِّ عَلَى مُحَمَّدٍ وَعَلَى أَزْوَاجِهِ وَذُرِّيَّتِهِ كَمَا صَلَّيْتَ عَلَى آلِ إِبرَاهِيمَ، وَبَارِكْ عَلَى مُحَمَّدٍ وَعَلَى أَزْوَاجِهِ وَذُرِّيَّتِهِ كَمَا بَارَكْتَ عَلَى آلِ إِبرَاهِيمَ، إِنَّكَ حَمِيدٌ مَجِيدٌ».

„Кажете: Аллахуме, сали ‘ала Мухаммед, ве ‘ала езваџихи ве зурријјетихи, кема саллејте ‘ала Али-Ибрахим, ве барик ‘ала Мухаммед, ве ‘ала езваџихи ве зурријјетихи, кема баректе ‘ала Али-Ибрахим, иннеке Хамидун Меџид.“ 

Во Сахих Муслим се бележи од Ебу Месуд ел-Енсари, Аллах нека е задоволен со него, дека рекол: Бешир ибн Сад рече: „О, Аллахов пратенику! Аллах ни наредил да испратиме салават врз тебе; па како можеме да испратиме салават врз тебе?“ Првин молчеше, а потоа рече:

«قُولُوا: اللَّهُمَّ صَلِّ عَلَى مُحَمَّدٍ وَعَلَى آلِ مُحَمَّدٍ؛ كَمَا صَلَّيْتَ عَلَى آلِ إِبرَاهِيمَ، وَبَارِكْ عَلَى مُحَمَّدٍ وَعَلَى آلِ مُحَمَّدٍ؛ كَمَا بَارَكْتَ عَلَى آلِ إِبرَاهِيمَ فِي العَالَمِينَ، إِنَّكَ حَمِيدٌ مَجِيدٌ، وَالسَّلَامُ كَمَا عَلِمتُم».

„Кажете: Аллахуме, сали ‘ала Мухаммед, ве ‘ала Али-Мухаммед; кема салејте ‘ала Али-Ибрахим, ве барик ‘ала Мухаммед, ве ‘ала Али-Мухаммед; кема баректе ‘ала Али-Ибрахим фил Алемине, иннеке Хамидун Меџид, а селамот се испраќа како што научивте.“

Овие изрази, сличните на ним, како и другите – што се пренесени од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем – се тие што му доликува на муслиманот да ги употребува во своето испраќање салават и селам на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем; затоа што Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, е најучениот меѓу луѓето за тоа што му доликува да се употреби во однос на него, како што е и најучен за тоа кои изрази треба да се употребуваат во однос на Неговиот Господар.

Што се однесува до новотарските изрази, како и до формулите што може да се толкуваат на неправилен начин – како оние спомнати во прашањето – не треба да се користат; зашто во нив има пренемагање и може да бидат протолкувани со неисправни значења, тие истовремено се спротивни на изразите кои ги избрал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и на кои го упатил неговиот умет. Тој е најучениот меѓу созданијата, најискрениот во советувањето и најдалеку од претенциозност.  Врз него, од неговиот Господар, нека бидат најсовршените молитви и поздрави.

Со ова, се надевам дека она што го изложивме од доказите во разјаснување на суштината на монотеизмот и суштината на многубоштвото, разликата меѓу тоа на што биле првите многубошци и подоцнежните по ова прашање, како и во појаснувањето на начинот на пропишаното испраќање салавати селам врз Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е доволно и убедливо за оној што искрено трага по вистината. А оној што нема желба да ја спознае вистината, тој ја следи неговата страст. Возвишениот Аллах вели:

﴿فَإِن لَّمۡ يَسۡتَجِيبُواْ لَكَ فَٱعۡلَمۡ أَنَّمَا يَتَّبِعُونَ أَهۡوَآءَهُمۡۚ وَمَنۡ أَضَلُّ مِمَّنِ ٱتَّبَعَ هَوَىٰهُ بِغَيۡرِ هُدٗى مِّنَ ٱللَّهِۚ إِنَّ ٱللَّهَ لَا يَهۡدِي ٱلۡقَوۡمَ ٱلظَّٰلِمِينَ50﴾

„Па ако не ти се одѕвијат, тогаш знај дека тие единствено ги следат своите страсти, а не Аллаховото упатство! Аллах навистина нема да му укаже на Вистинскиот пат на народот што самиот себеси неправда си прави.“ (Ел Касас, 50)

Во овој благороден ајет, Возвишениот Аллах објаснил дека луѓето, во однос на она со што Аллах го испратил Неговиот пратеник, Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, а тоа е упатството и вистинската вера, се делат на две групи:

Прво: Човек покорен на Аллах и на Неговиот пратеник.

А вториот: Оној што ја следи неговата страст. Потоа, Севишниот извести дека нема позастранет од оној што ја следи својата страст без упатство од Аллах.

Го молиме Возвишениот Аллах за благосостојба, да нè заштити од следењето на страстите; и да ни овозможи нам, вам и на сите наши браќа да Му се покоруваме на Аллах и на Неговиот пратеник,  мир и благослов од Аллах нека се над него; кои го почитуваат и возвишуваат Неговиот шеријат и предупредуваат од сè што е спротивно на него, од новотариите и страстите. Аллах е Дарежлив и Благороден.

Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство, асхаби и оние кои ги следат во доброто до Судниот ден.

 

***

 


بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

Петто послание:

Пропис за славење на денот на раѓањето на Пратеникот (мевлуд) и другите слични славења

Благодарноста му припаѓа на Аллах, Божјиот мир и спас нека се со Божјиот пратеник, со неговото семејство, неговите верни другари асхаби и сите што го следат неговото упатство.

Па потоа велам: Честопати од многумина се поставува прашањето за шеријатскиот пропис за прославувањето на раѓањето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем (мевлуд), и станувањето на нозе во негова чест во текот на тоа, за испраќањето селам врз него, како и за други слични работи што се прават на мевлудите.

А одговорот гласи: Не е дозволено да се прославува раѓањето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, (мевлуд), ниту да се прославува раѓањето на било кој друг; затоа што тоа е новотарија воведена во верата; таква прослава не е пренесена ниту од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ниту од неговите праведни халифи, ниту од другите асхаби, ниту од табиините од најдобрите генерации; а тие најдобро го знаеа сунетот, имаа најпотполна љубов кон Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и најдоследно го следеа неговиот шеријат, повеќе од сите што дојдоа по нив. Возвишениот Аллах во Неговата јасна Книга вели:

﴿...وَمَآ ءَاتَىٰكُمُ ٱلرَّسُولُ فَخُذُوهُ وَمَا نَهَىٰكُمۡ عَنۡهُ فَٱنتَهُواْ...﴾

„Тоа што Пратеникот ќе ви го даде – земете го, а тоа што ќе ви го забрани – оставете го.“

(Ел Хашр, 7) Тој на друго место вели:

﴿...فَلۡيَحۡذَرِ ٱلَّذِينَ يُخَالِفُونَ عَنۡ أَمۡرِهِۦٓ أَن تُصِيبَهُمۡ فِتۡنَةٌ أَوۡ يُصِيبَهُمۡ عَذَابٌ أَلِيمٌ﴾

„Нека внимаваат тие што постапуваат спротивно на наредбата Негова, искушение некакво да не ги стигне или страдање болно да не ги снајде.“ (Ен Нур, 63) Возвишениот рекол:

﴿لَّقَدۡ كَانَ لَكُمۡ فِي رَسُولِ ٱللَّهِ أُسۡوَةٌ حَسَنَةٞ لِّمَن كَانَ يَرۡجُواْ ٱللَّهَ وَٱلۡيَوۡمَ ٱلۡأٓخِرَ وَذَكَرَ ٱللَّهَ كَثِيرٗا21﴾

„Вие во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример за тој што се надева на Аллаховата милост и на награда на оној свет, и кој често Го спомнува Аллах.“ (Ел Ахзаб, 21) Возвишениот исто така вели:

﴿وَٱلسَّٰبِقُونَ ٱلۡأَوَّلُونَ مِنَ ٱلۡمُهَٰجِرِينَ وَٱلۡأَنصَارِ وَٱلَّذِينَ ٱتَّبَعُوهُم بِإِحۡسَٰنٖ رَّضِيَ ٱللَّهُ عَنۡهُمۡ وَرَضُواْ عَنۡهُ وَأَعَدَّ لَهُمۡ جَنَّٰتٖ تَجۡرِي تَحۡتَهَا ٱلۡأَنۡهَٰرُ خَٰلِدِينَ فِيهَآ أَبَدٗاۚ ذَٰلِكَ ٱلۡفَوۡزُ ٱلۡعَظِيمُ100﴾

„Аллах е задоволен од првите муслимани, мухаџирите и енсариите, и од сите тие кои ги следат правејќи добри дела. А и тие се задоволни од Него: Тој за нив подготви џенетски градини низ кои реки течат и тие вечно и за секогаш во нив ќе живеат. Тоа е голем успех.“ (Ет Теубе, 100) Важен е  и следниот ајет:

﴿...ٱلۡيَوۡمَ أَكۡمَلۡتُ لَكُمۡ دِينَكُمۡ وَأَتۡمَمۡتُ عَلَيۡكُمۡ نِعۡمَتِي وَرَضِيتُ لَكُمُ ٱلۡإِسۡلَٰمَ دِينٗا...﴾

„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел Маиде, 3) Ајетите во овој контекст се многубројни. Веродостојно, од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е пренесено дека рекол:

«مَنْ أَحْدَثَ فِي أَمْرِنَا هَذَا مَا لَيْسَ مِنهُ فَهُوَ رَدٌّ».

„Кој ќе воведе во нашата вера, нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“ Односно: нема да му биде примено. Во друг хадис рекол:

«عَلَيكُم بِسُنَّتِي وَسُنَّةِ الخُلَفَاءِ الرَّاشِدِينَ المَهْدِيَّينَ مِنْ بَعدِي، تَمَسَّكُوا بِهَا، وَعَضُّوا عَلَيهَا بِالنَّوَاجِذِ، وَإِيَّاكُمْ وَمُحْدَثَاتِ الأُمُورِ، فَإِنَّ كُلَّ مُحْدَثَةٍ بِدْعَةٌ وَكُلَّ بِدْعَةٍ ضَلَالةٌ».

„Држете се до мојот сунет и сунетот на праведните и упатените халифи после мене; цврсто држете се до него и загризете со катниците; и чувајте се од воведените работи во верата, бидејќи секоја нововедена работа е новотарија, а секоја новотарија е заблуда.“ Во овие два хадиса има силно предупредување против воведување новотарии во верата и против постапување по нив.

Измислувањето на вакви мевлуди подразбира тврдење дека Аллах не ја усовршил верата за овој умет и дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не го пренел она според што треба да постапува уметот, сè додека не се појавија овие подоцнежни и воведоа во Аллаховиот шеријат нешто за што Тој не дал дозвола, сметајќи дека тоа ги приближува до Аллах. Ова, без сомнение, претставува голема опасност и спротивставување на Аллах, Семоќниот, и на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. А Аллах, Семоќниот, им ја усовршил на Своите робови верата и ја исполнил Неговата благодат врз нив, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја доставил пораката на најјасен начин. Тој не оставил ниту еден пат што води кон Џенетот и оддалечува од Огнот, а да не им го појаснил на уметот. Ова е потврдено во веродостојниот хадис од Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, во кој Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَا بَعَثَ اللهُ مِن نَبِيٍ إِلَّا كَانَ حَقًّا عَلَيهِ أَن يَدُلَّ أُمَّتَهُ عَلَى خَيرِ مَا يَعْلَمُهُ لَهُم، وَيُنْذِرَهُمْ شَرَّ مَا يَعْلَمُهُ لَهُمْ».

„Секој пратеник кого Аллах го испратил имал обврска да го упати својот умет кон најдоброто што го знаел за нив и да ги предупреди за злото што го знаел.“ Хадисот е пренесен од Муслим во неговиот Сахих.

Познато е дека нашот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е најдобриот од веровесниците и нивниот печат, и најсовршен во пренесувањето на објавата и искреното советување. Па доколку славењето на мевлудот беше дел од верата која Возвишениот Аллах ја одобрува, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ќе му го појаснеше тоа на уметот, ќе го практикуваше за време на неговиот живот, или тоа ќе го практикуваа неговите асхаби, Аллах да е задоволен од нив. Бидејќи ништо од тоа не се случило, се знае дека тоа воопшто не е од исламот, туку е од новотариите од кои Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го предупреди неговиот умет, како што  беше претходно спомнато во хадисите. Ајетите и хадисите во овој контекст се многубројни.

Група учени јасно се изјасниле за осуда на мевлудите и предупредиле од нив, врз основа на наведените и други докази. Некои од подоцнежните зазеле спротивен став и ги дозволиле, под услов да не содржат ништо од неприфатливите работи – како што се претерувањето во однос на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем; мешањето на мажи и жени; користењето музички инструменти; и сè друго што исламскиот шеријат го осудува – овие прослави тие ги сметале за „добри новотарии“.

Шеријатското правило гласи: она околу кое луѓето се разидуваат треба да се врати на Аллаховата Книга и на Сунетот на Неговиот пратеник, Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, токму како што вели Возвишениот Аллах:

﴿يَٰٓأَيُّهَا ٱلَّذِينَ ءَامَنُوٓاْ أَطِيعُواْ ٱللَّهَ وَأَطِيعُواْ ٱلرَّسُولَ وَأُوْلِي ٱلۡأَمۡرِ مِنكُمۡۖ فَإِن تَنَٰزَعۡتُمۡ فِي شَيۡءٖ فَرُدُّوهُ إِلَى ٱللَّهِ وَٱلرَّسُولِ إِن كُنتُمۡ تُؤۡمِنُونَ بِٱللَّهِ وَٱلۡيَوۡمِ ٱلۡأٓخِرِۚ ذَٰلِكَ خَيۡرٞ وَأَحۡسَنُ تَأۡوِيلًا59﴾

„О, верници, покорувајте Му се на Аллах и покорувајте му се на Пратеникот и на вашите претпоставени. А ако не се сложувате во нешто, обратете им се на Аллах и на Пратеникот, ако верувате во Аллах и во оној свет! Тоа е подобро и последиците се поубави.“ (Ен Ниса, 59) Возвишениот исто така рекол:

﴿وَمَا ٱخۡتَلَفۡتُمۡ فِيهِ مِن شَيۡءٖ فَحُكۡمُهُۥٓ إِلَى ٱللَّهِ ...﴾

„Во што и да не се согласувате, пресудата за тоа е кај Аллах ...“ (Еш Шура, 10)

Ова прашање – имено, прославувањето на мевлудите – го вративме на Аллаховата Книга и најдовме дека таа ни наредува да го следиме Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во она со што дошол, нè предупредува да се воздржуваме од она што тој го забранил и нè известува дека Севишниот Аллах ја усовршил верата на овој умет. А ова славење не е дел од она што ни го донел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, што значи не е дел од верата која Возвишениот Аллах ја усовршил и во која ни наредил да го следиме Пратеникот.

Ова – исто така – го проверивме враќајќи се на Сунетот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па не најдовме дека тој го практикувал, ниту дека го наредил, ниту пак дека тоа го практикувале неговите асхаби, Аллах нека е задоволен со нив. Оттука сфативме дека тоа не е дел од верата, туку е новововедена новотарија и имитирање на следбениците на Книгата – евреите и христијаните – во нивните празници.

Оттука станува јасно за секој што има барем малку увид, желба за вистината и правичност во нејзиното барање: дека прославувањето на мевлудите не е од исламската вера, туку спаѓа во новонастанатите новотарии што Аллах и Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, наредиле да се остават и избегнуваат. Исто така не му доликува на разумниот човек да се заведе од фактот што многу луѓе го практикуваат тоа низ различни краишта на светот, затоа што вистината не се препознава според бројноста на извршителите, туку се познава преку шеријатските докази. Како што Возвишениот Аллах, вели за евреите и христијаните:

﴿وَقَالُواْ لَن يَدۡخُلَ ٱلۡجَنَّةَ إِلَّا مَن كَانَ هُودًا أَوۡ نَصَٰرَىٰۗ تِلۡكَ أَمَانِيُّهُمۡۗ قُلۡ هَاتُواْ بُرۡهَٰنَكُمۡ إِن كُنتُمۡ صَٰدِقِينَ111﴾

„Тие велат: ,Во Џенетот нема да влезе никој освен тој што ќе биде eвреин или христијанин!' Тоа се нивните пусти желби! Кажи: ,Дајте свој доказ, доколку вистината ја зборувате!‘“ (Ел Бекаре, 111) Возвишениот исто така вели:

﴿وَإِنْ تُطِعْ أَكْثَرَ مَنْ فِي الْأَرْضِ يُضِلُّوكَ عَنْ سَبِيلِ اللَّهِ...﴾

„Кога ти би им се покорувал на мноштвото од жителите на Земјата, тие од Аллаховиот пат би те одвратиле...“ (Ел Енам, 116)

Понатаму, поголемиот дел од овие прослави на мевлуди – иако самите по себе се новотарија – содржат и други недозволени работи, како што се мешањето на жените со мажите, пеење и користење музички инструменти, консумирање опојни пијалаци и наркотични средства и други слични зла. Во тквите прослави може да се појави и нешто уште поголемо – а тоа е голем ширк преку прекумерно величење на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, или на други што ги нарекуваат „евлии“ – упатување дова нему, барање помош од него, барање медед (поддршка), верување дека тој го знае гајбот (скриеното) и слични дела на неверство што многу луѓе ги практикуваат кога го слават мевлудот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, или мевлудот на други што тие ги нарекуваат „евлии“. Веродостојно е пренесено од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол:

«إِيَّاكُم وَالغُلُوُّ فِي الدِّينِ، فَإِنَّمَا أَهْلَكَ مَن كَانَ قَبْلَكُم الغُلُوَّ فِي الدِّينِ».

„Чувајте се од претерување во верата, затоа што токму претерувањето во верата ги уништи оние пред вас.“ Т ој, салаллаху алејхи ве селем, исто така, рекол:

«لَا تُطْرُونِي كَمَا أَطْرَتِ النَّصَارَى ابْنَ مَرْيَمَ، إِنَّمَا أَنَا عَبدٌ، فَقُولُوا: عَبدُ اللهِ وَرَسُولُه».

„Немојте да ме воздигнувате како што христијаните претерале во воздигнувањето на Иса синот Мејремин, алејхи селам. Навистина јас сум само роб па кажете: ,Аллахов роб и Негов пратеник.‘“ Хадисот го бележи Бухари во неговиот Сахих, а го пренесува Омер, радијаллаху анху.

Од чудните и необични работи е и тоа што многу луѓе се раздвижуваат и настојуваат да присуствуваат на овие новотариски прослави и ги бранат, а во исто време изостануваат од она што Возвишениот Аллах им го задолжил – како присуството на џума намазот и на намазите во џемат – и на тоа не му придаваат никакво значење, ниту пак сметаат дека сториле голем престап. Нема сомнение дека тоа произлегува од слабоста на иманот, од недостаток на знаење и од многуте наслаги што врз срцата ги наталожиле различните гревови и непокорности. Го молиме Аллах за заштита за нас и за сите муслимани.

Во тоа спаѓа и верувањето на некои дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, присуствува на мевлудот; па затоа стануваат за време на него, поздравувајќи го и посакувајќи му добредојде. Ова спаѓа во редот на најголемите невистини и најгрдите облици на незнаење, бидејќи Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, не излегува од својот гроб пред Судниот ден, не стапува во контакт со никого од луѓето и не присуствува на нивните собири, туку пребива во својот гроб се до Судниот ден, а неговата душа е на  највисоките степени кај неговиот Господар, во Домот на почеста, како што Возвишениот Аллах вели:

﴿ثُمَّ إِنَّكُمْ بَعْدَ ذَلِكَ لَمَيِّتُونَ15 ثُمَّ إِنَّكُمْ يَوْمَ الْقِيَامَةِ تُبْعَثُونَ16﴾

„Вие, потоа, ќе умрете,

потоа, на оној свет, оживени ќе бидете.“ (Ел Муминун, 15-16)

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«أَنَا أَوَّلُ مَنْ يَنْشَقُّ عَنْهُ القَبْرُ يَومَ القِيَامَةِ، وَأَنَا أَوَّلُ شَافِعٍ، وَأَوًّلُ مُشَفَّعٍ».

„Јас сум првиот кому ќе му се отвори гробот на Судниот ден; јас сум првиот застапник и првиот чие застапништво ќе биде прифатено.“ Најодбраните салавати и селами (благослови и поздрави) од Неговиот Господ нека се над него.

Овие два племенити ајета, хадисот, и сè што по значење им е слично од други ајети и хадиси — сите укажуваат дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и другите мртви ќе излезат од своите гробови само на Судниот ден. Ова е прашање околу кое постои консензус меѓу исламските алими и во врска со истите нема никакво несогласување помеѓу нив.  Затоа, секој муслиман треба да внимава на овие работи, и да се чува од она што незнајковците и ним сличните го воведоа од разни новотарии и суеверија, за кои Аллах не објавил никаков доказ. Аллах е Тој од Кого се бара помош, и на Него се потпираме, а нема моќ ниту сила освен со Аллах.

Што се однесува до салаватот и селамот врз Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, тој е еден од најдобрите ибадети и од највредните добри дела, како што Возвишениот Аллах вели:

﴿إِنَّ ٱللَّهَ وَمَلَٰٓئِكَتَهُۥ يُصَلُّونَ عَلَى ٱلنَّبِيِّۚ يَٰٓأَيُّهَا ٱلَّذِينَ ءَامَنُواْ صَلُّواْ عَلَيۡهِ وَسَلِّمُواْ تَسۡلِيمًا56﴾

„Аллах и мелеците Негови го благословуваат Веровесникот. О, верници, благословувајте го и вие и праќајте му поздрав!“ (Ел Ахзаб, 56) Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَنْ صَلَّى عَلَيَّ وَاحِدَةً؛ صَلَّى اللهُ عَلَيهِ بِهَا عَشْرًا».

„Кој на мене ќе испрати еден салават, Аллах на него ќе прати десет (салавати).“ Салаватот е пропишан во секое време, а особено е нагласен на крајот од секој намаз, а според група од исламските алими, дури и задолжителен на последниот тешехуд од секој намаз. Испраќањето салават на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, е особено нагласен како Сунет во многу ситуации; меѓу кои: по езанот, при спомнување на него, салаллаху алејхи ве селем, и во текот на петочниот ден и ноќта пред петок, на што укажуваат многубројни хадиси.

Го молиме Аллах да нè упати нас и сите муслимани кон правилно разбирање на Неговата вера и истрајност во неа, да ни подари на сите придржување кон сунетот и заштита од новотаријата. Аллах е Дарежлив и Благороден.

Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и асхаби.

 

***

 


بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

Шесто послание:

Прописот за празнувањето на ноќта на Исра и Мираџ

Благодарноста му припаѓа на Аллах, Божјиот мир и спас нека се со Божјиот пратеник, со неговото семејство и неговите верни другари.

А потоа велам: Нема сомнеж дека Исра и Мираџ се сметаат за големи Аллахови ајети (знаци) кои укажуваат на вистинитоста на Аллаховиот пратеник, Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, и на величината на неговиот степен кај Возвишениот Аллах; а исто така се од доказите за Аллаховата величествена моќ и за Неговата возвишеност над сите Негови созданија. Возвишениот Аллах вели:

﴿سُبۡحَٰنَ ٱلَّذِيٓ أَسۡرَىٰ بِعَبۡدِهِۦ لَيۡلٗا مِّنَ ٱلۡمَسۡجِدِ ٱلۡحَرَامِ إِلَى ٱلۡمَسۡجِدِ ٱلۡأَقۡصَا ٱلَّذِي بَٰرَكۡنَا حَوۡلَهُۥ لِنُرِيَهُۥ مِنۡ ءَايَٰتِنَآۚ إِنَّهُۥ هُوَ ٱلسَّمِيعُ ٱلۡبَصِيرُ1﴾

„Возвишен нека е Тој што во еден дел од ноќта го пренесе Својот роб од Месџиди Харам во Месџиди Акса, чија околина ја благословивме, за да му покажеме некои од Нашите знаци. Тој сè слуша и сè гледа.“ (Ел Исра, 1)

Со мутеватир начин на пренесување е потврдено дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше воздигнат на небесата, и му се отворија небеските врати сè додека не го надмина седмото небо. Потоа неговиот Господар, Возвишениот Аллах, му се обрати со тоа што Тој посака, и му ги пропиша петте намази.  Возвишениот Аллах првично пропиша педесет намази; па нашиот Пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, постојано Му се враќаше и Го молеше за олеснување, сè додека не ги сведе на пет. Така, по број се пропишани како пет, а по награда се педесет, бидејќи доброто дело се вреднува десеткратно. А на Аллах му припаѓаат пофалбата и благодарноста за сите Негови благодати.

Ноќта на Исра и Мираџ, според веродостојните хадиси не е прецизирана – ниту дека е во месецот реџеб ниту во некој друг месец. Сè што е пренесено за нејзиното определување не е утврдено дека е од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кај хадиските експерти. Од совршената мудрост на Аллах е дека нејзиното точно време останало непознато за луѓето. А дури и да беше утврдено, на муслиманите не би им било дозволено да ја издвојуваат со посебни ибадети, ниту да ја празнуваат; бидејќи Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговите асхаби, Аллах нека е задоволен со нив, не ја празнуваа и не ја издвојуваа со ништо посебно. Доколку прославувањето на таа ноќ ќе беше шеријатски пропишано, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ќе му го појаснеше тоа на уметот – било со збор или дело. А ако нешто од тоа се случеше, би се дознало и би станало нашироко познато, и асхабите ќе ни го пренесеа. Затоа што тие од својот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесоа сè што му е потребно на уметот и не изоставија ништо од верата; напротив, тие се првите во секое добро. Па ако прославувањето на оваа ноќ беше шеријатски пропишано, тие ќе беа првите што ќе го практикуваа ова празнување. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, е најискрениот советник на луѓето, ја пренесе пораката на најпотполн начин и ја изврши доверената обврска. Доколку возвеличувањето на оваа ноќ и нејзиното одбележување беше од Аллаховата вера, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, не би го занемарил ниту би го сокрил. А бидејќи ништо од тоа не се случило, можеме да заклучиме дека нејзиното одбележување и возвеличување не се нималку од исламот. Аллах ја усоврши верата на овој умет и ја надополни благодатта врз него, ги осуди оние што пропишуваат во верата она за што Аллах не дал дозвола. Возвишениот Аллах во Неговата јасна Книга вели:

﴿...ٱلۡيَوۡمَ أَكۡمَلۡتُ لَكُمۡ دِينَكُمۡ وَأَتۡمَمۡتُ عَلَيۡكُمۡ نِعۡمَتِي وَرَضِيتُ لَكُمُ ٱلۡإِسۡلَٰمَ دِينٗا...﴾

„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел Маиде, 3) Исто така Тој, Возвишениот, вели:

﴿أَمۡ لَهُمۡ شُرَكَٰٓؤُاْ شَرَعُواْ لَهُم مِّنَ ٱلدِّينِ مَا لَمۡ يَأۡذَنۢ بِهِ ٱللَّهُۚ وَلَوۡلَا كَلِمَةُ ٱلۡفَصۡلِ لَقُضِيَ بَيۡنَهُمۡۗ وَإِنَّ ٱلظَّٰلِمِينَ لَهُمۡ عَذَابٌ أَلِيمٞ21﴾

„Зарем тие да имаат божества кои им пропишуваат да веруваат во тоа што Аллах не им го наредил? И да не е Зборот на Господарот твој претходно изречен, до означениот рок, на нив ќе им беше веќе пресудено. – А насилниците, навистина, ги чека неподносливо страдање.“ (Еш Шура, 21)

Од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во веродостојни хадиси е потврдено: предупредување од ново воведените работи во верата и јасно наведување дека тие се заблуда, со цел да го предупреди уметот на големата опасност од нив и да ги одврати од нивното практикување. Дел од тие предупредувања е она што е потврдено во двата Сахиха од Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَنْ أَحْدَثَ فِي أَمْرِنَا هَذَا مَا لَيْسَ مِنْهُ؛ فَهُوَ رَدٌّ».

„Кој ќе воведе во нашата вера, нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“ Во преданието на Муслим стои:

«مَنْ عَمِلَ عَمَلًا لَيْسَ عَلَيهِ أَمْرَنَا؛ فَهُوَ رَدٌّ».

„Кој ќе направи дело што не е во согласност со нашата наредба (вера) - ќе му биде одбиено.“ Во Сахихот на Муслим се пренесува хадис од Џабир, радијаллаху анху, дека рекол: „Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, вообичаено во неговата петочна хутба велеше:

«أَمَا بَعْدَ، فَإِنَّ خَيرَ الحَدِيثِ كِتَابُ اللهِ، وَخَيرَ الهَدْيِ هَدْيُ مُحَمَّدٍ ﷺ، وَشَرَّ الأُمُورِ مُحْدَثَاتُهَا، وَكُلَّ بِدْعَةٍ ضَلَالَةٌ».

,Навистина, најдобриот говор е Аллаховата Книга, најдобар пат е Сунетот на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, најлошите дела се новововедените во верата и секоја новотарија е заблуда.‘“ Несаи, со добар синџир на пренесувачи, додал:

«وَكُلَّ ضَلَالَةٍ فِي النَّارِ».

„Секоја заблуда завршува во Огнот.“ Во Сунените, од Ирбад бин Сарије, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни одржа поучен говор поради кој срцата ни затреперија, а очите ни се насолзија, па рековме: ,О, Аллахов Пратенику! Како да е проштален говор, затоа остави ни аманет.' Тој рече:

«أُوصِيكُم بِتَقْوَى اللهِ وَالسَّمعِ وَالطَّاعَةِ وَإِنْ تَأَمَّرَ عَلَيكُم عَبدٌ، فَإِنَّهُ مَنْ يَعِشْ مِنْكُم فَسَيَرَى اخْتِلَافًا كَثِيرًا، فَعَلَيكُم بِسُنَّتِي وَسُنَّةِ الخلُفَاءِ الرَّاشِدِينَ المَهْدِيِّينَ مِنْ بَعْدِي، تَمَسَّكُوا بِهَا وَعَضُّوا عَلَيْهَا بِالنَّوَاجِذِ، وَإِيَّاكُم وَمُحْدَثَاتِ الأُمُورِ، فَإِنَّ كُلَّ مُحْدَثَةٍ بِدْعَةٍ وَكُلَّ بِدْعَةٍ ضَلَالَةٌ».

„Ви оставам аманет да се плашите од Аллах и да им бидете покорни и послушни на вашите водачи, па дури тој да биде роб. Затоа што оној кој ќе поживее од вас ќе види големи несогласувања. Ве советувам, држете се до мојот Сунет и Сунетот на праведните и упатените халифи после мене; цврсто придржувајте се за него и загризете со катниците. И внимавајте на новотариите во верата, бидејќи секоја новотарија води кон заблуда.“ Пренесени се многу хадиси во овој контекст. 

 Од асхабите на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и од праведните претходници по нив, потврдено е, дека предупредувале од новотариите и строго одвраќале од нив. Тоа е затоа што новотариите претставуваат додавање во верата и пропишување на нешто што Аллах не го дозволил, како и поистоветување со Аллаховите непријатели – евреите и христијаните – во нивните измислици и нивното внесување во верата на она што Аллах не го дозволил. Нивната неминовна последица е омаловажување на исламската вера и обвинување дека таа не е совршена. Познато е колкава огромна искривеност има во тоа, колку одвратен и тежок грев е тоа, и дека се коси со зборовите на Возвишениот Аллах:

﴿...ٱلۡيَوۡمَ أَكۡمَلۡتُ لَكُمۡ دِينَكُمۡ...﴾

„Денес верата ваша ви ја усовршив...“ (Ел Маиде, 3) И јасното спротивставување на хадисите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кои предупредуваат од ново воведените работи во верата и одвраќаат од нив.

Со ова, се надевам дека изнесените докази се доволни и убедливи за оној што искрено трага по вистината во отфрлањето на оваа новотарија; односно новотаријата на празнувањето на ноќта на Исра и Мираџ – и предупредувањето од неа, и дека таа воопшто не е дел од исламската вера.

Поради обврската што Аллах ја пропиша – да се советуваат муслиманите, да се појасни што им е пропишано од верата и строгата забрана за прикривање на знаењето – сметав за потребно да ги предупредам моите браќа муслимани на ова новотарија, која се прошири во многу земји, до степен што некои луѓе ја сметаат за дел од верата.

Го молиме Аллах да ги подобри состојбите на сите муслимани, да им подари разбирање на верата, и да нè упати нас и нив да се држиме до вистината, да истраеме на неа и да оставиме сè што ѝ противречи. Навистина, Тој е Семоќен и способен да го стори тоа!

Божјите благослови, мир и благодат нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и одбраните следбеници.

 

 

***

 


بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

Седмо послание:

Прописот за прославувањето на ноќта на половина од месецот шабан

Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Кој ни ја усоврши верата и ја надополни врз нас Неговата благодат, и Аллаховиот мир и благослов нека се со Неговиот веровесник и пратеник Мухамед, веровесникот на покајанието и милоста.

Во продолжение велам: Возвишениот Аллах вели:

﴿...ٱلۡيَوۡمَ أَكۡمَلۡتُ لَكُمۡ دِينَكُمۡ وَأَتۡمَمۡتُ عَلَيۡكُمۡ نِعۡمَتِي وَرَضِيتُ لَكُمُ ٱلۡإِسۡلَٰمَ دِينٗا...﴾

„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел Маиде, 3) Возвишениот исто така вели:

﴿أَمۡ لَهُمۡ شُرَكَٰٓؤُاْ شَرَعُواْ لَهُم مِّنَ ٱلدِّينِ مَا لَمۡ يَأۡذَنۢ بِهِ ٱللَّهُ...﴾

„Зарем тие да имаат божества кои им пропишуваат да веруваат во тоа што Аллах не им го наредил...“ (Еш Шура: 21) Во двата Сахиха, од Аиша, радијаллаху анха, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَنْ أَحْدَثَ فِي أَمْرِنَا هَذَا مَا لَيْسَ مِنْهُ؛ فَهُوَ رَدٌّ».

„Кој ќе воведе во нашата вера, нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“ Во Сахихот на Муслим се пренесува хадис од Џабир, радијаллаху анху, дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, на петочната хутба велел:

«أَمَّا بَعْدُ: فَإِنَّ خَيرَ الحَدِيثِ كِتَابُ اللهِ، وَخَيرَ الهَدْيِ هَدْيُ مُحَمَّدٍ صَلَّى اللهُ عَلَيهِ وَسَلَّمَ، وَشَرَّ الأُمُورِ مُحْدَثَاتُهَا، وَكُلَّ بِدْعَةٍ ضَلَالَةٌ».

„Навистина, најдобриот говор е Аллаховата Книга, најдобриот пат е Сунетот на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, најлошите дела се новововедените во верата и секоја новотарија е заблуда.“ Ајетите и хадисите во овој контекст се многубројни, и јасно укажуваат дека Возвишениот Аллах ја усовршил верата на овој умет и ја употполнил Неговата благодат кон овој умет. Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не премина на подобриот свет, освен откако ја пренесе пораката во целост и му појасни на уметот сѐ што Аллах му го пропиша (како вера) од зборови и дела. Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека сè што луѓето, по него, ќе внесат и ќе му го припишат на исламот – било збор или дело – е новотарија, и тоа ќе биде одбиено од оној што го вовел, дури и ако неговата намера била добра. Ова добро го знаеле асхабите на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а исто така и исламските учени по нив. Затоа тие ги отфрлаа новотариите и предупредуваа од нив, како што спомнал секој што пишувал за величењето на Сунетот и за отфрлањето на новотариите – како Ибн Ведах, Тартуши, Ебу Шамех и други.

Меѓу новотариите кои некои луѓе ги вовеле е новотаријата на одбележувањето на ноќта на половината од месецот шабан и издвојувањето на нејзиниот ден за пост. За тоа нема доказ на кој може да се потпреме, а за нејзината вредност се пренесени слаби хадиси, на кои не е дозволено да се потпира.

А она што е пренесено за вредноста на намазот во неа — сето тоа е измислено, како што на тоа укажале многу исламски алими. Понатаму ќе наведеме дел од нивните изјави, иншаллах.

Околу нејзината вредност, исто така, се спомнуваат и преданија од некои добри претходници (селеф) од реонот Шам и од други места.

Она околу што поголемиот дел од исламските учени се согласни е дека нејзиното одбележување е новотарија, а пренесените хадиси за нејзината вредност сите се слаби, а некои од нив дури и  измислени. На ова укажале, меѓу другите и Хафизот Ибн Реџеб, во неговото дело „Латаиф ел-Маариф“, како и други. Познато е дека според слабите хадиси се постапува само во ибадети чии темели се потврдени со исправни и автентични докази. Што се однесува до одбележувањето на ноќта од средината на месецот шабан, за тоа нема автентична основа, а не може да се поткрепи ниту со слабите хадиси. Ова големо правило го спомнал имамот Ебу ел‑Абас, Шејхул‑ислам, ибн Тејмије, рахимехуллах. 

А јас, почитуван читателу, ќе ти пренесам што рекле некои од исламските алими по ова прашање, за да имаш јасна претстава во врска со тоа.

Учените, Аллах нека им се смилува, се едногласни дека е обврска сите спорни прашања меѓу луѓето да се вратат на Аллаховата Книга и на Сунетот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Па она на што пресудиле двата извора, или едниот од нив, тоа е шеријатот што мора да се следи, а сè што им противречи мора да се отфрли. Сè што не е пропишано во нив во доменот на ибадетите е новотарија и не е дозволено да се практикува, а камоли да се повикува кон тоа и да се препорачува. Возвишениот Аллах вели:

﴿يَٰٓأَيُّهَا ٱلَّذِينَ ءَامَنُوٓاْ أَطِيعُواْ ٱللَّهَ وَأَطِيعُواْ ٱلرَّسُولَ وَأُوْلِي ٱلۡأَمۡرِ مِنكُمۡۖ فَإِن تَنَٰزَعۡتُمۡ فِي شَيۡءٖ فَرُدُّوهُ إِلَى ٱللَّهِ وَٱلرَّسُولِ إِن كُنتُمۡ تُؤۡمِنُونَ بِٱللَّهِ وَٱلۡيَوۡمِ ٱلۡأٓخِرِۚ ذَٰلِكَ خَيۡرٞ وَأَحۡسَنُ تَأۡوِيلًا59﴾

„О, верници, покорувајте Му се на Аллах и покорувајте му се на Пратеникот и на вашите претпоставени. А ако не се сложувате во нешто, обратете им се на Аллах и на Пратеникот, ако верувате во Аллах и во оној свет! Тоа е подобро и последиците се поубави.“ (Ен Ниса, 59) Возвишениот исто така вели:

﴿مَا ٱخۡتَلَفۡتُمۡ فِيهِ مِن شَيۡءٖ فَحُكۡمُهُۥٓ إِلَى ٱللَّهِ...﴾

„Во што и да не се согласувате, пресудата за тоа е кај Аллах...“ (Еш Шура, 10) И вели:

﴿قُلۡ إِن كُنتُمۡ تُحِبُّونَ ٱللَّهَ فَٱتَّبِعُونِي يُحۡبِبۡكُمُ ٱللَّهُ وَيَغۡفِرۡ لَكُمۡ ذُنُوبَكُمۡ...﴾

„Кажи: ,Ако Аллах Го сакате, тогаш мене следете ме, и вас Аллах ќе ве сака и гревовите ќе ви ги прости...‘“ (Али Имран, 31) Следен ајет е:

﴿فَلَا وَرَبِّكَ لَا يُؤۡمِنُونَ حَتَّىٰ يُحَكِّمُوكَ فِيمَا شَجَرَ بَيۡنَهُمۡ ثُمَّ لَا يَجِدُواْ فِيٓ أَنفُسِهِمۡ حَرَجٗا مِّمَّا قَضَيۡتَ وَيُسَلِّمُواْ تَسۡلِيمٗا65﴾

„И се колнам во Господарот твој, тие нема да бидат верници сè додека во меѓусебните спорови за судија тебе не те прифатат, а потоа во душите свои ни малку тешкотија да не почувствуваат за тоа што си го одредил и додека сосема не се покорат.“ (Ен Ниса, 65) Ајетите во овој контекст се многубројни и јасно укажуваат на обврската сите прашања во кои има несогласување да се вратат на Аллаховата Книга и на Сунетот, како и на обврската да се биде задоволен со нивната пресуда. Тоа е суштинско барање на верата и е најдобро за робовите и во овој и во идниот свет, со најдобар исход – односно најдобра завршница.

Хафизот Ибн Реџеб, рахимехуллах, во неговото дело „Латаиф ел-Маариф“, за ова прашање, по претходно изнесеното, рекол:

„Ноќта на средината од шабан, табиините од Шам; како што се: Халид бин Мадан, Мекхул, Лукман бин Амир и други, ја возвеличуваа и се трудеа во неа со ибадет, а од нив луѓето ја научија нејзината вредност и нејзиното возвеличување. Се вели дека до нив по тоа прашање пристигнале исраилитски преданија. Кога тоа се прочу за нив низ земјите, луѓето се разединија околу тоа, некои го прифатија од нив и се согласија да ја возвеличуваат таа ноќ, а меѓу нив имаше и група побожници од Басра и други места.  Но повеќето алими од Хиџаз го отфрлија тоа, меѓу нив Ата и Ибн Еби Мулејкех. Истото го пренесува и Абдурахман бин Зејд бин Еслем од фекихите (правниците) на Медина, и тоа е ставот на следбениците на Малик и други. Тие рекле дека сето тоа е бидат (новотарија).

Алимите од Шам имале различни мислења во врска со начинот на оживување на овас ноќ и се поделиле на два става:

Првиот став е дека препорачливо е таа ноќ да се оживува џематски во џамиите. Халид бин Мадан, Лукман бин Амир и други ја облекувале најубавата облека, ставале мирис и сурма, и ја поминувале целата ноќ во џамија. На тоа мислење бил и Исхак бин Рахавејх, кој рекол дека ваквото одбележување во џамиите со џемат не е новотарија. Ова го пренел Харб ел-Кирмани во неговото дело „Ел-Месаил“.

Вториот став е дека е непожелно (мекрух) во џамиите да се прават собири за намаз, раскажувања на преданија и дова, но не е непожелно човек да клања во нив за себе лично. Ова е ставот на Ел-Евзаи, имамот на жителите на Шам, нивниот феких и алим, а овој став е поблиску до исправното, иншаллах.“ До неговите зборови: „Не е познат ставот на имамот Ахмед за ноќта на средината од шабан, а во поглед на препорачливоста таа да се помине во ноќен намаз, врз основа на пренесеното од него за ноќниот намаз во двете бајрамски ноќи, се извлекуваат два пренесени става; според едното предание тој не го сметал препорачливо тоа да се изведува во џемат, бидејќи тоа не е пренесено ниту од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ниту од неговите асхаби, додека според другото предание тоа го сметал за препорачливо, бидејќи така постапил Абдурахман бин Језид бин ел-Есвед, кој бил од табиините. Истото важи и за клањањето во ноќта на средината од месецот шабан: за тоа не е потврдено ништо од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ниту од неговите асхаби, но е потврдено од група табиини – од најугледните фекихи на Шам.“

Со ова завршува суштината од зборовите на Хафизот Ибн Реџеб, рахимехуллах, во кои тој јасно истакнува дека за ноќта на средината од шабан не е потврдено ништо – ниту од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ниту од неговите асхаби, радијаллаху анхум.

Што се однесува до тоа што Ел-Евзаи, рахимехуллах, го одбрал ставот дека е препорачливо ова да се практикува поединечно, и што Хафизот Ибн Реџеб се согласил со тоа – тој став е гариб и слаб. Затоа што сè што не е потврдено со шеријатски докази како пропишано, не му е дозволено на муслиманот да го воведува во Аллаховата вера, без разлика дали го прави поединечно или во џемат, и без разлика дали тоа го крие или го прави јавно; поради општите зборови на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем:

«مَنْ عَمِلَ عَمَلًا لَيْسَ عَلَيهِ أَمْرُنَا؛ فَهُوَ رَدٌّ».

„Кој прави дело кое не е од нашата вера, ќе му биде отфрлено.“ Тука спаѓаат и други докази што укажуваат на погубноста на новотариите во верата и на предупредување од нив.

Имамот Ебу Бекр ет-Тартуши, рахимехуллах, во неговата книга „Ел-Хавадису вел-Бида‘“, рекол:

„Ибн Ведах од Зејд бин Еслем, пренесува дека рекол: Не затекнавме ниту еден од нашите учители, ниту од нашите фекихи да ѝ обрнува внимание на средината од шабан, ниту пак на говорот на Мекхул, тие не сметаа дека таа ноќ има посебна вредност над останатите.“

Му беше речено на Ибн Еби Мулејкех, дека Зијад ен-Нумејри вели: „Навистина наградата за ноќта на половината на шабан е како наградата за ноќта на Кадр.“ На што рече: „Да го слушнев, и да имав стап во рака, ќе го удрев.“ Завршен цитат.

Почитуваниот алим Еш-Шевкани, рахимехуллах, во неговото дело „Ел-Феваид ел-Меџму’ах“ рекол:

„Хадисот: ,О Али, кој ќе клања сто рекати во ноќта на средината од месецот шабан, на секој рекат ќе ја рецитира сурата Ел-Фатиха и Ел-Ихлас по десет пати, Аллах ќе му ја исполни секоја потреба...' до крај на хадисот.  Овој хадис е измислен, а неговите изрични формулации за наградата што му следува на оној што го практикува тоа се толку претерани што ниеден разумен човек не се сомнева дека е измислен. Неговите пренесувачи се непознати, а истиот хадис е пренесен и во втора и трета верзија – сите измислени и со непознати пренесувачи.“ Исто така, во делото „Ел-Мухтесар“ е речено: „Хадисот за намазот во ноќта на средината од месецот шабан е неисправен.“ А Ибн Хибан бележи од Али: „Кога ќе настапи ноќта на средината од шабан, поминете ја нејзината ноќ во намаз, а постете го нејзиниот ден“ – но овој хадис е слаб. Во делото „Ел-Леали“ е кажано: „Хадисот за сто рекати во ноќта на средината од месецот шабан, со рецитирање на сура Ел-Ихлас десет пати, со долг опис на неговите доблести, пренесен кај ед-Дејлеми и други, е измислен. Поголемиот дел од неговите пренесувачи во сите три верзии се непознати и слаби. Хадисот: „Дванаесет рекати, со рецитирање на сурата Ел-Ихлас триесет пати.“ е измислен и хадисот „И четиринаесет рекати“ — исто така е измислен.

Со овие хадиси биле заведени некои исламски правници – како авторот на „Ел-Ихја“ и други – а исто така и некои од толкувачите на Куранот. За намазот на оваа ноќ, односно ноќта на средината од шабан, се пренесуваат различни облици на практикување, но сите без исклучок се неосновани и измислени. Ова, сепак, не е во спротивност со преданието што го бележи Тирмизи од Аиша, радијаллаху анха, за неговото, салаллаху алејхи ве селем, одење кон Ел-Бекија; ниту со тоа дека Возвишениот Аллах во ноќта на средината од шабан се спушта на овоземното небо и им простува на повеќе луѓе од бројот на влакната на овците на племето Келб. Затоа што тука станува збор само за конкретниот измислен намаз поврзан со оваа ноќ. Иако хадисот од Аиша, радијаллаху анха, е слаб и со прекин во синџирот, како и хадисот од Али, радијаллаху анху, што претходно го спомнавме во врска со ноќниот намаз во таа ноќ – тоа не ја поништува констатацијата дека овој намаз е измислен, и покрај слабоста што ја содржат овие преданија, како што наведовме.“ Завршен цитат. 

Хафизот Ел-Ираки рекол: „Хадисот за намазот во ноќта на средината од шабан е измислица припишана на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и лага врз него.“ Имамот Ен-Невеви во книгата „Ел-Меџму“ рекол: „Намазот познат како ,намаз рагаиб’, кој се состои од дванаесет рекати и се клања меѓу акшам и јација во ноќта на првиот петок од месецот реџеб, и намазот на ноќта на средината од месецот шабан, со сто рекати – овие два намаза се осудени новотарии. Нека никој не се залажува поради тоа што се спомнуваат во книгите „Кут ал-Кулуб“ и „Ихја улум ед-дин“, ниту поради хадисот што се наведува за нив, зашто сето тоа е неисправно. И никој нека не се залажува поради тоа што некои имами, на кои им се помешал прописот, составиле неколку страници во прилог на нивната препорачливост, затоа што тие во тоа погрешиле.“

Имамот Ебу Мухамед Абдурахман бин Исмаил ел-Макдиси составил вредна книга која ги побива овие ставови и во неа одлично и вешто ја обработил оваа тема. Зборовите на алимите за ова прашање се многубројни, а доколку би тргнале да пренесуваме сè на што сме наишле по оваа тема, говорот би се одолжил. Но можеби во она што го наведовме има доволно и тоа е убедливо за оној што ја бара вистината.

Врз основа на наведените ајети, хадиси и зборовите на учените, му станува јасно на оној што ја бара вистината дека одбележувањето на ноќта на средината од месецот шабан со намаз или на друг начин, како и издвојувањето на нејзиниот ден за пост, е отфрлена новотарија според повеќето алими и нема основа во чистиот шеријат. Тоа спаѓа во она што се појавило во исламот по времето на асхабите, Аллах нека е задоволен со сите нив. А, на оној што ја бара вистината, во ова и во сè друго, доволен му е   зборот на Возвишениот Аллах:

﴿...ٱلۡيَوۡمَ أَكۡمَلۡتُ لَكُمۡ دِينَكُمۡ...﴾

„Денес верата ваша ви ја усовршив...“ (Ел Маиде, 3) И другите ајети што се со слично значење, како и зборовите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем:

«مَنْ أَحْدَثَ فِي أَمْرِنَا هَذَا مَا لَيْسَ مِنْهُ فَهُوَ رَدٌّ».

„Кој ќе воведе во нашата вера, нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“ Докази се и другите хадиси со слично значење. 

Имамот Муслим од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, исто така, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«لَا تَخُصُّوا لَيْلَةَ الْجُمُعَةِ بِقِيَامٍ مِنْ بَيْنِ اللَّيَالِي، وَلَا تَخُصُّوا يَوْمَهَا بِالصِّيَامِ مِنْ بَيْنِ الْأَيَّامِ، إِلَّا أَنْ يَكُونَ فِي صَوْمٍ يَصُومُهُ أَحَدُكُمْ».

„Не ја издвојувајте ноќта на петокот со ноќен намаз меѓу другите ноќи, ниту пак денот за пост меѓу другите денови, освен ако се совпадне со пост што некој има навика да го пости.“ Доколку би било дозволено издвојувањето на некоја од ноќите со посебен ибадет, тогаш ноќта на петокот би имала предност пред останатите; бидејќи нејзиниот ден е најдобриот ден во кој изгреало сонцето, според јасните текстови на веродостојните хадиси од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Кога Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, предупредил да не се издвојува таа ноќ од другите со посебен ноќен намаз, тоа уште повеќе укажува дека не е дозволено ниту една друга ноќ да се издвојува со некаква посебна форма на ибадет, освен ако за тоа постои веродостоен доказ.

Имајќи предвид дека за ноќта Кадр и за ноќите на рамазан е пропишано да се поминуваат во ноќен намаз и да се вложува труд во нив, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, укажал на тоа, ги поттикнал верниците да ги оживуваат со намаз, а и самиот така постапувал, како што е пренесено во двата сахиха од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол:

«مَنْ قَامَ رَمَضَانَ إِيمَانًا وَاحْتِسَابًا، غُفِرَ لَهُ مَا تَقَدَّمَ مِنْ ذَنْبِهِ، وَمَنْ قَامَ لَيْلَةَ الْقَدْرِ إِيمَانًا وَاحْتِسَابًا، غُفِرَ لَهُ مَا تَقَدَّمَ مِنْ ذَنْبِهِ».

„Кој ќе го помине месецот рамазан во намаз, верувајќи и надевајќи се на награда, ќе му бидат простени претходните гревови. И кој ќе ја помине ноќта на Кадр во намаз, верувајќи и надевајќи се на награда, ќе му бидат простени претходните гревови.“ Да беше пропишано да се издвојува ноќта на средината од месецот шабан, или ноќта на првиот петок од месецот реџеб, или ноќта на Исра и Мираџ со посебно обележување или со некаква форма на ибадет, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ќе го упатеше уметот на тоа или самиот ќе го практикуваше. А доколку нешто од тоа навистина се случеше, асхабите, Аллах да е задоволен со нив, ќе му го пренесоа на уметот и не би го сокриле, бидејќи тие беа најдобрите луѓе и најискрените кон луѓето по пратениците, алејхимус-селам. Аллах нека е задоволен со асхабите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Од претходно наведените зборови на алимите дозна дека не е пренесено ништо – ниту од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ниту од неговите асхаби, радијаллаху анхум – за посебна вредност на ноќта на првиот петок од реџеб или на ноќта на средината од шабан. Оттука е јасно дека нивното обележување е новотарија воведена во исламот, а нивното издвојување со некаква форма на ибадет е отфрлена новотарија. На ист начин, и дваесет и седмата ноќ од месецот реџеб – за која некои луѓе сметаат дека е ноќта на Исра и Мираџ – не е дозволено да се издвојува со каков било чин на ибадет, ниту пак да се одбележува, поради претходно наведените докази. Ова би важело дури и доколку нејзиното време беше познато, а камоли кога, според исправното мислење на учените, таа информација воопшто не е позната. Тврдењето на оние што велат дека тоа е дваесет и седмата ноќ од месецот реџеб е неосновано и нема поткрепа во ниту еден веродостоен хадис. Навистина убаво рекол оној што рекол:

„Најдобрите дела се оние што се во согласност со првото упатство... а најлошите дела се новововедени новотарии во верата.“

Го молиме Аллах да нè упати нас и сите муслимани кон цврсто придржување до сунетот и истрајност во него, и да нè заштити од сè што е спротивно на него. Аллах е Дарежлив и Благороден.

Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и асхаби.

 

 

***

 


بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

Осмо послание:

Важно предупредување за лажното припишано завештание

На шејхот Ахмед, слугата на Благородниот Пратенички Харем

Од Абдулазиз бин Абдулах бин Баз, до сите муслимани што го читаат ова: Аллах нека ги чува со исламот, и нека нè заштити нас и нив од злото на лажните измислици на неуките, амин

Селам алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху.

А потоа: се запознав со едно писание што му се припишува на шејхот Ахмед, слугата на Благородниот Пратенички Харем, под наслов: „Ова е завештание од Медина од шејхот Ахмед, слугата на Благородниот Пратенички Харем “, во кое се вели:

„Останав буден до доцна во ноќта кон петок, го читав Благородниот Куран, а потоа ги набројав на глас Аллаховите најубави имиња. Кога завршив со тоа, се подготвив за сон, па тогаш го видов со неговиот блескав лик Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, оној што ни ги донесе куранските ајети и благородните прописи — милоста за световите, Мухамед салаллаху алејхи ве селем. Тој ми рече: ,О шејх Ахмед.‘ Јас реков: ,Ти се одзивам, о Аллахов пратенику, најблагородниот меѓу Аллаховите созданија.‘ Тогаш ми рече: ,Се срамам од грдите постапки на луѓето, и не можам да излезам пред мојот Господар ниту пред мелеците; затоашто од џума до џума умреа сто и шеесет илјади на вера различна од исламот.'  Потоа наброја дел од гревовите во кои западнаа луѓето. Потоа додаде: ,Ова завештание е милост за нив од Силниот, Возвишениот.' Потоа спомна некои од предзнаците на Судниот ден и рече: „Извести ги, о шејх Ахмед, за оваа поука; затоа што таа е запишана со перото на Божјата одредба на внимателно чуваната Плоча. Оној што ќе ја запише и ќе ја испрати од земја во земја и од место во место, ќе му биде изграден дворец во Џенетот. А оној што нема да ја запише и да ја пренесе, моето застапништво ќе му биде забрането на Судниот ден. Тој што ќе ја напише - ако е сиромашен, Аллах ќе го збогати; ако е задолжен, Аллах ќе му го измири долгот; а ако има гревови, Аллах ќе му прости нему и на неговите родители, со бериќетот на ова завештание.  Оној од Аллаховите робови кој нема да го напише, лицето ќе му поцрни на овој и на идниот свет.' Потоа рече: ,Се колнам во Возвишениот Аллах, три пати – ова е вистина; а ако лажам, нека го напуштам овој свет без ислам. Кој ќе поверува во ова, ќе се спаси од казната на Огнот, а кој ќе го смета за лага – паднал во неверство.‘“

Ова е сожеток од лажно пропишаното завештание на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Ова лажно завештание сме го слушале многупати во текот на годините; тоа одвреме-навреме се шири меѓу луѓето и се пропагира кај многумина од обичниот свет, а неговите формулации се разликуваат.  Неговиот лажливец тврди дека во сон го видел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и дека тој му го предал овој завет. А во оваа последна верзија што ти ја спомнавме, почитуван читателу, измислувачот дури тврди дека го видел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во моментот кога се подготвувал за спиење - што по значење излегува како да вели дека го видел на јаве!

Овој клеветник во ова завештание изнел многу нешта што спаѓаат во најочигледните лаги и најјасните невистини. Иншаллах, наскоро ќе ти укажам на нив во ова обраќање. И во изминатите години укажував на нив и им појаснував на луѓето дека сето тоа е чиста лага и измислица. Кога налетав на оваа последна брошура, првично се двоумев дали да пишувам за неа, бидејќи нејзината невистина е толку очигледна, а дрскоста на нејзиниот клеветник во лажењето толку голема, што не мислев дека  би можела да измами некого кој има барем малку проницливост или здрава природност. Но, откако многу браќа ме известија дека таа се проширила меѓу голем број луѓе, дека ја разменуваат меѓусебно и дека некои дури и поверувале во неа - сметав дека е должност на луѓе како мене да пишуваат за неа, за да се појасни нејзината неоснованост и дека лажно му е припишана на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за никој да не се измами со неа. Секој што има знаење и иман, или здрава природа и исправен разум, ако внимателно го разгледа ова завештание, веднаш ќе увиди дека е лага и измислица, и тоа од многу аспекти.

Прашав некои од роднините на почитуваниот шејх Ахмед, на кого му се припишува оваа клевета, за ова завештание, и еден од нив ми одговори дека се работи за нешто што лажно му е припишано на шејхот Ахмед и дека тој воопшто не го рекол тоа. Споменатиот шејх Ахмед починал пред извесно време. А дури и ако претпоставиме дека споменатиот шејх Ахмед, или некој уште поголем од него, тврди дека го видел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во сон или на јаве, и дека од него го добил ова завештание, со сигурност би знаеле дека лаже, или дека оној што му го кажал тоа е шејтан, а не Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, поради многу причини, меѓу кои:

Прво: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не може да се види на јаве по неговата смрт. Оној што од неуките меѓу суфиите тврди дека го гледа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во будна состојба, или дека тој присуствува на мевлудот, или нешто слично на тоа – тешко згрешил и западнал во голема заблуда. Таквиот направил голема грешка и им се спротивставил на Книгата, Сунетот и консензусот на учените; затоа што мртвите ќе излезат од нивните гробови на Судниот ден, а не на овој свет. Секој што го тврди спротивното е или свесен лажливец, или човек во заблуда на кого му е заматена вистината. Таквиот не ја спознал вистината што ја познаа праведните претходници и до која се придржуваа асхабите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и нивните следбеници во доброто. Возвишениот Аллах вели:

﴿ثُمَّ إِنَّكُم بَعۡدَ ذَٰلِكَ لَمَيِّتُونَ15 ثُمَّ إِنَّكُمْ يَوْمَ الْقِيَامَةِ تُبْعَثُونَ16﴾

„Вие, потоа, ќе умрете,

потоа, на оној свет, оживени ќе бидете.“ (Ел Муминун, 15-16) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«أَنَا أَوَّلُ مَنْ تَنْشَقُّ عَنْهُ الْأَرْضُ يَوْمَ الْقِيَامَةِ، وَأَنَا أَوَّلُ شَافِعٍ وَأَوَّلُ مُشَفَّعٍ».

„Јас сум првиот за кого ќе се расцепи земјата на Судниот ден, и јас сум првиот застапник и првиот чие застапништво ќе биде прифатено.“ Ајетите и хадисите во овој контекст се многубројни.

Второ: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не зборува спротивно на вистината – ниту за време на својот живот, ниту по својата смрт. А ова завештание очигледно му противречи на неговиот шеријат од многу аспекти, како што ќе следи. Точно е дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, може да биде виден во сон,  и кој ќе го види во неговиот вистински облик, навистина го видел; заtoa што шејтанот не може да се претстави во неговиот лик, како што е потврдено во веродостоен хадис. Но сето тоа зависи од иманот на оној што го видел, неговата искреност, праведност, побожност и доверливост, и од тоа дали навистина го видел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во неговиот вистински облик или во некаков друг.

Ако од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е пренесен хадис што го изрекол за време на својот живот, но не преку доверливи и праведни пренесувачи, тогаш тој хадис не се зема како доказ. Дури и ако е пренесен преку доверливи пренесувачи, но му противречи на друг хадис што го пренесол некој уште подоверлив и подобар во памтењето, и противречноста е таква што не може да се помири, тогаш послабото предание се смета за дерогирано (мансух) или за отстапувачко (шаз), по кое не се постапува.

Доколку тоа важи за хадисите пренесени од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, преку познати пренесувачи, што тогаш да кажеме за едно завештание чиј пренесувач од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не е познат, ниту му се знаат праведноста и доверливоста? Такво нешто мора да се отфрли и да не му се обрнува внимание, дури и ако во него нема ништо што очигледно му противречи на шеријатот, а камоли кога, како во овој случај, завештанието содржи многу работи што јасно укажуваат на неговата неисправност, на тоа дека лажно му е припишано на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и дека во него се пропишуваат верски одредби што Аллах не ги дозволил!

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَنْ قَالَ عَلَيَّ مَا لَمْ أَقُلْ؛ فَلْيَتَـبَوَّأْ مَقْعَدَهُ مِنَ النَّارِ».

„Кој ќе каже за мене нешто што јас не сум го рекол, нека си го подготви своето место во Огнот.“ Оној што го измислил ова завештание и му го припишал на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, изрекол нешто што тој никогаш не го кажал и направил отворена, опасна лага. Затоа таквиот човек навистина заслужува жестока опомена и казна, а најмногу ја заслужува ако не се покае искрено и не им соопшти јавно на луѓето дека ова завештание, припишано на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е лага. Оној што ќе рашири невистина меѓу луѓето и ќе ѝ ја припише на верата, неговото покајување нема да биде исправно сè додека не ја објави својата грешка јавно и не се демантира себеси, за луѓето да дознаат дека се повлекол од лагата. Возвишениот Аллах вели:

﴿إِنَّ ٱلَّذِينَ يَكۡتُمُونَ مَآ أَنزَلۡنَا مِنَ ٱلۡبَيِّنَٰتِ وَٱلۡهُدَىٰ مِنۢ بَعۡدِ مَا بَيَّنَّٰهُ لِلنَّاسِ فِي ٱلۡكِتَٰبِ أُوْلَٰٓئِكَ يَلۡعَنُهُمُ ٱللَّهُ وَيَلۡعَنُهُمُ ٱللَّٰعِنُونَ159 إِلَّا ٱلَّذِينَ تَابُواْ وَأَصۡلَحُواْ وَبَيَّنُواْ فَأُوْلَٰٓئِكَ أَتُوبُ عَلَيۡهِمۡ وَأَنَا ٱلتَّوَّابُ ٱلرَّحِيمُ160﴾

„Тие што ќе ги кријат јасните докази коишто Ние ги објавивме, и Вистинскиот пат откако на луѓето во Книгата им го означивме, Аллах ќе ги проколне, а ќе ги проколнат и тие што проколнуваат.

Исклучок ќе бидат тие што ќе се покајат и што ќе се поправат, и што тоа јавно ќе го покажат; на таквите Јас ќе им простам, бидејќи Јас сум Тој што го прима покајанието и Милостив сум.“ (Ел Бекаре, 159-160) Возвишениот Аллах во овој благороден ајет појаснува дека оној што ќе прикрие нешто од вистината, неговото покајание нема да биде исправно се додека не ја исправи својата постапка и не ја разјасни вистината. Семоќниот Аллах ја усовршил верата за Своите робови и ја исполнил Својата благодат врз нив со тоа што го испратил Својот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, и му го објавил целосниот верозакон. Тој не преминал на оној свет се додека не ја усовршил верата и ја објаснил на најјасен начин, за што Возвишениот вели:

﴿...ٱلۡيَوۡمَ أَكۡمَلۡتُ لَكُمۡ دِينَكُمۡ وَأَتۡمَمۡتُ عَلَيۡكُمۡ نِعۡمَتِي وَرَضِيتُ لَكُمُ ٱلۡإِسۡلَٰمَ دِينٗا...﴾

„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел Маиде, 3)

Измислувачот на ова завештание се појавил во четиринаесеттиот век, сакајќи да им подметне на луѓето нова вера во која се ветува Џенет за оној што ќе ги прифати неговите прописи, а се заканува со Оган за оној што нема да ги прифати. Тој сакал од ова измислено завештание да направи нешто повозвишено и подобро од Куранот, па во него измислил дека оној што ќе го запише и ќе го испрати од една земја во друга, или од едно место на друго, ќе добие дворец во Џенетот.Оној пак што нема да ја запише и испрати, ќе биде лишен од застапништвото на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, на Судниот ден. Ова е една од најопасните лаги и најјасен доказ за лажноста на ова завештание, за бесрамноста на неговиот измислувач и за неговата голема дрскост во лажењето. Дури и оној што го препишувал Куранот и го испраќал од земја во земја не ја заслужува таа доблест, ако не постапува според него. Па како тогаш да ја заслужи оној што ќе ја запише и ќе ја пренесува оваа измислена лага? Оној што не го препишувал Куранот ниту го испраќал од една земја во друга, нема да биде лишен од застапништвото на пратеникот, салаллаху алејхи ве селем доколку верува во него и го следи неговиот верозакон. Оваа единствена клевета во ова завештание сама по себе е доволен показател за неговата неисправност, за лагата на оној што го шири, неговата дрскост и глупост, и за неговата оддалеченост од познавањето на она со што дошол Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, од упатството.

Исто така, во ова завештание — покрај сето спомнато — има и други спорни работи кои сите укажуваат на неговата ништовност и лажност. Дури и ако оној што го измислил се заколне со илјада заклетви или повеќе дека е вистинито, и ако врз себе повика најтешка казна и најжестоко проклетство тврдејќи дека е искрен — тоа не би го направило вистинито, ниту тој би бил искрен. Напротив, тоа е, се колнам во Аллах, па се колнам уште еднаш во Аллах, една од најголемите и најгрдите неправди. Го земаме за сведок Возвишениот Аллах и мелеците што се присутни со нас,  и секој муслиман што ќе го прочита ова — сведоштво со кое ќе застанеме пред нашиот Господар, Аллах — и сведочиме: ова завештание е лага и клевета врз Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Нека Аллах го посрами оној што го измислил и нека му пресуди според тоа што го заслужува.

На лажноста и неисправноста на ова завештание, покрај претходно споменатото, укажуваат и многу други работи од наведениот текст, а тие се:

Прво: Неговите зборови во завештанието: „Затоа што од џума до џума умреле сто и шеесет илјади на  вера различна од исламот“ – ова спаѓа во гајб (скриеното). На Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, по неговата смрт му прекина објавата, па дури тој ниту за време на својот живот не го знаеше гајбот, па како тогаш би го знаел по смртта?! Возвишениот Аллах вели:

﴿قُل لَّآ أَقُولُ لَكُمۡ عِندِي خَزَآئِنُ ٱللَّهِ وَلَآ أَعۡلَمُ ٱلۡغَيۡبَ...﴾

„Кажи: Јас не ви велам: ‚Кај мене се Аллаховите ризници.‘, ниту: ‚Мене ми е познат невидливиот свет‘...“ (Ел Енам, 50) Следен ајет:

﴿قُل لَّا يَعۡلَمُ مَن فِي ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَٱلۡأَرۡضِ ٱلۡغَيۡبَ إِلَّا ٱللَّهُ...﴾

„Кажи: ,Никој, освен Аллах, ни на небото ни на Земјата, не го знае гајбот...‘“ (Ен Немл, 65) Во веродостоен хадис од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се пренесува дека рекол:

«يُذَادُ رِجَالٌ عَنْ حَوْضِي يَوْمَ القِيَامَةِ، فَأَقُولُ: يَا رَبِّ! أَصْحَابِي أَصْحَابِي، فَيُقَالُ لِي: إِنَّكَ لَا تَدْرِي مَا أَحْدَثُوا بَعْدَكَ، فَأَقُولُ كَمَا قَالَ العَبْدُ الصَّالِحُ: ﴿وَكُنتُ عَلَيۡهِمۡ شَهِيدٗا مَّا دُمۡتُ فِيهِمۡۖ فَلَمَّا تَوَفَّيۡتَنِي كُنتَ أَنتَ ٱلرَّقِيبَ عَلَيۡهِمۡۚ وَأَنتَ عَلَىٰ كُلِّ شَيۡءٖ شَهِيدٌ﴾ [المائدة: 117]».

„Луѓе ќе бидат оддалечени  од мојот хауд на Судниот ден, па ќе речам: Господару мој! Моите асхаби, моите асхаби. Ќе ми биде речено: Ти не знаеш што направија по тебе. Па ќе речам како што рече праведниот роб: „И бев сведок над нив додека бев меѓу нив; а кога Ти ме зема, Ти беше Надзорник над нив; и Ти си сведок над сè.“ (Маида, 117)

Второ: Меѓу работите што укажуваат на невалидноста на ова завештание и дека е лага, е тврдењето во него: „Кој ќе го напише - ако е сиромашен, Аллах ќе го збогати; ако е задолжен, Аллах ќе му го измири долгот; а ако има гревови, Аллах ќе му прости нему и на неговите родители, со бериќетот на ова завештание. “ до крај цитатот Ова спаѓа меѓу најопасните лаги и е најочигледен доказ за лагата на неговиот измислувач и за неговата бесрамност пред Аллах и пред Неговите робови, затоа што овие три работи не се постигнуваат со самото пишување на Куранот. Како тогаш би можеле да се постигнат со запишување на ова ништовно и измислено завештание?! Овој лажго сака само да ги доведе луѓето во заблуда и да ги наведе да се држат за ова завештание – да го препишуваат и да се прилепуваат за наводните доблести што ги ветува – а во исто време да ги запостават вистинските средства што Аллах им ги пропиша на Своите робови и ги направи причина за изобилство, отплата на долговите и простување на гревовите. Затоа бараме заштита кај Аллах од делата што водат кон понижување и пропаст, и од покорување на страстите и шејтанот.

Трето: Од работите што укажуваат на ништовноста на ова завештание е тврдењето во него: „Оној од Аллаховите робови нема да го напише, лицето ќе му поцрни на овој и на идниот свет." И ова, исто така, спаѓа во најгрдите форми на лага и е меѓу најочигледните докази за ништовноста на ова завештание и за лагата на неговиот измислувач. Како може разумен човек да прифати да препишува едно завештание што го измислил и проширил непознат човек во четиринаесеттиот век, клеветнички припишувајќи му го на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и тврдејќи дека оној што нема да го запише ќе му поцрни лицето на овој и на идниот свет, а оној што ќе го запише ќе стане богат по сиромаштијата, ќе биде ослободен од долговите и ќе му бидат простени сите гревови?!

Славен нека е Аллах, ова е голема клевета! Доказите и реалноста јасно сведочат за лагата на овој клеветник, за неговата дрскост кон Аллах и за неговиот недостаток на срам пред Аллах и пред луѓето. Ете, многу народи не го пишувале ова завештание, па не им поцрнеле лицата; а од друга страна, безброј луѓе – никој освен Аллах не може да ги изброи – го пишувале повеќепати, па нивните долгови не им се подмириле, ниту сиромаштијата им исчезнала. Затоа бараме заштита кај Аллах од застранувањето на срцата и од рѓата на гревовите. А овие особини и награди не се пропишани во благородниот шеријат дури ни за оној што ја запишал најдобрата и највозвишената Книга – Куранот. Па како тогаш би ги добил оној што запишал едно лажно завештание исполнето со разни лаги и заблуди, и со многубројни искази натопени со форми на неверство?! Субханаллах! Колку е Аллах Благ кон оној што се осмелува да лаже за Него.

Четврта работа: Меѓу работите што укажуваат дека ова завештание е од најголемите невистини и најочигледни лаги – е и следново: во него се вели: „Кој ќе поверува во него ќе се спаси од казната на Огнот, а кој го порекне – паднал во неверство.“ Ова – исто така – спаѓа во најголемите дрскости во лажењето и во најгрдите невистини. Овој измамник ги повикува сите луѓе да поверуваат во неговата измислица, тврдејќи дека со тоа ќе се спасат од казната на Огнот, а оној што ќе ја смета за лага, според него, станува неверник. Навистина, овој измамник — се колнам во Аллах — изнесе најтешка клевета против Аллах и кажа нешто што е целосна невистина. Оној што ќе ѝ поверува на оваа измислица, тој е тој што заслужува да се смета за неверник, а не оној што ја отфрла и ја смета за лага. Затоа што ова е чиста клевета и лажна измислица без никаква основа во вистината. Сведочиме пред Аллах дека ова завештание е лага, и дека оној што го измислил е измамник кој сака да им припише на луѓето нешто што Аллах не го дозволил и да воведе во верата нешто што не е дел од неа. А Аллах ја усоврши и ја доведе до совршенство верата за овој умет уште пред четиринаесет векови, пред да се појави оваа клевета. Внимавајте, почитувани браќа и читатели, и чувајте се да не поверувате во вакви измислици и клевети, ниту дозволувајте тие да најдат место кај вас. Вистината е светлина и таа не останува скриена за оној што искрено ја бара. Затоа барајте ја вистината преку јасни докази и прашувајте ги учените за она што ви е нејасно. Не дозволувајте да ве заведат заклетвите на лажливците, бидејќи Иблис — проклетиот — им се заколна на вашите родители, Адем и Хава, дека им е искрен советник, а всушност тој е најголемиот предавник и најлажливиот од сите лажливци, како што го пренесе Аллах во Својата Книга.

﴿وَقَاسَمَهُمَآ إِنِّي لَكُمَا لَمِنَ ٱلنَّٰصِحِينَ21﴾

„И им се колнеше: ,Јас сум ви, навистина, искрен советник!‘“ (Ел Араф, 21) Затоа чувајте се од него, и пазете се од неговите следбеници — оние што измислуваат лаги. Колку само многу лажни заклетви, празни завети и украсени зборови користат тие, за да заведуваат и доведуваат во заблуда! Во врска со тоа што овој клеветник го спомнал за појавата на лошите дела — тоа е навистина така; но Куранот и Сунетот веќе најостро предупредија од нив, и токму во нив се содржи вистинското упатство и доволното објаснување.

Исто така, во врска со тоа што е спомнато за предзнаците на Судниот ден — хадисите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, веќе јасно појасниле што спаѓа меѓу нив, а и благородниот Куран укажал на дел од нив. Кој сака да дознае за тоа, ќе го најде на своето место во книгите на сунетот и во делата на учените и верниците. Затоа, луѓето немаат потреба од појаснувањата на еден клеветник, од неговото замаглување и мешање на вистината со невистината. Аллах да ме заштити мене, вас и сите муслимани од злото на шејтаните, од искушенијата на оние што заведуваат, од скршнувањата на оние што се оддалечуваат од вистината, и од измамите на Аллаховите непријатели – поборници на невистината – кои сакаат со своите усти да ја изгаснат Аллаховата светлина и да ги збунат луѓето во нивната вера. А Аллах го надополнува светлото Свое и ќе ја помогне Својата вера, макар и тоа да го мразат Неговите непријатели од шејтаните и нивните следбеници меѓу неверниците и атеистите. Го молиме Возвишениот Аллах да ги подобри состојбите на муслиманите, да им подари следење на вистината и истрајност на неа, и да се покајат пред Возвишениот Аллах од сите гревови. Навистина, Тој е Оној Кој многу простува, Милостивиот и Семоќен над сè. Доволен ни е Аллах и Тој е прекрасен Заштитник, нема сила ниту моќ освен со Севишниот Аллах.

Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите, Аллаховиот благослов и мир нека се над Неговиот роб и Пратеник, вистинолубивиот и доверливиот, и над неговото семејство, неговите другари асхаби и неговите следбеници кои во добрина го следат до Судниот ден.

 

***

 


بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

Деветто послание: Прописот за маѓијата, гатањето и сè што е поврзано со нив18

Благодарноста му припаѓа единствено на Аллах. Салавати  и селами нека се врз последниот пратеник. А потоа велам:

Во последно време се забележува значителен пораст на бројот на маѓепсници кои се претставуваат како лекари и нудат лекување преку маѓија или гатање. Нивната појава во одредени земји, злоупотребата на наивните луѓе, особено на оние кај кои преовладува незнаењето, претставува сериозна закана. Од чувство на должност кон Аллах и Неговите робови, сметав дека е неопходно да предупредам на опасностите што овие дела ги носат за исламот и за муслиманите, бидејќи тие водат кон потпирање на нешто друго наместо на Аллах и кон непочитување на Неговите наредби и на наредбите на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Потпирајќи се на Аллах, велам: Третирањето на болеста/лекувањето е дозволено едногласно кај исламските алими. Муслиманот кој има потреба од лекување треба да му се обрати на стручен лекар – специјалист за внатрешни болести, хирургија, неврологија или друга соодветна гранка – за да му се дијагностицира болеста и да биде лекуван со дозволени средства согласно исламското право, почитувајќи ја медицинската наука. Ова претставува користење на вообичаените причини и не го негира тевекулот, односно потпирањето на Аллах. Семоќниот Аллах ја создал болеста, но истовремено создал и лек за неа – го знае тој што учел, а го игнорира тој што не учел. Сепак, Возвишениот Аллах не дал лекот, за Неговите робови, да биде во нешто што Тој го забранил.

Не е дозволено на болниот да оди кај гатачи кои тврдат дека го знаат скриеното за да дознае нешто за својата болест. Исто така, не му е дозволено да им поверува на нивните зборови, бидејќи тие зборуваат нагаѓајќи за скриеното или повикувајќи џини за да им помогнат во нивните намери. Прописот за таквите е неверство и заблуда доколку тврдат дека го знаат скриеното.

Муслим во неговиот „Сахих“ пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَنْ أَتَى عَرَّافًا فَسَأَلَهُ عَنْ شَيْءٍ، لَمْ تُقْبَلْ لَهُ صَلَاةٌ أَرْبَعِينَ يَوْمًا».

„Кој ќе посети гатач и ќе го праша за нешто, намазот нема да му биде примен четириесет дена.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَنْ أَتَى كَاهِنًا فَصَدَّقَهُ بِمَا يَقُولُ، فَقَدْ كَفَرَ بِمَا أُنْزِلَ عَلَى مُحَمَّدٍ ﷺ».

„Тој што ќе посети гатач и ќе му поверува во тоа што го вели, го негирал она што му е објавено на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем.“ Ова го бележи Ебу Давуд, додека четворицата автори на Сунените бележат верзија која Хаким ја оценил како веродостојна:

«مَنْ أَتَى عَرَّافًا أَوْ كَاهِنًا فَصَدَّقَهُ بِمَا يَقُولُ، فَقَدْ كَفَرَ بِمَا أُنْزِلَ عَلَى مُحَمَّدٍ ﷺ».

„Тој што ќе посети гатач или претскажувач и ќе му поверува во тоа што го вели, го негирал она што му е објавено на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем.“

И Имран бин Хусејн, радијаллаху анху, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«لَيْسَ مِنَّا مَنْ تَطَيَّرَ أَوْ تُطُيِّرَ لَهُ، أَوْ تَكَهَّنَ أَوْ تُكُهِّنَ لَهُ، أَوْ سَحَرَ أَوْ سُحِرَ لَهُ، وَمَنْ أَتَى كَاهِنًا فَصَدَّقَهُ بِمَا يَقُولُ، فَقَدْ كَفَرَ بِمَا أُنْزِلَ عَلَى مُحَمَّدٍ ﷺ».

„Не е наш тој што претскажува злокобност преку летот на птиците, или, пак, некој друг му претскажува, тој што гата и кому му се гата, и тој што прави маѓија и за кого се прави маѓија. Тој што ќе посети гатач и ќе му поверува во тоа што го вели, го негирал она што му е објавено на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем.“ Хадисот го запишал Беззар со добар (хасен) синџир на пренесувачи.

Во овие хадиси е забрането одењето кај предвидувачите, гатачите, маѓепсниците и сличните луѓе. Забрането е да им се поставуваат прашања и да се верува во она што го кажуваат. Истовремено, хадисите предупредуваат на сериозната казна за оние што го прават ова.

Луѓето не треба да се заведуваат од тоа што некои од нивните зборови изгледаат како точни, ниту од фактот што има многу луѓе кои ги посетуваат. Обично, тие што одат кај нив се неуки. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, јасно го забранил одењето кај нив, поставувањето прашања и верувањето во нивните зборови, бидејќи таквите дела се голем грев, носат сериозни опасности и водат до катастрофални последици. Овие луѓе се лажливци и измамници.

Хадисите исто така укажуваат дека гатачите и маѓепсниците се неверници поради тоа што тврдат дека го знаат скриеното, а тоа е јасно неверство. Тие своите намери ги остваруваат само преку служење на џините и нивното обожување покрај Аллах, што е голем ширк и неверство. Оној што ќе им поверува дека го знаат скриеното, се изедначува со нив. Секој што ќе прифати вакви практики од овие луѓе, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, јасно се оградил од него.

Исто така, на муслиманот не му е дозволено да го прифаќа она што тие го нарекуваат „лекување,“ како талисмани, маѓиски формули, истурање стопено олово или други суеверија. Сето ова спаѓа во категоријата на гатање и измама. Оној што ќе го прифати ова, станува соучесник во нивната заблуда и неверство.

Не му е дозволено на ниту еден муслиман да оди кај нив и да ги прашува за тоа со кого ќе се ожени неговиот син или роднина, ниту за тоа какви ќе бидат односите меѓу сопружниците и нивните семејства – дали ќе има љубов, верност, непријателство, разделба или нешто слично, зашто сето тоа е гајб што само Возвишениот Аллах го знае.

Затоа, властите, одговорните за јавниот ред и мир, како и сите кои имаат моќ и влијание, се должни да го спречат одењето кај овие луѓе, да го забранат нивното делување на пазарите и други места, најостро да ги осудат, и да укажат на грешката на оние кои ги посетуваат.

Сихрот (маѓијата) исто така спаѓа во забранетите дела што претставуваат неверство, како што Возвишениот Аллах известува за двајцата мелеци:

﴿...وَمَا يُعَلِّمَانِ مِنۡ أَحَدٍ حَتَّىٰ يَقُولَآ إِنَّمَا نَحۡنُ فِتۡنَةٞ فَلَا تَكۡفُرۡۖ فَيَتَعَلَّمُونَ مِنۡهُمَا مَا يُفَرِّقُونَ بِهِۦ بَيۡنَ ٱلۡمَرۡءِ وَزَوۡجِهِۦۚ وَمَا هُم بِضَآرِّينَ بِهِۦ مِنۡ أَحَدٍ إِلَّا بِإِذۡنِ ٱللَّهِۚ وَيَتَعَلَّمُونَ مَا يَضُرُّهُمۡ وَلَا يَنفَعُهُمۡۚ وَلَقَدۡ عَلِمُواْ لَمَنِ ٱشۡتَرَىٰهُ مَا لَهُۥ فِي ٱلۡأٓخِرَةِ مِنۡ خَلَٰقٖۚ وَلَبِئۡسَ مَا شَرَوۡاْ بِهِۦٓ أَنفُسَهُمۡۚ لَوۡ كَانُواْ يَعۡلَمُونَ﴾

„Тие двајца никого не поучуваа сè додека не му кажеа: ,Ние само искушуваме, а ти немој да бидеш неверник!' И луѓето од нив двајца учеа како мажот од жената да го разведат, но тие не можеа на никого без одобрение од Аллаховата волја да му наштетат. Го учеа тоа што ќе им наштети и од што нема да имаат корист, иако знаеја дека тој што таа вештина ќе ја стекне, на другиот свет никаква среќа нема да има. А навистина е бедно тоа за што се продадоа, само кога тие би знаеле.“ (Ел Бекаре, 102)

Овие благородни ајети јасно укажуваат дека маѓијата е неверство и дека маѓепсниците предизвикуваат раздор меѓу човекот и неговата сопруга. Тие исто така потврдуваат дека маѓијата сама по себе нема никаква моќ, ниту може да донесе некаква корист, ниту, пак, да предизвика некаква штета, туку нејзиното влијание се случува единствено со Аллахова дозвола, согласно Неговата космичка одредба, бидејќи Возвишениот Аллах е Создателот и на доброто и на злото.

Овие ајети исто така укажуваат дека оние кои ја изучуваат маѓијата, всушност, изучуваат нешто што им носи само штета, а никаква корист. Тие немаат никаква среќа, удел или награда кај Аллах. Ова е сериозно предупредување кое ја истакнува нивната огромна загуба на овој и на идниот свет. Тие ги продале своите души за најниска цена, па затоа Возвишениот Аллах ги укорува со зборовите:

﴿...وَلَبِئۡسَ مَا شَرَوۡاْ بِهِۦٓ أَنفُسَهُمۡۚ لَوۡ كَانُواْ يَعۡلَمُونَ﴾

„Навистина е бедно тоа за што се продадоа, само кога тие би знаеле.“ (Ел Бекаре, 102) Во овој контекст се спомнува арапскиот збор „Еш-шира“ што значи „купување“, но во овој ајет има значење на „продавање“.

Штетата што ја нанесуваат овие измамници, кои ги наследиле овие знаења од многубошците и со нив ги заведуваат луѓето со слаба вера и разум, е голема и сериозна. Ние сме Аллахови и Нему ќе Му се вратиме, доволен ни е Аллах, и Тој е прекрасен Заштитник!

Го молиме Аллах да нè заштити од злото на маѓепсниците, гатачите и сите други измамници. Исто така, Го молиме Возвишениот да ги заштити муслиманите од нивното зло и да ги упати владетелите на муслиманите да бидат внимателни и да ја спроведат Аллаховата пресуда над нив, за да се заштитат луѓето од нивната штета и од нивните злобни дела. Навистина, Аллах е Дарежлив и Милостив.

Возвишениот Аллах им пропишал на Неговите робови средства со кои можат да се заштитат од злото на маѓијата пред да се случи, а исто така им појаснил како да се справат со неа откако ќе се случи, како израз на Неговата милост и добрина, и знак на Неговата целосна благодат кон нив.

Во продолжение следи објаснување на шеријатски дозволените начини за заштита од маѓијата пред нејзиното случување, како и на методите за лекување откако ќе се појави, а појаснувањето е како што следи:

Прво: Што се однесува до тоа како да се заштитиме од опасноста на сихрот или маѓијата пред да се случи, најважниот и најкорисниот начин е заштитата преку шеријатските зикрови, дови и потврдените заштитни дови, од кој е рецитирањето на Ајетул-Курсиј – кој е највеличествениот ајет во Куранот – по  секој задолжителен намаз, по селамот. Тоа се Аллаховите зборови:

﴿ٱللَّهُ لَآ إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ ٱلۡحَيُّ ٱلۡقَيُّومُۚ لَا تَأۡخُذُهُۥ سِنَةٞ وَلَا نَوۡمٞۚ لَّهُۥ مَا فِي ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَمَا فِي ٱلۡأَرۡضِۗ مَن ذَا ٱلَّذِي يَشۡفَعُ عِندَهُۥٓ إِلَّا بِإِذۡنِهِۦۚ يَعۡلَمُ مَا بَيۡنَ أَيۡدِيهِمۡ وَمَا خَلۡفَهُمۡۖ وَلَا يُحِيطُونَ بِشَيۡءٖ مِّنۡ عِلۡمِهِۦٓ إِلَّا بِمَا شَآءَۚ وَسِعَ كُرۡسِيُّهُ ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَٱلۡأَرۡضَۖ وَلَا يَـُٔودُهُۥ حِفۡظُهُمَاۚ وَهُوَ ٱلۡعَلِيُّ ٱلۡعَظِيمُ255﴾

„Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот!“ (Ел Бекаре, 255) Исто така, таа треба да се рецитира и при легнување во постела, заtoa што веродостојно е пренесено од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол:

«مَنْ قَرَأَ آيَةَ الْكُرْسِيِّ فِي لَيْلَةٍ، لَمْ يَزَلْ عَلَيْهِ مِنَ اللَّهِ حَافِظٌ، وَلَا يَقْرَبُهُ شَيْطَانٌ حَتَّى يُصْبِحَ».

„Кој ќе рецитира Ајетул-Курсиј во текот на ноќта, над него ќе има постојан заштитник од Аллах и шејтанот нема да му се доближи сè до утрото.“

Меѓу нив е и рецитирањето на сурите:

﴿قُلۡ هُوَ ٱللَّهُ أَحَدٌ1﴾

„Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е!‘“

﴿قُلۡ أَعُوذُ بِرَبِّ ٱلۡفَلَقِ1﴾

„Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на мугрите.‘“

﴿قُلۡ أَعُوذُ بِرَبِّ ٱلنَّاسِ1﴾

„Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на луѓето.‘“ (Ен Нас, 1) После секој пропишан намаз. Овие три сури, исто така, се рецитираат трипати на почетокот од секој ден, по сабахскиот намаз, и на почетокот од секоја ноќ, по акшамскиот намаз.

Дополнително, на почетокот на секоја ноќ се рецитираат и последните два ајета од сурата Ел Бекаре, кои гласат:

﴿ءَامَنَ ٱلرَّسُولُ بِمَآ أُنزِلَ إِلَيۡهِ مِن رَّبِّهِۦ وَٱلۡمُؤۡمِنُونَۚ كُلٌّ ءَامَنَ بِٱللَّهِ وَمَلَٰٓئِكَتِهِۦ وَكُتُبِهِۦ وَرُسُلِهِۦ لَا نُفَرِّقُ بَيۡنَ أَحَدٖ مِّن رُّسُلِهِۦۚ وَقَالُواْ سَمِعۡنَا وَأَطَعۡنَاۖ غُفۡرَانَكَ رَبَّنَا وَإِلَيۡكَ ٱلۡمَصِيرُ285﴾

„Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците, секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: „Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови“. И велат: ,Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме.‘“ До крај на сурата.

Поради она кое веродостојно се пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَنْ قَرَأَ الآيَتَيْنِ مِنْ آخِرِ سُورَةِ البَقَرَةِ فِي لَيْلَةٍ كَفَتَاهُ».

„Кој ќе ги рецитира последните два ајета од сурата Ел Бекаре во текот на ноќта, тие ќе му бидат доволни.“ Значењето на ова, а Аллах најдобро знае, е дека тие ќе му бидат доволни како заштита од секакво зло. Дополнително, препорачливо е често да се бара заштита со зборовите: „Барам заштита со потполните Аллахови зборови од злото кое го создал.“ Овие зборови треба да се изговараат во текот на денот и ноќта, како и при престој на кое било место – било да е тоа зграда, пустина, воздух или море, бидејќи Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«مَن نَزَلَ مَنْزِلًا فَقالَ: أَعُوذُ بِكَلِمَاتِ اللهِ التَّامَّاتِ مِن شَرِّ ما خَلَقَ، لَمْ يَضُرَّهُ شَيءٌ حتَّى يَرْتَحِلَ مِن مَنْزِلِهِ ذَلِكَ».

„Кој ќе отседне на некое место и каже: ,Е’узу би келиметиллахит-таммати мин шерри ма халека.‘ (Барам заштита, со потполните Аллахови зборови од злото кое го создал.) Ништо лошо нема да му се случи сè додека не замине од тоа место.“

Меѓу препорачаните работи е муслиманот на почетокот на денот и ноќта трипати да ги изговори следниве зборови:

«بِسْمِ اللهِ الَّذِي لَا يَضُرُّ مَعَ اسْمِهِ شَيءٌ فِي الأَرْضِ وَلَا فِي السَّمَاءِ، وَهُوَ السَّمِيعُ العَلِيمُ».

„Бисмиллахил-лези ла једурру ме'асмихи шеј'ун фил-ерди ве ла фис-сема'и ве Хувес-Семи'ул-'Алим.“ (Во името на Аллах, со чиј спомен ништо не може да наштети ни на Земјата ни на небото. Тој сè слуша и сè знае.)

Оваа препорака е веродостојно пренесена од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и служи како заштита од секакво зло.

Второ: Она со што се лекува маѓијата (сихрот) откако ќе се појави; а тоа исто така се врши преку неколку методи:

Прво: Честото упатување понизна молба кон Возвишениот Аллах, и барањето од Него, Возвишениот, да ја отстрани штетата и да ја тргне неволјата.

Второ: да се вложат напори во пронаоѓањето на местото каде што може да биде скриена маѓијата, без разлика дали е закопана во земја, скриена некаде во планина или на некое друго место; кога местото ќе се пронајде, маѓијата треба да се извади и уништи, со што нејзиното дејство ќе престане. Ова е еден од најкорисните методи за лекување од сихрот – маѓијата.

Трето: Рукја со пропишаните зикрови и евради (формули); тие се многубројни; меѓу нив:

Она што е потврдено дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«اللَّهُمَّ رَبَّ النَّاسِ، أَذْهِبِ الْبَأْسَ، وَاشْفِ أَنْتَ الشَّافِي، لَا شِفَاءَ إِلَّا شِفَاؤُكَ، شِفَاءً لَا يُغَادِرُ سَقَمًا»

„Аллаху, Господару на луѓето, оддалечи ја болката, излечи, Ти си Вистинскиот Лекар, нема излекување без Твојот лек, излекување по кое нема веќе болест.“ Оваа дова се изговара трипати.

Таква е и рукјата со која Џибрил го лечел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, која гласи:

«بِسْمِ اللَّهِ أَرْقِيكَ، مِنْ كُلِّ شَيْءٍ يُؤْذِيكَ، وَمِنْ شَرِّ كُلِّ نَفْسٍ أَوْ عَيْنِ حَاسِدٍ، اللَّهُ يَشْفِيكَ، بِسْمِ اللَّهِ أَرْقِيكَ».

„Со името на Аллах, ти правам рукја од сè што ти нанесува штета, и од злото на секоја душа и завидливо око. Аллах нека те излечи. Со името на Аллах, ти правам рукја.“ Истото се повторува трипати.

Дел од терапијата – а ова е корисен лек за мажот кога е спречен да има интимни односи со својата сопруга – е следново: да се земат седум зелени листови од сидр (лотос). Потоа листовите се толчат со камен или слично, се ставаат во сад, и врз нив се истура доволно количина вода за капење. Над таа вода се рецитираат следниве ајети од Куранот:

Ајетул-Курси, потоа

﴿قُلۡ يَٰٓأَيُّهَا ٱلۡكَٰفِرُونَ1﴾

„Кажи: ,О, вие неверници.‘“ (Ел Кафирун, 1), и

﴿قُلۡ هُوَ ٱللَّهُ أَحَدٌ1﴾

„Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е!‘“ (Ел Ихлас, 1), и

﴿قُلۡ أَعُوذُ بِرَبِّ ٱلۡفَلَقِ1﴾

„Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на мугрите.‘“ (Ел Фелек, 1), и

﴿قُلۡ أَعُوذُ بِرَبِّ ٱلنَّاسِ1﴾

„Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на луѓето.‘“ (Ен Нас, 1)

И ајетите од сурата „Ел-Араф“, во кои се спомнува маѓијата, каде што Возвишениот Аллах вели:

﴿وَأَوۡحَيۡنَآ إِلَىٰ مُوسَىٰٓ أَنۡ أَلۡقِ عَصَاكَۖ فَإِذَا هِيَ تَلۡقَفُ مَا يَأۡفِكُونَ117 فَوَقَعَ ٱلۡحَقُّ وَبَطَلَ مَا كَانُواْ يَعۡمَلُونَ118 فَغُلِبُواْ هُنَالِكَ وَٱنقَلَبُواْ صَٰغِرِينَ119﴾

„И Ние му наредивме на Муса: ,Фрли го стапот свој!' – и тој одеднаш го проголта сето тоа со кое тие измамата ја изведоа.

И така вистината изби на виделина и се покажа дека беше лажно тоа што тие го приредија,

и тука тие беа победени и останаа понижени.“ (Ел Араф, 117-119)

И ајетите од сурата Јунус кои гласат:

﴿وَقَالَ فِرۡعَوۡنُ ٱئۡتُونِي بِكُلِّ سَٰحِرٍ عَلِيمٖ79 فَلَمَّا جَآءَ ٱلسَّحَرَةُ قَالَ لَهُم مُّوسَىٰٓ أَلۡقُواْ مَآ أَنتُم مُّلۡقُونَ80 فَلَمَّآ أَلۡقَوۡاْ قَالَ مُوسَىٰ مَا جِئۡتُم بِهِ ٱلسِّحۡرُۖ إِنَّ ٱللَّهَ سَيُبۡطِلُهُۥٓ إِنَّ ٱللَّهَ لَا يُصۡلِحُ عَمَلَ ٱلۡمُفۡسِدِينَ81 وَيُحِقُّ ٱللَّهُ ٱلۡحَقَّ بِكَلِمَٰتِهِۦ وَلَوۡ كَرِهَ ٱلۡمُجۡرِمُونَ82﴾

„И фараонот рече: ,Донесете ми ги сите вешти маѓепсници!'

И кога маѓепсниците дојдоа, Муса им рече: ,Фрлете што имате да фрлите!'

И кога тие фрлија, Муса извика: ,Тоа што го приредивте е маѓија! Аллах ќе ја уништи, затоа што Аллах не допушта делото на расипаните да успее!

Аллах со Своите зборови ќе ја утврди вистината, иако за тоа на неверниците ќе им биде криво!‘“ (Јунус, 79-82)

Ајетите во сурата Та Ха:

﴿قَالُواْ يَٰمُوسَىٰٓ إِمَّآ أَن تُلۡقِيَ وَإِمَّآ أَن نَّكُونَ أَوَّلَ مَنۡ أَلۡقَىٰ65 قَالَ بَلۡ أَلۡقُواْۖ فَإِذَا حِبَالُهُمۡ وَعِصِيُّهُمۡ يُخَيَّلُ إِلَيۡهِ مِن سِحۡرِهِمۡ أَنَّهَا تَسۡعَىٰ66 فَأَوۡجَسَ فِي نَفۡسِهِۦ خِيفَةٗ مُّوسَىٰ67 قُلۡنَا لَا تَخَفۡ إِنَّكَ أَنتَ ٱلۡأَعۡلَىٰ68 وَأَلۡقِ مَا فِي يَمِينِكَ تَلۡقَفۡ مَا صَنَعُوٓاْۖ إِنَّمَا صَنَعُواْ كَيۡدُ سَٰحِرٖۖ وَلَا يُفۡلِحُ ٱلسَّاحِرُ حَيۡثُ أَتَىٰ69﴾

„,О, Муса,' – рекоа тие – ,сакаш ли ти, или ние да фрламе?'

,Фрлете вие!' – рече тој, и одеднаш му се пристори дека јажињата нивни и стаповите нивни, поради маѓијата нивна, се движат.

И Муса во себе почувствува страв.

,Не плаши се!' – рековме Ние. ,Ти навистина ќе победиш.

Само фрли го тоа што ти е во десната рака, ќе го проголта тоа што тие го направија, бидејќи тоа што тие го направија е само маѓија од маѓепсниците, а маѓепсникот нема да успее каде и да оди.‘“ (Та Ха, 65-69)

Откако ќе се рецитираат споменатите ајети над водата, се пијат три голтки, а со преостанатата вода се капе. Со Аллахова дозвола, болеста ќе исчезне. Доколку е потребно, постапката може да се повтори два или повеќепати, сè додека болеста целосно не исчезне.

Овие заштитни дови, зикрови и начини се меѓу најсилните средства за заштита од злото на маѓијата и другите штети. Тие, исто така, се едно од најмоќните оружја за отстранувањето на маѓијата по нејзиното случување, за оние кои ги практикуваат со искреност, верување, верба во Аллах и потпирање врз Него, со смиреност и убеденост во нивното значење.

Ова е краток преглед на методите за заштита од маѓијата и нејзиното лекување, а Аллах е Оној кој дарува успех.

Тука се поставува едно важно прашање, а тоа е лекувањето на сихрот, маѓијата, преку методите на маѓепсниците, што подразбира приближување кон џините преку принесување жртва или други облици на покорност кон нив. Тоа е строго забрането. Таквите дела се од шејтанот и спаѓаат во големиот ширк. Исто така, не е дозволено барање помош од гатачи, врачеви или претскажувачи, ниту користење на она што тие го нудат, бидејќи тие се неверници и измамници кои тврдат дека го знаат гајбот (скриеното) и ги заведуваат луѓето. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, предупредил да не се оди кај нив, да не се бара помош од нив и да не им се верува, како што веќе беше објаснето на почетокот на ова послание. Обврска е да се чуваме од тоа, а веродостојно е пренесено дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога бил прашан за „нушра“ (практика за отстранување на маѓијата), одговорил:

«هِيَ مِنْ عَمَلِ الشَّيْطَانِ».

„Тоа е дело на шејтанот.“ Го бележат имамите Ахмед и Ебу Давуд со добар синџир на пренесувачи.

Нушра претставува постапка за отстранување на маѓијата од оној кој е погоден од неа. Намерата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со неговите зборови е да предупреди на нушрата што ја практикувале луѓето во периодот на џахилиетот, а тоа е барање од маѓепсникот да ја отстрани маѓијата, или отстранување на маѓијата со примена на друга маѓија од друг маѓепсник.

Што се однесува, пак, до отстранувањето на маѓијата преку шеријатската рукја, заштитните дови и дозволените лекови, тоа е дозволено, како што беше објаснето претходно, На ова укажале големите исламски алими, како што се имамот Ибн Кајим и шејхот Абдурахман бин Хасан во неговото познато дело „Фетх ел Меџид“, Аллах нека им се смилува. Истото го потврдиле и други истакнати алими.

Го молиме Аллах да ги заштити муслиманите од секое зло, да им ја зачува нивната вера, да им подари разбирање на верата и да ги заштити од сè што е спротивно на Неговиот шеријат.

Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и асхаби.

 

***

 


بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

Десетто послание: Предупредување од градење џамии врз гробови

Во името на Аллах, благодарноста му припаѓа на Аллах, Божјиот мир и спас нека се со Божјиот пратеник.

А потоа велам: ми беше презентирана објавата во третиот број на списанието на Рабитата на исламските науки, во рубриката „Вести за муслиманите во месецот“, каде што стои дека Рабитата на исламските науки во Хашемитското Кралство Јордан има намера да изгради џамија над пештерата што неодамна беше откриена во селото Ер-Рахиб — пештерата за која се верува дека токму во неа спиеле жителите на пештерата, спомнати во Благородниот Куран. Завршен цитат.

Поради должноста на искрен совет кон Аллах и кон Неговите робови, сметав за потребно во истото списание да упатам обраќање до Асоцијацијата за исламски науки во Хашемитското Кралство Јордан, со наслов: „Совет до Асоцијацијата во врска со намерата за изградба на џамија над споменатата пештера.“ Ова го сторив затоа што изградбата на џамии врз гробовите на пратениците и праведниците, или на местата и остатоци поврзани со нив, е строго забранета во исламскиот шеријат. За тоа постојат јасни предупредувања, а проклетство е изречено врз оние што го прават тоа, бидејќи тоа е средство што води кон многубоштво (ширк) и претерување во однос на пратениците и праведниците. Самата реалност потврдува дека она што го донесе шеријатот е вистина, и тоа претставува доказ дека навистина е од Возвишениот Аллах. Тоа е јасен и непобитен аргумент за вистинитоста на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во сè што донесе од Аллах и што му го пренесе на уметот. Секој што внимателно ќе ги разгледа состојбите во исламскиот свет и она што се случило во него од многубоштво и претерување поради градење џамии врз турбињата, нивното величање, постилање со килими и украсување, како и назначување чувари и служители за нив, ќе сфати со сигурност дека тоа се дела кои водат кон многубоштво. Токму затоа една од убавините на исламскиот шеријат е што го забрани тоа и предупреди од нивното градење.

Од доказите за ова е и хадисот што го бележат двајцата шејхови, Бухари и Муслим, Аллах нека им се смилува, од Аиша, радијаллаху анха, во кој Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол:

«لَعَنَ اللَّهُ الْيَهُودَ وَالنَّصَارَى، اتَّخَذُوا قُبُورَ أَنْبِيَائِهِمْ مَسَاجِدَ، قالَتْ عَائِشَةُ: يُحَذِّرُ مَا صَنَعُوا، قالَتْ: وَلَوْلَا ذَلِكَ لَأُبْرِزَ قَبْرُهُ، غَيْرَ أَنَّهُ خُشِيَ أَنْ يُتَّخَذَ مَسْجِدًا».

„Аллаховото проклетство нека ги стигне евреите и христијаните, затоа што од гробовите на своите Пратеници направија места за молитви.” Аиша рече: „Со ова ги предупредуваше луѓето да не го прават истото.” Таа рече: „И да не беше тоа, неговиот гроб ќе беше истакнат на видно место, но стравуваше да не биде претворен во место за молитви.” Исто така, во двата Сахиха е забележано дека Уму Селеме и Уму Хабиба, радијаллаху анхума, му спомнале на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за една црква што ја виделе во Абисинија, и за иконите што ги имало во неа. Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«أُولَئِكَ إِذَا مَاتَ فِيهِمُ الرَّجُلُ الصَّالِحُ؛ بَنَوْا عَلَى قَبْرِهِ مَسْجِدًا، وَصَوَّرُوا فِيهِ تِلْكَ الصُّوَرَ، أُولَئِكَ شِرَارُ الْخَلْقِ عِنْدَ اللَّهِ».

„Тие, доколку меѓу нив имало добар човек и кога тој ќе умрел, тие врз неговиот гроб граделе светиште и ги насликувале тие слики. Таквите се најлошите созданија кај Аллах.“

Следен доказ, во Сахихот на Муслим од Џундуб бин Абдулах, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пет дена пред неговата смрт, како вели:

«إِنِّي أَبْرَأُ إِلَى اللَّهِ أَنْ يَكُونَ لِي مِنْكُمْ خَلِيلٌ، فَإِنَّ اللَّهَ قَدِ اتَّخَذَنِي خَلِيلًا، كَمَا اتَّخَذَ إِبْرَاهِيمَ خَلِيلًا، وَلَوْ كُنْتُ مُتَّخِذًا مِنْ أُمَّتِي خَلِيلًا، لَاتَّخَذْتُ أَبَا بَكْرٍ خَلِيلًا، أَلَا وَإِنَّ مَنْ كَانَ قَبْلَكُمْ كَانُوا يَتَّخِذُونَ قُبُورَ أَنْبِيَائِهِمْ وَصَالِحِيهِمْ مَسَاجِدَ، أَلَا فَلَا تَتَّخِذُوا الْقُبُورَ مَسَاجِدَ، فَإِنِّي أَنْهَاكُمْ عَنْ ذَلِكَ».

„Аллах нека ме заштити ако некого друг освен Аллах ﷻ земам за близок пријател. Јас сум Аллахов миленик како што Аллахов миленик беше Ибрахим, алејхи селам. Доколку некого од луѓето ќе го прогласев за мој многу близок пријател тоа ќе беше Ебу Бекр, но мој најблизок (халил) е Аллах. Навистина, народите пред вас гробовите на Божјите пратеници ги претворија во џамии, вие тоа немојте да го правите – јас тоа ви го забранувам.“ Хадисите во овој контекст се многубројни. 

Имамите од сите четири правни школи, како и другите исламски алими, јасно укажале на забраната за градење џамии врз гробовите и предупредиле од тоа, постапувајќи според Сунетот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и како совет и предупредување за уметот за да не западне во она во што западнале оние кои претерале меѓу Евреите и христијаните и сличните на нив од заблудените од овој умет.

Затоа, обврска на организацијата за исламски науки во Јордан, а и на другите муслимани, е да се придржуваат до Сунетот, да одат по патот на имамите и да се вардат од она од што предупредија Аллах и Неговиот пратеник; зашто во тоа е подобрувањето на состојбата на луѓето, нивната среќа и спас на двата света. Некои луѓе во врска со ова прашање се повикуваат на зборовите на Возвишениот Аллах во кажувањето за жителите на пештерата:

﴿...قَالَ ٱلَّذِينَ غَلَبُواْ عَلَىٰٓ أَمۡرِهِمۡ لَنَتَّخِذَنَّ عَلَيۡهِم مَّسۡجِدٗا﴾

„А тогаш тие, чиишто зборови најмногу се почитуваа, рекоа: ,На нејзиниот влез ќе направиме светилиште!‘“ (Кехф, 21)

Одговорот на тоа е дека Возвишениот Аллах нè известил за водачите и моќниците од тој период дека ја изговориле оваа изјава; но тоа не е за да им даде одобрување или признавање, туку за да укаже на покуда, укор и одвраќање од нивното постапување. На тоа укажува фактот дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на кого му беше објавен овој ајет, а тој е најучениот меѓу луѓето за неговото толкување, му забранил на неговиот умет да градат џамии врз гробовите, ги предупредил од тоа, и ги проколнал и осудил оние што го прават тоа.

Доколку беше дозволено тоа, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, немаше да покаже толкава строгост во ова прашање. Но тој дури и го проколнал оној што го прави тоа и известил дека таквиот е меѓу најлошите созданија кај Возвишениот Аллах. Ова е доволен и убедлив доказ за секој што ја бара вистината. Дури и ако претпоставиме дека изградбата на џамии врз гробовите им била дозволена на оние пред нас, нам не ни е дозволено да се угледаме на нив во тоа; затоа што нашиот шеријат ги дерогира претходните шеријати, а нашиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е последниот Пратеник и неговиот шеријат е потполн и наменет за сите луѓе. Тој ни забранил изградба на џамии врз гробовите; затоа не ни е дозволено да му се спротивставиме, туку сме обврзани да го следиме, да се придржуваме цврсто за она со што е дојден и да оставиме сè што му противречи – било од старите шеријати, било од обичаите кои некои ги сметаат за добри. Бидејќи нема ништо посовршено од Аллаховиот шеријат, ниту упатство поубаво од упатството на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Го молиме Аллах да нè упати нас и сите муслимани кон истрајност во Неговата вера и кон придржување до шеријатот на Неговиот пратеник, Мухамед, алејхи салату ве селам — во зборовите и делата, во јавното и во скриеното, и во сите работи, сè додека не Го сретнеме Возвишениот Аллах. Тој, навистина, сè слуша и блиску е.

Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство, асхаби, и сите оние кои се водат по неговото упатство до Судниот ден.

 

 

***

 


بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

Единаесетто послание: Закоп на мртвите во џамии

Во името на Аллах, благодарноста му припаѓа на Аллах, Божјиот мир и спас нека се со Божјиот пратеник, со неговото семејство и со сите што го следат неговото упатство. А потоа велам:

Ми беше даден увид во весникот „Ал-Хартум“ издаден на 17/4/1415 според хиџретскиот календар и прочитав дека во него било објавено соопштение за закопувањето на сејид Мухамед ел-Хасан ел-Идриси покрај неговиот татко, во нивната џамија во градот Омдурман... итн.

Имајќи предвид дека Возвишениот Аллах ја пропиша обврската за искрен совет кон муслиманите и укажувањето на осудата на лошото, сметав за нужно да појаснам дека погребувањето во џамиите е недозволено; и дека тоа е средство што води кон ширк, и спаѓа во делата на евреите и христијаните за кои Аллах ги укорил, а Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги проколнал — како што е наведено во двата Сахиха од Аиша, радијаллаху анха, дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«لَعَنَ اللَّهُ الْيَهُودَ وَالنَّصَارَى، اتَّخَذُوا قُبُورَ أَنْبِيَائِهِمْ مَسَاجِدَ».

„Аллаховото проклетство нека ги стигне евреите и христијаните, затоа што од гробовите на своите Пратеници направија места за молитви.” Во Сахихот на Муслим се бележи хадис од Џундуб бин Абдулах дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«أَلَا وَإِنَّ مَنْ كَانَ قَبْلَكُمْ كَانُوا يَتَّخِذُونَ قُبُورَ أَنْبِيَائِهِمْ وَصَالِحِيهِمْ مَسَاجِدَ، أَلَا فَلَا تَتَّخِذُوا الْقُبُورَ مَسَاجِدَ؛ فَإِنِّي أَنْهَاكُمْ عَنْ ذَلِكَ».

„Тие пред вас ги претвораа гробовите на своите пратеници и праведници во џамии. Затоа, не претворајте ги гробовите во џамии; навистина, ви го забранувам тоа.“ Хадисите во овој контекст се многубројни.

 

Обврска на муслиманите насекаде — и на владите и на народите — е да се бојат од Аллах, да се пазат од она што Тој го забранил и да ги закопуваат своите умрени надвор од џамиите; како што Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и неговите асхаби, Аллах нека е задоволен со нив, ги закопувале починатите надвор од џамиите, а така постапувале и нивните праведни следбеници.

Што се однесува до присуството на гробот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и на неговите двајца асхаби, Ебу Бекр и Омер, радијаллаху анхума, во неговата џамија, тоа не претставува доказ за дозволеноста на погребување во џамии. Тој, салаллаху алејхи ве селем, беше погребан во неговиот дом – во куќата на Аиша, радијаллаху анха – а потоа таму беа погребани и неговите двајца асхаби. Кога Велид бин Абдулмелик ја прошири џамијата на крајот од првиот век по хиџретот, ја вклучи и таа куќа во нејзиниот состав. Таквата постапка беше осудена од страна на учените, но тој сметаше дека нема пречка да се направи поради проширувањето, мислејќи дека работата е јасна и не остава место за забуна.

 

Со ова станува јасно за секој муслиман: Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговите двајца асхаби, радијаллаху анхума, не биле закопани во џамијата. Вклучувањето на нивните гробови во неа поради проширувањето не е доказ за дозволеноста на закопување во џамии, бидејќи тие биле закопани во неговата куќа. Делото на Велид не може да биде доказ во ова прашање; доказ се Книгата, Сунетот и консензусот на првите генерации од овој умет, радијаллаху анхум. Аллах нека нè направи од нивните следбеници во добрина.

 

За советување и исполнување на обврската пред Аллах, ова беше составено на: 14/5/1415 хиџретска година.

А Аллах е Заштитник и Тој дава успех. Нека се Аллаховиот благослов и мир над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и неговите асхаби, и над нивните следбеници со добрина.

 

***

 


بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

Дванаесетто послание: Појаснување на неверството и заблудата на оној кој тврди дека за некого е дозволено да излезе од рамките на шеријатот на Мухаммед, салаллаху алејхи ве селем

Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите, Аллаховиот благослов и мир нека се над последниот од Божјите пратеници и веровесници, нашиот Пратеник Мухамед, над неговото семејство и сите асхаби.

А потоа велам: Се запознав со написот објавен во весникот „Еш-Шерк ел-Евсат“, под број 5824, на датум 5.6.1415 хиџретска година, напишан од оној што се претставил како: Абдулфетах ел-Хајик, под наслов: „Погрешно разбирање“.

Сумирано, тој го негира она што е нужно познато во исламот, поткрепено со јасните текстови и консензусот– а тоа е универзалноста на пратеништвото на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, и дека тој е пратен до сите луѓе. Тој тврди дека оној што не го следи Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, и не му се покорува, туку останува евреин или христијанин, е на вистинска вера. Потоа се дрзнува против Господарот на световите, Возвишениот, сметајќи дека Неговата мудрост во казнувањето на неверниците и грешниците е бесмислица.

Тој ги изопачува шеријатските текстови, ги вади од нивниот вистински контекст и ги толкува според своите страсти. Притоа ги занемарува доказите и јасните шеријатски текстови што недвосмислено укажуваат на универзалноста на пратеништвото на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, и на неверството на оној што чул за него, а не го следел, како и на тоа дека Аллах не прифаќа друга вера освен исламот. Од сите овие јасни текстови тој се оддалечува, за со своите зборови да ги измами незнајците. Ова што го прави тој претставува јасно неверство, отпадништво од исламот и порекнување и на Возвишениот Аллах и на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем — како што тоа јасно го знае секој учен и верник што го прочитал тој напис.

Должност на надлежните е да го изведат пред суд, за да му се побара покајување, и да му се пресуди според она што го налага чистиот шеријат.

Возвишениот Аллах ја појаснил универзалноста на Пратеништвото на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, и дека и луѓето и џините се должни да го следат. Ова не му е непознато дури ни на оној што има најмало зрнце знаење меѓу муслиманите.

 Возвишениот Аллах вели:

﴿قُلۡ يَٰٓأَيُّهَا ٱلنَّاسُ إِنِّي رَسُولُ ٱللَّهِ إِلَيۡكُمۡ جَمِيعًا ٱلَّذِي لَهُۥ مُلۡكُ ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَٱلۡأَرۡضِۖ لَآ إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ يُحۡيِۦ وَيُمِيتُۖ فَـَٔامِنُواْ بِٱللَّهِ وَرَسُولِهِ ٱلنَّبِيِّ ٱلۡأُمِّيِّ ٱلَّذِي يُؤۡمِنُ بِٱللَّهِ وَكَلِمَٰتِهِۦ وَٱتَّبِعُوهُ لَعَلَّكُمۡ تَهۡتَدُونَ158﴾

„Кажи: ,О, луѓе, јас сум ви на сите вас Аллахов Пратеник, Неговата власт е и на небесата и на Земјата; нема друг бог освен Него, Тој дава живот и смрт, и затоа верувајте во Аллах и во Пратеникот Негов, веровесникот, кој не знае да чита и да пишува, кој верува во Аллах и во зборовите Негови; следете го него, за да бидете упатени!‘“ (Ел Араф, 158) Возвишениот исто така вели:

﴿...وَأُوحِيَ إِلَيَّ هَٰذَا ٱلۡقُرۡءَانُ لِأُنذِرَكُم بِهِۦ وَمَنۢ بَلَغَ...﴾

„...А мене овој Куран ми се објавува за со него вас и тие до кои тој ќе допре да ги опоменам...“ (Ел Енам, 19) И вели:

﴿قُلۡ إِن كُنتُمۡ تُحِبُّونَ ٱللَّهَ فَٱتَّبِعُونِي يُحۡبِبۡكُمُ ٱللَّهُ وَيَغۡفِرۡ لَكُمۡ ذُنُوبَكُمۡۚ وَٱللَّهُ غَفُورٞ رَّحِيمٞ31﴾

„Кажи: ,Ако Аллах Го сакате, тогаш мене следете ме, и вас Аллах ќе ве сака и гревовите ќе ви ги прости!“ А Аллах простува и Милостив е.‘“ (Али Имран, 31) Следен ајет е:

﴿وَمَن يَبۡتَغِ غَيۡرَ ٱلۡإِسۡلَٰمِ دِينٗا فَلَن يُقۡبَلَ مِنۡهُ وَهُوَ فِي ٱلۡأٓخِرَةِ مِنَ ٱلۡخَٰسِرِينَ85﴾

„А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците.“ (Али Имран, 85) Возвишениот исто така вели:

﴿وَمَآ أَرۡسَلۡنَٰكَ إِلَّا كَآفَّةٗ لِّلنَّاسِ بَشِيرٗا وَنَذِيرٗا...﴾

„Ние те пративме на целото човештво, радосни вести да им носиш и да ги опоменуваш...“ (Сабе, 28) Ајет:

﴿وَمَآ أَرۡسَلۡنَٰكَ إِلَّا رَحۡمَةٗ لِّلۡعَٰلَمِينَ107﴾

„А тебе само како милост на световите те пративме.“ (Ел Енбија, 107) Возвишениот исто така вели:

﴿...وَقُل لِّلَّذِينَ أُوتُواْ ٱلۡكِتَٰبَ وَٱلۡأُمِّيِّـۧنَ ءَأَسۡلَمۡتُمۡۚ فَإِنۡ أَسۡلَمُواْ فَقَدِ ٱهۡتَدَواْۖ وَّإِن تَوَلَّوۡاْ فَإِنَّمَا عَلَيۡكَ ٱلۡبَلَٰغُۗ وَٱللَّهُ بَصِيرُۢ بِٱلۡعِبَادِ﴾

„И кажи им на тие на кои им е дадена Книгата и на неписмените: „Дали сте го примиле исламот?“ Ако го примат исламот, тогаш тие се на Вистинскиот пат, а ако одбијат, твое е единствено да повикуваш! А Аллах добро ги гледа робовите Свои!“ (Али Имран, 20) Ајет:

﴿تَبَارَكَ ٱلَّذِي نَزَّلَ ٱلۡفُرۡقَانَ عَلَىٰ عَبۡدِهِۦ لِيَكُونَ لِلۡعَٰلَمِينَ نَذِيرًا1﴾

„Благословен нека е Тој што на робот Свој му го објавува Фурканот (Куранот) за да им биде опоменувач на световите.“ (Ел Фуркан, 1)

 Бухари и Муслим бележат хадис од Џабир, радијаллаху анху, дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«أُعْطِيتُ خَمْسًا لَمْ يُعْطَهُنَّ أَحَدٌ قَبْلِي: نُصِرْتُ بِالرُّعْبِ مَسِيرَةَ شَهْرٍ، وَجُعِلَتْ لِيَ الْأَرْضُ مَسْجِدًا وَطَهُورًا، فَأَيُّمَا رَجُلٍ مِنْ أُمَّتِي أَدْرَكَتْهُ الصَّلَاةُ، فَلْيُصَلّ، وَأُحِلَّتْ لِيَ الْمَغَانِمُ، وَلَمْ تُحَلَّ لِأَحَدٍ قَبْلِي، وَأُعْطِيتُ الشَّفَاعَةَ، وَكَانَ النَّبِيُّ يُبْعَثُ إِلَى قَوْمِهِ خَاصَّةً، وَبُعِثْتُ إِلَى النَّاسِ عَامَّةً».

„Дадени ми се пет работи кои не му биле дадени никому пред мене: Помогнат сум со стравот што го чувствуваат непријателите на растојание од едномесечно патување; целата површина на Земјата е место за молитва и средство за чистење и каде и да го стигне почетокот на молитвата било кој поединец од мојот умет, нека се клања таму; дозволен ми е воениот плен кој не му е дозволен на ниеден пред мене, дозволен ми е шефаат-посредување (на Судниот ден), веровесниците се испратени само на својот народ, додека јас сум испратен на целото човештво.“

Ова е јасно излагање за универзалноста и сеопфатноста на пратеништвото на нашиот Пратеник Мухамед, саллаллаху алејхи ве селем, до сите луѓе, и дека тоа ги дерогира сите претходни верозакони, и дека оној што не го следи Мухамед, саллаллаху алејхи ве селем, и не му се покорува, е неверник, непокорен, и ја заслужува Аллаховата казна. Возвишениот Аллах вели:

﴿...وَمَن يَكۡفُرۡ بِهِۦ مِنَ ٱلۡأَحۡزَابِ فَٱلنَّارُ مَوۡعِدُهُۥ...﴾

„А тие групации кои го негираат, Огнот престојувалиште ќе им биде...“ (Худ, 17) Возвишениот исто така вели:

﴿...فَلۡيَحۡذَرِ ٱلَّذِينَ يُخَالِفُونَ عَنۡ أَمۡرِهِۦٓ أَن تُصِيبَهُمۡ فِتۡنَةٌ أَوۡ يُصِيبَهُمۡ عَذَابٌ أَلِيمٌ﴾

„Нека внимаваат тие што постапуваат спротивно на наредбата Негова, искушение некакво да не ги стигне или страдање болно да не ги снајде.“ (Ен Нур, 63) Следен ајет е:

﴿وَمَن يَعۡصِ ٱللَّهَ وَرَسُولَهُۥ وَيَتَعَدَّ حُدُودَهُۥ يُدۡخِلۡهُ نَارًا خَٰلِدٗا فِيهَا وَلَهُۥ عَذَابٞ مُّهِينٞ14﴾

„А тој што нема да им биде покорен на Аллах и на Неговиот Пратеник, и што преку границите Негови ќе преминува, Тој ќе го фрли во Огнот во кој вечно ќе остане. Нему му припаѓа срамна казна!“ (Ен Ниса, 14) Ајет:

﴿...وَمَن يَتَبَدَّلِ ٱلۡكُفۡرَ بِٱلۡإِيمَٰنِ فَقَدۡ ضَلَّ سَوَآءَ ٱلسَّبِيلِ﴾

„А кој своето верување ќе го замени со неверување, тој заталкал од Вистинскиот пат.“ (Ел Бекаре, 108) Ајетите во овој контекст се многубројни.

Возвишениот Аллах ја споил покорноста кон Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, со покорноста кон Него, и појаснил дека оној што ќе прифати друга вера освен исламот е губитник; нема да му се прифати ниту откуп ниту замена. Возвишениот вели:

﴿وَمَنْ يَبْتَغِ غَيْرَ الْإِسْلَامِ دِينًا فَلَنْ يُقْبَلَ مِنْهُ وَهُوَ فِي الْآخِرَةِ مِنَ الْخَاسِرِينَ85﴾

„А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците.“ (Али Имран, 85) Возвишениот исто така вели:

﴿مَنْ يُطِعِ الرَّسُولَ فَقَدْ أَطَاعَ اللَّهَ...﴾

„Кој ќе му се покори на Пратеникот, Му се покорил и на Аллах.“ (Ен Ниса, 80) И вели:

﴿قُلْ أَطِيعُوا اللَّهَ وَأَطِيعُوا الرَّسُولَ فَإِنْ تَوَلَّوْا فَإِنَّمَا عَلَيْهِ مَا حُمِّلَ وَعَلَيْكُمْ مَا حُمِّلْتُمْ وَإِنْ تُطِيعُوهُ تَهْتَدُوا...﴾

„Кажи: ,Покорувајте Му се на Аллах и покорувајте му се на Пратеникот!' А ако се свртите, тој е должен да го прави тоа што му се наредува, а вие сте должни тоа што вам ви се наредува, па ако му бидете послушни, ќе бидете на Вистинскиот пат.“ (Ен Нур, 54) Ајет:

﴿إِنَّ الَّذِينَ كَفَرُوا مِنْ أَهْلِ الْكِتَابِ وَالْمُشْرِكِينَ فِي نَارِ جَهَنَّمَ خَالِدِينَ فِيهَا أُولَئِكَ هُمْ شَرُّ الْبَرِيَّةِ 6﴾

„Тие што не веруваат од следбениците на Книгата и многубошците, сигурно ќе бидат во огнот џехенемски, во кој вечно ќе останат; – тие се најлошите суштества.“ (Ел Бејине, 6)

Муслим во неговиот „Сахих“ бележи дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«وَالَّذِي نَفْسِي بِيَدِهِ؛ لَا يَسْمَعُ بِي أَحَدٌ مِنْ هَذِهِ الْأُمَّةِ، يَهُودِيٌّ وَلَا نَصْرَانِيٌّ، ثُمَّ يَمُوتُ وَلَمْ يُؤْمِنْ بِالَّذِي أُرْسِلْتُ بِهِ؛ إِلَّا كَانَ مِنْ أَهْلِ النَّارِ».

„Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, секој било да е евреин или христијанин што ќе чуе за мене, а потоа ќе умре и нема да поверува во она со кое сум испратен, ќе биде од жителите на огнот.“

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со своите зборови и дела појаснил дека верата на оној што не влегол во ислам е ништовна. Тој се борел против Евреите и христијаните, како и против другите неверници, и земал џизја од оние што ја прифаќале, за да не ја попречат исламската порака да стигне до останатите од нив, и за да може секој што сака да влезе во ислам без страв дека неговиот народ ќе го спречи, ќе го одврати или ќе го убие.

Бухари и Муслим бележат од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, дека рекол: ,,Додека бевме во џамијата, излезе Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече:

«انْطَلِقُوا إِلَى يَهُودَ، فَخَرَجْنَا مَعَهُ حَتَّى جِئْنَا بَيْتَ الْمِدْرَاسِ، فَقَامَ النَّبِيُّ ﷺ، فَنَادَاهُمْ فَقَالَ :يَا مَعْشَرَ يَهُودَ، أَسْلِمُوا تَسْلَمُوا، فَقَالُوا: قَدْ بَلَّغْتَ يَا أَبَا الْقَاسِمِ، فَقَالَ لَهُمْ رَسُولُ اللَّهِ ﷺ: ذَلِكَ أُرِيدُ، أَسْلِمُوا تَسْلَمُوا، فَقَالُوا: قَدْ بَلَّغْتَ يَا أَبَا الْقَاسِمِ، فَقَالَ لَهُمْ رَسُولُ اللَّهِ ﷺ: ذَلِكَ أُرِيدُ، ثُمَّ قَالَهَا الثَّالِثَةَ...».

,Појдете кај Евреите', па излеговме со него сè додека не стигнавме до нивниот училиштен дом. Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стана, па ги повика и рече: ,О Евреи, прифатете го исламот и ќе бидете спасени.’ Тие рекоа: ,Ти ја пренесе пораката, о Ебу ел-Касим.’ Потоа Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, им рече: ,Тоа го сакам; прифатете го исламот и ќе бидете спасени.’ Тие рекоа: ,Ти ја пренесе пораката, о Ебу ел-Касим.’ Па Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, им рече: ,Тоа го сакам,’ потоа го кажа тоа по третпат...“ Хадис.

Суштината е дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, отишол кај еврејските учени во нивното верско училиште, ги повикал во исламот и им рекол: „Примете го исламот и ќе бидете спасени“, и тоа им го повторил.

Исто така, Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му испратил писмо на Хераклис, повикувајќи го во ислам и известувајќи го дека, ако одбие, врз него ќе падне гревот на оние кои поради неговото одбивање ќе се воздржат од исламот. Бухари и Муслим во двата Сахиха бележат дека Хераклис побарал да му се донесе писмото на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па го прочитал, и во него пишуваше:

«بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ، مِنْ مُحَمَّدٍ رَسُولِ اللَّهِ إِلَى هِرَقْلَ عَظِيمِ الرُّومِ، سَلَامٌ عَلَى مَنِ اتَّبَعَ الْهُدَى، أَمَّا بَعْدُ: فَإِنِّي أَدْعُوكَ بِدِعَايَةِ الْإِسْلَامِ، أَسْلِمْ تَسْلَمْ، وَأَسْلِمْ يُؤْتِكَ اللَّهُ أَجْرَكَ مَرَّتَيْنِ، فَإِنْ تَوَلَّيْتَ، فَإِنَّ عَلَيْكَ إِثْمَ الْأَرِيسِيِّينَ وَ

„Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот. Од Мухамед, Аллаховиот Пратеник, до Хераклис, владетелот на византијците. Мир на оној што го следи упатството. А потоа: Те повикувам во ислам. Прими ислам и ќе бидеш спасен. Ако примиш ислам, Аллах ќе ти даде награда двапати. А ако се одвратиш, врз тебе ќе биде гревот на ерисејците (твоите поданици).“

﴿يَٰٓأَهۡلَ ٱلۡكِتَٰبِ تَعَالَوۡاْ إِلَىٰ كَلِمَةٖ سَوَآءِۭ بَيۡنَنَا وَبَيۡنَكُمۡ أَلَّا نَعۡبُدَ إِلَّا ٱللَّهَ وَلَا نُشۡرِكَ بِهِۦ شَيۡـٔٗا وَلَا يَتَّخِذَ بَعۡضُنَا بَعۡضًا أَرۡبَابٗا مِّن دُونِ ٱللَّهِۚ فَإِن تَوَلَّوۡاْ فَقُولُواْ ٱشۡهَدُواْ بِأَنَّا مُسۡلِمُونَ64﴾

„О, следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот, и нам и вам заеднички, никого освен Аллах да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, и едни со други, покрај Аллах, за божества да не се сметаме! Па ако не се согласат, вие кажете: „Бидете сведоци дека ние сме муслимани!“ (Али Имран, 64)

Потоа, кога се одвратија и одбија да го прифатат исламот, Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и неговите асхаби, Аллах да е задоволен од нив, се бореа против нив, и им ја наложија џизјата.

За да се потврди нивната заблуда и тоа дека се на невистинска вера, откако таа беше укината со верата на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, Возвишениот Аллах му нареди на муслиманот секој ден, во секој намаз и во секој рекат, да бара од Аллах упатство на правиот пат — исправниот и прифатениот, а тоа е исламот. Исто така, да бара заштита од патот на оние врз кои е Аллаховиот гнев — тоа се евреите и сите слични на нив, кои знаат дека се на невистина, а сепак тврдоглаво истрајуваат во тоа. И да биде заштитен од патот на оние што заталкале — кои обожуваат без знаење, мислат дека се на упатство, а всушност се во заблуда; тоа се христијаните и сите што им сличат, кои вршат обожување во незнаење и заблуда. Сето ова е за муслиманот со целосна убеденост да знае дека секоја вера освен исламот е заблуда, дека секој што Го обожува Аллах надвор од исламот е во заблуда, а оној што не го верува ова — не е од муслиманите. Доказите од Куранот и Сунетот овој контекст се многубројни.

Затоа, должност на авторот на статијата — Абдулфетах — е веднаш да се сврти кон искрено покајание и да напише нова статија во која јавно ќе го објави своето покајание. А оној што ќе се покае искрено кај Аллах, Аллах ќе му го прими покајанието; затоа што Возвишениот Аллах вели:

﴿...وَتُوبُوٓاْ إِلَى ٱللَّهِ جَمِيعًا أَيُّهَ ٱلۡمُؤۡمِنُونَ لَعَلَّكُمۡ تُفۡلِحُونَ﴾

„И покајте се сите заедно пред Аллах, о, верници, за да бидете успешни.“ (Ен Нур, 31) И вели:

﴿وَٱلَّذِينَ لَا يَدۡعُونَ مَعَ ٱللَّهِ إِلَٰهًا ءَاخَرَ وَلَا يَقۡتُلُونَ ٱلنَّفۡسَ ٱلَّتِي حَرَّمَ ٱللَّهُ إِلَّا بِٱلۡحَقِّ وَلَا يَزۡنُونَۚ وَمَن يَفۡعَلۡ ذَٰلِكَ يَلۡقَ أَثَامٗا68 يُضَٰعَفۡ لَهُ ٱلۡعَذَابُ يَوۡمَ ٱلۡقِيَٰمَةِ وَيَخۡلُدۡ فِيهِۦ مُهَانًا69 إِلَّا مَن تَابَ وَءَامَنَ وَعَمِلَ عَمَلٗا صَٰلِحٗا فَأُوْلَٰٓئِكَ يُبَدِّلُ ٱللَّهُ سَيِّـَٔاتِهِمۡ حَسَنَٰتٖۗ وَكَانَ ٱللَّهُ غَفُورٗا رَّحِيمٗا70﴾

„И тие кои покрај Аллах на друг бог не му се молат, и тие, коишто Аллах ги забранил, не ги убиваат, освен кога правдата бара, и кои не прават блуд; а кој тоа го прави, ќе ја искуси казната,

страдањето на оној свет двојно ќе му биде, и во него вечно понижен ќе остане,

освен тие што ќе се покајат и ќе поверуваат и добри дела ќе прават, Аллах нивните лоши дела во добри ќе ги смени, а Аллах простува и Милостив е.“ (Ел Фуркан, 68-70)  Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол

«الإِسْلَامُ يَهْدِمُ مَا كَانَ قَبْلَهُ، وَالتَّوبَةُ تَهْدِمُ مَا كَانَ قَبْلَهَا».

„Исламот ги брише претходните гревови, а покајанието ги поништува.“ Хадис:

«التَّائِبُ مِنَ الذَّنْبَ كَمَنْ لَا ذَنْبَ لَهُ».

„Кој ќе се покае од гревот е како оној кој нема грев.“

Ајетите и хадисите во овој контекст се многубројни.

Го молам Возвишениот Аллах да ни ја покаже вистината како вистина и да нè упати кон неа, а невистината да ни ја покаже како невистина и да нè сочува од неа; да ни подари нам, на авторот Абдулфетах и на сите муслимани искрено покајание; и да нè заштити сите нас од искушенијата што заведуваат и водат во заблуда, и од покорувањето на страстите и на шејтанот. Навистина, Тој е нашиот заштитник и е Семоќен. 

Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство, асхаби, и сите што ги следат во доброто до Судниот ден.

***

Содржина

 

Исправното верување и неговите негации 2

Првата основа: Верување во Возвишениот Аллах 6

Втората основа е: Верувањето во мелеците, 21

Третата основа е: Верувањето во Аллаховите книги, и тоа исто така опфаќа две работи: 22

Четвртата основа е: Верувањето во Божјите пратеници 25

Петта основа: Верувањето во Последниот ден 26

Шестата основа: Верувањето во (пред)одредбата - кадерот 27

Верувањата спротивни на исправното верување 33

Второто послание: За прописот за барање помош од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем 43

Трето послание 62

За прописот на барањето помош од џините и шејтаните и заветувањето ним 62

Четвртото послание: 86

За прописот на вршењето на ибадет со новотарски зикрови и зикрови што содржат ширк 86

Петто послание: 114

Пропис за славење на денот на раѓањето на Пратеникот (мевлуд) и другите слични славења 114

Шесто послание: 127

Прописот за празнувањето на ноќта на Исра и Мираџ 127

Седмо послание: 135

Прописот за прославувањето на ноќта на половина од месецот шабан 135

Осмо послание: 151

Важно предупредување за лажното припишано завештание  151

На шејхот Ахмед, слугата на Благородниот Пратенички Харем 151

Деветто послание: Прописот за маѓијата, гатањето и сè што е поврзано со нив (1) 169

Десетто послание: Предупредување од градење џамии врз гробови 187

Единаесетто послание: Закоп на мртвите во џамии 194

Дванаесетто послание: Појаснување на неверството и заблудата на оној кој тврди дека за некого е дозволено да излезе од рамките на шеријатот на Мухаммед, салаллаху алејхи ве селем 198

 

***


Го бележат Бухари, бр. 2856, и Муслим, бр. 30.

Го бележат Ел Лалекаи во „Шерх Усул ел-Итикад“ (735), и Ибн АбдулБер во „Џамиул ‘Илм ве Фадлихи“, (1801), но со изразот „хадисите“ наместо „ајетите во кои се спомнати Аллаховите својства“, а неговиот текст гласи: „Пренесувајте ги овие хадиси како што дошле и не расправајте за нив.“

Го бележи Ел-Бејхеки во „Ел Есма’ ве Сифат“, (865), а Ибн Тејмије го оценува неговиот сенед како сахих во „Ел-Хамевија“, стр. 269, Ез-Зехеби во неговото дело „Ел-‘Ард“ (2/223) рекол: „Пренесувачите  се доверливи имами.“

Го бележат Ел-Лалекаи во „Шерх Усулул Итикад“, (930) и Ел-Бејхеки во „Ел-Есма вес Сифат“, (955).

Го бележат Ел-Лалекаи во „Шерх Усулул Итикад“, (665) и Ел-Бејхеки во „Ел-Есма вес Сифат“, (868).

Го бележат Ел-Лаликаи во „Шерх Усулул Итикад“, (664), Ебу Нуајм во „Хилијетул Евлија“ (325/6), и Ел-Бејхеки во „Ел Есма вел Сифат“, (867).

Го бележат Ел-Музеки во „Ел-Музекијат“, (29), Ибн Бета во „Ел-Ибане“, (120) и Ел-Лаликаи во „Шерх Усулул Итикад“, (663).

Го бележат Ед-Дарими во „Ер-Редду ала ел-џехмијјети“, (67) и Ел-Бејхеки во „Ел-Есма вес Сифат“, (903).

Го бележи Ез-Зехеби во „Ел-Улув“, (464), шејх Албани во „Мухтасар Ел-Улув“, стр. 184, рекол: „Ова е пренесено до нас со веродостоен сенед, неговите пренесувачи се доверливи и познати.“

Тефсир на Ибн Кесир, 3/426, 427.

Го бележи Бухари, бр. 22, како еден од хадисите кои ги пренесува Ебу Сеид Ел-Худри, радијаллаху анху.

Го бележи Муслим, бр. 2996, како еден од хадисите кои ги пренесува Аиша, радијаллаху анха.

Го бележат Бухари, бр. 3651, и Муслим, бр. 2533, од хадисите кои ги пренесува Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху.

Го бележи Муслим, бр. 1920, од хадисите кои ги пренесува Севбан, радијаллаху анху.

Го бележи Ибн Маџе, бр. 3952, од хадисите кои ги пренесува Севбан, радијаллаху анху, а Ибн Хиббан, бр. 6714 и Хаким, бр. 8653, го оценуваат како сахих.

Го бележи Тирмизи, бр. 2641, од хадисите кои ги пренесува Абдулах бин Амр. Ел-Мунави во „Фејдул Кадир“ (5/347) вели: „Меѓу пренесувачите е Абдурахман бин Зијад ел-Ефрики; Ез-Зехеби рече: ‚го сметале за слаб.‘“ Албани го оценува како сахих во „Сахихул Џами'“ (5343).

Овој совет беше објавен во брошура под број 17 од страна на Главното претседателство за научни истражувања, издавање фетви, дава и упатување, во 1402 година според хиџретскиот календар.

Го бележи Муслим, бр. 8.