ما لا يسع المسلم جهله (مقدوني)

  • earth Јазик
    (مقدوني)
  • earth Автор:
    اللجنة العلمية برئاسة الشؤون الدينية بالمسجد الحرام والمسجد النبوي

Други преводи 57

nl هولندي- Nederlands mk مقدوني- македонски te تلغو- తెలుగు sw سواحيلي- Kiswahili rw كينيارواندا- Kinyarwanda ru روسي- Русский es إسباني- español ms ملايو- Melayu ka جورجي- ქართული tl فلبيني تجالوج- Tagalog zh صيني- 中文 gu غوجاراتية- ગુજરાતી fr فرنسي- Français ps بشتو- بشتو id إندونيسي- Indonesia hi هندي- हिन्दी ar عربي- العربية bn بنغالي- বাংলা ha هوسا- Hausa ky قرغيزي- Кыргызча fa فارسي- فارسي ur أردو- اردو en إنجليزي- English da دنماركي- dansk hu هنجاري مجري- magyar tg طاجيكي- тоҷикӣ ta تاميلي- தமிழ் th تايلندي- ไทย ml مليالم- മലയാളം si سنهالي- සිංහල uz أوزبكي- Ўзбек ne نيبالي- नेपाली om أورومو- afaan oromoo am أمهري- አማርኛ tr تركي- Türkçe ti تجريني- ትግርኛ so صومالي- Soomaali vi فيتنامي- Tiếng Việt kk كازاخي- қазақ тілі no نرويجي- Norwegian mfe كريولي- créole ko كوري- 한국어 bs بوسني- bosanski mg ملاغاشي- Malagasy sn الشونا- Shona mos موري- Mõõré ro روماني- română yo يوربا- Èdè Yorùbá prs دري- فارسی دری dyo جوالا- Jóola st سوتي- Sesotho ig إيجبو- Igbo az أذري- azərbaycanca cs تشيكي- čeština lt ليتواني- lietuvių sv سويدي- svenska af أفريقاني- Afrikaans
PHPWord

 

 

مَا لَا يَسَعُ المُسْلِمَ جَهْلُهُ

 

 

Знаењето неопходно за секој муслиман

 

 

اللَّجْنَةُ العِلْمِيَّةُ

بِرِئَاسَةِ الشُّؤُونِ الدِّينِيَّةِ بِالمَسْجِدِ الحَرَامِ وَالمَسْجِدِ النَّبَوِيِّ

 

Научната комисија при Претседателството за верските прашања на Месџидул-Харам и на џамијата на Божјиот пратеник во Медина

 

 

 


بِسْمِ اللهِ الرَّحمَنِ الرَّحِيمِ

Знаењето неопходно за секој муслиман

Вовед

Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите. Аллаховиот благослов и мир нека се врз Испратениот како милост за световите, врз неговото семејство, врз сите негови другари, асхаби, и врз оние што се придржуваат кон неговиот Сунет и се водат по неговото упатство сѐ до Судниот ден. А потоа велам:

Книгата во твои раце е кратка студија, која ги опфаќа најважните работи што му се потребни на муслиманот во неговото верување, ибадет (покорност) и меѓучовечките односи. Ја составивме за посетителите и посетителките на двете свети џамии, за да дознаат и да имаат јасна претстава за прашањата од нивната вера, надевајќи се и молејќи Го Благородниот, Оној кој бескрајно дава, да им донесе корист преку неа, да ја направи исправна и искрено посветена само Нему надевајќи се во награда од Него. Навистина, Тој е најдостојниот да биде замолен и најдарежливиот во Кого се полага надеж.

Научната комисија при Претседателството за верските прашања на Месџидул-Харам и на џамијата на Божјиот пратеник во Медина

 

***

 


Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот

Прво поглавје:

Она што е поврзано со исламското верување - акида

Прва тема: Значењето на Исламот и неговите столбови:

Исламот е: целосна преданост на Аллах преку признавање на Неговото едноштво, покорност Нему преку спроведување на Неговите прописи и одрекување од ширкот – многубоштвото и неговите следбеници.

Неговите столбови се пет на број:

Прво: Сведоштвото дека нема друго божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник.

Второ: Клањањето намаз.

Трето: Давањето на зекат.

Четврто: Постот во месецот рамазан.

Петто: Аџилакот до светата Ќаба за оној кој е во состојба да го изврши.

Важноста на тевхидот:

Знај дека Семоќниот Аллах ги создал сите созданија за да Го обожуваат и да не Му припишуваат здруженик. Возвишениот Аллах, вели:

 

﴿وَمَا خَلَقۡتُ ٱلۡجِنَّ وَٱلۡإِنسَ إِلَّا لِيَعۡبُدُونِ 56﴾

„Џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Ез Заријат, 56) А овој ибадет не може да се осознае освен преку знаење, како што е спомнато во ајетот:

﴿فَٱعۡلَمۡ أَنَّهُۥ لَآ إِلَٰهَ إِلَّا ٱللَّهُ وَٱسۡتَغۡفِرۡ لِذَنۢبِكَ وَلِلۡمُؤۡمِنِينَ وَٱلۡمُؤۡمِنَٰتِۗ وَٱللَّهُ يَعۡلَمُ مُتَقَلَّبَكُمۡ وَمَثۡوَىٰكُمۡ 19﴾

„Знај дека нема друг бог освен Аллах! Барај прошка за своите гревови и за верниците и за верничките! Аллах знае каде се движите и каде престојувате.“ (Мухамед, 19), Ајетот започна најпрво со знаењето пред зборовите и делата. Најважното што се смета за обврска на муслиманот е да го научи е тевхидот, едноштвото на Севишниот Аллах, бидејќи тој е темелот на верата и нејзина основа. Верата не се воспоставува освен со тевхидот, и тој е првата обврска на муслиманот, како и последната. Тевхидот е првиот столб од столбовите на исламот, кои секој муслиман е должен да ги познава и да постапува според нив, а тоа се петте столбови, спомнати во хадисот кој го пренесува Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, во кој вели: Го слушнав Божјиот Пратеник, ﷺ , како вели:

«بُنِيَ الإسْلَامُ عَلَى خَمْسٍ: شَهَادَةِ أنْ لَا إلَهَ إلَّا اللَّهُ وأنَّ مُحَمَّدًا رَسُولُ اللَّهِ، وَإقَامِ الصَّلَاةِ، وَإيتَاءِ الزَّكَاةِ، وَحَجِّ البَيْتِ، وصَوْمِ رَمَضَانَ».

„Исламот се темели врз пет (столба): Сведоштвото дека нема друго божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божјиот пратеник, клањањето намаз, давањето зекат, аџилакот и постот во месецот рамазан“1.

На муслиманот му е обврска да го изучува значењето на тевхидот; а тоа е да го издвојуваме Аллах во обожувањето, така што никого нема да Му припишуваме како рамен достоен за обожување — ниту блискиот мелек, ниту испратениот веровесник.

Значењето на сведоштвото „Нема друг вистински бог освен Аллах“:

Тоа е робот да потврди, со потполна убеденост, дека нема друго божество кое може со право да биде обожувано освен Возвишениот Аллах, да Го обожува само Аллах, и да Го издвојува Него како единствен во сите видови ибадет, како што се довата, стравот, надежта, потпирањето (тевекулот) и слично.

Шехадетот не е потполн освен со овие два столба:

Првиот: Негирање на божественоста (улухијетот) и обожувањето од сè освен Аллах; од сите здруженици, богови и тагути.

Вториот: Потврда на улухијетот и дека обожувањето со право единствено му припаѓа на Аллах, само Нему, и на никој друг. Возвишениот Аллах вели:

﴿‌وَلَقَدۡ بَعَثۡنَا فِي كُلِّ أُمَّةٖ رَّسُولًا أَنِ ٱعۡبُدُواْ ٱللَّهَ وَٱجۡتَنِبُواْ ٱلطَّٰغُوتَ...﴾

„Ние на секој народ Пратеник му испративме: ,Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот!“ (Ен Нахл, 36)

Условите за исправноста на ова сведоштво (на ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ) се:

Прво: Знаењето кое го исклучува незнаењето.

Втор: Убеденоста која го исклучува на сомнежот.

Трет: Искреноста која е спротивна на ширкот.

Четврт: Вистинољубивоста која е спротивна на лагата.

Петти: Љубовта која ја исклучува омразата.

Шести: Покорноста која во спротивност со неизвршувањето на должностите.

Седми: Прифаќањето кое е спротивност на отфрлањето.

Осмо: Да негираме сѐ што покрај Возвишениот Аллах се обожува.

Овие услови задолжително треба да се применуваат. Спомнатите услови се собрани во овие два стиха:

Знаењето, убеденоста, искреноста, вистинољубивоста, заедно со љубовта, покорноста и негово прифаќање.

И додај го осмиот услов да негираш сè што освен Аллах се обожува .

Сведоштвото се исполнува со обожување само на Возвишениот Аллах, кој нема здруженик, и со искрено обожување само на Аллах, Единствениот, така што нема да упатува му дови никому освен на Аллах, нема да се потпира на никого освен на Аллах, нема да се надева никому освен на Аллах, нема да му се клања никому освен на Аллах, и нема да принесува жртва за никого освен за Севишниот Аллах.

Она што некои луѓе го прават, како таваф околу гробови, бараат помош од оние што се во нив закопани и ги повикуваат со дова покрај Аллах – претставува ширк во обожувањето. Затоа треба да се внимава и да се предупредува на тоа, бидејќи тоа е дело од иста категорија со она што го прават многубошците, од обожување на идоли, камења и дрвја покрај Аллах. Тоа е ширкот поради кој беа објавени книгите и беа испратени пратениците, за да предупредат против него и да го забранат.

 

Значењето на сведоштвото „Мухамед е Аллахов пратеник“:

Да му се покоруваме во сѐ она што ни наредува, да веруваме дека е вистина сѐ она за што нѐ известил, да се оддалечуваме од сѐ она што ни го забранил и од кое не одвратил, и да не го обожуваме Аллах освен онака како што тој пропишал, Муслиманот признава дека Мухамед бин Абдулах ел-Куреши ел-Хашими е Божји пратеник, испратен до сите созданија – џините и луѓето, како што Возвишениот вели:

﴿قُلۡ يَٰٓأَيُّهَا ٱلنَّاسُ إِنِّي رَسُولُ ٱللَّهِ إِلَيۡكُمۡ جَمِيعًا...﴾

„Кажи: ,О, луѓе, јас сум ви, на сите вас, Аллахов Пратеник...'“ (Ел Араф, 158)

Треба да веруваме и дека Аллах го испратил за да ја достави Неговата вера и да ги упати луѓето, како што Севишниот вели:

﴿‌وَمَآ أَرۡسَلۡنَٰكَ إِلَّا كَآفَّةٗ لِّلنَّاسِ بَشِيرٗا وَنَذِيرٗا وَلَٰكِنَّ أَكۡثَرَ ٱلنَّاسِ لَا يَعۡلَمُونَ28﴾

„Ние те пративме на целото човештво, радосни вести да им носиш и да ги опоменуваш, но повеќето луѓе не знаат.“ (Сабе, 28) Аллах исто така вели:

﴿‌وَمَآ أَرۡسَلۡنَٰكَ إِلَّا رَحۡمَةٗ لِّلۡعَٰلَمِينَ 107﴾

„А тебе само како милост на световите те пративме.“ (Ел Енбија, 107)

Она што го подразбира ова сведоштво е да не се верува дека Аллаховиот Пратеник, ﷺ, има било какво удел во господарството и управувањето со универзумот, ниту пак има право на обожување, напротив тој, ﷺ, е роб кој не се обожува, и Пратеник кој не смее да биде прогласен за лажливец, не може ниту за себе ниту за другите да донесе каква било корист, ниту да отстрани штета, освен со Аллахова волја, за што Возвишениот вели:

﴿‌قُل لَّآ أَقُولُ لَكُمۡ عِندِي خَزَآئِنُ ٱللَّهِ وَلَآ أَعۡلَمُ ٱلۡغَيۡبَ وَلَآ أَقُولُ لَكُمۡ إِنِّي مَلَكٌۖ إِنۡ أَتَّبِعُ إِلَّا مَا يُوحَىٰٓ إِلَيَّ...﴾

„Кажи: „Јас не ви велам: ‚Кај мене се Аллаховите ризници.‘, ниту: ‚Мене ми е познат невидливиот свет‘, ниту ви велам: ‚Јас сум мелек‘ – јас го следам само тоа што ми се објавува...“ (Ел Енам, 50)

Втора тема: Значењето на иманот и неговите столбови:

Иманот е: потврдување со срцето, изразување со јазикот и делување со срцето и со телото; се зголемува со покорност, а се намалува со грешење.

Иманот е услов за исправноста и прифаќањето на ибадетите, како што ширкот и неверството ги поништуваат сите добри дела. Како што Аллах не го прифаќа намазот без абдест, исто така не го прифаќа и ибадетот без иман. Возвишениот вели:

﴿وَمَن يَعۡمَلۡ مِنَ ٱلصَّٰلِحَٰتِ مِن ذَكَرٍ أَوۡ أُنثَىٰ وَهُوَ مُؤۡمِنٞ فَأُوْلَٰٓئِكَ يَدۡخُلُونَ ٱلۡجَنَّةَ وَلَا يُظۡلَمُونَ نَقِيرٗا 124﴾

„А тој што прави добро, било да е маж или жена, а верник е, ќе влезе во Џенетот и нема да му се направи неправда.“ (Ен Ниса, 124)

И појасни дека ширкот ги поништува добрите дела, во ајетот каде што вели:

﴿وَلَقَدۡ أُوحِيَ إِلَيۡكَ وَإِلَى ٱلَّذِينَ مِن قَبۡلِكَ لَئِنۡ أَشۡرَكۡتَ لَيَحۡبَطَنَّ عَمَلُكَ وَلَتَكُونَنَّ مِنَ ٱلۡخَٰسِرِينَ 65﴾

„А тебе, и на тие пред тебе им било објавено: ,Ако други на Аллах за рамни Му припишуваш, твоите дела сигурно ќе пропаднат, а ти изгубен ќе бидеш.'“ (Ез Зумер, 65)

Иманот има шест столбови: Верувањето во Аллах, во Неговите мелеци, во Неговите книги, во Неговите пратеници, во Судниот ден и во предодредбата, таа што ја сметаме за добра и за лоша.

1. Верувањето во Возвишениот Аллах опфаќа три работи:

1. Верувањето во Неговиот рубубијет (господарство):

Тоа е издвојувањето на Возвишениот Аллах (да сметаме дека Тој е единствен) во Неговите дела; како што се создавањето, снабдувањето, оживувањето и умртвувањето. Нема Создател освен Аллах, нема Снабдувач освен Аллах, нема Дарител на живот освен Аллах, нема Оној што одзема живот освен Аллах, и никој не управува со вселената освен Него Возвишениот.

Не е познато дека некој од оние кои Аллах ги создал го негирал Аллаховиот рубубијет, освен ако не бил арогантен и не бил убеден во тоа што го зборува, како што беше случајот со Фараонот, кога на својот народ му рече:

﴿‌...أَنَا ‌رَبُّكُمُ ‌الْأَعْلَى﴾

„Јас сум господарот ваш најголем!“ (Ен Назиат, 24) Но тоа тврдење не произлегува од верско убедување, како што Возвишениот Аллах, за Муса, алејхи селам, вели :

﴿‌قَالَ لَقَدۡ عَلِمۡتَ مَآ أَنزَلَ هَٰٓؤُلَآءِ إِلَّا رَبُّ ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَٱلۡأَرۡضِ بَصَآئِرَ وَإِنِّي لَأَظُنُّكَ يَٰفِرۡعَوۡنُ مَثۡبُورٗا 102﴾

„А Муса одговори: ,Ти добро знаеш дека ова не го дал никој друг туку Господарот на небесата и на Земјата, како јасни знаци, и јас мислам дека ти, о, фараону, сигурно ќе настрадаш.'“ (Ел Исра, 102) Возвишениот исто така вели:

﴿‌وَجَحَدُوا بِهَا وَاسْتَيْقَنَتْهَا أَنْفُسُهُمْ ظُلْمًا وَعُلُوًّا... ﴾

„И тие, неправедни и арогантни, ги негираа, но во себе веруваа дека се вистински.“ (Ен Немл, 14)

Сѐ што е создадено, мора да има Создател, бидејќи ништо не може само од себе да се создаде; и ништо не може само да се создаде, ниту пак може да се појави случајно; затоа што секој настан мора да има свој предизвикувач. Исто така, постоењето во ваков совршен ред и складна усогласеност укажува дека е невозможно нешто да настане без причина. Тогаш мора да има Создател, а тоа е Аллах, Господарот на световите, Возвишениот вели:

﴿‌أَمۡ خُلِقُواْ مِنۡ غَيۡرِ شَيۡءٍ أَمۡ هُمُ ٱلۡخَٰلِقُونَ 35 أَمۡ خَلَقُواْ ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَٱلۡأَرۡضَۚ بَل لَّا يُوقِنُونَ 36﴾

„Дали тие без Создател се создадени или тие самите себеси се создадоа?!

Дали тие небесата и Земјата ги создадоа?! Не, туку тие не се убедени!“ (Ет Тур, 35-36)

Мушриците го признаваа Аллаховиот рубубијет/господарство, но и покрај тоа правеа ширк во ибадетот, и тоа не ги воведе во Исламот. Пратеникот, ﷺ, се бореше против нив и го дозволи пролевањето на нивната крв и земањето на нивниот имот, затоа што во обожувањето припишуваа здруженици, па покрај Аллах обожувале и други; како идоли, камења, мелеци и друго.

2. Верувањето во Неговиот улухијет (божественост):

Верувањето во Неговиот улухијјет, односно верувањето дека Тој е единствениот вистински Бог кој нема здруженик. „Илах“ значи „оној кој се обожува“, односно „обожуваниот“ со љубов, величање и понизност.

Возвишениот Аллах вели:

﴿‌وَإِلَٰهُكُمۡ إِلَٰهٞ وَٰحِدٞۖ لَّآ إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ ٱلرَّحۡمَٰنُ ٱلرَّحِيمُ 163﴾

,,А вашиот Бог е еден Бог. Нема друг бог освен Него, Семилосниот, Милостивиот!" (Ел Бекаре, 163)

Секое божество кое се обожува покрај Аллах е лажно. Возвишениот вели:

﴿ذَٰلِكَ بِأَنَّ ٱللَّهَ هُوَ ٱلۡحَقُّ وَأَنَّ مَا يَدۡعُونَ مِن دُونِهِۦ هُوَ ٱلۡبَٰطِلُ وَأَنَّ ٱللَّهَ هُوَ ٱلۡعَلِيُّ ٱلۡكَبِيرُ 62﴾

„Тоа е затоа што Аллах е Вистина, а тие на кои, покрај Аллах, им се молат се лага, и затоа што е Аллах Возвишен и Голем.“ (Ел Хаџ, 62)

И затоа Божјите пратеници, Аллаховиот благослов нека е над нив, од Нух до Мухамед, ﷺ, ги повикуваа нивните народи да се обожува единствено Аллах и само Тој да се издвојува во обожувањето, и никој друг. Возвишениот Аллах укажа на неисправноста на обожувањето на лажните божества од страна на многубошците, покрај Аллах, и на барањето помош од нив, со два рационални докази:

Прво: Сите лажни божества што се обожуваат немаат ниту една особина на божественост. Тие се создадени и не создаваат. Не можат никому да му користат, ниту да му наштетат, ниту можат некому да му дадат живот или да му го одземат, ниту наново да го оживеат, за што Возвишениот вели:

﴿وَٱتَّخَذُواْ مِن دُونِهِۦٓ ءَالِهَةٗ لَّا يَخۡلُقُونَ شَيۡـٔٗا وَهُمۡ يُخۡلَقُونَ وَلَا يَمۡلِكُونَ لِأَنفُسِهِمۡ ضَرّٗا وَلَا نَفۡعٗا وَلَا يَمۡلِكُونَ مَوۡتٗا وَلَا حَيَوٰةٗ وَلَا نُشُورٗا 3﴾

„А тие покрај Него зеле божества кои ништо не создаваат, кои и самите се создадени, кои не се во состојба од себе некаква штета да отстранат ниту некаква корист да сторат, и кои немаат моќ живот да одземат, живот да дадат и да оживеат.“ (Ел Фуркан, 3)

Второ: Мушриците признавале дека Аллах е единствениот Создател и Управител, само Тој и никој друг; а тоа налага да Го издвојат и во Неговиот улухијет, како што Го издвоиле со верување во Неговиот рубубијет, Возвишениот вели:

﴿قُل لِّمَنِ ٱلۡأَرۡضُ وَمَن فِيهَآ إِن كُنتُمۡ تَعۡلَمُونَ 84 سَيَقُولُونَ لِلَّهِۚ قُلۡ أَفَلَا تَذَكَّرُونَ85 قُلۡ مَن رَّبُّ ٱلسَّمَٰوَٰتِ ٱلسَّبۡعِ وَرَبُّ ٱلۡعَرۡشِ ٱلۡعَظِيمِ 86 سَيَقُولُونَ لِلَّهِۚ قُلۡ أَفَلَا تَتَّقُونَ 87 قُلْ مَنْ بِيَدِهِ مَلَكُوتُ كُلِّ شَيْءٍ وَهُوَ يُجِيرُ وَلَا يُجَارُ عَلَيْهِ إِنْ كُنْتُمْ تَعْلَمُونَ 88 سَيَقُولُونَ لِلَّهِ قُلْ فَأَنَّى تُسْحَرُونَ 89﴾

„Запрашај: ,Чија е Земјата и сето тоа што е на неа, знаете ли?

,На Аллах!' – ќе одговорат, а ти кажи: ,Па зошто тогаш не доаѓате при себе?“

Запрашај: ,Кој е Господарот на седумте небеса и кој е Господарот на Аршот величествен?'

,Аллах!' – ќе одговорат, а ти кажи: ,Па зошто тогаш не се плашите?'

Запрашај: ,Во чија рака е власта над сè, а Тој зема во заштита, и од кого никој не може да биде заштитен, знаете ли?'

,Тоа е Аллахово!' – ќе одговорат, а ти кажи: „Па зошто тогаш дозволувате да бидете заведени?“ (Ел Муминун, 84-89) Па кога ќе го признаат тевхидот рубубије, им станува должност да Му го посветат ибадетот исклучиво Нему, Возвишениот, и да не Му придружуваат никого во Неговиот ибадет.

3. Верување во Аллаховите имиња и атрибути:

Ова подразбира потврдување на она што Аллах си го потврдил за Себеси во Неговата Книга, или тоа го потврдил за Него Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во неговиот Сунет, од неговите имиња и атрибути, на начин кој му доликува на Возвишениот Аллах, без искривување, ниту негирање, и без одредување на неговата форма, и без споредување, Возвишениот вели:

﴿‌وَلِلَّهِ ٱلۡأَسۡمَآءُ ٱلۡحُسۡنَىٰ فَٱدۡعُوهُ بِهَاۖ وَذَرُواْ ٱلَّذِينَ يُلۡحِدُونَ فِيٓ أَسۡمَٰٓئِهِۦۚ سَيُجۡزَوۡنَ مَا كَانُواْ يَعۡمَلُونَ 180﴾

„На Аллах Му припаѓаат најубавите имиња и повикувајте Го со нив, и тргнете се од тие што ги искривуваат Неговите имиња – како ќе прават, така ќе бидат казнети!“ (Ел Араф, 180) Возвишениот исто така вели:

﴿‌...لَيۡسَ كَمِثۡلِهِۦ شَيۡءٞۖ وَهُوَ ٱلسَّمِيعُ ٱلۡبَصِيرُ﴾

„Ништо Нему не му е слично! Тој сè слуша и сè гледа.“ (Еш Шура, 11)

Ширкот се дели на три категории:

1. Голем ширк.

2. Мал ширк.

3. Скриен ширк.

1. Голем ширк

Неговиот критериум е: изедначување на нешто што е создадено со Возвишениот Аллах во однос на особините кои се карактеристични само за Возвишениот Аллах, како што Возвишениот Аллах вели:

﴿‌إِذۡ نُسَوِّيكُم بِرَبِّ ٱلۡعَٰلَمِينَ 98﴾

„Кога со Господарот на световите ве изедначувавме.“ (Еш Шуара, 98)

А тоа подразбира: насочување на ибадет кон некој друг а не Аллах, или посветување на некои ибадети на некој друг покрај Него; како што се довата, барањето помош, заветот, принесувањето жртва, како и други видови на ибадет.

Ширкот вклучува: сметање за дозволено она што Аллах го забранил, или забранување на она што дозволил, поништување на она што Аллах го задолжил. Како сметањето за дозволено на она што со неопходна сигурност во верата е познато дека е забрането; како и сметањето за дозволено на блудот, алкохолот, непослушноста кон родителите, каматата и слично.

Или забрана на она што Аллах го дозволил од добрите работи, или: отфрлање на она што Аллах го задолжил; како верувањето дека намазот не е обврска, или дека постот не е обврска, или дека зекатот не е обврска.

Големиот ширк повлекува поништување на делата и вечен престој во џехенемскиот оган за оној што ќе умре во таква состојба, како што Возвишениот вели:

﴿‌...وَلَوۡ أَشۡرَكُواْ لَحَبِطَ عَنۡهُم مَّا كَانُواْ يَعۡمَلُونَ﴾

„,А да Му припишуваа здруженик, сигурно ќе им пропаднеше тоа што го правеа.“ (Ел Енам, 88)

Исто така, човекот кој ќе умре чинејќи ширк, нема да му биде простено и ќе му биде забранет влезот во Џенетот, како што Возвишениот вели:

﴿‌إِنَّ ٱللَّهَ لَا يَغۡفِرُ أَن يُشۡرَكَ بِهِۦ وَيَغۡفِرُ مَا دُونَ ذَٰلِكَ لِمَن يَشَآءُ...﴾

„Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува, а ќе прости сè освен тоа кому Тој сака.“ (Ен Ниса, 48) Возвишениот исто така вели:

﴿إِنَّهُۥ مَن يُشۡرِكۡ بِٱللَّهِ فَقَدۡ حَرَّمَ ٱللَّهُ عَلَيۡهِ ٱلۡجَنَّةَ وَمَأۡوَىٰهُ ٱلنَّارُ...﴾

„Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во Џенетот и неговото живеалиште ќе биде Џехенемот.“ (Ел Маиде, 72)

2. Мал ширк:

Тоа е сѐ она кое според текстовите на Куранот и Сунетот се именува како ширк, но не влегува во категоријата на голем ширк; па затоа се нарекува мал ширк; како што е заклетва во нешто друго освен Аллах; како заклетва со Каба, со пратениците, со аманетот, со нечиј живот и слично. За тоа Аллаховиот пратеник, ﷺ, рекол

«مَنْ حَلَفَ بِغَيرِ اللهِ فَقَدْ كَفَرَ أَو أَشرَكَ».

„Кој ќе се заколне во нешто друго освен во Аллах, направил неверство (куфр) или многубоштво (ширк).“2

Тој може да премине во голем ширк, во зависност од она што е во срцето на оној што го прави. Ако во срцето на оној што се колне со Аллаховиот пратеник, ﷺ, или со некој шејх, постои верување дека тој е како Аллах, или дека треба да му се упатува дова покрај Аллах, или дека управува со вселената, тогаш тоа преминува во голем ширк. Ако, пак, оној што се колне во нешто друго освен во Аллах немал таквата намера, туку тоа само му излетало на јазикот без таква намера, бидејќи се навикнал на тоа, тогаш тоа е мал ширк. Ова често се случува во некои места; затоа обврска е да се внимава и предупредува на тоа, за да се чува и заштити тевхидот.

3. Скриен ширк:

Тоа е она што се јавува во срцата при преправање (рија); како оној што клања намаз или чита Куран за да биде виден од луѓето, или прави зикр за да биде пофален, или дава садака за да биде спомнуван. Ова го поништува делото во кое се преправал, а не и останатите дела што искрено ги посветил на Возвишениот Аллах.

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«الشِّرْكُ فِي هَذِهِ الْأُمَّةِ أَخْفَى مِنْ دَبِيبِ النَّمْلَةِ السَّودَاءِ عَلَى الصَّفَاةِ السَّودَاءِ فِي ظُلْمَةِ اللَّيْلِ، وَكَفَّارَتُهُ أَنْ يَقُولَ: "اللَّهُمَّ إِنِّي أَعُوذُ بِكَ أَنْ أُشْرِكَ بِكَ شَيْئًا وَأَنَا أَعْلَمُ، وَأَسْتَغْفِرُكَ مِنَ الذَّنْبِ الَّذِي لَا أَعْلَمُ».

„Ширкот во овој умет е поскриен од движењето на црна мравка по црн камен во темнината на ноќта, а неговиот искуп е да се каже: „Аллаху мој, барам заштита кај Тебе да не Ти направам ширк во нешто свесно, и од Тебе барам прошка за гревот што не го знам.“3

Видови неверство - куфр:

Првиот вид: Голем куфр:

Овој вид е причина за вечна казна во Огнот, и се дели на пет видови:

1. Куфр - Неверство на негирање:

А тоа е верувањето дека Божјите пратеници лажеле, а ова ретко се среќава меѓу неверниците; затоа што Возвишениот Аллах ги потпомогнал Своите пратеници со јасни докази, додека состојбата на оние кои негираат е онаква каква што ги опишал Возвишениот Аллах:

﴿‌وَجَحَدُوا ‌بِهَا ‌وَاسْتَيْقَنَتْهَا أَنْفُسُهُمْ ظُلْمًا وَعُلُوًّا...﴾

„,И тие, неправедни и арогантни, ги негираа, но во себе веруваа дека се вистински.“ (Ен Нахл, 14)

2. Неверство на одбивање и надменост:

Ова е слично на неверството на Иблис, бидејќи тој не ја порече Аллаховата наредба ниту ја негираше, туку ѝ се спротивстави со одбивање и вообразеност. Возвишениот Аллах вели:

﴿وَإِذۡ قُلۡنَا لِلۡمَلَٰٓئِكَةِ ٱسۡجُدُواْ لِأٓدَمَ فَسَجَدُوٓاْ إِلَّآ إِبۡلِيسَ أَبَىٰ وَٱسۡتَكۡبَرَ وَكَانَ مِنَ ٱلۡكَٰفِرِينَ 34﴾

„И кога им кажавме на мелеците: ,Поклонете му се на Адем со сеџда!', тие сите се поклонија освен Иблис, кој одби, се вообрази и стана неверник.“ (Ел Бекаре, 34)

3. Неверство на оддалечување:

И тоа така што со својот слух и своето срце се оддалечува од следењето на вистината, па не се осврнува на неа, ниту пак ѝ придава значење. Возвишениот вели:

﴿وَمَنۡ أَظۡلَمُ مِمَّن ذُكِّرَ بِـَٔايَٰتِ رَبِّهِۦ ثُمَّ أَعۡرَضَ عَنۡهَآۚ إِنَّا مِنَ ٱلۡمُجۡرِمِينَ مُنتَقِمُونَ22﴾

„А има ли поголем злосторник од тој што е опоменат со знаците на својот Господар, а потоа им врти грб? Ние, навистина, ќе ги казниме злосторниците!“ (Ес Сеџда, 22)

А што се однесува до делумното запоставување; тоа е голем грев, но не и куфр-неверство; како, на пример, оној кој одбегнува да изучи некои од должностите на верата; како што се прописите за постот или аџилакот и слично.

4. Неверство на сомнежот:

Така што се двоуми и не е категоричен во однос на вистината, туку се сомнева во неа, како што во Аллаховите зборови е спомнато:

﴿وَدَخَلَ جَنَّتَهُ وَهُوَ ظَالِمٌ لِنَفْسِهِ قَالَ مَا أَظُنُّ أَنْ تَبِيدَ هَذِهِ أَبَدًا 35 وَمَا أَظُنُّ السَّاعَةَ قَائِمَةً وَلَئِنْ رُدِدْتُ إِلَى رَبِّي لَأَجِدَنَّ خَيْرًا مِنْهَا مُنْقَلَبًا 36﴾

„И влезе во градината своја, правејќи си насилство на себеси, велејќи: ,Не мислам дека овој некогаш ќе пропадне,

и не мислам дека Крајот на светот некогаш ќе дојде; а ако Му бидам вратен на Господарот свој, сигурно нешто подобро од ова ќе најдам.“ (Ел Кехф, 35-36)

5. Неверство на нифак/лицемерие:

Тоа е да го изрази со јазикот иманот, а во срцето да го крие негирањето. Возвишениот Аллах вели:

﴿وَمِنَ ٱلنَّاسِ مَن يَقُولُ ءَامَنَّا بِٱللَّهِ وَبِٱلۡيَوۡمِ ٱلۡأٓخِرِ وَمَا هُم بِمُؤۡمِنِينَ 8﴾

„Има луѓе коишто велат: „Веруваме во Аллах и во другиот свет“ – а не се верници.“ (Ел Бекаре, 8)

Ова се видовите на голем куфр кои тој што ги право го изведуваат од верата.

Вториот вид: Мал куфр:

Овој вид не е причина за вечна казна во огнот. Тоа е она што во Книгата и Сунетот е наречено куфр, но не во определена форма со членот ,,ел", туку доаѓа во неопределена форма. Примерите за тоа се многубројни, од кои: Хадисот на Ебу Хурејре, радијаллаху анху, во кој пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

«اثْنَتَانِ فِي النَّاسِ هُمَا بِهِمْ كُفْرٌ: الطَّعْنُ فِي النَّسَبِ، وَالنِّيَاحَةُ عَلَى المَيِّتِ».

„Две работи меѓу луѓето се сметаат за куфр - неверство: клеветата околу потеклото и гласното оплакување на мртвите.“4

2) Верувањето во мелеците:

Тие се невидлив свет, создадени од светлина, и тие Му робуваат на Возвишениот Аллах, не поседуваат нешто од особините на господарството и божественоста, на тоа што Аллах им го заповеда не се непослушни, и тоа што ќе им го нареди го извршуваат. Тие се многубројни, нивниот број го знае само Возвишениот Аллах.

Верувањето во мелеците опфаќа четири работи:

1. Верувањето во нивното постоење.

2. Посебно верувањето во оние мелеци чии имиња ги знаеме, како Џибрил, Микаил, Исрафил и други. Додека оние чие име не го знаеме, во нив веруваме воопштено.

3. Верувањето во нивните атрибути кои ни се познати, спомнати во Куранот и Сунетот. Како атрибутите на Џибрил, кого Пратеникот, , го видел во неговиот вистински облик. Имаше шестстотини крилја кои го покриваа хоризонтот.

4. Верувањето во делата што знаеме дека ги извршуваат, како што е славењето и обожувањето на Аллах ден и ноќ без замор и без прекин.

На пример: Џибрил е задолжен за доставувањето на објавата.

Исрафил - задолжен да дувне во рогот да го објави крајот на светот и почетокот на Судниот ден.

Мелекот на смртта - задолжен за земањето на душите во моментот на смртта.

Малик - чуварот на Џехенемот. Ридван - чуварот на Џенетот, и други.

3) Верувањето во книгите:

Под „книги“ се подразбираат небесните книги кои Возвишениот Аллах им ги објавил на Неговите пратеници, како упатство и милост за човештвото, за да ја постигнат среќата на двата света.

Верувањето во книгите опфаќа четири работи:

1. Верувањето дека, тие книги, вистински се објавени од Аллах.

2. Посебно верување во книгите чии имиња ги знаеме, како што е Куранот, кој му е објавен на Мухамед, ﷺ, Тевратот кој му е објавен на Муса, алејхи селам, Инџилот, кој му е објавен на Иса, алејхи селам, и Зебурот, кој му е објавен на Давуд, алејхи селам.

Што се однесува до оние книги чие име не го знаеме, во нив веруваме воопшто.

3. Верување во она што е кажано во нив; како што е верувањето во сè што е кажано во Куранот, како и верувањето во она што не е искривено и изменето од претходните книги.

4. Постапување според пропишаното доколку не е дерогирано, и прифаќање и задоволство со тоа, без разлика дали ја разбираме мудроста на тоа или не. Сите претходни книги се дерогирани со објавата на Куранот, затоа не е дозволено да се постапува според ниту еден пропис од прописите на претходните книги, освен она што е веродостојно од нив и што е потврдено од Благородниот Куран или Сунетот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.

4) Верувањето во Божјите пратеници (Аллаховиот мир нека е со нив):

„Русул“ или Пратеници е множина од зборот „ресул“ или „пратеник“; а тоа се лица од луѓето на кои Аллах им ја доставил пораката и им наредил да ја пренесат. Првиот пратеник е Нух, алејхи селам, а последниот е Мухамед, ﷺ. Тие се од човечкиот род, не поседуваат нешто од особините на господството и божественоста.

Верувањето во Аллаховите пратеници опфаќа:

1. Верување дека нивното пратеништво е навистина им е дадено од Аллах. Секој оној кој ќе негира еден пратеник, се смета како да ги негирал сите.

2. Посебно верување во пратениците чии имиња ги знаеме, како што се Мухамед, Ибрахим, Муса, Иса и Нух. Тие се пратениците одликувани со одлучност (улул-азм).

Што се однесува до оние пратеници чии имиња не ги знаеме, во нив веруваме воопштено. Возвишениот Аллах вели:

﴿‌وَلَقَدۡ أَرۡسَلۡنَا رُسُلٗا مِّن قَبۡلِكَ مِنۡهُم مَّن قَصَصۡنَا عَلَيۡكَ وَمِنۡهُم مَّن لَّمۡ نَقۡصُصۡ عَلَيۡكَ...﴾

„И пред тебе Пратеници испраќавме, за некои од нив ти кажувавме, а за некои не ти кажувавме.“ (Гафир, 78)

3. Верувањето во веродостојните преданија што ни се пренесени од нив, Аллаховиот мир и спас нека е со нив.

4. Следење на верозаконот на пратеникот кој е испратен до нас, а тоа е последниот од нив, Мухамед, ﷺ.

5) Верувањето во Судниот ден:

Тоа е Кијаметскиот ден, во кој луѓето ќе бидат оживеани за да полагаат сметка и ќе добијат награда или казна, Наречен е и како "Последен ден", бидејќи нема ден по него. Жителите на Џенетот ќе ги населат нивните вечни живеалишта во Џенетот, а жителите на Џехенемот ќе ги населат нивните вечни живеалишта во Џехенемот.

Верувањето во Судниот ден опфаќа три работи:

А- Верување во проживувањето:

Тоа е оживувањето на мртвите откако ќе се дувне во рогот по вторпат, тогаш луѓето ќе застанат пред Господарот на световите, голи, боси и необрежани, за што Возвишениот вели:

﴿كَمَا بَدَأْنَا أَوَّلَ خَلْقٍ نُعِيدُهُ ‌وَعْدًا ‌عَلَيْنَا إِنَّا كُنَّا فَاعِلِينَ 104﴾

„Така како што првиот пат од ништо создадовме, така повторно од ништо ќе создадеме, тоа е ветувањето Наше, Ние навистина тоа ќе го сториме.“ (Ел Енбија, 104)

Б- Верување во полагањето сметка и добивањето награда или казна:

Што значи дека човекот ќе полага сметка за неговите дела и за нив ќе биде награден или казнет. Возвишениот вели:

﴿إِنَّ إِلَيۡنَآ إِيَابَهُمۡ 25 ثُمَّ إِنَّ عَلَيۡنَا حِسَابَهُم 26

,Нам, навистина, тие ќе ни се вратат,

и пред Нас, навистина, сметката ќе ја полагаат!“ (Ел Гашија, 25-26)

В- Верување во Џенетот и Џехенемот:

и дека тие ќе бидат вечното престојувалиште за луѓето и џините. Џенетот е место на вечното уживање кое СевишниотАллах го подготвил за богобојазливите верници и за оние кои му се покоруваат на Аллах и на Неговиот Пратеник, ﷺ. Во него има нешта кои окото не ги видело, увото за нив ни не слушнало, ниту пак човечкиот разум може да ги замисли.

Додека Џехенемот е место на вечната казна. Возвишениот Аллах, го подготвил за неверниците, оние кои не верувале во Аллах и не им се покорувале на Неговите пратеници. Во него има разновидни казни какви што човекот не може ни да ги замисли.

 

 

6) Верувањето во кадерот, предодредбата - таа што ја сметаме за добра или лоша:

Под кадер се подразбира: Одредбата на Возвишениот Аллах за она што ќе се случи, сходно Неговата совршена Мудрост и Знаење.

Верувањето во одредбата опфаќа четири работи:

1- Знаење: а тоа е верување во Аллаховото знаење, и дека Тој знае сè што било и што ќе биде, и како ќе биде, детално и општо, отсекогаш и засекогаш. Тој, Возвишениот, е Сезнајниот за она што не се случило —и доколку би се случило, како би било, Како што е спомнато во ајетот:

﴿‌وَلَوۡ رُدُّواْ لَعَادُواْ لِمَا نُهُواْ عَنۡهُ ...﴾

„А и кога би биле вратени, повторно би продолжиле да го прават тоа што им беше забрането.“ (Ел Енам, 28)

2. Запишувањето: Тоа значи дека Возвишениот Аллах ги запишал одредбите за сè до Судниот ден, како што Возвишениот вели:

﴿أَلَمۡ تَعۡلَمۡ أَنَّ ٱللَّهَ يَعۡلَمُ مَا فِي ٱلسَّمَآءِ وَٱلۡأَرۡضِۚ إِنَّ ذَٰلِكَ فِي كِتَٰبٍۚ إِنَّ ذَٰلِكَ عَلَى ٱللَّهِ يَسِيرٞ 70

„Зарем не знаеш дека на Аллах Му е познато сè што е на небото и на Земјата? Сето тоа е во Книгата, тоа, навистина, на Аллах му е лесно!“ (Ел Хаџ, 70)

3. Аллаховата волја: Тоа значи верување дека во целата вселена не може да се случи ништо, освен ако тоа не е според волјата на Возвишениот Аллах. Возвишениот Аллах вели:

﴿وَرَبُّكَ يَخۡلُقُ مَا يَشَآءُ وَيَخۡتَارُ ...﴾

„Господарот твој создава што сака, и Тој одбира.“ (Ел Касас, 68) Човекот има волја која не излегува од рамките на Аллаховата волја, како што Возвишениот Аллах вели:

﴿وَمَا تَشَآءُونَ إِلَّآ أَن يَشَآءَ ٱللَّهُ رَبُّ ٱلۡعَٰلَمِينَ 29

„А вие не можете ништо да сакате, ако тоа Аллах, Господарот на световите, не го сака!“ (Ет Теквир, 29)

4. Создавањето: Тоа значи верување дека Севишниот Аллах ги создал созданијата, нивните дела и постапки — и добрите и лошите. Возвишениот Аллах вели:

﴿ٱللَّهُ خَٰلِقُ كُلِّ شَيۡءٖۖ وَهُوَ عَلَىٰ كُلِّ شَيۡءٖ وَكِيلٞ 62

„Аллах е Создател на сè и Тој управува со сè.“ (Ез Зумер, 62)

Спомнатите степени се собрани во овој стих:

Аллаховото прецизно знаење, Неговото запишување, Неговата волја и Неговото создавање — а тоа е овозможување на постоење и обликување.

Трета тема: Ихсан

Ихсанот се состои од еден рукн, а тоа е да го обожуваш Аллах како да Го гледаш, затоа што ако ти не Го гледаш, Тој тебе сигурно те гледа.

Тоа значи човекот да го извршува она со што Аллах го задолжил од обожувањето, како да стои пред Севишниот Аллах, и тоа подразбира целосна богобојазливост и покајничко враќање кон Него, Возвишениот. Се подразбира извршување на ибадетот во склад со Сунетот на Божјиот пратеник, ﷺ.

Ихсанот има два степена, а мухсините по прашање на ихсанот се на две нееднакви нивоа:

Прво ниво: И тоа е највозвишеното, нивото на созерцание. Тоа е робот да постапува како да го гледа Возвишениот Аллах со своето срце, па срцето се осветлува со иманот, сè додека невидливото не стане како видливото.

Второ ниво: Ниво на искреност и свест за Божјото надгледување, Тоа значи дека: верникот ќе се труди да биде свесен дека неговиот Создател го гледа и дека сè за него Му е познато; па кога ќе биде свесен за ова, тој ќе биде искрен кон Возвишениот Аллах.

Четврта тема: Краток преглед на основите на Ехли Сунетот и Џематот:

Прво: Да се следи она што е наведено во Куранот и Сунетот, одвнатре и однадвор, и да не се дава предност на говорот на кој било човек над говорот на Севишниот Аллах и над говорот на Неговиот пратеник ﷺ.

Второ: Нивните срца и нивните јазици се чисти и внимателни кон асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Тие веруваат дека халифата по Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил Ебу Бекр, потоа Омер, потоа Осман, потоа Али, Аллах нека е задоволен со сите нив.

Трето: Љубов кон семејството на Пратеникот, ﷺ, и лојалност кон нив; а под неговото семејство се подразбираат особено добрите меѓу нив.

Четврто: да не се креваат востанија против халифите и владателите, па дури и ако тие се неправедни. За нив треба да се упатува дова за исправност и добросостојба, а не да се упатуваат дови против нив. Послушноста кон нив е послушност кон Возвишениот Аллах и е задолжителна, освен ако не наредат грев кон Возвишениот Аллах. Ако наредат нешто што е грев, тогаш не им се покорува во тоа. А покорноста ним во дозволените работи, останува како должност.

Петто: Верување во кераметите на Аллаховите штитеници (евлии); Тоа се натприродни појави кои Аллах ги покажува преку нив.

Шесто: Не ги прогласуваат поданиците на киблата (муслиманите) за неверници само поради гревови, па дури ни поради големи гревови, како што тоа го прават хариџиите, туку, братството во верата е цврсто утврдено и покрај нивната непокорност. За грешникот велат: тој е верник според неговиот иман, грешник поради неговиот голем грев.

Второ поглавје: Она што се однесува на обредите (ибадетите)

Прва тема: Тахаретот (чистотата):

Тахарет – чистота, јазично: чистота и чистење од физички и нематеријални нечистотии.

Шеријатски: отстранување на правната (апстрактна и нематеријална) нечистотија и отстранување на реалната физичка нечистотија. Чистотата е клучот на намазот, затоа, нејзиното изучување спаѓа меѓу најзначајните работи од прописите на верата, кои секој муслиман треба да ги научи и да им посвети внимание.

Прво: Категории на води:

1. Чиста: со неа е исправно да се изврши ритуално миење и бањање (абдест или гусул). Без разлика дали останала во природната состојба во која ја создал Аллах - како дождовната, речната или морската вода, или, пак, ако со неа се измешала чиста материја која не преовладува над неа ѝ не го одзема нејзиното име „вода“.

 

2. Нечиста; не е дозволена нејзината употреба. Таа не ја отстранува правната (нематеријалната) нечистотија и не ја отстранува стварната физичка нечистотија Се смета за таква вода е онаа на која ѝ се измениле бојата, мирисот или вкусот поради мешање со нечистотија.

 

Второ: Што се смета за Нечистотија:

Нечистотија: тоа е посебно дефинирана нечистотија, која сама по себе го спречува извршувањето намазот. Примери за тоа се: урина, измет, крв и слично.

Може да се најде на телото, на местото каде што се клања или на облеката.

 

Основното правило за нештата е: нивна дозволеност и чистота. Затоа, оној што тврди дека нешто се смета за нечисто, должен е да приложи доказ. Во категоријата нечистотија не спаѓаат: шлајмот, потта на човекот и потта на магарето; тие се сметаат за чисти, иако предизвикуваат нелагодност. Сè што според верските прописи е нечисто се смета за валкано, но не и обратно.

Нечистотијата има три степени:

Прв: Тешката нечистотија;

Пример за тоа е нечистотијата на оној предмет или сад од кој пиело или го лижело куче. Начинот на чистење е да се измие седумпати, при што првиот пат се користи земја.

Второ: Лесна нечистотија:

Како урината на машкото доенче, ако ја зафати облеката или нешто слично. Начинот на нејзиното чистење е да се попрска со вода сè додека целосно не ја опфати, и не е потребно ниту триење ниту цедење.

 

Трета: Средната нечистотија:

Како урината и изметот на човекот, како и поголемиот дел од нечистотиите, ако доспеат на земјата, до облеката и слично. Начинот на нејзиното чистење е да се отстрани физичката материја на нечистотијата, доколку ја има, и со перење на нејзиното место со вода или со други средства за чистење.

Работи за кој со доказ е утврдено дека се нечисти:

1. Урината и изметот на човекот.

2. Предсемена (мезиј) и постуринарна течност (ведиј) (5).5

3. Измет од животни чиешто месо не се јаде.

4. Менструална и постпородилна крв.

5. Кучешка плунка.

6. Мрша (угинато животно), а исклучоци од неа се:

А- Мртовец од човечкиот род.

Б- Мрша од риби и скакулци.

В- Мртво животно од оние што немаат крв што истекува; како мувите, мравките, пчелите и слично.

Д - Коските на угинатото животно, неговите рогови, нокти (копита), влакна и пердуви.

Начинот на чистење на нечистотијата е:

1. Со вода, која е основна во отстранувањето на физичките нечистотии, па не се прибегнува кон друго покрај неа.

2. Она што е верски пропишано во однос на начинот на чистење на нечистотијата самата по себе или на она што станало нечисто:

А - Кожата на угинатото животно се чисти со штавење (танирање).

Б- Чистење на садот ако го лижело куче: да се измие седумпати, при што првиот пат се користи земја.

В- Чистење на облеката ако на неа има менструална крв: Прво се струга (гребе со нокт) местото, потоа се пере со вода со триење, па на крај се плакне. Ако и по тоа остане трага, тоа не пречи.

Г - Чистење на долниот раб на женската облека: Тоа се постигнува со поминување на облеката преку чист дел од земјата, што доаѓа по оној дел кој ја извалкал облеката.

Д - Чистењето на облеката од урината на машко доенче: со попрскување со вода, а од урината на женско доенче – со перење со вода.

Ѓ- Чистење на облеката од предсемена течност: со попрскување со вода на местото.

Е - Чистење на ѓонот на обувката; со негово триење врз чиста земја.

Ж - Отстранување на материјалната нечистотија од земјата: Се врши со истурање една кофа вода врз местото, или со оставање земјата да се исуши од сонцето или ветерот. Кога ќе исчезне трагата од нечистотијата, земјата се смета за чиста.

 

Трето: Што му е забрането на оној без абдест да прави:

Забранетите работи за оној кој е во состојба на мала или голема правна нечистотија се:

1. Намазот, без оглед дали е фарз или доброволен. Ибн Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:

«لَا يَقْبَلُ اللَّهُ صَلَاةً بِغَيْرِ طُهُورٍ».

„Аллах не го прифаќа намазот без чистота.“6.

2. Допирањето на Мусхафот (книга во која е испечатен или испишан Куранот). Како што стои во писмото кое Божјиот пратеник ﷺ му го напиша на Амр бин Хазм, во кое рекол:

«لَا يَمَسُّ الْقُرْآنَ إِلَّا طَاهِرٌ».

„И нека не го допира Куранот никој освен чистиот.“7.

3. Тавафот околу Ќаба. Поради зборовите на Пратеникот ﷺ:

«الطَّوَافُ بِالْبَيْتِ صَلَاةٌ، إِلَّا أَنَّ اللَّهَ أَبَاحَ فِيهِ الْكَلَامَ».

„Тавафот околу Ќаба е намаз, освен што Аллах дозволил при тавафот да се зборува.“ (8)8 Друг доказ е фактот дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, земал абдест за таваф. Вероодостојно е пренесено дека Аллаховиот пратеник, ﷺ им забранил на жените со менструација да прават таваф околу Ќабата, сѐ додека не се очистат

А работите што се посебно забранети за оној што е во состојба на голема правна нечистота се следниве:

1. Рецитирањето на Куранот. Доказ за ова е хадисот на Али, радијаллаху анху, во кој стои: „Ништо не го спречуваше — т.е. Аллаховиот Пратеник, ﷺ — да го чита Куранот; освен џенабетот (состојба по интимен однос или ејакулација).“ (9).9

2. Седењето во џамија во состојба на џенабет. Доказ за ова се Аллаховите зборови:

﴿يَٰٓأَيُّهَا ٱلَّذِينَ ءَامَنُواْ لَا تَقۡرَبُواْ ٱلصَّلَوٰةَ وَأَنتُمۡ سُكَٰرَىٰ حَتَّىٰ تَعۡلَمُواْ مَا تَقُولُونَ وَلَا جُنُبًا إِلَّا عَابِرِي سَبِيلٍ حَتَّىٰ تَغۡتَسِلُواْ...﴾

„О, верници, не пристапувајте на намаз (молитва) пијани сè додека не бидете свесни што изговарате, ниту кога сте џунуб, освен ако сте на поминување, сè додека не се искапете.“ (Ен Ниса, 43)

Кога оној што е во состојба на голема правна нечистотија ќе земе абдест, му е дозволено да престојува во џамијата. Исто така, на оној што е во состојба на голема нечистотија му е дозволено да помине низ џамијата единствено заради поминување – без да седи или престојува во неа.

 

Четврто: Едеби при вршење физиолошка потреба:

При вршење физиолошка потреба се препорачува

1. Одалечување и сокривање од луѓето при вршење нужда на отворено.

2. При влегување да се изговари пренесената дова, која гласи:

«اللَّهُمَّ إِنِّي أَعُوذُ بِكَ مِنَ الْخُبْثِ وَالْخَبَائِثِ».

„Аллаху мој, од Tебе барам да ме заштитиш од нечистите (шејтани) од машки и женски род.“10.

При вршењето физиолошка потреба задолжително е:

1. Внимателност при вршење на мала нужда.

2. Покривањето на срамните места.

При вршењето физиолошка потреба забрането е:

1. Свртување кон киблата или свртување на грбот кон неа.

2. Вршење нужда по патишта каде што поминуваат луѓе и на јавни места.

3. Мокрење во мирна вода која не тече.

При вршење физиолошка потреба, непожелно е:

1. Допирање на машкиот интимен дел со десната рака додека се врши нужда.

2. Миење со вода или чистење со каменчиња по нужда со десната рака.

3. Не треба да се зборува, особено да не се спомнува Аллаховото име, кога се врши нужда.

Петти: Прописи за миење со вода (истинџа) или чистење со каменчиња (истиџмар) по нужда:

Миење со вода или истинџа е отстранување на трагите од нечистотијата што излегува од двата отвора (анусот и уринарниот канал) со вода.

Чистењето со каменчиња по нужда - истиџмар е отстранување на трагите од излезеното од двата отвора со нешто друго освен вода, како што се камчиња или марамчиња.

Услови на средствата со кои се врши истиџмар:

1. Да биде мубах (дозволено за користење).

2. Да биде чисто.

3. Да биде предмет што чисти (со кој се постигнува чистота).

4. Да не биде коска или измет.

5. Да не биде нешто што има посебна почит и светост; како на пример хартиите врз кои е напишано Аллаховото име.

 

 

Задоволување само со истиџмар е дозволено, но под два услова:

1. Она што излегува не смее да се прошири надвор од вообичаеното место.

2. Да биде со минимум три камчиња со кои се отстранува нечистотијата, или повеќе.

Шесто: Прописите на абдестот:

Абдестот е предуслов за следниве три ибадети:

1. Намазот, без оглед дали се работи за фарз или доброволен намаз.

2. Допирањето на Мусхафот.

3. Тавафот.

Услови за валидност на абдестот:

1. Ислам.

2. Разборитост и разум.

3. Да има можност да разликува.

4. Нијет (намера): неговото место е во срцето, а изговарањето со јазикот е новотарија. И секој што ќе посака да земе абдест, веќе има намера. Што се однесува до миењето на деловите кои се мијат при абдест со намера за разладување или поради хигиена, тоа не се смета за абдест.

5. Задржување на нијетот; да нема намера да го прекине нијетот сѐ до завршувањето на абдестот.

6. Престанок на причината која обврзува на земање абдест. Искучок е: оној што има континуирано и неконтролирано испуштање урина и жената која има истихаза (крварење кое не е менструално).

7. Миење со вода или чистење со каменчиња по нужда пред тоа, за оној што извршил физиолошка потреба пред земањето абдест.

8. Чистителната својственост на водата и дозволеноста на нејзината употреба.

9. Отстранување на сè што ја спречува водата да допре до кожата.

10. Настапувањето на времето на намазот за оној кај кого хадесот е постојан.

Фарзови на абдестот се:

1. Миење на лицето, вклучувајќи го миењето на устата и носот.

2. Миење на рацете заедно со лактите.

3. Триење на целата глава, вклучувајќи ги и ушите.

4. Миење на стапалата, заедно со глуждовите.

5. Редослед на миење на деловите од телото при земањето абдест.

6. Континуитет: Да не се прави долг прекин меѓу миењето на деловите од телото.

Начин на земање абдест:

1. Изговарање "бисмиллах" (во името на Аллах).

2. Миење на дланките трипати.

3. Миење на лицето трипати, вклучувајќи го миењето на устата и носот.

4. Миење на рацете до зад лактите трипати, започнувајќи со десната рака, а потоа со левата.

5. Триење на главата (месх), вклучувајќи ги и ушите.

6. Миење на стапалата до над глуждовите трипати, започнувајќи со десната, потоа завршуваме со левата.

Работи кои го расипуваат абдестот:

1. Сѐ што излегува на еден од двата телесни отвора (аналниот и уринарниот), како што се: урина, гасови и измет.

2. Излегување на значителна количина нечистотија од телото, која според верските прописи се смета за нечиста.

3. Губење на свеста со спиење или со нешто друго.

4. Директен допир на половиот орган или аналниот отвор со рака, без каква било препрека.

5. Јадење месо од камила.

6. Отпадништво од исламот, Аллах нека нè заштити нас и сите муслимани од тоа.

Седмо: Прописите за месхот (триењето) преку местви (кожни чорапи) и чорапи:

1. Местви се обувки направени од кожа и слични материјали кои се обуваат врз стапалата.

2. Чорапи се она што се обува на стапалата, направени од волна или памук и слични материјали.

Условите за месхот врз местви или чорапи:

1. Мествите или чорапите да бидат облечени по целосно земен абдест вклучително и со миење на стапалата.

2. Да ги покријат стапалата вклучително и глуждовите.

3. Мествите или чорапите да бидат чисти.

4. Месхот да биде во одредениот временски период.

5. Да биде при земање на абдест, а не при гусул.

6. Мествите и она што го зема нивниот пропис, треба да бидат дозволени; ако се украдени или ако се од свила која е забранета за мажите, не е дозволено да се направи месх врз нив, бидејќи со забранетото не се дозволува користење на олеснување.

Времетраењето на месхот:

За тој што е во неговото место на живеење: еден ден и една ноќ, додека за патникот: три дена и три ноќи.

Начинот на месхот:

Се навлажнува раката со вода, па со дланката се прави месх врз горниот дел на чорапите или мествите, почнувајќи од прстите на нозете и завршувајќи кон почетокот на потколеницата, така се прави еднаш.

Кога месхот станува невалиден:

1. Со истек на времетраењето на месхот.

2. Со соблекување на чорапите или на една од нив.

3. Настапување на состојбата на голема правна нечистотија (џенабет).

Кој е општиот пропис за месхот врз местви:

Тоа е олеснување, а неговото извршување е подобро од собувањето на обувките (мествите) и миењето на нозете; постапувајќи според олеснувањето кое го дозволил Возвишениот Аллах,следејќи го Пратеникот, ﷺ, и спротивставувајќи им се на новотарите.

3. Месх преку гипс и имобилизација (ел џебаир), завои (ел асаиб) и фластери:

„Ел џабаир“: она што се користи за имобилизација на преломи; како гипс, прачки и слично.

„Ел асаиб“: она со што се преврзува рана, контузија или изгореница, од ткаенина и слично.

Леплива облога-фластери – што се лепат врз рани или бубуљици за лекување.

Прописот за месх врз нив:

Дозволено е кога има потреба тоа да останат на тоа место, но под услов да не го надминува местото на потребата.

Не е дозволено кога нема веќе потреба од неа, или кога со нејзиното отстранување не се предизвикува потешкотија или штета.

Начинот на месх врз нив:

Ги мие местата околу неа, а потоа прави месх врз неа од сите страни, И не се прави месх на ништо надвор од местото што се мие при абдестот.

Осмо: Прописите поврзани со тејемумот

Тејемум е триење на лицето и дланките со земја (или со правот од нејзината површина), со намера за чистење, на пропишан начин.

Прописот на тејемумот:

Задолжително е да се земе тејемум наместо абдест и гусул кога нема вода или кога не може да се користи водата.

Која е мудроста на неговото пропишување?

Тејемумот – симболично чистење со земја – спаѓа меѓу одликите на уметот на Мухамед ﷺ, бидејќи тоа не било познато кај претходните народи, како олеснување од Аллах кон овој умет и како Негова добрина кон него.

Состојбите во кои се пропишува тејеммум:

1. Кога нема вода, било во местото на живеење или на патување, и кога по потрага за вода истата не се пронајде.

2. Ако со себе има вода што му е потребна за пиење или за готвење, па доколку би ја употребил за абдест или гусул, тоа би ја загрозило таа потреба, до степен да се плаши од жед за себе, или за друг човек или на почитувано животно.

3. Ако се плаши дека користењето на водата ќе му нанесе штета на неговото тело поради болест или ќе го одложи оздравувањето.

4. Ако не може да ја користи водата поради болест од која не може да се движи, и нема кој да му помогне при земањето абдест, и постои реален страв да помине времето на намазо, тогаш му се дозволува тејемумот.

5. Ако има ризик од студ при користење на водата, и не може да најде со што да ја загрее, зема тејемум и клања.

Како се врши тејеммумот:

Да ја допре земјата со двете дланки со раширени прсти, потоа со внатрешноста на прстите да го протриј лицето, а дланките да ги протриј една со друга, така што лицето и дланките да бидат целосно опфатени со триење.

Кога тејемумот станува невалиден:

1. Ако се дојде до вода, доколку тејемумот бил земен поради нејзиното отсуство, или можност за користење на водата, ако тејемумот бил поради неможност да се користи.

2. Се губи со некоја од работите со кои се губи абдестот, или со некоја од ситуациите кои ни наложуваат гусул, како ејакулацијата, менструалниот циклус и пост породилно крварење.

Пропис за оној што не е во можност да користи вода и тејемум:

Во отсуство на вода и земја, или ако се најде во состојба во која не може да ја допре кожата ниту со вода ниту со земја, тогаш го клања намазот според неговата состојба, без абдест и без тејемум; зашто Аллах никого не оптоварува преку неговата можност. Но ако потоа дојде до вода и земја, или може да ги користи, не го повторува намазот што го извршил, бидејќи постапил според она што му е наредено. Доказ за ова се Аллаховите зборови:

﴿...فَٱتَّقُواْ ٱللَّهَ مَا ٱسۡتَطَعۡتُمۡ...﴾

„Па плашете се од Аллах колку што можете.“ (Ет Тегабун, 16) Исто така, потврда за ова се наоѓа во зборовите на Пратеникот, ﷺ:

«إِذَا أَمَرْتُكُمْ بِأَمْرٍ فَأْتُوا مِنْهُ مَا اسْتَطَعْتُمْ».

„Кога ќе ви наредам нешто – извршувајте го колку што можете.“11

Напомена: Ако земе тејемум поради џенабет, а потоа најде вода, треба да изврши верско капење - гусул.

Деветто: Прописите поврзани со менструацијата и постпородилното крварење:

Прво: Менструација:

Менструацијата е природно, и за женскиот пол, посебно крварење кое истекува од внатрешниот дел на матката во одредени периоди. Во повеќето случаи, менструацијата трае шест или седум дена од секој месец, а може да трае и подолго или пократко. Месечниот циклус на жената понекогаш трае подолго, а понекогаш пократко; онака како што Возвишениот Аллах ја одредил нејзината природа.

Прописи за жената за време на менструација:

1. Жената во менструација не смее да клања ниту да пости се додека трае циклусот, и нејзиниот намаз и пост се неисправни.

2. Кога ќе се исчисти од менструацијата, жената го надокнадува само постот, не и намазот.

3. Не смее да го извршува тавафот околу Ќаба, ниту да чита Куран, ниту да седи во џамија. 4. Забрането е на нејзиниот сопруг да има вагинален однос со неа сè додека не престане менструалниот циклус и додека не се избања.

5. Дозволено е на сопругот на жената која е во менструација да ужива со неа на начини што не вклучува вагинален однос, како бакнување, допирање и слично.

6. Забрането е нејзиниот сопруг да ја разведе додека е во текот на менструалниот циклус.

Чистењето е прекинување на крварењето; па кога ќе престане крвта, таа е чиста и ѝ завршува времето на менструацијата, па ѝ станува задолжително да земе гусул. Потоа, ќе му се врати на сѐ она што ѝ беше забрането да го прави за време на менструацијата.

А ако по чистењето види заматена течност или жолтило, тоа не се зема предвид.

Второ: Постпородилно крварење:

Тоа е крв што ја испушта матката за време на породувањето и по него, и таа е остатокот од крвта која била задржана за време на бременоста.

Таквото крварење е како менструацијата во однос на она што е дозволено; како интимното уживање со неа во сè што не го вклучува вагиналниот однос.

А од забранетите работи се: вагиналниот полов однос, постењето и клањањето намаз, разводот, тавафот, читањето на Куранот и седењето во џамија. Исто така обврската за гусул при престанокот на таквото крварење е како кај жената со менструација.

Таа мора да го надомести постот, но не и намазите, како и жената по менструацијата.

Неговото најдолго времетраење е четириесет дена, Ако крвта на жената со постпородилно крварење престане пред четириесеттиот ден, тогаш нејзиното крварење завршило, треба да се избања, а потоа ќе клања и ќе прави она што ѝ беше забрането поради крварењето.

Втора тема: Намазот

Прво: Прописите на езанот и икаметот:

Езанот е пропишан во првата година од хиџретот на Пратеникот. Причината за неговата пропишаност е тоа што, кога им беше отежнато распознавањето на намаските времиња, се посоветуваа да одредат знак за почеток на времето на намаз. На Абдулах бин Зејд, радијаллаху анху, го виде езанот во сон, па потоа истиот беше потврден со објавата.

Дефиниција на езанот е: најавување на настапувањето на времето за намаз. Додека икаметот претставува најавување за отпочнување на намазот.

Езанот и икаметот спаѓаат меѓу обврските од видот фарз кифаје за машкиот џемат за пропишаните намази. И езанот и икаметот се дел од видливите симболи на исламот, и нивното запоставување не е дозволено.

Услови на езанот:

1. Муезинот да биде машко.

2. Да се изврши според утврдениот редослед.

3. Да се изврши без прекини.

4. Да се изврши по настапувањето на времето за намаз. Исклучок од ова се првиот сабахски и петочниот езан.

Сунети на езанот:

1. Да ги стави показалците во ушите.

2. Да се изврши на почетокот на времето за намаз.

3. Вртење на главата надесно и налево при изговарањето на двете „хајје ала“.

4. Муезинот да има убав глас.

5. Езанот да се изговара смирено и со умерено темпо, без претерано одолговлечување или брзање.

6. Да направи пауза на крајот на секоја негова реченица.

7. Да се сврти кон киблата за време на езанот.

Езанот се состои од петнаесет реченици, како што Билал, радијаллаху анху, секогаш го повикуваше во присуството на Пратеникот, ﷺ.

Зборовите на езанот се:

„Аллаху екбер“: четирипати.

„Ешхеду ен ла илахе иллаллах“: двапати.

„Ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах“: двапати.

„Хајје 'алес-салах: двапати,

„Хајје ‘алел-фелах“: Двапати.

Потоа се изговара: „Аллаху екбер, Аллаху екбер“: двапати.

Потоа се завршува со „Ла илахе иллаллах“: еднаш.

Во сабахскиот езан по фразата: „Хајје ʿалел-фелах“ се додава: „Ес-салату хајрун минен-неум“ – двапати; бидејќи тоа е време кога луѓето најчесто спијат.

Икаметот се состои од единаесет зборови и се изговара побрзо, односно со забрзано темпо, бидејќи е наменет за присутните, па нема потреба да се изговара смирено и со умерено темпо.

Неговата формула е следна:

„Аллаху екбер“: двапати.

„Ешхеду ен ла илахе иллаллах“: еднаш.

„Ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах“: еднаш.

„Хајје ‘алес-салах“: Еднаш.

„Хајје ‘алел-фелах“: Еднаш.

„Кад каметис-салату“: двапати.

„Аллаху екбер“: двапати.

„Ла илахе иллаллах“: еднаш.

Препорачливо е оној што го слуша езанот да ги повторува зборовите на муезинот, освен при „Хајје алес-салах“ и „Хајје алел-фелах“, кога се изговара: „Ла хавле ве ла куввете илла биллах“. Потоа се испраќа салават врз Пратеникот, ﷺ. Потоа се изговара:

«اللهمَّ رَبَّ هَذِهِ الدَّعْوَةِ التَّامَّةِ، وَالصَّلَاةِ القَائِمَةِ، آتِ مُحَمَّدًا الوَسِيلَةَ وَالفَضِيلَةَ، وَابْعَثْهُ مَقَامًا مَحْمُودًا الَّذِي وَعَدْتَهُ، إِنَّكَ لَا تُخْلِفُ الْمِيعَادَ».

„Аллаху мој, Господару на овој совршен повик и на намазот чие време е сега, дај му го на Мухамед посредништвото и добрината, и оживеј го на достојното место кое си му го ветил, Ти, навистина, не го прекршуваш ветувањето.“12

Исто така се изговара:

«رَضِيتُ بِاللَّهِ رَبًّا، وَبِالْإِسْلَامِ دِينًا، وَبِمُحَمَّدٍ ﷺ نَبِيًّا».

„Задоволен сум Аллах да ми биде Господар, исламот да ми биде вера, и Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, да ми биде пратеник.“13

Забрането е излегување од џамија по езанот без оправдана причина или намера да се врати.

При спојување на двата намаза, доволен е еден езан, а за секој намаз се одредува по еден икамет.

Второ: Положбата на намазот и неговата вредност:

Намазот е најважниот од столбовите на исламот по двата шехадета, и има посебна положба, бидејќи Возвишениот Аллах му го пропишал на Аллахиовиот Пратеник, ﷺ, во ноќта на Мираџ, на небесата, што укажува на неговата големина, на потврдата на неговата задолжителност и на неговата положба  кај Возвишениот Аллах.

Постојат многу хадиси кои укажуваат на неговата вредност и задолжителност како индивидуална обврска и фактот дека намазот е индивидуална обврска е од нужно познатите работи во исламот. 

Докази за неговата задолжителност и потврденост се многубројните текстови во Куранот и Сунетот, од кои се:

1. Зборовите на Возвишениот Аллах:

﴿...إِنَّ ٱلصَّلَوٰةَ كَانَتۡ عَلَى ٱلۡمُؤۡمِنِينَ كِتَٰبٗا مَّوۡقُوتٗا﴾

„Бидејќи на верниците им е пропишано во одредени временски интервали намазот да го извршуваат.“ (Ен Ниса, 103) Што значи дека се пропишани во временските интервали кои ги појаснил Божјиот пратеник, ﷺ.

2. Аллаховите зборови:

﴿وَمَا أُمِرُوا إِلَّا لِيَعْبُدُوا اللَّهَ مُخْلِصِينَ لَهُ الدِّينَ حُنَفَاءَ وَيُقِيمُوا الصَّلَاةَ...﴾

„А наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни, верата да Му ја исповедаат, и намазот (молитвата) да го извршуваат.“ (Ел Бејјине, 5)

3. Аллаховите зборови:

﴿فَإِنْ تَابُوا وَأَقَامُوا الصَّلَاةَ وَآتَوُا الزَّكَاةَ فَإِخْوَانُكُمْ فِي الدِّينِ...﴾

„Но, ако се покајат и почнат намазот (молитвата) да го извршуваат и зекат да даваат, браќа ви се по вера.“ (Ет Теубе, 11)

4. Џабир, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, ﷺ, рекол:

«إِنَّ بَيْنَ الرَّجُلِ وَبَيْنَ الشِّرْكِ وَالْكُفْرِ تَرْكُ الصَّلَاةِ».

„Навистина, помеѓу човекот и помеѓу ширкот (многубоштвото) и неверувањето е оставањето на намазот.“ (14)14

5. Бурејде, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, ﷺ, рекол:

«العَهْدُ الَّذِي بَيْنَنَا وَبَيْنَهُمُ الصَّلَاةُ، فَمَن تَرَكَهَا فَقَدْ كَفَرَ».

„Договорот помеѓу нас и нив е намазот, па кој ќе го остави, направил неверство.“15

Исламските алими се едногласни дека е неверник секој што ја негира неговата задолжителност, додека оној што го остава намазот од мрзеливост и немарност, според поисправното мислење тој исто така е неверник, поради претходно спомнатиот веродостоен хадис и поради консензусот на асхабите околу тоа.

 

Трето: Шартови (услови) на намазот:

1. Настапување на неговото време:

Доказ за ова се Аллаховите зборови:

﴿...إِنَّ ٱلصَّلَوٰةَ كَانَتۡ عَلَى ٱلۡمُؤۡمِنِينَ كِتَٰبٗا مَّوۡقُوتٗا﴾

„Бидејќи на верниците им е пропишано во одредени временски интервали намазот да го извршуваат.“ (Ен Ниса, 103) Што значи пропишан во одредено време.

Временските периоди на пропишаните намази се според следниот распоред:

А) Сабахскиот намаз: од појава на зората до изгрејсонцето.

Б) Пладневниот намаз: откако Сонцето ќе помине преку половината на небото па сѐ до изедначување на сенката на секој предмет со неговата должина.

В) Икиндискиот намаз: откако ќе заврши времето на пладне намазот, па сѐ до црвенилото на Сонцето, а заради нужда и до зајдисонце.

Г) Акшамскиот намаз: од зајдисонце до исчезнувањето на црвенилото на залезот.

Д) Јацискиот намаз: од завршувањето на времето на акшамскиот намаз па сѐ до средина на ноќта.

2. Покривањето на срамните места:

Подразбира она што е задолжително да се покрива и се смета за грдо и срамно неговото откривање. Срамниот дел кај мажот е од папокот до колената. Додека кај жената, во намазот целото нејзино тело е срамно место, освен лицето. Жената треба да го покрие лицето кога е во присуство на мажи кои не ѝ се махрем.

3. Избегнување на материјалната нечистотија:

Нечистотија на која се мисли е посебен вид нечистотија, чија природа го спречува извршувањето на намазот, како урината, изметот, крвта и слично; и таа може да биде на телото, на облеката и на местото каде што се извршува намазот.

4. Свртување кон киблата:

Кибла е светата Ќаба; така е наречена бидејќи луѓето се свртуваат кон неа.

Намазот не е исправен без свртување кон кибла, а доказ се Аллаховите зборови:

﴿...وَحَيۡثُ مَا كُنتُمۡ فَوَلُّواْ وُجُوهَكُمۡ شَطۡرَهُ...﴾

„И каде и да се наоѓате, вие лицата свои кон него свртете ги.“ (Ел Бекаре, 144)

5. Нијет (намера):

Нијет според јазичка дефиниција е: намера; додека во шеријатот е: одлучна намера да се изврши ибадет кој нè приближува до Возвишениот Аллах. Неговото место е срцето, затоа нема потреба од неговото изговарање; напротив, тоа претставува новотарија.

 

Четврто: Рукнови (столбови) на намазот

Намазот се состои од четиринаесет рукнови:

Првиот рукн е: Стоење (клањање стоечки) за оној кој е во можност.

Доказ за ова се Аллаховите зборови:

﴿‌...وَقُومُواْ لِلَّهِ قَٰنِتِينَ﴾

„И пред Аллах понизно стојте.“ (Ел Бекаре, 238) И хадисот кој го пренесува Имран бин Хусајн, радијаллаху анху:

«صَلِّ قَائِمًا، فَإِن لَمْ تَسْتَطِعْ فَقَاعِدًا، فَإِن لَمْ تَسْتَطِعْ فَعَلَى جَنْبٍ».

„Клањај стоечки, а ако не можеш тогаш седејќи, а ако не можеш тогаш легнат на страна“16

Доколку не е во состојба да стои поради болест, тогаш нека клања според неговата состојба, седејќи или легнат на страна. Слично на болниот се вбројуваат тој што има оправдан страв, голиот и оној што има потреба да седне или да легне заради лекување што бара да не се стои. Исто така, оправдано е изоставувањето на стоењето во намазот за оној што клања зад редовниот имам кој од оправдана причина не може да стои; па ако тој клања седејќи, тогаш и оние што клањаат зад него треба да клањаат седејќи, следејќи го имамот. Дозволено е нафилите да се извршуваат седејќи, иако човекот може да стои, но наградата не е како наградата на оној што стои.

Вториот рукн е: Почетниот текбир на почетокот на намазот:

А доказ се зборовите на Пратеникот, ﷺ:

«ثُمَّ اسْتَقْبِلِ الْقِبْلَةَ، وَكَبِّرْ».

„Потоа сврти се кон кибла и изговори текбир.“17

Неговата форма е да се изговори: „Аллаху Екбер“, и ништо друго покрај тоа не е дозволено. 

Третиот рукн: Рецитирањето на сурата Ел Фатиха:

Доказ се зборовите на Пратеникот, ﷺ:

«لَا صَلَاةَ لِمَنْ لَمْ يَقْرَأْ بِفَاتِحَةِ الْكِتَابِ».

„Нема намаз оној кој не ја изрецитирал сурата Ел Фатиха.“18

Четвртиот рукн: Руку на секој рекат:

Доказ за ова се Аллаховите зборови:

﴿يَاأَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا ارْكَعُوا وَاسْجُدُوا...﴾

„О, верници, руку и сеџда извршувајте.“ (Ел Хаџ, 77)

Петтиот и шестиот рукн:

Подигањето од руку и потполното исправање стоејќи, како што била положбата пред тоа, бидејќи Веровесникотј, ﷺ, постојано го практикувал тоа.

Аллаховиот пратеник, ﷺ, му рече на оној што погреши во својот намаз:

«ثُمَّ ارْفَعْ حَتَّى تَعْتَدِلَ قَائِمًا».

„Потоа исправи се додека не застанеш целосно исправен.“19

Седмиот рукн: Сеџда врз седумте делови на телотото.

Тоа се: челото - заедно со носот, рацете, колената и врвовите на прстите на нозете. Така одредил Пратеникот, ﷺ:

«أُمِرْنَا أَنْ نَسْجُدَ عَلَى سَبْعَةِ أَعْظُمٍ: الجَبْهَةِ، وَأَشَارَ بِيدِهِ عَلَى أَنْفِهِ، وَالكَفَّيْنِ، وَالرُّكْبَتَيْنِ، وَأَطْرَافِ القَدَمَيْنِ».

„Наредено ни е да правиме сеџда со седум делови од телото: челото – и покажа со раката кон носот, дланките, колената и врвовите на стапалата.“20

Осмиот рукн: Подигнување од сеџда и седењето помеѓу двете сеџди:

Аргумент е хадисот на Аиша, радијаллаху анха, во кој се вели:

«كَانَ النَّبِيُّ ﷺ إِذَا رَفَعَ رَأْسَهُ مِنَ السَّجْدَةِ، لَمْ يَسْجُدْ حَتَّى يَسْتَوِيَ جَالِسًا».

„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога ја кревал главата од сеџда, не правел повторно сеџда се додека не се исправел при седејќи.“21

Деветти рукн: Смиреност при сите рукнови:

Тоа е смиреност, макар и да е кратка, поради зборовите на Пратеникот, ﷺ, упатени до оној што згреши во намазот:

«حَتَّى تَطْمَئِنَّ».

„Сè додека не се смириш.“22

Десетти и Единаесетти рукн:

Последниот тешехуд и неговото седење, а доказ е хадисот на Ибн Месуд, радијаллаху анху, во кој стои:

«إِذَا صَلَّى أَحَدُكُمْ فَلْيَقُلْ: التَّحِيَّاتُ لِلَّهِ وَالصَّلَوَاتُ وَالطَّيِّبَاتُ، السَّلَامُ عَلَيْكَ أَيُّهَا النَّبِيُّ وَرَحْمَةُ اللَّهِ وَبَرَكَاتُهُ، السَّلاَمُ عَلَيْنَا وَعَلَى عِبَادِ اللَّهِ الصَّالِحِينَ، أَشْهَدُ أَنْ لَا إِلٰهَ إِلَّا اللَّهُ وَأَشْهَدُ أَنَّ مُحَمَّدًا عَبْدُهُ وَرَسُولُهُ» .

„Кога некој од вас ќе клања, нека рече: Најдобрите поздрави, намазите и добрите дела се за Аллах. Божјиот спас, благослов и сомилост нека е со тебе Божји пратенику, Божјиот спас нека се со нас и со добрите Аллахови робови. Сведочам дека единствен вистински Бог е Аллах и дека Мухамед е Негов роб и пратеник.“23

Дванаесетти рукн: Салават за Веровесникот, ﷺ, на последниот тешехуд,

при што минимално се изговара следново:

«اللَّهُمَّ صَلِّ عَلَى مُحَمَّدٍ».

„Алахумме салли 'ала Мухамедин“ (24)24 А она што е повеќе од тоа е Сунет.

Тринаесетти рукн: Запазување на редоследот меѓу рукновите:

Затоа што Аллаховиот пратеник, ﷺ, ги правеше според определен редослед, и рече:

«صَلُّوا كَمَا رَأَيْتُمُونِي أُصَلِّي».

„Клањајте како што сте ме виделе да клањам“25 И го поучи човекот што погреши во намазот, спомнувајќи ги рукновите на намазот редоследно, со „потоа“.

Четиринаесетти рукн: Селамот:

Како што е спомнато во зборовите на Пратеникот, ﷺ:

««‌وَخِتَامُهَا ‌التَّسْلِيمُ».

„И неговиот завршеток е селамот.“ И рекол:

«وَتَحْلِيلُهَا التَّسْلِيمُ».

„А излегувањето од него е селамот.“26

Петто: Ваџиби (обврски) на намазот:

Ги има осум:

1. Сите останати текбири освен почетниот текбир.

2. Изговарање: „Субхане раббијел азим“ еднаш на руку. Од сунет да се повтори изговарањето до трипати, а тоа е минималниот степен на потполност, до десетпати, а тоа е максималниот.

3. Изговарање: „Семиаллаху лимен хамидех“ при подигнување од руку, од страна на имамот и оној кој клања сам.

4. Изговарање: „Раббена ве лекел хамд“ по исправањето од руку.

5. Изговарање: „Субхане раббијел е’ала“ еднаш на сеџда. Од сунетот е да се повтори трипати.

6. Изговарањето на довата: „Раббигфирли“ помеѓу двете сеџди еднаш. Од сунетот е да се повтори трипати.

7. Првиот тешехуд; кој гласи:

«التَّحِيَّاتُ لِلَّهِ، وَالصَّلَوَاتُ وَالطَّيِّبَاتُ، السَّلَامُ عَلَيْكَ أَيُّهَا النَّبِيُّ وَرَحْمَةُ اللَّهِ وَبَرَكَاتُهُ، السَّلَامُ عَلَيْنَا وَعَلَى عِبَادِ اللَّهِ الصَّالِحِينَ، أَشْهَدُ أَنْ لَا إِلٰهَ إِلَّا اللَّهُ وَأَشْهَدُ أَنَّ مُحَمَّدًا عَبْدُهُ وَرَسُولُهُ».

„Најдобрите поздрави, намазите и добрите дела се за Аллах. Божјиот спас, благослов и сомилост нека е со тебе Божји пратенику, Божјиот спас нека се со нас и со добрите Аллахови робови. Сведочам дека единствен вистински Бог е Аллах и дека Мухамед е Негов роб и пратеник.“27

8. Седење при изговарање на првиот тешехуд.

Шесто: Сунети на намазот:

Сунетите на намазот не го поништуваат намазот со нивното оставање. Сунетите се два вида: вербални и практични сунети.

Прво: Вербални сунети:

1. Почетната дова, за која се пренесени повеќе форми, а меѓу нив и:

«سُبْحَانَكَ اللَّهُمَّ وَبِحَمْدِكَ، وَتَبَارَكَ اسْمُكَ، وَتَعَالى جَدُّكَ، وَلا إِلٰهَ غَيْرُكَ».

„СУБХАНЕКЕЛЛАХУММЕ ВЕ БИХАМДИКЕ ВЕ ТЕБАРЕКЕСМУКЕ ВЕ ТЕ'АЛА ЏЕДДУКЕ ВЕ ЛА ИЛАХЕ ГАЈРУКЕ.“28

2. Барање заштита од Аллах пред Ел Фатиха. А тоа е да се каже: „Еузу биллахи минеш-шејтанир-раџим“.

3. Изговарање на бесмеле пред рецитирањето. А тоа е да се каже „бисмиллахир-рахманир-рахим“.

4. Изговарањето на зикровите на руку (субхане раббијел азиим) и на сеџда (субхане раббијел е'ала) повеќе од еднаш.

5. Она што се изговара повеќе од еднаш, како:

«رَبِّ اغْفِرْ لِي».

„Раббигфир ли“ помеѓу двете сеџди.

6. Изговарање на зикрот:

«مَلْءَ السَّمَاوَاتِ، وَمَلْءَ الْأَرْضِ، وَمَلْءَ مَا بَيْنَهُمَا، وَمَلْءَ مَا شِئْتَ مِنْ شَيْءٍ بَعْدُ».

„мил’ес-семавати, ве мил’ел-ерди, ве мил’е ма бајнехума, ве мил’е ма ши’те мин шеј’ин ба’ду.“ откако ќе изговориме:

«رَبَّنَا ولَكَ الحَمْدُ».

„Раббена ве лекел хамд.“29

7.Рецитирање по Ел Фатиха.

8. Изговарање на следново:

«اللَّهُمَّ إِنِّي أَعُوذُ بِكَ مِنْ عَذَابِ جَهَنَّمَ، وَمِنْ عَذَابِ الْقَبْرِ، وَمِنْ فِتْنَةِ الْمَحْيَا وَالْمَمَاتِ، وَمِنْ فِتْنَةِ الْمَسِيحِ الدَّجَّالِ».

„Аллаху, ја барам Твојата заштита од казната во пеколот, и од казната во гробот, и од искушенијата на животот и смртта, и од искушенијата на лажниот Месија Деџал.“30 И сè што ќе се додаде на тоа од дови на последниот тешехуд.

Второ: Практични сунети:

1. Подигање на рацете во висина на рамената или ушите, на четири места:

А- При изговарање на почетниот текбир.

Б- При одење на руку.

В- При враќање од руку.

Г- При станување на третиот рекат.

2. Ставање на десната рака врз левата рака на градите, при стоење во намаз, пред и после руку.

3. Гледање во местото каде што се паѓа ничкум на сеџда.

4. Одвојување на надлактиците од двете страни на телото за време на сеџдата.

5. Одвојување на стомакот од бутовите за време на двете сеџди.

6. Седење врз левото стапало, додека десното стапало е исправено и прстите се свртени кон киблата, во сите седења на намазот, освен на последниот тешехуд кај трирекатните и четирирекатните намази.

7. Теверук (седење на левото бедро, со левата потколеница и стапалото поставени под десната потколеница) при последниот тешехуд  кај трирекатните и четирирекатните намази.

 

Седмо: Формата на намазот:

1. Кога ќе станел за да клања намаз, Аллаховиот пратеник, ﷺ, се свртувал кон киблата, ги кревал рацете, дланките ги насочувал кон киблата и изговарал:

«اللهُ أَكْبَرُ».

„Аллаху екбер“.

2. Потоа ја ставал десната рака врз левата рака на градите.

3. Потоа ја изговарал почетната дова, и не се придржувал постојано до една единствена форма. Сите пренесени и потврдени начини на почетната дова од Божјиот пратеник, ﷺ, дозволено е со нив да се започне намазот, меѓу кои е довата:

«سُبْحَانَكَ اللَّهُمَّ وَبِحَمْدِكَ، وَتَبَارَكَ اسْمُكَ، وَتَعَالى جَدُّكَ، وَلا إِلٰهَ غَيْرُكَ».

„СУБХАНЕКЕЛЛАХУММЕ ВЕ БИХАМДИКЕ ВЕ ТЕБАРЕКЕСМУКЕ ВЕ ТЕ'АЛА ЏЕДДУКЕ ВЕ ЛА ИЛАХЕ ГАЈРУКЕ.“

4. Потоа изговарал:

«أَعُوذُ بِاللَّهِ مِنَ الشَّيْطَانِ الرَّجِيمِ، بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَٰنِ الرَّحِيمِ».

„Барам заштита кај Аллах од проклетиот шејтан, во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот.“(Еузу биллахи минеш-шејтанир-раџим, бисмиллахир-рахманир-рахим)

5. Потоа ја рецитирал сурата Ел Фатиха; по нејзиното завршување изговарал: „Амин“.

6. Потоа рецитирал дел од Куранот. Гласно рецитирал на сабахскиот намаз и на првите два реката од акшамскиот и јацискиот намаз, додека на другите рекати рецитирал во себе. Првиот рекат го клањал подолго од вториот на секој намаз.

7. Потоа ги кревал рацете како при почетниот текбир и изговарал: „Аллаху Екбер“, и се поклонувал на руку. Дланките со раширени прсти ги поставувал на колената, цврсто ги потпирал врз нив, го исправал грбот, а главата ја држел во линија со грбот; не ја подигал ниту ја спуштал, и изговарал:

«سُبْحَانَ رَبِّيَ الْعَظِيمِ» مرةً.

„Субхане раббијел азим“ еднаш. Доколку сакаме најмала потполност тогаш тоа ќе го изговориме трипати, како што е наведено претходно.

8. Потоа, ја подигал главата изговарајќи:

«سَمِعَ اللَّهُ لِمَنْ حَمِدَهُ».

„Семиаллаху лимен хамидех“, и ги кревал рацете како при одење на руку.

9. Кога ќе се исправел стоејќи, изговарал:

«اللَّهُمَّ رَبَّنَا وَلَكَ الْحَمْدُ، حَمْدًا كَثِيرًا طَيِّبًا مُبَارَكًا فِيهِ، مَلْءَ السَّمَاءِ، وَمَلْءَ الْأَرْضِ، وَمَلْءَ مَا بَيْنَهُمَا، وَمَلْءَ مَا شِئْتَ مِنْ شَيْءٍ بَعْدُ، أَهْلَ الثَّنَاءِ وَالْمَجْدِ، أَحَقُّ مَا قَالَ الْعَبْدُ، وَكُلُّنَا لَكَ عَبْدٌ، لَا مَانِعَ لِمَا أَعْطَيْتَ، وَلَا مُعْطِيَ لِمَا مَنَعْتَ، وَلَا يَنْفَعُ ذَا الْجَدِّ مِنْكَ الْجَدُّ».

Аллаху мој, Господару наш, Тебе ти припаѓа благодарноста — благодарност бројна, убава и бериќетна — колку што е доволно да се исполнат небесата, да се исполни Земјата, да се исполни сѐ што е меѓу нив, и да се исполни сѐ што Ти ќе посакаш над тоа. Славен си и Возвишен, најточно е тоа што го вели робот, а сите сме Твои робови. Нема кој ќе го спречи она што Ти ќе го дадеш, ниту има кој да му даде на оној кому Ти не му даде. Освен Твојата одредба не може никаква друга да ни помогне.31 и го одолжувал ова исправување.

10. Потоа изговарал текбир и паѓал ничкум на сеџда, без да ги крене рацете,  спуштајќи ги на земја челото, носот, двете дланки, колената и врвовите на прстите на нозете. Прстите на рацете и на нозете биле насочени кон киблата, и при сеџдата бил урамнотежен. Носот и челото цврсто ги потпирал на земјата, се потпирал и на дланките, и ги подигнувал лактите, така што ги држел надлактиците одвоени од страните на телото, и стомакот го подигнувал од натколениците,  бутовите одвоени од потколениците, и на сеџда изговарал:

«سُبْحَانَ رَبِّيَ الأَعْلَى».

„Субхане раббијел е'ала.“ еднаш, додека најмалиот потполн број е трипати, како што беше претходно наведено, и упатувал дова на начин како што е пренесено од Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем.

11. Потоа, ја подигал главата изговарајќи „Аллаху Екбер“. Потоа го испружувал левото стапало, седнувал врз него, а десното стапало го држел исправено. Рацете ги ставал врз натколениците и изговарал:

«اللَّهُمَّ اغْفِرْ لِي، وَارْحَمْنِي، وَاجْبُرْنِي، وَاهْدِنِي، وَارْزُقْنِي».

„Аллаху мој прости ми, смилувај ми се, помогни ми, упати ме и снабди ме (со Твоите добра).“32

12. Потоа, изговарајќи „Аллаху Екбер“, правел сеџда, правејќи ја на ист начин како и првата.

13. Потоа, ја подигал главата изговарајќи „Аллаху Екбер“, и станувал потпирајќи се главно врз своите нозе, односно на своите колена и бутови.

14. Откако целосно ќе се исправел, започнувал со рецитирање, и вториот рекат го клањал исто како и првиот.

15. Потоа седел на првиот тешехуд, седејќи на левото стапало, додека десното стапало го држел исправено, со прстите свртени кон киблата, како што седел помеѓу двете сеџди. Десната рака ја ставал врз десната натколеница, а левата рака врз левата натколеница. Палецот од десната рака го спојувал со средниот прст, правејќи алка, показалецот го држел испружен, и погледот го насочувал кон него, и изговарал

«التَّحِيَّاتُ لِلَّهِ وَالصَّلَوَاتُ وَالطَّيِّبَاتُ، السَّلَامُ عَلَيْكَ أَيُّهَا النَّبِيُّ وَرَحْمَةُ اللَّهِ وَبَرَكَاتُهُ، السَّلَامُ عَلَيْنَا وَعَلَى عِبَادِ اللَّهِ الصَّالِحِينَ، أَشْهَدُ أَنْ لَا إِلٰهَ إِلَّا اللَّهُ وَحْدَهُ لَا شَرِيكَ لَهُ، وَأَشْهَدُ أَنَّ مُحَمَّدًا عَبْدُهُ وَرَسُولُهُ».

„Најдобрите поздрави, намазите и добри дела се за Аллах. Божјиот спас, благослов и сомилост нека е со тебе Божји пратенику, Божјиот спас нека се со нас и со добрите Аллахови робови. Сведочам дека вистински Бог е Аллах и дека Мухамед е Негов роб и пратеник." Ова седење го правел кратко.

16. Потоа станувал изговарајќи текбир, и ги клањал третиот и четвртиот рекат, пократко од првите два. На овие два реката ја рецитирал само сурата Ел Фатиха.

17. Потоа при последниот тешехуд седел на начин познат како „теверук“, а тоа е седење на левото бедро, со левата потколеница и стапалото поставени под десната потколеница.

18. Потоа го изговарал последниот тешехуд, на ист начин како и при првиот тешехуд, и додавал:

«اللَّهُمَّ صَلِّ عَلَى مُحَمَّدٍ وَعَلَى آلِ مُحَمَّدٍ، كَمَا صَلَّيْتَ عَلَى آلِ إِبْرَاهِيمَ، إِنَّكَ حَمِيدٌ مَجِيدٌ، وَبَارِكْ عَلَى مُحَمَّدٍ وَعَلَى آلِ مُحَمَّدٍ، كَمَا بَارَكْتَ عَلَى آلِ إِبْرَاهِيمَ، إِنَّكَ حَمِيدٌ مَجِيدٌ».

„Аллахуме, сали ‘ала Мухамед, ве‘ала Али-Мухамед, кема салејте ‘ала Али-Ибрахиме, иннеке Хамидун-Меџид. Ве барик ‘ала Мухамед, ве‘ала Али-Мухамед, кема баректе ‘ала Али-Ибрахиме, иннеке Хамидун-Меџид.“

19. Потоа барал заштита кај Аллах од казната во Џехенемот, од казната во гробот, од искушенијата на животот и смртта и од искушенијата на лажниот Месија Деџал, и упатувал дови според она што е наведено во Куранот и Сунетот.

20. На крајот предавал селам на десната страна, изговарајќи:

«السَّلاَمُ عَلَيْكُمْ وَرَحْمَةُ اللَّهِ».

„Ес-селаму алејкум ве рахметуллах“, и на левата страна на ист начин. Селамот го започнувал свртен кон киблата, а го завршувал со целосното свртување.

Осмо: Мекрухи (непожелни работи) при намазот

1. Свртување без потреба.

2. Подигање на погледот кон небото.

3. Затворање на очите без потреба.

4. Допирање на земјата со подлактиците при сеџда.

5. Покривањето на устата и носот без некоја потреба.

6. Клањање во состојба на задржување на мала или голема нужда, или во присуство на храна за која постои желба.

7. Бришење на челото и носот од она што останало од траговите на сеџдата; но нема пречка тоа да се направи по завршувањето на намазот.

8. Потпирање на ѕид и слично за време на стоењето без потреба.

Деветто: Постапки кои го расипуваат намазот.

1. Јадење и пиење.

2. Говор кој не е поврзан со намазот.

3. Смеење и кикотење.

4. Намерно оставање на еден од неговите рукнови или ваџиби.

5. Намерно додавање на рукн или рекат.

6. Намерно изговарање на селам пред имамот.

7. Многубројните последователни движења кои не се од видот на намазот, направени без потреба.

8. Ако не ги исполниме или ги загубиме условите на намазот; како што е губењето на абдестот, намерното откривање на авретот, значителното отстапување со телото од киблата без нужда и прекинување на ниетот.

Десетио: Сехви сеџда (Сеџда при заборавање):

Сехв значи заборав. И на Пратеникот ﷺ му се случило да заборави во намазот, бидејќи заборавот е од особеност својствена на човечката природа. Ненамерното заборавање, на Божјиот пратеник ﷺ, беше дел од потполностана Аллаховата благодат врз неговиот умет и од комплетирањето на нивната вера, за да се угледаат на него во она што им го пропишал од верските прописи при заборав.

Причини поради кои е пропишана сехви сеџдата:

1. Прва состојба:

Додавање нешто во намазот, и тоа може да биде или додавање на дела или додавање на зборови:

А- Додавање на дела: Ако додавањето е од истата природа со постапките на намазот – како станување на местото каде што се седи или седење на местото каде што се стои, или ако се додаде руку или сеџда – во тој случај, ако тоа го направи ненамерно, треба да направи сехви сеџда.

Б - Додавање на зборови: како рецитирањето Куран на руку и на сеџда.

Ако го направи тоа, тогаш му се препорачува да направи сехви сеџда.

2. Втора состојба:

Пропуст во намазот поради заборав, и тоа е два вида:

А- Пропуштање на составен дел (рукн): Ако овој составен дел е почетниот текбир, без кој не се воспоставува намазот, во тој случај не се надоместува со сехви сеџда.  Доколку пак се работи за други рукн покрај почетниот текбир, како што е руку или сеџда, и се сети на тоа пред да започне со рецитирање на следниот рекат, мора да се врати и да го изврши него и она што следи по него.

Ако пак се сети на тоа откако започнал со рецитирање на другиот рекат, се поништува рекатот во кој го изоставил тој рукн, а рекатот што следи по него го зазема неговото место.

Б - Пропуштање на обврска (ваџиб) од намазот, како на пример: заборавање на првото седење, или изговарањето на тесбихот на руку, во овој случај се прави сехви сеџда. 

3. Трета состојба: Сомнеж:

Пример: Ако се посомнева дали клањал три или четири рекати во пладневниот намаз, тогаш во тој случај:

А - Ако надвладее мислењето кон едната страна; треба постапи според тоа, и на крајот да направи сехви сеџда. 

Б - Ако не е сигурен, односно не може да надвладее мислење кон ниедна страна – треба се потпре на сигурното, и на крајот да направи сехви сеџда. 

Ако сомнежот се појави по завршувањето на намазот, или ако клањачот е со чести сомнежи, во тој случај на таквиот сомнеж не треба да се обрнува внимание.

Напомена: Сехви сеџдата се прави пред да се предаде селам, ако е поради недостаток или поради сомнеж при кој не преовладува ниту едно мислење. Додека по предавање на селамот се прави ако е поради додавање, или поради сомнеж во кој постапил според она во што бил посигурен, во овие прописи има толеранција, иншаллах. 

Единаесетто: Времиња во кој намазот е забранет:

Основата е дека намазот е дозволен во сите времиња, меѓутоа, во шеријатот има забрана за извршување на намаз во одредени времиња, а тие се следниве:

1. По сабахскиот намаз па сѐ до изгрејсонцето, и сѐ додека Сонцето не се издигне над хоризонтот за едно копје, според проценката со голо око.

2. Кога Сонцето ќе се најде на половината на небото (во зенотот) па сѐ додека не премине према запад, и тоа е најкраткото од времињата во кое намазот е забранет.

3. Од икиндискиот намаз до зајдисонце, и тоа е најдолгото од времињата во кој намазот е забранет.

Намазите кои е дозволено да се клањаат во забранетите времиња:

1. Наклањување на пропуштените фарзови.

2. Намази со посебен повод, како техијетул месџид, двата реката после тавафот, намаз при помрачување и џеназе намазот.

3. Клањање на пропуштеиот сабахски сунет после сабах намазот.

Дванаесетто: Намазот во џемат:

Намазот во џемат се смета за важен симбол од симболите на исламот, и означува заедничко клањање на пропишаните намази во џамиите. Целиот умет е едногласен дека клањањето на петте дневни намази во џамиите е од еден од најважните ибадети и најголемите начини на приближување кон Аллах, и дека е едно најголемите обележја на исламот.

1. Прописот на намазот во џемат:

Намазот во џемат за петте дневни намази во џамија е обврска за мажите кои се во можност, било при патување или во местото на живеалиште,  во состојба на сигурност и во состојба на страв, задолжително за секој поединец.

На задолжителноста на намазот во џемат укажуваат Куранот и Сунетот, како и праксата на муслиманите во текот на сите векови и кај сите генерации до денес.

Доказ од Аллаховата Книга се Аллаховите зборови:

﴿وَإِذَا كُنتَ فِيهِمۡ فَأَقَمۡتَ لَهُمُ ٱلصَّلَوٰةَ فَلۡتَقُمۡ طَآئِفَةٞ مِّنۡهُم مَّعَكَ...﴾

„Кога ти ќе бидеш меѓу нив и со нив намаз (молитва) ќе извршуваш, една група нека клања со тебе...“ (Ен Ниса, 102) Ајетот ја нагласува задолжителноста на намазот во џемат, бидејќи не им беше дадено олеснување на муслиманите да го остават дури и во време на страв. Што значи, дека ако намазот во џемат не е задолжителен, тогаш најприфатливата оправдана причина за неговото оставање би бил стравот. Исто така, оставањето на намазот во џемат и мрзеливоста кон него спаѓаат во најистакнатите особини на лицемерите.

Во Сунетот исто така постојат и многу хадиси кои го потврдуваат тоа. Од нив ќе ги спомнеме:

Она што е забележано во Сахих Муслим:

أَنَّ رَجُلًا أَعْمَى قَالَ: يَا رَسُولَ اللَّهِ، لَيْسَ لِي قَائِدٌ يَقُودُنِي إِلَى الْمَسْجِدِ، فَسَأَلَهُ أَنْ يُرَخِّصَ لَهُ أَنْ يُصَلِّيَ فِي بَيْتِهِ، فَرَخَّصَ لَهُ، فَلَمَّا وَلَّى دَعَاهُ فَقَالَ: «هَلْ تَسْمَعُ النِّدَاءَ؟» قَالَ: نَعَمْ، قَالَ: «فَأَجِبْ».

„Еден слеп човек му рече на Аллаховиот пратеник, ﷺ: ,О Аллахов Пратенику, немам водич кој ќе ме води во џамија.‘ Потоа побара од него да му дозволи да клања дома, па му дозволи. Меѓутоа, штом се сврте од него, го повика и го праша: ,Дали го слушаш езанот за намаз?‘ Тој рече: ,Да.‘ Рече: ,Тогаш должен си да се одѕвиеш.‘“33

Аллаховиот пратеник, ﷺ, му нареди да доаѓа во џамијата за намазот во џемат и да се одѕвие на повикот за намаз, иако беше слеп и покрај тешкотиите што ги поднесува. Ова е доказ за задолжителноста на намазот во џемат.

2. Со што се стигнува џематот:

Намазот во џемаат се стигнува доколку пристигнеме да клањаме еден рекат заедно со имамот, доказ се зборовите на Пратеникот, ﷺ:

«مَنْ أَدْرَكَ رَكْعَةً مِنَ الصَّلَاةِ فَقَدْ أَدْرَكَ الصَّلَاةَ».

„Кој ќе стаса на еден рекат од намазот, го стасал целиот намаз.“34

3. Со што се пристигнува на рекатот:

Пристигнуваме на рекатот доклку влеземе во намаз додека имамот е на руку. Доколку клањачот што задоцнил го затекне имамот на руку, должен е стоејќи да го изговори почетниот текбир, па потоа да направи руку изговарајќи уште еднаш текбир при поклонот на руку. Доколку го изговори само почетниот текбир при стапувањето во намазот, тоа му е доволно и не е должен да го изговори текбирот при преминувањето на руку.

4. Оправдани причини поради кои човекот може да го изостави намазот во џемат

1. Болест, со која присуството на џума намаз и намазот во џемат е тешкотија за болниот.

2. Доколку имаме потреба од голема или мала физиолошка потреба; бидејќи тоа доведува до губење на понизноста и смиреноста во намазот, и може да предизвика штета за телото.

3. Кога е послужена храната, а човекот е гладен или душата му копнее по храната, но под услов тоа да не се прави од навика ниту да се користи како изговор за изостанување од намазот во џемат. 

4. Оправдан страв за сопствениот живот, имотот или за нешто друго.

Тринаесетто: Намаз во страв:

Намазот во страв е пропишан во секоја допуштена борба, како што е борбата против неверниците, престапниците и разбојниците, поради зборовите на Возвишениот:

﴿...إِنۡ خِفۡتُمۡ أَن يَفۡتِنَكُمُ ٱلَّذِينَ كَفَرُوٓاْ...﴾

„Кога се плашите дека неверниците некакво зло ќе ви сторат...“ (Ен Ниса, 101) Аналогно на ова, дозволено е да се примени и на останатите со кои е дозволено да се води борба.

Намазот во страв е пропишан со два услова:

1. Борбата против непријателот да биде дозволена.

2. Да постои страв од неговиот напад врз муслиманите за време на намазот.

Опис на намазот во страв:

Постојат повеќе начини на клањање намаз во страв, а најпознатиот меѓу нив е наведен во хадисот што го пренесува Сехл, радијалаху анху:

أَنَّ طَائِفَةً صَفَّتْ مَعَ النَّبِي ﷺ، وَطَائِفَةً وِجَاهَ العَدُوِّ، فَصَلَّى بِالَّتِي مَعَهُ رَكْعَةً، ثُمَّ ثَبَتَ قَائِمًا، وَأَتَمُّوا لِأَنْفُسِهِمْ، ثُمَّ انْصَرَفُوا، وَصَفُّوا وِجَاهَ العَدُوِّ، وَجَاءَتِ الطَّائِفَةُ الأُخْرَى، فَصَلَّى بِهِمُ الرَّكْعَةَ الَّتِي بَقِيَتْ مِنْ صَلَاتِهِ، ثُمَّ ثَبَتَ جَالِسًا، وَأَتَمُّوا لِأَنْفُسِهِمْ، ثُمَّ سَلَّمَ بِهِمْ.

„Една група застана со Пратеникот, ﷺ, а другата свртена кон непријателот. Па со групата што беше со него клањала еден рекат, потоа останал стоејќи, а тие си го довршија намазот, па се повлекоа и се построија свртени кон непријателот. Потоа дојде втората група, па со нив го клањал рекатот што му остана од неговиот намаз, потоа останал седејќи, а тие си го довршија намазот, па потоа предаде селам со нив."35

Од намазот во страв можеме да извлечеме неколку користи:

1. Важноста на намазот во исламот и важноста на намазот во џемат, бидејќи дури ни во овие критични околности неговата должност не паѓа.

2. Олеснителните околности за овој умет, леснотијата на шеријатот и неговата применливост во секое време и на секое место.

3. Потполноста на исламскиот шеријат, и тоа дека тој за секоја состојба пропишал она што ѝ соодветствува.

Четиринаесетто: Џума намаз

Прво: Прописот на џума намаз:

Џума намазот е фарз ајн, индивидуална обврска за секој муслиман, маж; полнолетен, разумен, постојан жител, кој нема прифатливо оправдување (да не присуствува на овој намаз).

Доказ за ова се Аллаховите зборови:

﴿يَٰٓأَيُّهَا ٱلَّذِينَ ءَامَنُوٓاْ إِذَا نُودِيَ لِلصَّلَوٰةِ مِن يَوۡمِ ٱلۡجُمُعَةِ فَٱسۡعَوۡاْ إِلَىٰ ذِكۡرِ ٱللَّهِ وَذَرُواْ ٱلۡبَيۡعَۚ ذَٰلِكُمۡ خَيۡرٞ لَّكُمۡ إِن كُنتُمۡ تَعۡلَمُونَ 9﴾

„О, верници, кога во петок на намаз ќе се повика, побрзајте кон спомнувањето на Аллах, и купопродажбата оставете ја, тоа ви е подобро, да знаете!“ (Ел Џума, 9)

Доказ се и зборовите на Пратеникот, ﷺ:

«لَيَنْتَهِيَنَّ أَقْوَامٌ عَنْ وَدْعِهِمُ الْجُمُعَاتِ، أَوْ لَيَخْتِمَنَّ اللَّهُ عَلَى قُلُوبِهِمْ، ثُمَّ لَيَكُونُنَّ مِنَ الْغَافِلِينَ».

„Некои луѓе, или ќе престанат да ги пропуштаат џумите, или Аллах ќе им ги запечати срцата, па ќе бидат од немарните.“36

Второ: Условите за исправност на џума намазот

1. Времето: Неговото време е исто како и времето на пладне намазот, затоа не е исправно да се изврши пред настапувањето на пропишаното време, ниту по неговото истекување.

2. Присуство на џемат, а најмалиот број што го сочинува џематот се тројца, според исправното мислење. Поради тоа, џума намазот нема да биде исправен ако го изврши поединец, ниту ако го извршат двајца.

3. Клањачите да бидат постојани жители во живеалишта изградени (урбанизирани) според вообичаениот начин на градба во тоа населено место, било од армиран бетон, или од камења, или од глина и слично. Тоа значи дека, џума намазот не е исправен кај жителите на пустината — бедуините што живеат во шатори и пренесливи куќи — кои не се населени со постојано живеалиште на едно место, туку постојано се селат во потрага по пасишта за нивната стока.

4. На намазот да му претходат две хутби, бидејќи Пратеникот, ﷺ, постојано ги одржувал.

Трето: Рукнови на двете петочни хутби:

1. Искажуване благодарност на Аллах и цитирањето на двата шехадета.

2. Испраќање салават врз Пратеникот, ﷺ.

3. Совет за богобојазливост од Аллах.

4. Рецитирање на дел од Куранот.

5. Совет.

Четврто: Мустехаби (препорачани дела) на двете петочни хутби

1. Хутбата да се одржи од минбер.

2. Разделување помеѓу двете хутби со кратко седење. 3. Да се упати дова во нив за муслиманите и за нивните предводници.

4. Двете хутби, треба да бидат што пократки.

5. Поздравување со селам од страна на хатибот на луѓето кога ќе се качи на минберот.

Петто: Препорачани дела на денот на џума:

1. Чистење на забите со мисвак.

2. Да се намирисаме со парфем.

3. Да се порани при поаѓањето на џума намаз.

4. Пешачење до џамија, без користење превозно средство.

5. Приближување до имамот.

6. Дова.

7. Читање на сурата Ел Кехф.

8. Испраќање салават врз Пратеникот, ﷺ.

Шесто: Што е забрането за оној што присуствува на џума намазот:

1. Забрането е да се зборува додека имамот држи хутба, поради зборовите на Аллаховиот пратеник, ﷺ:

«إِذَا قُلْتَ لِصَاحِبِكَ يَوْمَ الْجُمُعَةِ: أَنصِتْ، وَالْإِمَامُ يَخْطُبُ، فَقَدْ لَغُوتَ».

„Ако му речеш на твојот другар: ,Молчи!‘ во петок, додека имамот држи хутба, тогаш си направил престап.“37 Што значи: твојот говор е бескорисен, а бескорисниот говор е грев.

2. Непожелно е да се преминува преку сафовите вознемирувајќи ги клањачите, освен ако станува збор за имамот, или ако се преминува кон празнина до која не може да се стигне освен на тој начин.

Кога се смета дека сме стасале на џума намаз:

Кој ќе стаса да направи руку заедно со имамот на вториот рекат од џума намазот – стасал на џума намазот, и го довршува како секој дворекатен намаз. Ако не стаса на руку на вториот рекат, тогаш го пропуштил џума намазот, и ќе го доклања како пладне намаз – четири рекати. Истото се однесува и на оној што ќе го пропуштил џума намазот поради спиење или поради некоја друга причина – ќе клања пладне намаз.

Петнаесетто: Намазот на тие кои имаат (одредена) оправдана причина:

Прво: Намазот на болниот 

Прво: Болниот има обврска да го извршува намазот според неговите можности. Не му е дозволено да го одложи намазот надвор од пропишаното време сè додека е при свест. 

Второ: Како клања болниот?

1. Болниот е должен да клања стоечки доколку е во можност да стои без потешкотија и кога стоењето не му предизвикува штета, и е должен да прави руку и сеџда.

2. Ако му штети да прави руку или сеџда, иако е способен да стои; ќе го означи руку со наведнување додека стои, а сеџдата со наведнување додека седи.

3. Ако не може да клања стоечки, ќе клања седејќи. Од Сунетот е да се седи со скрстени нозе на местото на кијам, и знаковно да се прави руку, а сеџдата да се направи на земја, ако е во можност, а ако не, тогаш да се прави знаковно сеџда, при што знакот за сеџда е понизок од знакот за руку.

4. Ако не може да клања седејќи, тогаш ќе клања легнат на страна, со лицето кон киблата. Десната страна е подобра, доколку е можно, а за руку и сеџда ќе направи знаковно наведнување на главата.

5. Ако не може да клања ниту легнат на страна, тогаш ќе клања легнат на грб, со стапалата насочени кон киблата, и ќе прави знаковно мрдање на главата за руку и сеџда.

6. Ако не му е возможно да дава знак со телото при руку и сеџда, тогаш дава знак со главата; ако и тоа му е тешко, тогаш отпаѓа давањето знак, па делата на намазот нека ги извршува со своето срце: така што ќе има намера за дејствата на намазот — руку, сеџда, седење — додека е во таквата состојба, и ќе ги изговара нивните зикрови.

7. Болниот од шартовите на намазот треба да го исполни тоа што може, а такви се: свртување кон кибла, земање абдест со вода, или тејемум при неможност, и чистењето од нечистотии. Ако не е во можност да изврши нешто од тоа, тогаш не е должен, а намазот го извршува според неговата состојба и не го одложува надвор од пропишаното време.

8. Сунет е болниот да седи со скрстени нозе на местото каде што се стои и се прави руку, а во другите положби – да седи вообичаено, со едната нога подвиткана.

Второ: Намазот на патникот:

1. Во оние со оправдани причини спаѓа и патникот. Нему му е пропишано кратење на четирирекатните намази од четири на два реката, доказ сеАллаховите зборови:

﴿وَإِذَا ضَرَبۡتُمۡ فِي ٱلۡأَرۡضِ فَلَيۡسَ عَلَيۡكُمۡ جُنَاحٌ أَن تَقۡصُرُواْ مِنَ ٱلصَّلَوٰةِ...﴾

„Немате грев ако намазот (молитвата) го скратите кога сте на пат...“ (Ен Ниса, 101)

Енес бин Малик, радијаллаху анху, раскажува:

«خَرَجْنَا مَعَ النَّبِيِّ ﷺ مِنَ الْمَدِينَةِ إِلَى مَكَّةَ، فَكَانَ يُصَلِّي رَكْعَتَيْنِ رَكْعَتَيْنِ، حَتَّى رَجَعْنَا إِلَى الْمَدِينَةِ».

„Со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, излеговме од Медина кон Мека, и клањаше по два реката, сè додека не се вративме во Медина.“38

Скратувањето на намазот започнува со излегувањето на патникот од населениот дел на неговото место, затоа што Аллах го дозволи кратењето на намазот на оној што патува по земјата. Пред да излезе од неговото место, не се смета за патник ниту како оној што патува по земјата, бидејќи Веровесникот, ﷺ, го скратувал намазот кога ќе тргнел на пат.

2. Растојанието на кое, ако патникот има намера да го помине, му е дозволено скратување на намазот, е приближно осумдесет километри.

3. На патникот му е дозволено да го крати намазот при неговото враќање, сè додека не влезе во неговото место од каде тргнал на пат.

4. Ако патникот стигне на одредено место и сака да престојува во него – во тој случај постојат три различни можности:

А- Ако има намера да престојува повеќе од четири дена, во тој случај е должен да го извршува намазот целосно од првиот ден кога ќе стигне, и нема да се користи со шеријатските олеснувања за патникот.

Б- Ако има намера да престојува четири дена или помалку; дозволено му е да ги крати намазите и да ги користи олеснувањата предвидени за патувањето.

В- Да нема намера да престојува определен период, туку постои можност да остане еден ден или десет дена, според погодноста на местото за него, или има одредена цел како лекување или контролен преглед; и штом ќе ја заврши неговата цел, ќе се врати во неговото место на живеење. Во тој случај, дозволено му е да го крати намазот и да ги користи олеснувањата поврзани со патувањето сè додека не се врати, дури и ако неговиот престој надмине четири дена.

5. Ако патникот клања зад имам кој не е патник, должен е да го клања намазот во целост, па дури и ако на намаз стасал само на последното седење во намазот.

6. Ако оној што не е патник клања зад патник кој го крати намазот, тогаш тој е должен да го доклања намазот целосно по селамот на имамот.

Шеснаесетто: Бајрамските намази:

Исламските празници се празници одредени од Бога, затоа што ги пропишал Возвишениот Аллах за муслиманите, а не ги пропишале тие самите од себе. Нивните празници се само два: Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам, за разлика од празниците на неверниците или новововедените празници кои Возвишениот Аллах ниту ги пропишал ниту ги наредил, туку тие самите си ги измислиле.

Прописот на бајрам намазот:

Тој е колективна обврска (фарз кифаје). Пратеникот ﷺ постојано го практикувал, а исто така постојано го практикувале и праведните халифи, Аллах нека е задоволен со сите нив. Тој е еден од обележјата на верата и нејзините јасни симболи.

Времето на бајрамскиот намаз започнува кога Сонцето ќе се издигне за едно копје, односно приближно петнаесет минути по изгрејсонцето, и завршува кога Сонцето ќе го помине зенитот кон залез, односно со почетокот на пладневниот намаз.

Опис на бајрамскиот намаз:

1. На првиот рекат се изговара почетниот текбир, потоа се чита почетната дова. Потоа се изговараат уште шест текбира, при што секојпат се креваат рацете, а помеѓу текбирите се фали и се велича Возвишениот Аллах и се испраќаат салавати на Пратеникот, ﷺ. Потоа се бара заштита кај Аллах од проклетиот шејтан, се изговара Бисмиллах, и се започнува со читање на сурата Ел-Фатиха.

2. На вториот рекат, после текбирот за преминување, се изговараат уште пет текбира. Потоа се бара заштита кај Аллах, се изговара Бисмиллах и се започнува со рецитирање на Куранот. Сунет е на првиот рекат, после сурата Ел-Фатиха, да се рецитира сурата Ел-Ала, а на вториот рекат сурата Ел-Гашија.

3. Откога имамот ќе предаде селам, се качува на минберот и држи две хутби, меѓу кои накратко седнува, исто како што се прави при хутбата на џума.

Сунети на бајрамот:

А- Гусл – верски определено капење.

Б - Грижа за хигиената и користење на парфем

В - Јадење пред излегување од дома за време рамазанскиот Бајрам, и јадење по намазот на курбанскиот Бајрам од месото на курбанот, доколку жртвувал курбан.

Г- Одењето пеш до местото каде се клања намазот.

Д- Одење по еден пат, а враќање по друг.

Ѓ- Доаѓањето порано на местото каде што ќе се изврши намазот за муктедиите, но не за имамот.

Текбирот:

Сунет е да се изговараат текбири во ноќите пред рамазанскиот и курбанскиот бајрам, во првите десет дена од месецот Зул Хиџе, како и во деновите на Тешрик. Текбирот е од два вида:

Прв вид е општиот текбир, кој не е ограничен со одредено време.

1. За време на рамазанскиот Бајрам, текбирите започнуваат од зајдисонце во ноќта пред Бајрамот и траат сè до започнувањето на бајрамскиот намаз.

2. За време на курбанскиот Бајрам, започнуваат од зајдисонце на ноќта спроти првиот ден од месецот Зул Хиџе и траат сè до зајдисонце на последниот ден од деновите на Тешрик.

Вториот вид е ограничниот текбир, кој се изговара по завршувањето на задолжителните намази.

1. Оној што не е во ихрам, започнува со овој текбир од сабахскиот намаз на денот на Арафат и го продолжува сè до икиндискиот намаз на последниот од деновите на Тешрик.

2. Оној што е во ихрам, започнува од пладневниот намаз на денот на курбанскиот Бајрам и го продолжува до икиндискиот намаз на последниот ден од Тешрик.

Седумнаесетто: Намаз при помрачување на сонцето:

Што значи помрачувањето на месечината и сонцето:

Помрачување на месечината: појава при која светлината на месечината целосно или делумно исчезнува во текот на ноќта.

Помрачување на сонцето: појава при која светлината на сонцето целосно или делумно исчезнува во текот на денот.

Прописот на намазот при помрачување:

Овој намаз е потврден сунет. На тоа укажува постапката на Пратеникот, ﷺ, кој го клањал кога настапило помрачување на сонцето во неговото време, како и неговата наредба до муслиманите да го извршуваат овој намаз. Покрај тоа, постои консензус на исламските алими за неговата пропишаност.

Неговото време:

Од почетокот на помрачувањето на сонцето или месечината, па сè до неговото завршување, односно до моментот кога светлината на сонцето или месечината целосно ќе им се врати.

Опис на формата на овој намаз:

Намазот при помрачување се состои од два реката при што се рецитира на глас. Неговиот опис е како што следи:

А - Се изговара почетниот текбир, потоа почетната дова, барањето заштита и Бисмиллах. Се рецитира сурата Ел Фатиха, а потоа подолг дел од Куранот.

Б- Потоа се прави долго руку.

В- Потоа се подига од руку со зборовите: „Семиаллаху лимен хамидех“, потоа повторно се рецитира Ел Фатиха, и подолг дел од Куранот, но пократко од првиот.

Г- Потоа повторно се прави руку, подолго, но пократко од првото.

Д- Потоа се подига од руку со зборовите: „Семиаллахулимен хамидех“.

Ѓ - Потоа се прават две долги сеџди.

Е- Потоа се подига на вториот рекат, кој е по истата форма како и првиот, но пократок.

Неговите сунети:

А -Повикот за овој намаз се прави со зборовите: ,,Ес Салату џамиа" што значи: ,,Заеднички намаз."

Б- Намазот да се клања во џемат.

В- Да се оддолжи намазот при стоењето, при руку и при сеџдата.

Г- Вториот рекат да биде пократок од првиот.

Д- По завршувањето на намазот да следи кратко потсетување и поттик за правење добри дела и воздржување од лоши дела.

Ѓ- Да се упатува многу дова, да се искажува понизност, барање прошка и да се уделува садака.

Осумнаесетто: Намаз истиска (намаз за молитва да падне дожд):

1. Истиска е молба упатена до Севишниот Аллах, со која верниците бараат да испрати дожд во време на суша.

Време во кое е пропишан намазот истиска:

Намазот истиска е пропишан кога ќе настане суша, земјата ќе се исуши и ќе се нема да заврне дожд, така што луѓето и животните ќе трпат штета поради немањето врнежи. Во такви околности нема друг излез освен понизно да му се обраќаат на Аллах со дова, барајќи од Него да испрати дожд и да се потпрат на Неговата милост преку различни форми на покорност. 

А – Во различни времиња може да се клања како намаз, во џемат или поединечно.

Б – Понекогаш тоа се прави со дова на петочната хутба, при што хатибот упатува дова, а муслиманите велат амин на неговата дова.

В – Понекогаш само со дова, во било кое време, без клањање на намаз и без хутба.

Кој е прописот за намазот истиска:

Намазот истиска е потврден сунет, кога постои причина за него. Ова е потврдено со постапката на Веровесникот, ﷺ, како што пренесува Абдулах бин Зејд, Аллах нека е задоволен со него:

«خَرَجَ النَّبِيُّ ﷺ إِلَى الْمُصَلَّى، فَاسْتَسْقَى، وَاسْتَقْبَلَ الْقِبْلَةَ، وَقَلَبَ رِدَاءَهُ، وَصَلَّى رَكْعَتَيْنِ».

„Веровесникот, ﷺ, излезе на мусала, се помоли за дожд, се сврте кон киблата, го преврте својот огртач и клањаше два реката.“39

Опис на намазот истиска:

Начинот на клањањето на намазот истиска е ист како бајрамскиот намаз. Пожелно е да се клања на отворено место, исто како и бајрамскиот намаз, а неговите прописи се исти како и прописите на бајрамскиот намаз: во бројот на рекатите, во рецитирањето на глас, во тоа што намазот се клања пред хутбата, и во дополнителните текбири на првиот и вториот рекат пред рецитирањето, како што претходно беше појаснето кај бајрамските намази, со ташто се држи само една хутба.

Деветнаесетто: Прописите поврзани со џеназето:

Прво: Прописи за оние кои присуствуваат покрај лице кое е на смртна постела:

1. Сунет е оној што присуствува кај лицето на смртна постела да го потсетува да изговора: „Ла илахе илаллах“.

2. Од Сунет е да биде свртен кон киблата.

3. Препорачливо е да му се затворат очите.

4. Препорачливо е умрениот по неговата смрт да се прекрие со ткаенина.

5. Треба да се побрза со подготовките за погребот.

6. Мора да се побрза со измирувањето на неговите долгови.

7. Починатиот се бања и се обвива со погребен саван (ќефин); и двете работи се колективна обврска (фарз кифаје).

Второ: Прописите на џеназе намазот

Неговиот пропис е  дека тој е колективна обврска.

Услови за негова исправност се:

1. Свртување кон киблата.

2.  Покривање на срамните места.

3. Избегнување на физичката нечистотија.

4. Правна чистота (абдест или гусул) на оној што клања и на оној кому му се клања џеназе намазот (починатиот).

5. Да бидат муслимани оној што клања и оној на кого му се клања.

6. Да биде присутен на џеназето, доколку е во исто место.

7. Да биде шеријатски обврзан.

Неговите рукнови:

1. Стоење во намазот.

2. Четирите текбири.

3. Рецитирањето на сурата Ел Фатиха.

4. Испраќање салават врз Пратеникот, ﷺ.

5. Дова за починатиот.

6. Редоследот.

7. Предавање на селамот.

Негови сунети се:

1. Кревањена рацете при изговарање на секој текбир.

2. Барање заштита кај Аллах од проклетиот шејтан.

3. Правење дова за себе и за муслиманите.

4. Рецитирање во себе.

5. Да се направи кратка пауза по четвртиот текбир и пред предавањето селам.

6. Ставање на десната рака врз левата рака на градите.

7. Вртење на главата на десната страна при предавање селам.

Описот на овој намаз:

Имамот и оној што клања самостојно застануваат кај градите на мажот, а кај средината на жената. Се изговара почетниот текбир и барањето заштита, без почетната дова. Потоа се изговара „Бисмиллах“ и се рецитира сурата Ел-Фатиха.

Потоа се изговара вториот текбир, се испраќа салават на Пратеникот, ﷺ. Потоа повторно се изговара текбир и се упатува дова за починатиот според она што е пренесено, како што се зборовите на Пратеникот, ﷺ:

«اللَّهُمَّ اغْفِرْ لِحَيِّنَا وَمَيِّتِنَا، وَصَغِيرِنَا وَكَبِيرِنَا، وَذَكَرِنَا وَأُنثَانَا، وَشَاهِدِنَا وَغَائِبِنَا، اللَّهُمَّ مَنْ أَحْيَيْتَهُ مِنَّا فَأَحْيِهِ عَلَى الإِيمَانِ، وَمَنْ تَوَفَّيْتَهُ مِنَّا فَتَوَفَّهُ عَلَى الإِسْلَامِ، اللَّهُمَّ لَا تَحْرِمْنَا أَجْرَهُ، وَلَا تُضِلَّنَا بَعْدَهُ».

„Аллаху мој, прости им на живите и на умрените меѓу нас, на малите и на големите, на мажите и на жените, на присутните и на отсутните. Аллаху мој, кому ќе му дадеш да живее, поживеј го со иман, а кому ќе одредиш да умре, земи му ја душата во исламот. Аллаху мој, немој да нè лишиш од неговата награда и не заведувај нè на погрешен пат по него.“40

И зборовите на Пратеникот

«اللَّهُمَّ اغْفِرْ لَهُ وَارْحَمْهُ، وَعَافِهِ وَاعْفُ عَنْهُ، وَأَكْرِمْ نُزُلَهُ، وَوَسِّعْ مَدْخَلَهُ، وَاغْسِلْهُ بِالْمَاءِ وَالثلْجِ وَالْبَرَدِ، وَنَقِّهِ مِنَ الْخَطَايَا كَمَا نَقَّيْتَ الثَّوْبَ الْأَبْيَضَ مِنَ الدَّنَسِ، وَأَبْدِلْهُ دَارًا خَيْرًا مِنْ دَارِهِ، وَأَهْلًا خَيْرًا مِنْ أَهْلِهِ، وَزَوْجًا خَيْرًا مِنْ زَوْجِهِ، وَأَدْخِلْهُ الْجَنَّةَ، وَأَعِذْهُ مِنْ عَذَابِ الْقَبْرِ، وَمِنْ عَذَابِ النَّارِ».

„Аллаху мој, прости му, смилувај му се, премини преку неговите грешки и исчисти го од гревови. Направи го чесно местото каде ќе биде положен, прошири му го гробот, исчисти го со вода, мраз и снег, и измиј ги неговите гревови како што белата облека се чисти од нечистотија. Подари му подобро живеалиште од неговото, подобро семејство од неговото и подобра сопруга од неговата. Внеси го во Џенетот и заштити го од казната во гробот и од казната во Огнот.“ (41)41 Потоа се изговара уште еден текбир, се прави кратка пауза и на крај се предава еден селам на десната страна.

Трета тема: Зекат

1. Дефиниција на зекатот и неговата положба во исламот:

Зекат, во арапскиот јазик значи раст и зголемување.

Додека според шеријатската терминологија значи: задолжително должност за одредени видови имот, што им следува на посебни категории луѓе.

Зекатот е третиот столб од столбовите на исламот, спомнат заедно со намазот во Куранот на осумдесет и две места, што укажува на неговата голема важност.

Возвишениот Аллах вели:

﴿وَأَقِيمُواْ ٱلصَّلَوٰةَ وَءَاتُواْ ٱلزَّكَوٰةَ...﴾

„И намаз (молитва) извршувајте и зекат давајте...“ (Ел Бекарe, 43)

Аллаховиот пратеник, ﷺ, рекол:

«بُنِيَ الإِسْلَامُ عَلَى خَمْسٍ: شَهَادَةِ أَنْ لَا إِلٰهَ إِلَّا اللَّـهُ، وَأَنَّ مُحَمَّدًا رَسُولُ اللَّـهِ، وَإِقَامِ الصَّلَاةِ، وَإِيتَاءِ الزَّكَاةِ، وَحَجِّ الْبَيْتِ، وَصَوْمِ رَمَضَانَ» .

„Исламот се издигнува врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето намаз, давањето зекат, аџилакот и постот во месецот рамазан.“ (42)42

Муслиманите се едногласни дека зекатот е фарз,  дека оној што ја негира неговата задолжителност е неверник, и пропишаноста на војување против оние што одбиваат да го издвојуваат. 

2. Услови зекатот да стане задолжителен:

А- Слободата: Робот не е должен да дава зекат, бидејќи тој нема имот; а она што е во неговите раце му припаѓа на неговиот сопственик, па зекатот за тоа паѓа на товар на сопственикот. 

Б- Ислам: Не е обврска за неверникот, бидејќи тоа е ибадет и покорност, а неверникот не е од луѓето  кои им се својствени ибадетот и покорноста.

В- Поседување на нисаб: Не е задолжително да се дава зекат за имот помал од нисабот, а нисаб претставува определена минимална количина на имотот за кој следува зекатот.

Г – Потполна сопственост: Имотот мора целосно да му припаѓа на лицето со полно право на сопственост. Затоа, не се издвојува зекат од имот за кој сопственоста не е конечно утврдена – како што е долгот на мукатибот (роб кој склучил договор за откупување на својата слобода).

Д- Да помине времетраењето на хаул (лунарната година) во посед на имотот, поради хадисот на Аиша, радијаллаху анха, која пренесува од Пратеникот, салллаху алејхи ве селем, дека рекол:

«لَا زَكَاةَ فِي مَالٍ حَتَّى يَحُولَ عَلَيْهِ الْحَوْلُ».

„Нема зекат на имотот сè додека не помине една година, во посед.“43

 

 

3. Видови имот за кои е задолжителен зекатот:

Прво: добитокот,

а тоа се камили, говеда и ситна стока. За нив зекатот е задолжителен под два услова:

1. Да се чуваат за млеко и приплод, а не да се користат за работа (како на пример орање или носење товар).

2. Да се изнесуваат на пасишта, односно да се хранат од пасишта. Зекатот не е задолжителен за стока што се храни со сточна храна купена од сопственикот за нив, или што ја собрал од пасиштата или на друг начин. Исто така нема зекат на стоката што пасе само дел од годината, а не во текот на целата година или поголемиот дел од неа.

4. Нисабот за стоката:

1. Зекат на камили:

Кога ќе се исполнат условите за зекат, за секои пет камили се издвојува една овца. За десет камили се издвојуваат две овци, за петнаесет три овци, а за дваесет четири овци. На ова укажува Сунетот и консензусот. Кога бројот ќе достигне дваесет и пет, задолжително е да се издвои едногодишна женска камила која ја навршила првата година и влегла во втората. Ако таква не се најде, тогаш наместо неа се дава двегодишен мажјак камила.

Кога бројот на камилите ќе достигне триесет и шест, должност е да се даде двегодишна женска камила. 

Кога ќе достигне четириесет и шест, задолжително е да се даде хикка, односно женска камила која наполнила три години.

Кога бројот ќе достигне шеесет и една, задолжително е да се издвои камила што има наполнети четири години.

Кога бројот ќе достигне седумдесет и шест, задолжително е да се дадат две двегодишни женски камили.

Кога бројот ќе достигне деведесет и една, задолжително е да се дадат две женски камили стари три години.

А кога бројот ќе надмине сто и дваесет, задолжително е да се дадат три двегодишни женски камили. Понатаму се мери вака: за секои четириесет камили се издвојува една двегодишна женска камила, а за секои педесет камили – една трогодишна женска камила.

2. Зекат на крави (говеда)

Зекатот за кравите станува задолжителен кога ќе се исполнат условите. Кога нивниот број ќе достигне триесет, задолжително е да се издвои едно теле – машко или женско – кое ја навршило првата година и влегло во втората.

За помалку од триесет крави нема зекат.

Кога бројот ќе достигне четириесет, задолжително е да се издвои една возрасна крава, односно онаа што ја наполнила втората година и влегла во третата.

Ако бројот на говедата надмине четириесет, пресметката се прави вака: за секои триесет крави се издвојува едно едногодишно теле, а за секои четириесет – една двегодишна крава.

3. Зекат на ситна стока:

Зекатот на ситната стока станува задолжителен кога нивниот број ќе достигне четириесет – без разлика дали се овци или кози. Во тој случај се издвојува една овца: јагне постаро од шест месеци или коза. 

За помалку од четириесет нема зекат. Кога бројот ќе достигне сто дваесет и една, задолжително е да се дадат две овци.  Кога ќе достигне двесте и една – три овци.

Понатаму, правилото е утврдено вака: за секои сто овци се дава една овца. Значи, за четиристотини овци треба да се издвојат четири овци, и така натаму според истиот пресметковен принцип.

Второ: Зекат на она што излегува од земјата:

Она што излегува од земјата е од два вида:

1. Житарки и плодови.

2. Руди (минерали).

Првиот вид: житарки и плодови:

Зекатот е задолжителен за житарки, како што се пченицата, јачменот и оризот. И за плодови, како што се: урми и суво грозје, и не е задолжителен за останатите растенија; како што се мешунки и зеленчук.

Услови за задолжителноста на зекатот за житарки и плодови:

1. Да бидат од оние што се складираат како залиха. Нема зекат на она што не се складира како залиха, како што е овошјето и зеленчукот.

2. Да бидат од оние што се мерат со количинска мерка. Не се издвојува зекат за она што се продава на број или на тежина, како лубеница, кромид, калинка и слично.

3. Да достигнат нисаб, а тој изнесува пет весеци (отприлика 653 килограми); за помалку од тоа зекатот не е задолжителен.

4. Нисабот треба да биде во сопственост во моментот на настапување на обврската за зекат.

4. Нисабот да биде во сопственост во моментот на настапување на обврската за зекат.Значи, оној што ќе го стекне истото по настапувањето на времето кога зекатот станува должност – како на пример ако го купи или му биде подарено по жетвата – не е должен да го даде зекатот.

Време кога е задолжително издвојувањето на овој зекат:

Зекатот на житарки и плодови станува задолжителен во моментот кога ќе започне нивното зреење. Знаците за зреење се:

А- Кај житарките: кога ќе огрубнат, зацврстат и станат зрели.

Б- Кај плодовите на палмата: кога ќе поцрвенат или пожолтат.

В - Кај грозјето: кога ќе стане меко и слатко.

Нисабот за оваа категорија е: 

Нисабот за житарки и плодови изнесува пет весеци, а еден весек изнесува шеесет са'а, што значи, нисабот изнесува триста са'а  според мерката на Веровесникот, ﷺ, што е еквивалентно на приближно 653 килограми.

Висината на зекатот на оваа категорија е:

Обврската што треба да се издвои изнесува една десетина за она што се наводнува без вложен труд и напор – како на пример преку дожд и природни извори.

Додека обврска е да се издвои половина десетина во случај кога наводнувањето се врши со вложен труд и напор – како, на пример, кога се наводнува со вода што се извлекува од бунари и реки, со помош на животни или современи машини.

Втор вид: Руда (минерали)

Во она што излегува од земјата спаѓаат и рудите. Тоа се материите што се вадат од земјата, а не се од нејзиниот вид, како злато, сребро, железо и скапоцени камења.

Времето кога овој вид на зекат станува обврска:

Зекатот на рудата станува задолжителен во моментот кога ќе се извади од земјата и ќе се стави во посед. Затоа, веднаш треба да се издвои неговиот зекат, бидејќи за овој вид не е услов да помине хаул (хиџретска година). Неговиот нисаб е ист со нисабот на златото и среброто, а се издвојува зекат во износ од една четвртина од десетината (2,5%) од неговата вредност

Трето: Зекатот на парични средства

Платежните средства се: златото, среброто и хартиените пари, и за нив зекатот е задолжителен. Доказ за ова се Аллаховите зборови:

﴿وَالَّذِينَ يَكْنِزُونَ الذَّهَبَ وَالْفِضَّةَ وَلَا يُنْفِقُونَهَا فِي سَبِيلِ اللَّهِ فَبَشِّرْهُمْ بِعَذَابٍ أَلِيمٍ 34﴾

„На тие кои златото и среброто го збираат и на Аллаховиот пат не го трошат, најави им болно страдание!“ (Ет Теубе, 34)

И хадисот

«مَا مِنْ صَاحِبِ ذَهَبٍ وَلَا فِضَّةٍ لَا يُؤَدِّي فِيهَا حَقَّهَا؛ إِلَّا إِذَا كَانَ يَوْمَ الْقِيَامَةِ صُفِّحَتْ لَهُ صَفَائِحُ مِنْ نَارٍ».

„Нема сопственик на злато или сребро кој не ја исполнува нивната обврска, а на Судниот ден да не му бидат направени плочи од оган.“ (44)44

Учените се едногласни за задолжителноста на зекатот на златото и среброто, а хартиените пари (валутите) се вбројуваат во истата категорија, бидејќи во паричните трансакции тие ја презеле нивната улога.

Нисабот на зекатот за паричните средства и задолжителниот износ во нив:

Нисабот на хартиените пари е ист со нисабот на златото или среброто, бидејќи тие ја имаат нивната вредносна еквивалентност. Денес, вообичаено нисабот се пресметува според среброто, бидејќи е поевтино од златото, па хартиените пари побрзо го достигнуваат неговиот нисаб. Доколку муслиманот поседува имот со вредност еквивалентна на 595 грама сребро, и во таа состојба помине една хиџретска година, зекатот станува задолжителен. Вредноста на еден грам сребро варира со текот на времето. Оној што не е сигурен дали го достигнал нисабот, треба да ја провери цената на еден грам сребро кај трговците, потоа да ја помножи со 595 – и тој износ е нисабот.

Кога сака да го даде зекатот од својот имот: Вкупниот износ на имотот што е предмет на зекат се дели на 40. Добивеното е задолжителниот износ (2,5%).

Четврто: Зекатот на трговска стока изложена за продажба:

Тоа е секој имот што е подготвен и наменет за купопродажба со цел да се оствари профит. Во трговската стока влегуваат сите видови имот, освен паричните средства; како на пример: возила, облека, ткаенини, железо, дрва и слични добра што се подготвени за трговија.

Услови за задолжителноста на зекатот на трговската стока:

1. Да ја стекне со свое дејствие – како што е преку продажба, изнајмување или друг вид заработка.

2. Да ја поседува со намера за трговија – односно со цел преку неа да се оствари профит, бидејќи делата се вреднуваат според намерата, а трговијата е дело, па задолжително е во неа да има нијет, како и кај останатите дела.

3. Нејзината вредност да го достигне нисабот на една од двете валути (злато или сребро).

4. Да се наврши една година а таа е во посед и е изложена за трговија, односно да помине еден хаул.

Како се издвојува зекатот на стока изложена за продажба:

На крајот на годината трговската стока се проценува според вредноста во злато или сребро. Ако проценетата вредност го достигне нисабот, се издвојува 2,5% (една четвртина од десетината) од вкупната вредност како зекат.

Петто: Зекатул фитр:

Зекатул фитр е задолжителна садака која се издвојува на крајот од месецот рамазан, беше пропишан во втората година по хиџретот.

Прописот на овој вид на зекат:

Зекатул фитр е обврска за секој муслиман кој на денот на Бајрам и ноќта пред него располага со храна повеќе од она што му е доволно нему и на оние за кои е должен да обезбеди издршка. Задолжителен е за секој муслиман; маж или жена, возрасен или дете, слободен или роб, поради хадисот:

«فَرَضَ رَسُولُ اللَّهِ ﷺ زَكَاةَ الْفِطْرِ عَلَى الْعَبْدِ وَالْحُرِّ، وَالذَّكَرِ وَالْأُنثَى، وَالصَّغِيرِ وَالْكَبِيرِ، مِنَ الْمُسْلِمِينَ».

„Божјиот пратеник, ﷺ, пропиша зекатул фитр на робот и слободниот, мажот и жената, малиот и големиот од муслиманите.“45 Зборот ‘пропиша’ значи: нареди и го направи задолжително (давањето зекатул фитр).

Мудроста зошто е пропишан?

Ибн Абас, радијалаху анхума, раскажува:

«فَرَضَ رَسُولُ اللَّهِ ﷺ زَكَاةَ الْفِطْرِ؛ طُهْرَةً لِلصَّائِمِ مِنَ اللَّغْوِ وَالرَّفَثِ، وَطُعْمَةً لِلْمَسَاكِينِ».

„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пропиша зекатул фитр како прочистување за постачот од бескорисните и непристојните зборови, и како храна за сиромашните.“46

Времето кога станува задолжителен и времето на неговото издвојување:

Зекатул фитр станува задолжителен со заоѓањето на сонцето на ноќта пред Бајрам. Од Сунет е да се издвои на денот на Бајрамот, пред тргнување на бајрамскиот намаз. Не е дозволено неговото издвојување по бајрамскиот намаз. Ако го одложи издвојувањето по завршувањето на бајрамскиот намаз, тогаш се смета дека го издвоил фитрот накнадно (по неговото реме), и ќе биде грешен поради одложувањето надвор од одреденото време.

Допуштено е да се издвои и еден или два дена пред самиот Бајрам.

Неговиот износ и од што се издвојува:

Еден са'а од храната што вообичаено ја јадат луѓето во тоа место; како ориз, урми, пченица или нешто друго. Количината на еден са'а изнесува приближно три килограми. Не е дозволено да се издвои во парична противвредност, односно да се дадат пари наместо храна – бидејќи тоа е спротивно на наредбата на Веровесникот, ﷺ.

Давањето на зекатот и категориите на кои им се дава:

Времето на давањето:

Обврска е да се даде зекатот веднаш штом настапи времето на неговата обврска, и не е дозволено одложувањето освен поради крајна нужда, како кога имотот се наоѓа во далечна земја и нема кого да овласти.

Место на давањето на зекатот:

Најдобро е зекатот да се издвои во местото во кое се наоѓа имотот, но исто така дозволено е пренесувањето на зекатот од местото во кое се наоѓа имотот во друго место во следниве случаи:

А- Ако во населеното место нема лица на кои им следува зекатот.

Б- Ако има роднини кои имаат потреба а живеат во друго место.

В- Доколку има верски оправдана корист што налага нејзино пренесување, како пренесувањето во муслиманските живеалишта што се погодени од катастрофи и глад.

Исто така, зекатот е задолжителен да се издвои од имотот на малолетникот и на лицето со ментална попреченост, врз основа на општите шеријатски докази. Нивниот старател е должен да го издвои во нивно име. Не е дозволено да се дава зекатот освен со ниет, поради зборовите на Пратеникот, ﷺ:

«إِنَّمَا الْأَعْمَالُ بِالنِّيَّاتِ».

„Навистина делата се вреднуваат според намерите“47

Кој има право на зекат:

Оние на кои им припаѓа зекатот се осум категории:

Првата категорија: Сиромашните

Тоа се оние кои не можат да обезбедат доволно за нивните основни животни потреби, како сместување, исхрана и облека. Износот што им се дава од зекатот е онолку колку што им е доволно ним и на оние што ги издржуваат за една година.

Вториот вид: Тие што имаат потреба

Тоа се оние кои го поседуваат поголемиот дел од она што им е потребно, но не целосно, како на пример: оној што има плата, но не му е доволна за измирување на потребита за една година.

Износот што им се дава од зекатот е надополнување на она што им е потребно како издршка за нив и за оние што ги издржуваат, за една година.

Трета категорија: Тие што го собираат зекатот (во име на државата)

Тоа се оние што надлежниот орган ги поставил да го собираат зекатот, да го чуваат, или да го доставуваат до лицата на кои им е потребен.

Износот што им се дава од зекатот е според висината на надоместот за нивната работа, сè додека немаат надомест или плата од државата.

Четврта категорија: Оние чии што срца треба да се придобијат

Тоа се оние за кои постои  надеж дека со дарот што ќе им се даде ќе го примат исламот, или ќе им се зајакне верата, или ќе се одврати од нанесувањето зло на муслиманите. 

Износот што им се дава од зекатот изнесува онолку колку што ќе доведе до придобивање на нивните срца.

Петта категорија: За откуп од ропство

Под ова се мисли: Ослободување на робови и мукатиби.

Мукатиб е роб кој склучил договор за откуп на неговата слобода од неговиот сопственик, во оваа категорија влегува и откупот на заробените муслимани во војните.

Шеста категорија: Презадолжените, а тие се два вида:

Прво: Оној што има долг поради сопствена потреба, а нема со што да го подмири неговиот долг. Му се дава онолку колку што е доволно за подмирување на неговиот долг.

Втор: Оној што има долг поради неговото посредување за смирување меѓу луѓето. Му се дава онолку колку што е потребно да се подмири неговиот долг, дури и ако е богат.

Седма категорија: За цели на Аллаховиот пат

Тоа се оние што се борат на Аллаховиот пат.

Износот што им се дава од зекатот е онолку колку што им е потребно за борбата на Аллаховиот пат – од превозно средство, оружје, исхрана и слично.

Осма категорија: Патникот

Тоа е патникот кому му се потрошиле средствата или му биле украдени, и не му останало од парите онолку колку што му е потребно за да се врати во неговото место. 

Износот што му се дава од зекатот е онолку колку што ќе му овозможи да стигне до неговото место, па дури и да е богат таму.

Четврта тема: Пост

Постот е:

Обожување на Возвишениот Аллах преку воздржување од сè што го прекинува постот, од зора до зајдисонце.

Постот е еден од основните столбови на исламот, фарз од Аллаховите фарзови и спаѓа во нужно познатите работи на верата. На неговата задолжителност укажуваат Куранот, Сунетот, како и консензусот на муслиманите.

Возвишениот Аллах вели:

﴿‌شَهۡرُ رَمَضَانَ ٱلَّذِيٓ أُنزِلَ فِيهِ ٱلۡقُرۡءَانُ هُدٗى لِّلنَّاسِ وَبَيِّنَٰتٖ مِّنَ ٱلۡهُدَىٰ وَٱلۡفُرۡقَانِۚ فَمَن شَهِدَ مِنكُمُ ٱلشَّهۡرَ فَلۡيَصُمۡهُ...﴾

„Во месецот рамазан започна објавувањето на Куранот, кој е патоказ за луѓето, јасен доказ за Вистинскиот пат и разликување на доброто од злото. Кој од вас ќе биде дома во тој месец, нека пости...“ (Ел Бекаре, 185)

Услови постот во месецот рамазан да биде задолжителен:

1. Ислам: постот не е исправен од лице неверник.

2. Полнолетството -  постот не е обврска за дете. Постот на дете кое може да прави разлика е исправен, и за него се смета како доброволен пост.

3. Разумност: Постот не е обврска за лице со ментална попреченост, ниту е исправен ако го изврши, поради отсуство на намера/ниет.

4. Да има здравствена способност да пости. па постот не е задолжителен за болен кој не е во можност да го изврши, ниту на патник. Тие ќе го надоместат постот по престанување на оправданието: болеста или патувањето. Дополнителен услов за неговата исправност кај жената е прекин на менструалниот циклус и постпородилното крварење.

Настапувањето на месецот Рамазан се утврдува на два начина:

А- Со гледање на младата месечина на месецот рамазан, поради зборовите на Пратеникот, ﷺ:

«صُومُوا لِرُؤْيَتِهِ، وَأفْطِرُوا لِرُؤْيَتِهِ».

„Постете кога ќе ја видите (младата месечина), а кога повторно ќе ја видите, престанете со постењето.“48

Б- Со потполн број на деновите на месецот Шабан со триесет дена, во случај младата месечина на рамазан да не се види, или ако гледањето е спречено поради облаци, прашина или друга причина. На ова укажуваат зборовите на Пратеникот, ﷺ:

«فَإِنْ غُمَّ عَلَيْكُمْ؛ فَأَكْمِلُوا عِدَّةَ شَعْبَانَ ثَلاثِينَ يَوْمًا».

„А ако не можете да ја видите (младата месечина) заради облачност, чекате додека бројот на месецот Шабан не достигне триесет дена.“49

Ниетот за постот:

Постот, како и сите други ибадети, не е исправен без ниет. Времето кога ниетот станува задолжителен при задолжителниот пост се разликува од другите видови пост, а појаснувањето за тоа е следното:

Прво: Кај задолжителниот пост – како постот во месецот рамазан, надоместувачкиот пост или заветниот пост – ниетот мора да се направи ноќе, пред настапување на зората. Доказ се зборовите на Пратеникот, ﷺ:

«مَن لَمْ يُبَيِّتْ الصِّيَامَ مِنَ اللَّيْلِ فَلَا صِيَامَ لَهُ».

„Кој не направи/покаже намера за постот во текот на ноќта, неговиот пост не е исправен.“50

Второ: Доброволниот пост – за него е исправно човекот да ја искаже (мисловно) намерата во текот на денот, под услов по настапувањето на зората да не консумирал ништо што го расипува постот.

Работи што го расипуваат постот:

Прво: Интимен однос: кога човек има однос, постот не е исправен и должен е да го напости тој ден. Покрај надокнадувањето на постот, должен е и да се искупи со ослободување на роб, а доколку не може да го обезбеди тоа, тогаш должен е да пости два последователни месеци. А ако не може, односно не е во состојба поради шеријатски оправдана причина, тогаш е должен да нахрани шеесет сиромашни, на секој сиромав давајќи му по половина са'а од вообичаената храна во местото на живеење.

Второ: Ејакулацијата што е предизвикана со бакнување, допир, мастурбација или повторувано гледање го расипува постот, и во тој случај е должен само да го напости денот, без искупување. Искупувањето (кефарет) се однесува исклучиво на интимниот однос. Што се однесува до оној што спие и во сон има влажен сон (ејакулација во сон), тој нема грев, бидејќи тоа се случило без негова волја. Меѓутоа, тој е должен да земе гусул заради џенабетот.

Трето: Намерното јадење и пиење. Доказ за ова се Аллаховите зборови:

﴿وَكُلُواْ وَٱشۡرَبُواْ حَتَّىٰ يَتَبَيَّنَ لَكُمُ ٱلۡخَيۡطُ ٱلۡأَبۡيَضُ مِنَ ٱلۡخَيۡطِ ٱلۡأَسۡوَدِ مِنَ ٱلۡفَجۡرِۖ ثُمَّ أَتِمُّواْ ٱلصِّيَامَ إِلَى ٱلَّيۡلِ...﴾

„Јадете и пијте сè додека не бидете во можност да го разликувате белиот конец од црниот конец во мугрите, а потоа надополнете го постот сè до ноќта...“ (Ел Бекаре, 187)

Оној што јадел или пиел од заборав не го расипал постот. Доказ е хадисот:

«مَن نَسِيَ وَهُوَ صَائِمٌ، فَأَكَلَ أَوْ شَرِبَ، فَلْيُتِمَّ صَوْمَهُ، فَإِنَّمَا أَطْعَمَهُ اللَّهُ وَسَقَاهُ».

„Кој ќе заборави дека пости, па јаде или пие, нека го доврши својот пост, затоа што Аллах го нахранил и го напоил.“ (51)51

Четврто: Намерно предизвикано повраќање. А оној кај кого повраќањето ќе надвладее без негова волја – тоа не влијае врз исправноста на неговиот пост, поради зборовите на Пратеникот, ﷺ:

«مَنْ ذَرَعَهُ الْقَيءُ فَلَيْسَ عَلَيْهِ قَضَاءٌ، وَمَن اسْتَقَاءَ عَمْدًا فَلْيَقْضِ».

„Кој ќе поврати ненамерно, нема потреба да го надокнади постот, а кој намерно ќе си го предизвика повраќањето, треба да го надокнади постот.“52

Петто: Вадењето крв од телото – преку хиџама, или флеботомија (вадење крв од вена), или вадење крв за донација за да му се пружи помош на болен - сето тоа го поништува постот. Додека вадењето мала количина крв за анализа не го поништува постот. Исто така, крварењето што настанува без волја на човекот, како крварење од носот, од рани или при вадење заб, не влијае на исправноста на постот.

Кому му е дозволено да не постат во Рамазан:

Прва категорија: Тие на кои им е дозволено да не постат, но за кои е задолжително напостувањета на деновите кои не постат, а тоа се:

Прво: Болниот кој има болест за која се очекува излекување, а постот му штети или му претставува потешкотија.

Второ: Патникот; без разлика дали патувањето претставува потешкотија или не.

Доказ се Аллаховите зборови:

﴿...وَمَن كَانَ مَرِيضًا أَوۡ عَلَىٰ سَفَرٖ فَعِدَّةٞ مِّنۡ أَيَّامٍ أُخَرَ...﴾

„А кој ќе биде болен или ќе биде на пат, нека ги испости истиот број денови.“ (Ел Бекаре, 185)

Трето: Бремените жени и доилките, доколку постот им претставува тешкотија или им штети ним или на нивните деца. Нивниот пропис е ист како и прописот за болните, дозволено им е да не постат, но должни се да го надокнадат постот во друго време.

Четврто: Жената за време менструалниот циклус и во периодот на постпородилното крварење  должна е да го прекине постот. Нивниот пост во тие денови не е валиден, а обврска им е да ги надокнадат тие денови во друго време.

Втора категорија: Оние на кои им е дозволено да го прекинат постот, а за кои е задолжителен откуп без обврска за напостување. Тоа се:

Прво: Оној чие заболување е такво што од истото не се очекува оздравување.

Второ: Старецот кој не е во состојба да пости.

Овие лица не постат, и за секој ден од месецот Рамазан должни се да нахранат по еден сиромав. Што се однесува до оној кој поради старост достигнал состојба на сенилност – обврската за пост му се укинува; може да не пости и нема никаква обврска за искупување.

Времето на напостување и прописот за неговото одложување:

Напостувањето на пропуштените денови од постот на Рамазан мора да се направи во периодот меѓу тој Рамазан и следниот.  Најдобро е да се побрза со нивното напостување,  и не е дозволено одложување до после следниот Рамазан. Од Аиша, радијаллаху анха, се пренесува дека рекла:

«كَانَ يَكُونُ عَلَيَّ الصَّوْمُ مِنْ رَمَضَانَ، فَمَا أَسْتَطِيعُ أَنْ أَقْضِيَ إِلَّا فِي شَعْبَانَ لِمَكَانِ رَسُولِ اللهِ ﷺ».

„Имав обврска да напостам денови од месецот Рамазан, но не можев тоа да го направам сѐ до месецот Шабан, поради обврските кон Божјиот пратеник.“53

Оној кој ќе го одложи до по следниот рамазан – во тој случај постојат две состојби:

1. Ако го одложи поради верски оправдана причина, како на пример: ако болеста траела до следниот рамазан, тогаш должност му е само да ги напости тие денови. 

2. Ако го одложи без оправдување – тогаш има грев поради одлагањето и должен е да бара прошка од Аллах, да ги напости деновите, и покрај тоа да даде откуп: да нахрани по еден сиромав за секој ден.

Доброволен пост за оној што има обврска да надомести пропуштени денови од Рамазан:

Кој има денови за надоместување од Рамазан, најдобро е прво да побрза со нивното напостување пред да пости доброволен пост. Сепак, ако станува збор за доброволен пост чиј рок е ограничен – како постот на денот Арафат или Ашура – тогаш дозволено е да се пости пред напостувањето, затоа што рокот за надокнадување е широк, а деновите на Ашура и Арафат не треба да се пропуштат. Но шесте дена од месецот Шеввал не треба да се постат пред да се надоместат пропуштените денови од Рамазан.

Кога е забранет постот:

1. Денот на рамазанскиот и курбанскиот Бајрам – поради забраната тие два дена да се постат.

2. Постот во деновите на тешрик од месецот зул-хиџе, освен за оној што извршува теметту или киран вид аџилак, доколку не може да обезбеди курбан. Деновите на тешрик се: единаесеттиот, дванаесеттиот и тринаесеттиот ден од месецот зул-хиџе. 

3. Сомнителниот ден поради сомнежот дали настапил месецот рамазан или не, а тоа е триесеттиот ден од месецот шабан, доколку таа ноќ биде облачна или има песочна бура што го спречува следењето на младата месечина.

Кога не се препорачува да се пости:

А- Издвојување на месецот Реџеб со пост. Б- Издвојувањето на петокот за пост – поради забраната за тоа. Доколку пости еден ден пред него или по него, тогаш престанува да важи забраната.

Кога е сунет да се пости:

А- Шесте дена од месецот шевал. Б- Постот во првите девет дена од месецот зул-хиџе, а најистакнат е постот на денот на Арафат, освен за оној кој е на аџилак. За него не е од Сунетот да пости на тој ден. Постот на тој ден е причина за простувањето на гревовите на тековната и на минатата година. В- Постот три дена од секој месец, а најдобро е да бидат белите денови. Тоа се: тринаесеттиот, четиринаесеттиот и петнаесеттиот ден од лунарниот месец. Г- Постот на секој понеделник и четврток, бидејќи Божјиот пратеник, ﷺ, ги постел; затоа што во тие два дена делата на робовите се изнесуваат пред Аллах.

Доброволен пост:

А- Постот на Давуд, алејхи селам: кој еден ден постел а следниот ден не постел.

Б- Постот во Аллаховиот месец мухарем, кој е најдобриот месец во кој се препорачува постот, а најпотврден меѓу нив е постот на денот на Ашура, односно десетиот ден на месецот мухарем, а со него се пости и деветтиот; бидејќи Веровесникот, ﷺ, рекол:

«لَئِنْ بَقِيتُ إِلَى قَابِلٍ لَأَصُومَنَّ التَّاسِعَ».

„Ако бидам жив и следната година, ќе го постам и деветтиот ден.“54 Постот на тој ден е причина за простувањето на малите гревови од измината година.

Петта тема: Аџилак и умра

Хаџот или аџилакот, јазички означува да се има намера. Во шеријатска терминологија аџилакот значи: посета на Светата Ќаба и светите места во Мека во точно определено време за извршување на точно определени обреди.

Умра: Јазички означува-Посета.

Во шеријатска терминологија умра е: Посета на светата Ќаба во било кое време од годината за извршување на определени обреди.

Аџилакот е еден од рукновите на исламот и од неговите големи темели. Пропишан е во деветтата година по хиџретот, Аллаховиот пратеник, алејхи селам, бил на аџилак еднаш; и тој беше прошталниот аџилак.

Аџилакот е задолжителен еднаш во животот за оној кој е во состојба да го изврши, а сѐ што е повеќе од тоа е доброволно. А што се однесува до умрата, таа е ваџиб според мислењето на голем број од учените. Доказ се зборовите на Аллаховиот пратеник, ﷺ, кога бил прашан: „Дали на жените им е пропишан џихадот?“ Одговорил:

«نَعَمْ، عَلَيْهِنَّ جِهَادٌ لَا قِتَالَ فِيهِ: الْحَجُّ وَالْعُمْرَةُ».

„Да, на жените им е пропишан џихад во кој нема борба: аџилакот и умрата.“55

Условите за задолжителноста на аџилакот и умрата:

1. Ислам.

2. Разумност.

3. Шеријатско полнолетство. 

4. Слобода

5. Можност (материјална и здравствена).

Кај жената се додава уште еден, шести услов, а тој е присуството на махрем кој ќе патува со неа за време на негово извршување, бидејќи не ѝ е дозволено да патува ниту за аџилак ниту за друга цел без махрем, како што е спомнато во зборовите на Пратеникот, ﷺ:

«لَا تُسَافِرُ الْمَرْأَةُ إِلَّا مَعَ ذِي مَحْرَمٍ، وَلَا يَدْخُلُ عَلَيْهَا رَجُلٌ إِلَّا وَمَعَهَا مَحْرَمٌ».

„Жена нека не патува освен во придружба на махрем, и кај неа нека не влегува маж освен ако со неа не е присутен махрем.“56

Махрем на жената е нејзиниот сопруг или оној со кој трајно ѝ е забрането стапување за брак, поради крвна врска; како што се нејзиниот брат, нејзиниот татко, нејзиниот чичко, синот од нејзиниот брат и нејзиниот вујко. Махрем поради дозволена причина, како брат по млеко, или по сватовство, како сопругот на нејзината мајка и синот на нејзиниот сопруг.

Под можноста се мисли на материјалната и физичката способност: да може да користи превоз и да го поднесе патувањето, и да располага со материјални средства што ќе му ги покријат трошоците за одењето и враќањето. Исто така, да остави зад себе она што ќе биде доволно за неговите деца и за сите за кои е должен да ги издржува, сѐ додека не се врати.

Исто така под можноста се вбројува и тоа патот за аџилакотда биде безбеден за него и за неговиот имот.

Оној што е во можност материјално, но не и телесно, како на пример стар и изнемоштен човек или некој што боледува од хронична болест од која не се очекува да се излечи — должен е да овласти некој друг да го изврши аџилакот и умрата за него.

Постојат два услова за оној кој е дозволено да се овласти да изврши аџилак и умра за некој друг:

1. Да биде од оние за кои е исправно извршувањето на обврската на аџилакот; а тоа е: да е муслиман, полнолетен и разумен.

2. Да го има извршено задолжителниот аџилак на исламот за себе.

Микатите за ихрамот

Микати е множина од зборот микат, што во арапскиот јазик значи: граница, додека во шеријатската терминологија означува: место на ибадетот или неговото време.

За хаџот постојат временски и просторни микати:

А- Временските микати Возвишениот Аллах ги спомнал во Неговиот говор:

﴿ٱلۡحَجُّ أَشۡهُرٞ مَّعۡلُومَٰتٞۚ فَمَن فَرَضَ فِيهِنَّ ٱلۡحَجَّ...﴾

„Аџилакот е во познатите месеци; тој што ќе се обврзе дека во нив ќе изврши аџилак...“ (Ел Бекаре, 197)

Тие месеци се: шевал, зул-када и првите десет дена од месецот зул-хиџе.

Б- Просторните микати се границите кои на аџијата не му е дозволено да ги премине кога оди кон Мека без ихрам, а тие се следните:

1. Зул Хулејфа: микат за жителите на Медина.

2. Ел-Џухфа: микатот за жителите на Шам, Египет и Магриб (Мароко, Алжир, Тунис...)

3. Карн ел-Маназил: денес е познат како Сејл; микат за жителите на Неџд.

4. Зат Ирк: микат за жителите на Ирак.

5. Јелемлем - микат за жителите на Јемен.

Оној чие живеалиште се наоѓа после овие микати од страната поблиску до Мека, влегува во ихрам за аџилак и умра од својот дом.  Сите што се жители на Мека, влегуваат во ихрам од Мека и не треба да излегуваат до микатот за да влезат во ихрам. А што се однесува до умрата, тие излегуваат до најблискиот дел од ел-хил (надвор од харемот) и влегуваат во состојба на ихрам. Оној што има намера да изврши аџилак или умра должен е да влезе во ихрам за нив од местата што ги одредил Божјиот пратеник, ﷺ, а тие се просторните микати што претходно беа појаснети. Затоа не е дозволено оној што сака да изврши аџилак или умра да ги помине овие микати освен во состојба на ихрам.

- Секој што ќе помине низ спомнатите микати, а не е од жителите за кои се наменети, должен е да влезе во состојба на ихрам од нив.

- Оној чиј пат води кон Мека, а не поминува покрај ниту еден од споменатите микати по копнен, морски или воздушен пат, влегува во ихрам кога ќе биде на исто ниво со микатот што му е најблизок, а доказ се зборовите на Омер бин Хатаб, радијаллаху анху: „Одредете го во линија со него (на ниво на микатот) според страната од која доаѓате.“ (57)57

- Оној чиешто патување е за извршување на обредите на аџилакот или умрата по воздушен пат, должен е да влезе во ихрам кога авионот ќе биде на исто ниво со микатот кој се наоѓа на неговата рута, и не му е дозволено да го одложи влегувањето во ихрам кога ќе слета на аеродромот.

Ихрам:

Подразбира намера за влегување во обредот. Во аџилакот тоа е: намера (ниет) за влегување во обредот на аџилак, додека при умрата, тоа е намера (ниет) за влегување во обредот на умра. Не се смета дека е во состојба на ихрам, освен доколку има намера да влезе во еден од двата обреда: аџилакот или умрата. Самото облекување на облеката за ихрам без ниет не се смета за влегување во ихрам.

Препорачани работи за време на ихрамот:

1. Капење на целото тело пред стапување во ихрам.

2. Мажот да го намириса своето тело, но не и неговата облека за ихрам.

3. Облекувањето бел дводелен ихрам и сандали.

4. Да стапи во ихрам додека е качен во превозното средство и свртен кон киблата.

Видови на аџилак:

Оној кој е во состојба на ихрам може, според неговата желба, да избере кој било од трите начини на извршување на аџилак, а тоа се:

1. Теметту: да се влезе во ихрам за умра во месеците на аџилакот, да ја изврши умрата, а потоа повторно да се влезе во ихрам за аџилакот истата година.

2. Ифрад: да се влезе во ихрам исклучиво со намера за аџилак од микатот, и да се остане во ихрам сè до завршување сообредите на аџилакот.

3. Киран: кога некој влегува во ихрам за аџилакот и умрата истовремено, или влегува во ихрам за умрата, па потоа ја додава намерата за аџилакот пред да започне со нејзиниот таваф; намерата за умрата и аџилакот ја формулира на микатот, или пред започнувањето на тавафот на умрата, и го извршува тавафот и сајот за двата обреда заедно. 

На оној што извршува теметту и на оној што извршува киран се задолжува со фидја, ако не е од жителите на Мека.

Најдобар од овие три обреди е обредот теметту, затоа што Веровесникот, ﷺ, им го наредил на неговите асхаби. (58) Следи киран, затоа што ги опфаќа аџилакот и умрата, а потоа ифрад.58

4. Кога ќе влезе во состојба на ихрам за една од овие обредни форми, веднаш потоа ја изговара телбијата, велејќи:

«لَبَّيْكَ اللَّهُمَّ لَبَّيْكَ، لَبَّيْكَ لَا شَرِيكَ لَكَ لَبَّيْكَ، إِنَّ الْحَمْدَ وَالنِّعْمَةَ لَكَ وَالْمُلْكَ لَا شَرِيكَ لَكَ».

„Ти се одзивам, Аллаху мој се одзивам, Ти се одзивам Тебе кому никој не му е рамен, Ти се одзивам, благодарноста и благодетите се Твои, а Твоја е и власта, Ти кому никој не му е рамен.“59

Телбијата е сунет, и препорачливо е што е можно повеќе да се изговара; мажот ја изговара на глас, а жените ја изговараат тивко.

Времето: Времето на телбијата започнува по влегувањето во ихрам, а крајот на нејзиното време е како што следи:

Прво: оној што ја извршува умрата прекинува со телбијата пред да започне со тавафот.

Второ: аџијата ја прекинува телбијата кога ќе започне со фрлање камчиња на Џемретул Акабе на денот на Бајрамот. 

Забранети работи за време на ихрам:

Првата забрана: бричење на влакната, нивно скратување или кубење од кој било дел од телото.

Втората забрана: скратувањето на ноктите или нивното сечење од рака или нога без оправдана причина; а ако се скрши нокт и го отстрани, не е должен да даде фидја.

Трета забрана: покривање на главата на мажот со нешто што директно се допира и се прилепува на неа, како што се капче и шамија (гутра).

Четврта забрана. Облекување кроена облека од страна на мажот на неговото тело или на дел од него, како што се кошула, турбан или панталони. Кроената облека е она што е сошиено според обликот на дел од телото, како што се местви, ракавици и чорапи. Жената, пак, во состојба на ихрам може да облече каква било облека поради потребата од покривање, но не смее да носи никаб; а кога покрај неа ќе поминат мажи кои не ѝ се махрем, должна е да го покрие лицето со нешто друго, како со дел од шамијата или џилбабот. Исто така, не смее да носи ракавици на дланките.

Петта забрана: Парфемот; бидејќи од оној што е во ихрам се бара да се оддалечи од раскошот, украсите и насладите на овој свет и да се насочи кон Ахиретот.

Шестата забрана: убивање на диво копнено ловно животно и неговото ловење. Аџијата во ихрам не смее да лови диво копнено ловно животно, ниту да помага при неговиот лов, ниту да го коле.

Забрането му е на оној кој е во состојба на ихрам да јаде од она што самиот го уловил, или од она што било уловено заради него, или од животно во чиј лов тој помогнал, бидејќи тоа за него се смета како мрша.

Што се однесува до ловот на морски животни; тоа не му е забрането на оној кој е во состојба на ихрам поради извршувањето на обредите на аџилакот или умрата. Исто така, не му е забрането да коле домашни животни, како што се кокошките и стоката, бидејќи тоа не е лов.

Седма забрана: Склучување брак за себе или за друг, или сведочење при склучување брак.

Осма забрана: Интимен однос. Кој ќе има интимен однос пред првото ослободување од ихрамот, неговиот обред станува неважечки; должен е да продолжи и да ги доврши своите обреди, и должен е да го надомести наредната година; тој се задолжува како откуп да заколе крупна стока (камила, крава и сл). Ако тоа било по првото ослободување (тахаллул), обредот не му се поништува, но должен е да принесе жртва-курбан.

Прописот за жената во тоа е ист како и за мажот, доколку односот го имала доброволно.

Деветта забрана: интимно приближување без вагинален однос. На оној што се наоѓа во состојба на ихрам не му е дозволено интимно да се приближува до сопругата, бидејќи тоа е средство што води кон забранетиот интимен однос. Под интимно приближување се подразбира допирање на сопругата со страст.

Умра

А- Составните делови (рукнови) на умрата се:

1. Ихрамот.

2. Тавафот.

3. Сајот (брзо одење помеѓу Сафа и Мерва)

Б- Ваџиби на умрата се:

1. Ихрамот од пропишаниот микат.

2. Бричење или скратување на косата.

В- Опис на умрата:

Првото со што се започнува извршувањето на умра е да се изврши тавафот седум круга, започнувајќи од Црниот камен и завршувајќи кај него. За време на тавафот да се биде со абдест, покривајќи ги срамните делови од папокот до колената. Од Сунет е ел-идтиба за време на целиот таваф; а тоа е да се открие десното рамо, наметката се поставува под десната мишка, а двата краја да ги префрли преку левото рамо. Кога ќе се заврши со седмиот круг, се престанува со идтиба и се покриваат рамениците со наметката (горниот дел од ихрамот).

Се свртува кон Црниот камен; ако може да го бакне, го бакнува, а ако не, го допира со десната рака ако може и ја бакнува својата рака. Ако не е во можност да го допре каменот, покажува кон него со подигната десна рака и изговара „Аллаху Екбер“ еднаш; и не ја бакнува раката и не запира. Потоа продолжува со извршувањето на тавафот, со Ќабата од неговата лева страна, и од сунет е да се практикува забрзаното одење (рамл) во текот на првите три круга. Рамл: забрзано одење со кратки чекори.

Кога ќе помине покрај Јеменскиот агол, кој е четвртиот агол на Каба, ако може, го допира со десната рака, без да изговара „Аллаху екбер“ и без да го бакнува; а ако не може да го допре, продолжува без да покаже кон него и без да изговара „Аллаху екбер“. Помеѓу Јеменскиот агол и Црниот камен се изговара:

﴿...رَبَّنَآ ءَاتِنَا فِي ٱلدُّنۡيَا حَسَنَةٗ وَفِي ٱلۡأٓخِرَةِ حَسَنَةٗ وَقِنَا عَذَابَ ٱلنَّارِ﴾

„Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот!“ (Ел Бекаре, 201)

По завршувањето со тавафот, се клањаат два реката зад Мекам Ибрахим, ако тоа е возможно; а ако не, ги клања на било кое место во Месџидул Харем. Сунет е на првиот рекат по Ел-Фатиха да се рецитира сурата Ел-Кафирун, а на вториот рекат по Ел-Фатиха, се рецитира сурата Ел-Ихлас. Потоа се упатува кон сајот и го извршува сајот,  односно одењето помеѓу Сафа и Мерва седум пати; секое одење кон Мерва се се смета за еднаш, и секое враќање кон Сафа се смета за еднаш.

Сајот започнува од Сафа. Се искачува на неа или застанува кај неа, а искачувањето на Сафа е подобро ако е можно. При тоа се рецитираат зборовите на Возвишениот:

﴿‌إِنَّ ٱلصَّفَا وَٱلۡمَرۡوَةَ مِن شَعَآئِرِ ٱللَّهِ...﴾

„Сафа и Мерва, навистина, се Аллахови обредни места...“ (Ел Бекаре, 158)

Препорачливо е да се сврти кон киблата, да изговори Елхамдулиллах, Аллаху Екбер, и да каже:

«لَا إِلٰهَ إِلَّا اللَّهُ، وَاللَّهُ أَكْبَرُ، لَا إِلٰهَ إِلَّا اللَّهُ وَحْدَهُ لَا شَرِيكَ لَهُ، لَهُ الْمُلْكُ وَلَهُ الْحَمْدُ، يُحْيِي وَيُمِيتُ، وَهُوَ عَلَى كُلِّ شَيْءٍ قَدِيرٌ، لَا إِلٰهَ إِلَّا اللَّهُ وَحْدَهُ، أَنْجَزَ وَعْدَهُ، وَنَصَرَ عَبْدَهُ، وَهَزَمَ الْأَحْزَابَ وَحْدَهُ».

„Нема друг вистински Бог освен Аллах, и Аллах е најголем. Нема друг вистински Бог освен Единствениот Аллах, Нему никој не му е рамен, Негова е власта и Нему му припаѓа благодарноста, Тој оживува и умртвува, и Тој е Семоќен. Нема друг вистински Бог освен Единствениот Аллах, го исполни ветувањето, го помогна Својот роб и Сам ги победи сојузниците.“ (60)60 Потоа, упатува дова за она што сака, подигнувајќи ги рацете, и овој зикр и оваа дова ги повторува три пати. Потоа се спушта надолу и оди кон Мерва, сè додека не стигне до првото зелено светло; каде што мажот забрзано оди сè додека не стигне до второто зелено светло. Што се однесува до жената, не ѝ е пропишано да оди забрзано меѓу двата зелени обележја, бидејќи треба да остане скромно покриена; за неа е пропишано да пешачи без брзање во текот на целиот сај. Потоа оди и се искачува на Мерва или застанува кај неа; а искачувањето на неа е повредно, ако тоа е возможно. На Мерва кажува и прави исто како што кажал и направил на Сафа, освен рецитирањето на ајетот, а тоа е зборот на Возвишениот:

﴿‌إِنَّ ٱلصَّفَا وَٱلۡمَرۡوَةَ مِن شَعَآئِرِ ٱللَّهِ...﴾

„Сафа и Мерва, навистина, се Аллахови обредни места...“ Ова е пропишано исклучиво при искачување на Сафа, и тоа само на почетокот. Потоа се спушта, па оди без брзање во делот каде што се оди, а забрзано оди во делот каде што се забрзува, сè додека не стигне до Сафа. Тоа го прави седум пати, така што одењето што го прави од Сафа до Мерва се брои еднаш, и враќањето од Мерва кон Сафа, се брои како едно одење. Се препорачува во текот на сајот што е можно повеќе спомнување на Аллах и упатување дова, според можностите. И да биде чист од малата и големата правна нечистотија, а ако го изврши сајот без чистота (без абдест), сајот му е исправен. Исто така, ако жената добие менструација или постпородилно крвавење по извршениот таваф, ќе направи сај, и тоа ќе ѝ биде доволно; бидејќи за сајот не е услов чистотата, чистотата е препорачана за него.

Кога ќе го заврши сајот, ќе ја избричи целата глава или ќе ја скрати, а бричењето е подобро за мажот.

Со ова се завршуваат обредите на умрата.

Аџилак:

А- Рукнови на аџилакот:

1. Ихрам.

2. Престојот на Арафат.

3. Таваф ифада.

4. Сајот (движењето помеѓу Сафа и Мерва).

Б- Ваџиби на хаџот:

1. Ихрам од микатот.

2. Престојот на Арафат на деветтиот ден од месецот зул-хиџе до зајдисонце за оној што престојувал таму во текот на денот.

3. Преноќување во Музделифе во ноќта на десеттиот ден од зул-хиџе, до половината од ноќта.

4. Преноќување на Мина во ноќите на Тешрик

5. Фрлање камчиња на џемратите.

6. Бричење или скратување на косата.

7. Прошталниот таваф.

В- Опис на аџилакот:

Пропишано му е на муслиманот да ја изговори телбијата за аџилакот кога ќе пристигне на микат, со намера за ифрад (само аџилак) доколку времето е кусо; кога ќе пристигне во Мека, го извршува тавафот и сајот, и останува во ихрамот сè додека не се упати кон Арефат на денот на Арафат, на деветтиот ден, и таму останува сè до зајдисонцето.

Потоа, изговарајќи телбија, се упатува кон Музделифе, каде што преноќува; а по сабахскиот намаз останува таму, го спомнува Аллах, изговара телбија и упатува дова сè додека не се раздени.

Кога ќе се раздени, тргнува кон Мина пред изгрејсонцето, па фрла седум камчиња кај Џемретул Акаба, потоа ќе ја избричи целата глава или ќе ја скрати косата, а бричењето е подобро.

Потоа го извршува тавафот на аџилакот (тавафул ифада), и му е доволен првиот сај што го извршил, а со тоа аџилакот е завршен, и тој го постигнува целосното ослободување од ихрамот.

Му преостанува фрлањето на џемератите на единаесеттиот и дванаесеттиот ден, ако сака да побрза. Тогаш ги фрла камчињата на трите џемерати – на секое џемре по седум камчиња – и при секое фрлање изговара текбир. Започнува со малото џемре, најблиску до џамијата Ал Хајф, потоа средното, а потоа Џемретул Акаба – последното. Секое џемре го каменува со седум камчиња. Ако посака да преноќи и по дванаесеттиот ден, на тринаесеттиот ден ги фрла камчињата на трите џемерати на ист начин како што ги фрла на дванаесеттиот и на единаесеттиот ден.

Времето на фрлањето на камчињата: откако Сонцето ќе ја помине половината на небото во трите дена.

Ако ја напушти Мина на дванаесеттиот ден до пред зајдисонце, нема пречка; а ако остане во Мина и на тринаесеттиот ден и тогаш по пладне треба повторно да ги фрли камчињата, а ова е подобро, бидејќи Возвишениот вели:

﴿‌...فَمَن تَعَجَّلَ فِي يَوۡمَيۡنِ فَلَآ إِثۡمَ عَلَيۡهِ وَمَن تَأَخَّرَ فَلَآ إِثۡمَ عَلَيۡهِۖ لِمَنِ ٱتَّقَىٰ...﴾

„...А на тој што ќе побрза, па ќе го стори тоа во два дена, не му е грев, како што не му е грев ни на тој што подолго ќе остане, доколку е богобојазлив...“

(Ел Бекаре, 203)

Кога сака да тргне на пат, го извршува прошталниот таваф седум пати, без да изврши сај.

Подобро е, ако со себе нема жртвено животно: да влезе во ихрам за умра, во вид на теметту, а потоа на осмиот ден да влезе во ихрам за аџилакот и да ги изврши претходно спомнатите дела на аџилакот. А ако влезе во ихрам за аџилакот и умрата истовремено, нема пречка; тоа се нарекува киран, а тоа е да се влезе во ихрам за умра и аџилак заедно, со еден таваф и еден сај.

Трето поглавје:

Прашањата поврзани со меѓучовечките односи

Учените, Аллах нека им се смилува, го појасниле верското знаење чиешто изучување е индивидуална обврска, зборувајќи за обемот на знаењето што е строга обврска (фарз) за секој муслиман да го научи, па меѓу другото, го спомнале изучувањето на прописите на купопродажбата за оние што се занимаваат со трговија, за да не навлезе во забрането или во камата, без да знае, и од некои асхаби, радијаллаху анхум, се пренесува она што го поткрепува тоа.

Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, рекол: „Нека не продава на нашите пазари никој освен оној што се стекнал со разбирање на верата.“ (61)61

Али бин ебу Талиб, радијаллаху анху, рекол: „Кој се впуштил во трговија пред да се поучи за верските прописи; западнал во камата, западнал, и навистина западнал. Имено: западнал во недозволена камата.“ (62)62

Ибн Абидин, пренесувајќи од ал-Алами, вели: „Обврска е на секој шеријатски одговорен муслиман и муслиманка, откако ќе го стекне верското знаење и упатата, да го изучи знаењето за абдестот и гусулот, намазот и постот, како и за зекатот – за оној кај кого се исполнува минимумот (нисабот), и аџилакот – за оној ги исполнува условите на задолжителноста, и прописите за купопродажба – за трговците; за да се пазат од сомнителните и непожелните работи во сите меѓучовечки односи. Истото важи и за занаетчиите, и секој што се занимава со нешто, нему му е обврска да го научи знаењето и прописите за тоа, за да се чува од харамот во него.“ (63)63

Имамот Невеви, рахимехуллах, рекол: „А што се однесува до купопродажбата, бракот и сличните работи кои по своја основа не се задолжителни, забрането е да се пристапи кон нив освен по претходно познавање на условите за нивната исправност.” (64)64

А ова се некои фикски правила поврзани со финансиските трансакции, кои ги пропишува исламскиот шеријат:

1. Дозволеност на сè што во себе има чиста или претежна корист; како продажба на дозволени работи и нивно купување, изнајмување и правото на првенствен откуп. (65)65

2. Пропишаноста на сè што обезбедува гаранција за правата на луѓето и нивното чување, како што се: залогот и сведочењето.

3. Пропишаноста на сè што е во корист на договорните страни; како што се раскинувањето со взаемна согласност, правото на избор и условите во купопродажбата.

4. Забраната на сè што вклучува неправда кон луѓето и незаконско присвојување на нивниот имот; како што се камата, узурпација и монополизирање.

5. Пропишаноста на сè што претставува помагање во добро; како заемот, позајмицата и довереното чување (депозит).

6. Забрана на сè што вклучува стекнување пари без работа, без корист и без вложен труд; како коцката и лихварството (камата).

7. Забрана на секоја трансакција во која преовладува непознатост и гарар (можна штета), како што е продажба на она што лицето не го поседува и продажба на непознатото.

8. Забрана на сè што претставува средство за заобиколување на забранетото; како продажбата на ел-аина (фиктивна продажба).66.

9. Забрана на сè што го одвлекува од покорност кон Аллах, како што е продажба по вториот повик за петочната молитва.

10. Забрана на сè што е штетно или предизвикува непријателство помеѓу муслиманите; како што се продажбата на забранети работи и мешање во продажбата на друг пред конечната одлука.

Кога на муслиманот му е нејасен прописот за некое прашање, треба да ги праша учените за тоа и да не презема ништо по тоа прашање сè додека не го дознае шеријатскиот пропис, како што Возвишениот вели

﴿‌...فَاسْأَلُوا ‌أَهْلَ ‌الذِّكْرِ إِنْ كُنْتُمْ لَا تَعْلَمُونَ﴾

„Прашајте ги учените луѓе ако вие не знаете.“ (Ен Нахл, 43)

Ова е она што успеав да го соберам. Го молам Аллах да ни подари корисно знаење и исправни дела, Тој навистина е Дарежлив и Благороден. Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и асхаби.

 

 

 

***

Содржина

 

Вовед 2

Прво поглавје: 4

Она што е поврзано со исламското верување - акида 4

Прва тема: Значењето на Исламот и неговите столбови: 4

Важноста на тевхидот: 4

Значењето на сведоштвото „Нема друг вистински бог освен Аллах“: 6

Условите за исправноста на ова сведоштво (на ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ) се: 7

Значењето на сведоштвото „Мухамед е Аллахов пратеник“: 9

Втора тема: Значењето на иманот и неговите столбови: 10

1. Верувањето во Возвишениот Аллах опфаќа три работи: 11

1. Верувањето во Неговиот рубубијет (господарство): 11

2. Верувањето во Неговиот улухијет (божественост): 14

3. Верување во Аллаховите имиња и атрибути: 16

2) Верувањето во мелеците: 24

3) Верувањето во книгите: 25

4) Верувањето во Божјите пратеници (Аллаховиот мир нека е со нив): 27

5) Верувањето во Судниот ден: 28

А- Верување во проживувањето: 28

Б- Верување во полагањето сметка и добивањето награда или казна: 29

В- Верување во Џенетот и Џехенемот: 29

6) Верувањето во кадерот, предодредбата - таа што ја сметаме за добра или лоша: 30

Трета тема: Ихсан 32

Четврта тема: Краток преглед на основите на Ехли Сунетот и Џематот: 32

Второ поглавје: Она што се однесува на обредите (ибадетите) 34

Прва тема: Тахаретот (чистотата): 34

Прво: Категории на води: 34

Второ: Што се смета за Нечистотија: 35

Трето: Што му е забрането на оној без абдест да прави: 38

Четврто: Едеби при вршење физиолошка потреба: 41

Петти: Прописи за миење со вода (истинџа) или чистење со каменчиња (истиџмар) по нужда: 42

Шесто: Прописите на абдестот: 43

Седмо: Прописите за месхот (триењето) преку местви (кожни чорапи) и чорапи: 45

Осмо: Прописите поврзани со тејемумот 48

Деветто: Прописите поврзани со менструацијата и постпородилното крварење: 51

Втора тема: Намазот 53

Прво: Прописите на езанот и икаметот: 53

Второ: Положбата на намазот и неговата вредност: 56

Трето: Шартови (услови) на намазот: 59

Четврто: Рукнови (столбови) на намазот 61

Петто: Ваџиби (обврски) на намазот: 66

Шесто: Сунети на намазот: 67

Седмо: Формата на намазот: 70

Осмо: Мекрухи (непожелни работи) при намазот 75

Деветто: Постапки кои го расипуваат намазот. 76

Десетио: Сехви сеџда (Сеџда при заборавање): 77

Единаесетто: Времиња во кој намазот е забранет: 79

Дванаесетто: Намазот во џемат: 80

Тринаесетто: Намаз во страв: 83

Опис на намазот во страв: 84

Четиринаесетто: Џума намаз 85

Петто: Препорачани дела на денот на џума: 87

Кога се смета дека сме стасале на џума намаз: 88

Петнаесетто: Намазот на тие кои имаат (одредена) оправдана причина: 89

Шеснаесетто: Бајрамските намази: 93

Седумнаесетто: Намаз при помрачување на сонцето: 96

Осумнаесетто: Намаз истиска (намаз за молитва да падне дожд): 98

Деветнаесетто: Прописите поврзани со џеназето: 100

Трета тема: Зекат 103

1. Дефиниција на зекатот и неговата положба во исламот: 103

2. Услови зекатот да стане задолжителен: 104

3. Видови имот за кои е задолжителен зекатот: 106

Четврта тема: Пост 119

Услови постот во месецот рамазан да биде задолжителен: 120

Петта тема: Аџилак и умра 129

Условите за задолжителноста на аџилакот и умрата: 130

Микатите за ихрамот 132

Ихрам: 134

Умра 139

Аџилак: 143

Трето поглавје: 146

Прашањата поврзани со меѓучовечките односи 146

 

***


Го бележат имамот Ахмед во неговиот Муснед, бр. 6072, и Тирмизи, бр. 1535 и рекол: хадисот е хасен - добар.

Го бележат Бухари во "Ел-Едебул Муфред" бр. 716, и Ахмед во неговиот Муснед, бр. 19606, и Ед-Дија ел-Макдиси во "Ел-Ехадис ел Мухтара", 1/150. Албани го оценил како сахих во делото "Сахих ел Џами‘ ес Сагир", бр. 3731.

Го бележат Муслим со бр. 121 и Ахмед во неговиот Муснед, бр. 10434.

(Предсемена течност – мезиј): Ретка, безбојна течност што излегува при милување, при присетување на интимен однос, при желба за него, при гледање или слично; излегува во вид на капки, а понекогаш човек не го ни чувствува нејзиното излегување. (Постуринарна течност – вадиј): Густа, бела течност што излегува по уринирање или при носење нешто тешко.

Го бележи Муслим, бр. 224.

Го бележат Малик во неговата, „Мувета“ бр. 219 и 680, Дарими бр. 312 и Абдурезак во неговиот „Мусанеф“ бр. 1328. Албани го оценил како сахих во делото „Ирваул-Галил“, бр. 122.

Го бележат Несаи, бр. 12808 и Ахмед бр. 15423. Албани го оценил како сахих во Ирваул-Галил, бр. 121.

Го бележат Ибн Маџе, бр. 594 и Ибн Хибан, бр. 799. Албани го оценил како даиф во Даиф Сунен ет-Тирмизи, бр. 146.

Го бележи Бухари, бр. 142 и Муслим со бр. 122.

Го бележат Бухари, бр. 7288, и Муслим, бр. 6066.

Абдулазиз бин Баз, рахимехуллах, во „Меџму‘ ел-Фетава” (29/ 141) рекол: „Бејхаки додал со добар синџир на пренесувачо од Џабир по зборовите: место кое си му го ветил, Ти, навистина, не го прекршуваш ветувањето.“

Го бележи Тирмизи, бр. 2635.

Го бележи Муслим, бр. 82.

Го бележи Тирмизи, бр. 265 и рече: „Хадисот е хасен-сахих-гариб.“ Албани го оценил како сахих во Сахих ет-Тергиб вет-Терхиб.

Го бележи Бухари, бр. 1117.

Го бележат Бухари, бр. 6251, и Муслим, бр. 884.

Го бележат Бухари, бр. 756, и Муслим, бр. 872.

Го бележат Бухари, бр. 793 и Муслим, бр. 398.

Го бележат Бухари, бр. 812, и Муслим, бр. 490.

Го бележи Муслим, бр. 498.

Го бележат Бухари, бр. 724, и Муслим, бр. 398.

Го бележат Бухари, бр. 797, и Муслим, бр. 402.

Го бележи Тирмизи, бр. 839.

Го бележи Бухари, бр. 6008.

Го бележи Бухари, бр. 1110.

Го бележи Бухари, бр. 835.

Го бележат Бухари, бр. 743, и Муслим, бр. 399.

Го бележи Тирмизи, бр. 266.

Го бележи Муслим, бр. 588.

Го бележи Ебу Давуд, бр. 5168.

Го бележи Тирмизи, бр. 284.

Го бележи Муслим, бр. 1484.

Го бележат Бухари, бр. 609, и Муслим, бр. 602.

Го бележат Бухари, бр. 4130, и Муслим, бр. 842.

Го бележи Муслим, бр. 865.

Го бележат Бухари, бр. 934, и Муслим, бр. 851.

Хадисот го бележат: Бухари, бр. 1081 и Муслим, бр.693.

Го бележат Бухари, бр. 1012, и Муслим, бр. 894.

Го бележат Ебу Давуд, бр. 3201 и Тирмизи, бр. 1024, рекол Тирмизи: ,,Хадисот е хасен-сахих."

Го бележи Муслим, бр. 962.

Го бележат Бухари, бр. 8, и Муслим, бр. 111.

Го бележат Ибн Маџе, бр. 1792 и Тирмизи, бр. 63 и 631.

Го бележат Бухари, бр. 1402, и Муслим, бр. 2287.

Го бележат Бухари, бр. 1432, и Муслим, бр. 984.

Го бележат Ебу Давуд, бр.1609 и Ибн Маџе, бр. 1827, Албани го оценил како сахих во Сахих Ебу Давуд, бр. 1609.

Го бележат Бухари, бр. 1, и Муслим, бр. 1907.

Го бележат Бухари, бр. 1810, и Муслим, бр. 1086.

Го бележи Бухари, бр. 1909.

Го бележат Ахмед, бр. 26457, Ебу Давуд, бр. 2454 и Несаи, бр. 2331, и ова е неговата верзија.

Го бележат Бухари, бр. 6669 и Муслим, бр. 2709.

Го бележат Ебу Давуд, бр. 2380, Тирмизи, бр. 719 и Ибн Маџе, бр. 676.

Го бележат Бухари, бр. 1849, и Муслим, бр. 1846.

Го бележи Муслим, бр. 1134.

Го бележат Ахмед, бр. 25198, Ен-Несаи, бр. 2627 и Ибн Маџе, бр. 2901.

Го бележат Бухари, бр. 1862, и Муслим, бр. 1341.

Го бележи Бухари, бр. 1531.

Го бележи Муслим, бр. 1211.

Го бележи Бухари, бр. 1549.

Го бележи Муслим, бр. 1218.

Го бележи Тирмизи, бр. 487, и рекол: хадисот е хасен-гариб. И Албани го оценува како хасен - добар.

Види: Мугни ел-Мухтаџ, 2/22.

Хашијету Ибн Абидин, 1/42.

Види: Ел Меџму, 1/50.

Шуф'а (право на првенствено откупување): е правото на сосопственикот да го преземе уделот на својот сосопственик од лицето на кое тој удел е пренесен за паричен надомест.

Ел-Аина: е кога човек му продава на друг некоја стока со одложено плаќање, му ја предава, а потоа, пред наплатата на цената, повторно ја купува од него по пониска цена во готово.

Го бележи Бухари, бр. 8.